Со некои луѓе и со најостар тан да збориш џабе е. Осет да се немало. Ми го ичкрата новогодишниот чаршав со фломастери, она ќе се испере. Ми го пукна филмот и реков,, Сега мајка ти нов чаршав да купи '' Се направи наудрена.
Од мое слично,малку различно искуство ќе ти кажам дека со луѓе без осет нема разбирачка,уште ако замериш ти си крив. Не се чуди и овде ако добиеш критики од типот дека, тоа е дете,па како не можиш да ги истрпиш 3 дена месечно и слично Пробај да не се нервираш,се друго ти е џабе мислам.
За таквите треба пред да ги прими човек дома да им земе одреден износ на пари, ако направат штета нема враќање на парите, ако биде сè ок кога треба да си одат ќе си ги добијат парите, па може така би им дошол памет. Тоа би било како што им земаат однапред пари на кираџиите во случај ако не платат сметки или направат штета, а избегаат. Кога тие немаат осет и домаќините треба да бидат уште повеќе без срам и осет. Не може во туѓа куќа што сакаат да прават.
Тука опцијата ја гледам амо да кажете дека имате обврски. Очигледно е дека детето ви го носи на чување. Сите од други градови доаѓаат до Ск и си одат истиот ден. Луѓе возат по 600км на ден за до работаи се враќаат што она не може да се врати? Муабетот ми е да си зачуваш нерви, дане се караш и расправаш ниту пак мажот ти да се замери со неа само кога ќе сака да дојде да и кажете дека нема да бидете дома ќе одите на друго место. Дали воопшто ве прашува дали ќе сте дома и колку ќе останат и дали имате работа некоја?
Тогаш мора маж ти да разговара со неа и да и даде до знаење ако иди кај вас да си го пази детето Или па кога ќе се најави дека ќе идат кажете им дека нема да сте тука
Мораш да бидеш лоша и следно доаѓање да подвикнеш на детето па и нив да им се свртиш и кажеш со поостар тон да го приберат малку. Сето ова може да доведе до распад на комуникацијата меѓу вас, но убаво вика мм” јас кога ќе имам дете сакам тоа да ми искрши и ишкрта се, а до тогаш се сакам да биде како што е најдено”. Баш со овие зборови се обрати на наши пријатели се налутија и веќе не дојдоа. Ич не ми е гајле , тоа е почит кон домот на блиските. Нека доаѓаат тоа е супер да се дружите ако ви оди муабетот, но со правила и прописи кои ќе си ги поставиш следно доаѓање.
Сестра ми има 3 деца од кое едното ( најмалото) е вакво исто ко што го опиша. Нема тука срам, ќе и речеш директно. Фати си го детево ми растура, мрсно ми прави итн. Ако се лути нека и стои. Некогаш и до децата е, ама велиш дека и мајката не се замара, затоа директно неа. Ако гледаш дека и понатаму не реагира тогаш сериозен разговор со неа ама кога и мажот ти е тука. Сепак брат и сестра се.
Jas bi mu kazala na mm da i kaze da ne doagja da mi sedi po cel vikend. Na sto lici toa 3 dena pred pregled da gi trpam site trojca so rasgalano dete da mi rastura i rasfrla, a majkata muva ne ja lazi. Na krajot na kraistata pa i mene mi e vikend. I ne bi sakala da gi gledam 2 vikendi vo mesecot. Sledniot pat koga ke se javi kazi im ne sme tuka, odete vo hotel. Koga ona e bez oset zasto pak ti da ja trpis Sto si podobar vo zivotot poveke ke te dupat site
Мора да изнајдете решение со сопругот. Кога ќе сакаат да дојдат најдете некој изговор за да не доаѓаат порано туку да си одат истиот ден. Не сте должни да ги трпите и да ви го расипуваат мирот по цели викенди. Ич неможам да трпам вакви палави и разгалени деца. Скоро на два саати ми дојде едно такво и ми идеше да го треснам од земја и него и мајка му. Сори ама мене туѓо дете не ми значи ко на мајка му што значи па да допуштам да ми уништува работи по дома.
Пред да фати нешто детето, викај му не тоа не ова, ако фаќа пак стани и земи му го од раце. Тогаш кажи и таа да реагира, таа и е мајка и дека не се кај неа дома туку кај тебе. Речи ја имам правила во домот свој ова не може да се прави и наброј што поточно. Ама ако се секираш дали ќе се налути, не го прави ова, зашто најверојатно така ќе биде. Можеш и следен пат да им речеш да излезете надвор да седнете некаде па нека се глупира детето надвор, ќе видиш тогаш како ќе реагира и како ќе и биде срам пред другите детето да и се однесува така.
Ви благодарам на сите за советите. Потполно сте во право. Ама како да му кажам на некој иди во хотел. Толку ли бре луѓето немаат осет. За следен пат обавезно детево почне ли да прави неред, ќе и речам прибери си го. Дома ако сака, на глава нека им се качи. А, не јас после нив, да неможам да исчистам. Ќе перам само постелнини и ќе чистам. Она гледа да си го одмори мозокот, да се тупне тука, бидејќи со свекорот и свекрва живее во заедница.
И ти и маж ти баш тоа речете им го.Вакви со арен тон не разбираат. И да продолжуваат да ви се јавуваат, да не сте дома.Нека си се снајдат.
Добро е што сте во ваш стан. Да живеевте со старите ќе ти речеа овде дека немаш право да се жалиш, нејзина куќа, има право да прави што сака .
Mene mi izbode oci muabetot deka koga ke imat deca ke gi vidi,i stvarno ne razbiram zosto site majki koi imat nevospitani deca se so toj muabet...znaci moe dete ako demolira e doma tvoje e na gosti i kraj! Sledniot pat i kazi deka toj musbet i e izlisen i deka nejno dete ne treba da sporeduva so tvoe.... I da kazi i vo oci deka preteruva i ne sakas smoki,jadenici po pod zalepeno po mebel neka si losa,nemoj da mislis oti si dobra sea...na takvite nikoj ne im e dobar... Jas imav prijatelka koja nejniot sin me udri so drvo po zabi i namesto izvini rece deka e dete i taka pravilo poso sum mu zabranivala da skoka po krevet i da si trce deteto ( a toa stan mi demolirase) otkako eden den mi pukna i gi izbrkav sea sum najlosa osoba na cel svet za nea
нареден пат кога ќе ви се најават дека идат кажете им дека си имате планови дека ќе шетате некаде или пак дека сте болни со температури, проливи и сл па нека повелат или на крај мт треба да пресече да не прават ивкова слава со седењето во ред е нека дојдат на гости ама со осет на кафе, на ручек и нека си одат т.е не сте должни да ги трпите со денови на гости, секој си го сака мирот.