Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    I te kako postojat vakvi zlobi...da gledash so svoi oci i da ne ti se veruva deka ima takvi izrodi....edni od tie "sreknici " bev i jas |( shto gi dobiv u paket ednata zbori :talk: ,drugata pravi :!: :D ....ama ne za dolgo ...ne za dzabe vikaat koj posleden se smee najslatko se smee :D

    edit:worried:e izvinuvam odnapred shto ne pishuvam na makedonski fond,sorry
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.089
    Пол:
    Женски
    И мене ова ама стварно не ми е јасно. На ваквите луѓе, преочигледно не им е неопходен брачен сопатник, јас не знам што и кому сакаат нешто да докажат со самото влегување во брак. Кого да излажат? Комшиите? Себеси? Не разбирам...
     
  3. Melanija89

    Melanija89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Живеат во турско! Незнаат како функционира еден брак од 21век. Инаку имам комшии во зграда млад брачен пар (по35 и 32 год).Комшикава нон стоп ми се жалеше од тој негов близок однос со мајката, но јас мислев дека претерува. Јас незнам дали е тоа нормално жена ти да седи до тебе а ти да ги ставиш нозете во скутот на мајка ти и да ти ѓи масира. Уште почудно ми стана еден ден кога отидов на кафе, незнаејќи дека е на работа комшивкава, и што да видам!!...35 годишен маж спие со мајка му еден до друг, во спалната кај што води љубов со жена му! ЈЕЗИВО! Незнам зошто, ама гледката ме ужасни.
     
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.089
    Пол:
    Женски
    Нормално дека ти било језивa глетката, ко шо би му била на секој нормален човек...затоа што е погрешно...само не знам кој е поголем психопат: мајката или таквиот син?
     
  5. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    све све ама золва не!!!!! се сложував со свекорот и свекрва ми ама со золва ми никако и маж ми својата сестра не си ја сакаше а не па јас,частеше една недела што се омажи абе тоа себична до немај каде само за пари устата и е отворена имавме тешка криза еден период и тоа долго не тераше не можевме да се опоравиме а таа од таму само нарачуваше преку телефон а не прашуваше дали имаме за леб гуска скапана многу ме нервираше сеа немаме никакви контакти со неа фала богу, свекрва ми почина и ми олесни животот се отараси прецица цистерната и не досаѓа ни се јавува ни доаѓа поубаво
     
  6. razocaranaODse

    razocaranaODse Активен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    10
    Хм,пред некој ден пишував во темата снаи и свекрви (како мојава идна свекрва со душа чека за да се земеме со дечко ми), бев на гости кај дечко ми и сестра му секој ден,се повеќе и повеќе искрено ми иде на живци. Откако решивме да се земеме (сеуште не сме) таа се промени ептен спрема мене. Незнам и неможама да сватам зошто. Живее кај дечко ми т.е вереникот ми со нејзиното дете. Некни се спрема, си излезе и ни го тресна детето ние да и го гледаме :^) .Ми вели зошто се облечуваш така,зошто се шминкаш вака, кога сме двете е неподнослива. Се она знае,се она е во право,а пред брат и и нејзините се прави ного наивна,уста неотвара :devil: .Незнам што ќе правам со нејзе уште сега ми иде на нерви :devil:
     
  7. Lenni

    Lenni Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    50
    Вака што читам мислења и коментари страв ме Фаќа да се мажам. Не дека сакам. Бракот е затвор. Ќе бидам пресреќна ако бидам yбедена во спротивното. Иначе јас имам позитивни искyства со семејствата на двајЦа мои бивши. Дyри кога раскинyвав со едниот, ми беше криво што нема да можам да седам на каФе со мајка мy и татко мy. Инакy "чаре" за лошите односи е посебен стан, што е и најнормално за тазе брачна двојка, нели и една банка сега има такви реклами за станбени кредити xаxаx...
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.306
    Пол:
    Женски
    Ја да ви се пофалам, пак се избакнавме се изгушкавме, Буци моја или е најдобрата золва на свет или ќе добива Оскар, трето нема. Ама луѓе она е толку драга и едноставна, да ти е мерак да ја гледаш. Што рече Ленни, па ја да раскинам со дечко ми мака ќе ми биде за нив повеќе отколку за него :rofl: Ама да ја видевте како ме праша вчера, Буце ме сакаш? И ја те сакам :*
     
    На AloneM, NoellePage и mal.ecka им се допаѓа ова.
  9. violetmoon

    violetmoon Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    здраво на сите феминки...јас имам и золва и јатрва.со јатрва ми имаме катастрофа однос,таа е една толку дива и некомуникативна особа како сто кажале постарите ни на мртво плаче ни на живо се смее :| Sreka што не живеме заедно инаку не знам што би било.а золва ми е срце премногу ја сакам и таа мене мажена е ама не поминува ден да не се слушнеме и обавезно барем двапати во неделата да се видиме.Стварно имам супер золва која ми е како сестра која ја немам инаку.
     
  10. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    173.782
    Блонд,може да прашам што стана со зетот,во врска со проблемов во спојлерот што е ?
    Се смири.....?
     
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Тука сте одбор на снаи и ме страв да коментирам ја вака золвиште :lol: не сум сеуште золва си живеам многу со идната снајка кога се карале секогаш јас на нејзина страна брат ми го карам , поклони и ги одбирам се дружиме и се ... брат ми се ми кажува може не треба така , пред некој ден ми рече како рекла дека зошто не се бунел дома се на мене ми се купувало и мене ме тинтреле :o сетстра ти виака сестра ти вака хаххаа од каде знае како е она по дома , мн се разочарав да ви препорачам да не се мешате во фамилијарните односи и да ставате на кантар ... И што читав коментари од типот золвата да се иселела да се мажела луѓе тоа си е нејзина родена куќа со кое право ? Жива среќа нема да живеам со снаа па да ми мери што ми купиле и да одбројува денови да си одам ... И не не не се сите снаи такви не ме напаѓајте одма :rofl:
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.089
    Пол:
    Женски
    Прво, не се плаши, јас сум и снаа и золва и ги знам и лицето и опачината на ситуацијава. :lol:

    Дека не било на место тоа што го рекла твојава идна снаа, не било. Штом добила таква перцепција за ситуацијата кај вас дома, а се плаши да не биде третирана како второразредна требало да најде посоодветен начин да го дознае тоа или евентуално да не ризикува и да замине од таква врска. Јас би. Но таа веројатно не е многу итра, туку си го кажува директно тоа што го мисли што може повеќе да и' одмогне отколку да и' помогне во животот

    Иако мене не ме загрижува таа, туку брат ти. Велиш идна снаа, значи веројатно има сериозни намери, ама ептен ми е ниско од негова страна да си прераскажува муабети шо ги прави со неа на тебе или на било кој. Аман, уште за позите што ги применуваат во спална да даваше детален рапорт...не сакам да се навредиш, брат ти е, ама ова однесување не му е на место и според мене не му треба девојка/жена, барем не засега. Си ве има вас и очигледно тоа и те како го исполнува. Треба да му се укаже на тоа дека треба да си ја почитува приватноста на жената со која сака да биде. Јас да дознаам дека мм секој мој збор го испраќа по факс на мама/тате/дада/бате, ќе се подзамислам малку со кого тоа јас сум влегла во брак. Да ми беше за тоа пре би избрала да бидам дел од шоу бизнисот отколку од таква врска, од една страна не е можно да успеат да објават се' што мислам и се' што сум направила, а од друга страна пак, ќе имам повеќе пари :D

    Точно е дека е ниско и безобразно снаата да прави стратегии да се тргне золвата. Но :!: во врска со ова има еден друг момент. Има мнооогу случаи каде што золвата (во коалиција со свекрвата), прават на снаата да се чувствува како измеќар и дури и' даваат до знаење дека таа куќа е нивна, а таа е дојденец. Значи од тој аспект, золвите и свекрвите мора да се помират со тоа дека со самото стапување во брак со нивниот син/брат, колку што е куќата нивна, толку е и на снаата. Тоа е нормален и природен тек на настаните, во спротивно сите цел живот ќе си живеевме кај мама и кај тате.

    Ми текна на една смешка една колешка од работа што ја кажа, тогаш беше тазе мажена. Нешо се поткарале со свекрвата и оваа и' рекла „Шо се прчиш толку, ти си дојденец во куќава“, а оваа и' одговорила „Па и ти си дојденец, па што да ти правам“ :lol: :lol: :lol:
     
  13. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Точно дека не е убаво , ама бидејки често ми се жали кога се караат бара совет и јас секогаш ај попушти не биди толку строг ... ова така му излезе скраја да е да ми расправа се , ама ете на мене се ослонува за совет кога му е мака а и јас на него ... и јас сум во сериозна врска ама никогаш не сум рекла и нити ми паднало на памет да се мешам дома сестра му и нејзините каков однос си имаат и како си делат меѓу себе :x дури кога м расправа дечкото такви работи јас само ќутам и ја менувам темата не е моја работа ... А од дома моите секогаш велат младите настрана , и колку и да сме фини сите ке се најде нешто да се муртиме .. мене не ми се допаѓа така да буцка не е нејзина работа и икс случаеви и на мене ми пререкува како на пример зошто кога зема прв пат плата брат ми на мене купил фустан и штикли демек итро сум го крадела :lol: и си премолчев , стварно ми е мила мене ама се изнеднадувам нема да живеам со неа , ама тие што немаат каде и сите под еден кров , не ми се свиѓа така коментари ајде кога ќе се мажи нејзино си е тоа си е нејзина куќа не е фер така , за лоши свекрви и золви има сепак е лекот на дистанца ... и јас премногу се зближувам можеби и премногу очекувам па затоа вака на срце си земам од сега на дистанца ....
     
  14. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Ми стана интересна темава ( место да учам ја излизтав цела тема хахах ) па да ви кажам за една случка која и ден денес ја памтам , бев на гости кај братучетка во друг град тогаш бев мала 15 години , а таа 30 години немажена затоа што дечкото немаше работа сеуште , се спремаме ние за спиење и доага внучето нејзино од брат дете , и почна да и пее жени се Маре мори додек си млада ( а Марија се вика ) ... значи тоа дете беше 4 години муабетите му се од дома , само знам дека многу и падна непријатно се сеќавам ми рече дека сега баш немаат услови да се земат се осеќаше должна мене да ми објасни ,значи во своја родена куќа да се осеќа терет и дека треба што побрзо да излезе глупост значи ... многу ми падна жал , не може тоа така , почитувајте ги за да ве почитуваат вас
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.089
    Пол:
    Женски
    Само да додадам нешто што ми текна, а не се однесува конкретно на никој:

    Од лошите золви не ги жалам снаите толку колку нивните браќа затоа што ваквите примероци на золви се монструозни сестри пред се`. Или коваат завери да му се растури домот на сопствениот им брат, или пак алудираат на тоа овие да се преселат за да можат себично да си се шират.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kamilica

    kamilica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    36
    Зошто снаите очекуваат золвата да се исели? А зошто кога ќе се омажи (золвата) да оди кај мажот,ете може сака домазет да донесе, ако имаат подобри услови кај неа?Каде е напишано тоа правило дека мора така да биде?Кога би имале услови сите би си имале свои куќи/станови,убедена сум дека никој нема да сака да живее заедно со другите.Мислам и тогаш кој си е таков,пак ќе наоѓа причини дека другите му сметаат,направиле вака или онака,на сетрата дале волку,на братот толку или снаата не чини не го гледа синот,како мамичка итн. За се’ нешто се користи „живееме во 21 век“,демек се очекува да размислуваме понапредно,помодерно,а всушност докажуваме дека сме многу наназад.
    Некој спомна снаата измеќарка,е не е секогаш така.Кај мои блиски роднини,свекрвата е измеќарка.Сирота оди на работа,ќе си дојде,готви,чисти,па децата ги чува итн.,а снаата за тоа време е цело време дома и еден ручек нема направено,тоа кога беше невработена,а откако се вработи замислете сами.
    Мене ми се наметнува прашањето дали навистина секогаш свекрвите и золвите се лоши или во одредени случаеви е само нечија моментална состојба на умот.
     
    На Annath, mimiiiii и Moira им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.089
    Пол:
    Женски
    Епа има добри и лоши жени така? Како што има и луѓе воопшто...а тоа дали некоја добра/лоша жена е нечија снаа/золва/свекрва/јатрва е само сплет на околности. Тој што е лош, во сите улоги ќе си биде лош.

    Многу често (не секогаш) золвите и свекрвите се тие кои што ги прават проблемите затоа што и положбата им е поудобна за тоа (еј, староседелци се, не најдов посоодветен збор), а овие другите вчера дошле уште не им е згреана перницата кај шо лежат и удри....

    Што се однесува до селењето, кога (хипотетички зборам, со золва во исти четири ѕида не сум била, за среќа) и' се пожалам на золвата затоа што лошо се однесува со мене и таа ми рече „Ова е моја куќа, ако не ти се свиѓа, замини си“ и јас би и одговорила „Мене брат ти ми е маж, ова е исто моја куќа колку што е и твоја, а тебе нешто ако не ти чини, што ти не си заминеш?“

    Треба малце золвите да се подзамислат зошто снаите така им викаат. Ај кутрите со мажот што немаат услови да се одделат, па уште да трпат малтретирање секој ден и што да прават, освен да се молат некој да си замине за да може нормално да живеат. Па и јас би.
     
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Мене ми е жал за сите што немаат близок однос со својот брат ама гледам повеќе пати се повторува овa- во блискоста меѓу брат и сестра да се вплеткува и нешто во сексуална конотација што е крајно мизерно и болно изопачено.

    Кој брат ќе зборува за позите со својата партнерка со сестрата? :x

    Јас сум исклучително блиска со брат ми и не не ми зборува за сексот со снашката |( ама кога има некој проблем со снашката секогаш со мене разговара, се советуваме меѓусебно тоа е всушност односот брат, сестра да си бидеме тука еден за друг, кој ќе му помогне ако не јас и обратно.

    Каков и да сум имала проблем со снаа ми сум го решавала со нејзе, никогаш не сум одела преку брат ми, исто и она, него не сме го ставале никогаш во средина и дветте сме возрасни и сме си ги решавала сами проблемите без мешање на трети страни.
     
    На LadyNN, Moira и Annath им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.089
    Пол:
    Женски
    Го кажав хипотетички, како пример, иако познавам луѓе што си се расфрлаат со својата интима низ помлади членови на семејство што воопшто не ми е нормално. А и со тие разговори, као барање совети, а уз тоа малку повеќе и оговарање тој си ја соголува жената пред сестра му...на друг начин...мислам „дадеее, сакам да ти се пожалам од жена ми...“ кога може да биде „што би направила ако вака и вака...“ без да има потреба да се раскажува ситуацијата...

    Близина, да, ама не мешање во односи на тој брат/сестра со друга личност, особено не со снаа. Па јас и мм кога ќе сме се налутеле за нешто, кога ќе не осетеле свекор ми и свекрва ми (во 4 ѕида цел ден, не може да не се примети), не оставале сами да си средиме а и да сме се обиделе да споделиме нешто со нив или да побараме совет, мислам дека би ни рекле дека тоа е наша работа и дека сме доволно возрасни да процениме што треба, а што не. Само ќе ни речеа „Брак е лесно да окончаш, да го одржиш во живот е тешко.“ Совет и пол, практичен во повеќе ситуации, без притоа да го знаат цел дијалог на нашата расправија. А прераскажување на разговори од збор до збор не е знак на блискост туку на простотилук. А ако не им оди муабетот, па шо мајка бараат во тој брак ако немаат комуникација?

    Значи, совет да, а не извештај за секоја караница, ццц, какви се не плачковци недозреани ги има меѓу мажите.

    Помалку да оговараа и да бараа сожалување, а повеќе да разговараа со жените за проблемите кои ги имаат, мислам дека би имало многу помалку разводи.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kamilica

    kamilica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    36
    Тоа има и друга страна.Ако веќе има потреба за разговор и сака мислење од страна,не од жена му,подобра варијанта е сестра му,мајка му,отколку некоја негова „другарка“ :)
    Разводи,барем за нашето поднебје,има повеќе,бидејќи денес жените имаат повеќе очекувања од мажот,од тоа само да биде МАЖ,поактивни се на сите полиња,а дома пак треба да се домаќинки,обврски многу повеќе,што автоматски се одразува на трпеливоста,а додека порано жената добро/лошо си трпела во бракот,а секако имала помалку полиња на кои требала да се докажува.За разлика од жените,повеќето сегашни мажи ги имаат истите побарувања од жената како и поранешните,односно за ист временски период промените кај мажот се минимални во споредба со тие кај жената.
    п.с Погоре напишаното не се однесува на разводи за психичко и физичко малтретирање,алкохолизам,коцкање,изневерување и слично.
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.