@ZAHRA Ако се прашувам јас ич не би ги титрила. Ама мажот ми нема смисла така да им кажеме. Убаво кажа мислиш хотел Промаја сме. Ќе чистам и раскревам јас, наместо да си одморам. @nice-girl Ne Pali toa znaa deka slabo ideme.
Да ти доаѓаше сестра твоја нон стоп и детето да праи така ептен ќејфот ќе му се напраеше.Има смисла зошто вие сте си газди во свој дом вие треба да одлучувате и да поставите граница.Зарем секој пат треба така да ви доаѓа од петок до понеделник па и нема бе срам како тој маж и не се засрами да и каже, ама им одговара дека вие молчите и прифаќате.
напротив треба да ги изненадите да отидете. Алек кој месец е золва ти? зарем ќе чекаш да се породи и ќе трпиш гослуци што траат 3 дена мораш да го седнеш мт дека не бива ова дека сакаш да се одмориш, да бидете вие или со ваше друштво.
Не треба да чекаш станот да ти го демолираат за да изреагираш. Ти кажаа и други членки кога она планира да дојде излезете со твојот и готово и кажи му дека сакате нешто да правите за она да не доаѓа.
Тогаш џабе ти е, ќе мора да ги трпиш чим маж ти е тој шо ги толерира и не сака да стави граница. Или оди ти кај твоите, па тој нека си седи со сестра му за викенди.
Алек јас немам золва ни пак дете, но имавме пријатели со такви несовесни однесувања и две деца што секој пат кога ќе дојдат уште на лустер што не се качуваа да се нишаат. Ќе се јават во 17 ч ќе дојдеме они туп кај нас во 21 ч па ќе седат до 23 или 24 ч зависи како ќе им тргне. Е мене ми пукна последниот пат кога дојдоа. Само што седнаа истиот муабет леле сме заспале покасно дојдовме. Јас: Извинете но ние во заедницата живееме, не ни прават проблем ама непријатно е, се стегаат неговите ( на мм родителите) за следно порано да дојдете. - Децата стандард во спална кај мене на кревет да скокаат и се што е можно да отворат и чепкаат. Јас: Ќе може да ги прибереш, непријатно ми е да ми влегуваат во соба. На маса ништо не ставив и деца како деца научени чоколади, чипс да им отвараме си бараат Јас: чоколадите ќе ви ги дадам кога ќе си одите дома да ги јадете па мајкати нека чисти по тепих. Им направив кафе само, еден остар муабет и сватија дека нешто не е во ред. Ме праша што е работата и отворено и кажав. Сакаш лути се сакаш не, но децата ви се немирни на Гости, а вие не обрнувате внимание неможам јас после секое ваше доаѓање генералка да правам дома, во туѓа куќа треба ти како мајка да реагираш. Се напија кафе за нецел саат си отидоа, и ајт од тогаш ни одиме ни доаѓаат. Мм на телефон ќе се слушне со пријателот и толку. Само директно во фаца на родителите па се лутеле или не ти е гајле. Кога немаат почит кон тебе па зошто ти да имаш.
Ане секоја ти чест убаво им си направила. И јас нема деца, но битка водам за да ги имам. Но, кога би ги имала нема да дозволам на лустерот да застанат. По гости кога ќе ги носам, се знае како треба да се однесува. А, не да си седиш на фб, да коментираш кој што правел и каде бил, а дете неред да ти прави. Буквално исто, сегде отвара, да види што има. Нејзе мува не ја лази. Може нормално и е. Чоколадо паѓа, чипс рони, не бе брате, ако ѕидот прозбореше, па и она. Но, за следен пат прибери си го детево. Око нема да ми трепне. Помислував и кај моите да отидам кога ќе се тука, но после ќе треба со жена за чистење и молер да идам.
Извини ама се е до родителите. Јас замое дете реагирам и во игроотека дека не смее со сок да влага внатре, ниту лижавче итн итн прво почнувам од тоа дека не е хигиенски бидејќи има доста родители што ќе ги пуштат и воопшто не се замараат си пијат кафе мува не ги лази. Истото им е и по гости кога одат со изговор еее па деца се, па ако се деца не треба станот да го запалат. Ако родителот не им посочи како да се однесуваат кој треба? Твој стан ти таму живееш и твои правила владеат ако се лутат нека им стои.
Ти да бегаш од својот дом за несовесни луѓе, тоа не го ни помислувај. Со таков однос значи не ве почитуваат вас и вашиот дом, ич да не ти е гајле само во фаца директно се кажува. Уффф да знаеш колку ми сега полесно што не доаѓаат пријателите, и многу ми е полесно кога почнав во лице да им кажувам се на луѓето доста ќутев и се нервирав.
Золвата моја е прилично млада. Помлада од мене неколку години. Баш поради возраста многу нешта не и замерувам. Живее со нас, но не се дружиме премногу, онака доаѓа на кафе да го види син ми, некогаш знае да се јави да праша како сме. Ок е, не е како мајка и. Неколку нијанси подобра.
Spored mene jas mislam deka na deteteo mu e mnogu dosadno.A I kutroto navistina nema sto da pravi koga majka mu non stop zjapa vo telefon.Jas mislam da probas da go izneses izvini ama ke moras ti iako ne e toa tvoja rabota ama za da ne ti pravi lom.Odnesi go na ljuljaski prosetaj go,I kupi mu nesto nadvor neka jade,a za doma ne mu kupuvaj nisto za da ne ti prlja.Probaj so toa moze ke uspee
Eх и јас така правам сега кога ќе ми дојдат со деца, не на золва ми, тие веќе се големи, ама на мм братучедки кога доаѓаат со деца и јас изигравам дадилка ама морам, ама ај сега топло надвор седиме, а зимно време со калливи чевли на кревет, во ред деца се, ама мајките не реагираат, тие се виновни, зјапаат во телефон и пијат кафе, јас на раат неможам да го испијам и на крај ќе ми го истурат. Баш викендов ми беа на гости, надвор седевме, јас не седнав муабет да направам, им ставив сокче, блакце на децата, они внатре си земаа лом направија. Мајките ни да станат да видат што прават внатре, ништо, по зидот во ходникот мачкале со чоколадо. А дома тие деца се бубалки. И јас кога сум го чувала некогаш најмалото со мене е мирно, они се опуштаат пред мајките дека не ги караат, а чудно ми е и дома како се мирни.
Твоја куќа твои правила ќе си кажеш макар и напрчиле нос ич да не те заболе. Мене кога ми доаѓаат гости се знае нема скокање по кревет особено не на спална не дозволувам да се стапне. Се знае играчки за деца анимација итн во двор нека играат со топка нека копаат земја итн итн. Има 300 активности.
Е има 300 активности, ама децата не се виновни, туку родителите што им дозволуваат, ако играат со топка надвор, одма им викаат мајките да влезат внатре да играат, надвор ако е жешко или ладно, ок е внатре да играат со други играчки, а не со топката во зид да ја удираат. Јас некогаш ги кријам топките за да не играат внатре, им ги давам надвор, ама кога гледам од надвор влегуваат внатре со топка, им викам дека немам, сега почнаа од дома да си носат, се знае каде се игра со топка-НАДВОР.
Како се справувате со золви шо не ве мирисаат? Не викам дека не ме сака. Ама ја осеќам дека е така. И ја не знам да глумам. Ако знам дека не ме сака некој, ни ја не го сакам, ама па не кријам, покажувам. Без осет е Грам осет
Гледај си со брат и (ака маж ти) да ти е како што треба, а баш те боли дали те сака таа. Помалце контакти, сите на своја страна и ич да не ти чуе. Освен ако маж ти е многу близок со неа, па те тера да се дружите- тогаш е стварно проблем со ваква личност да си принудена да се гледаш често.
Па си го гледам. Ама сакам да се слагаме. Ја сум многу дружељубива. Ама они имаа проблем и со него. Мислам проблем. Му љубоморат. Уште пред да го запознаам ми кажал. И неќам такви особи. И му бараат глупости да им купува. А јас осеќам туѓа енергија и осеќам дека не ме сака Може лп?
Многу пати на оваа тема е зборувано и за жал за таквите личности лек нема. Од една страна е глупо да го самарат за се и да им купува глупости како што наведе, а па од друга страна па брат и е и може он чуствува должност за неа. Ќе треба сам да си го реши тоа прашање. А во врска со тоа што не те сака нека не те засега, колку помалку контакт со таква личност за тебе подобро и помалку нервози. Проблем ќе ти биде кога нејзиното однесување ќе ти прави проблем во брак/врска . Тогаш се реагира. Вака ако сопругот/дечкото е ок немаш потреба да се замараш, едноставен муабет- како си што си и чао.