Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    Jasno
    Ama niv poso se im praela majka im vrska si nema. Niso ne faka po doma. A on vise moite jadenja gi obozava i im kazuva deka ubavo gotvam i deka nekoi raboti i bolje od niv gi praam. Ama ja od mala se interesirav za se

    so saka neka prai samo da ne go butka nosot kaj so ne mu e mesto
     
    На SummerGirl и Anyshka им се допаѓа ова.
  2. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Нема врска тоа мојава золва инма мајка жива здрава права ама она контролира се. Тоа е со човекот :)
     
    На Feminka22 и Anyshka им се допаѓа ова.
  3. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Никако. Јас порано пробав ја викав на кафе, демек на шопинг. И само беше понезгодно. Само поздравувај ја и бош муабет.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.494
    Допаѓања:
    22.826
    Пол:
    Женски
    Друг пат користи запирки те молам :D.
    Иначе мајката и жената никогаш неможат да бидат на една страна, секогаш се на спротивна. Во однос на тоа, јас го пишав мојот цитат. :)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    Да си го знае секој своето место на светов, ќе биде преубаво место. Ама тие шо не знаат, ќе им го покажеме. Хехех, низ врата
    иккк да не ги гледам бре
     
    На Skorpija25, MinnieM, Mimmi39 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. SandStorm

    SandStorm Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2020
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    Retko se slozuvaat. Ama koga se slozuvaat se e dobro
     
  7. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.958
    Допаѓања:
    35.062
    Пол:
    Женски
    И многу спамирање не е добро...
     
    На ♡ Cinderella ♡, simona_baby и Dentina им се допаѓа ова.
  8. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    286
    Многу ми е жал што морам да пишам во темава.

    Брат ми иако е доста помал од мене од секогаш сме имале одличен однос. За што и да се случело сум го имала на моја страна , секогаш ме бранел (дури и кога сум била јас крива).
    Секако истото е взаемно.

    Порасна почна да има девојки, од кои првата ја засака ептен и нешто се случи (дали го изневерила или не не знам) и одеднаш раскинаа. Тогаш и ни се заладија односите во смисла да престана да споделува приватни работи со мене што донекаде и разбирам затоа што порасна.

    После неа имаше девојки ама се понашаше баш лошо, како сељак, тоа и му го имам кажано- не ги почитуваше, буквално ги вреѓаше ваљда све од првата проектираше на следните.

    Со последната што се фати, буквално истата вечер кога излегле он ја донесе дома и ја запозна со сите затоа што му беше роденден дента и као на торта ( ми падна нејасно како девојка со 17 години на прв дејт прифаќа да оди веднаш дома кај него, па уште и се запознава со негова фамилија).
    Отпосле уз муабет она самата кажа дека одамна го манијачела,
    ( буквално со тие зборови ) секој пат кога ќе го видела со првата бивша.

    И со оваа се понашаше како со претходните- баш лошо.
    Ми паѓаше жал за тоа како ја третира, како и дофрла несоодветни коментари, како ја маршира, на шала ја мава ( ама ја мава со намера да ја боли). И самата му кажав дека јас да сум на нејзино место би го оставила, да си го смени под итно однесувањето.


    После 5 месеци дознаваме дека е она бремена од брат ми, ( сеуште немаше 18г, беше 4та средно) и некако набрзина стапија во брак ( од страна на брат ми по мое видување од што мораше).

    Прво кога се посомневала направила тест дома и и кажала на мајка ми, без да го извести брат ми.
    Утрето му кажала на брат ми дека се сомнева ( без да му каже дека мајка ми знае ) и отидоа на доктор .
    Кога се вратија брат ми во шок, не можеше да му се прочита никаква емоција беше збунет буквално ни среќен ни тажен туку рамна линија.
    Мајка ми пресреќна кажа дека она прва знаела и дека не прифаќаат абортус.
    Она, во тој момент како негова девојка, беше пресреќна ама имаше и момент кога се сецна во смисла како ќе кажам на моите лом ќе ме направат, немам сеуште ни средно завршено.

    Брат ми ме праша што да прави, да го абортира ли, (татко ми и мајка ми не сакаа да слушнат за тоа) јас само му реков тоа вие двајца ќе решите а јас ќе те подржам што и да одлучиш. Само кога ќе треба она да соопшти дома ќе застанеш покрај неа и ќе превземеш одговорност, не доаѓа у обзир да ја пуштиш сама да се соочи со нејзините.

    Се враќаат они двајца од кај нејзините и нели прашуваме како поминавте дали се љутеа нејзините - не, нејзините пресреќни што она е бремена.
    И некако набрзина организаа запросување, брат ми тој настан повеќе му беше изговор да земе да се пијанчи ама онака пијанчење манијакално пропратено со песни за бившата.
    Тука во тој момент укапирав дека нешто не штима, му честитам просидба он зема ме гушка 10 минути и не ме пушта. Го прашувам дали е добро и не добивам одговор.
    Да напоменам дека он и пред неа пиеше ама не со тој интензитет како откако се деси ова.
    Некој месец после просидбата начекав момент кога беше расположен за разговор и уз муабет го прашав дали се радува што ќе стане татко, дали би сакал ќерка или син на што ми рече не сакам ништо.
    Го прашав дали ја сака- ми рече не знам.
    Тука во тој момент јас бев сигурна дека она намерно ја има наместено ситуацијата да прво за бременоста каже на мајка ми знаејќи ја каква и дека нема да дозволи абортус, наместо да разговара со партенрот прво. ( да била обратна ситуацијата и прво него да го информирала без да знаеме другите јас сум 90% сигурна дека он би и рекол да абортира ).
    Кажав на моите да го седнат да разговараат - на што они твроглаво и примитивно рекоа не доаѓа у обзир сите знаат дека е трудна нема шанси да абортира а ти немој да ја отвараш таа тема малце му фали да му пукне нешто и да откаже се.
    Ми падна жал и за неа, да треба да правиш свадба со некој што не те сака, да чекаш дете од некој кој плаче за бившата.

    Периодот од просидба до свадба неполни 5 месеци он го помина во собиранки (некогаш и сам) до ниедно време и манијакално пијанчење пропратено со депресивни песни со текстови за бившите. Го гледав и ми се кинеше душата затоа што можев да осетам низ што поминува.
    После свадбата, сега веќе негова жена смени сосема карактер ( јас би рекла дека добро глумела) почна да го буцка против сите нас.
    Се роди бебето - неполна една недела немаше, она го имаше изднесено од дома со брат ми цел ден низ град- буквално цел ден- и кога мајка ми се јавила да ги побара во смисла имате бебе од 5 дена кое го носите натака навака она го набуцкала што има она да прашува кај сме ние, направија караница, она го собра бебето и отиде кај нејзините.
    Додека беа во лош однос со брат ми - му спомнала дека го има снимано за секоја караница, дека ќе го дава на суд и ќе бара алиментација дека ќе работи само да и плаќа на неа.
    Призна и дека брат ми од сам старт како што почнале да се гледаат и кажал на што се дека не планора да му биде озбилна врска, дека си ја сака бившата и дури и неколку пати плачел за таа.
    ( ова ми беше доволно да си ги потврдам сомнежите дека од сам старт на неа и било зацртано да фати ситуиран кој ќе го корости и искрено се запрашав дали она него го сака.)

    После ова се смирија - за што го кривам брат ми, а и моите кои го подржаа.
    Она како е воспитана не знам, меѓутоа е многу тешко да делиш простор со неа.
    Пр. Седи со другарки во дневна, јадат, грицкаат прават хаос во смисла растурени кревети, храна низ цел тепих - другарката станува си оди а она оди во соба и легнува.
    Мајка ми доаѓа собира тањири, мести кревет. Буквално креветот во дневна го остава ненанестен. Недај боже да усиса.
    Ако го оставиш така, она нема проблем во прљава соба да си покани другарка и да седат така.
    Во купатило остава исто хаос- влошки така на видик, градници и долен веш се оставаат по кола - а таа кола седи во двор и буквално секој што ќе наиде може да види градници низ кола.
    За готвење да не правам муабет дека е се на мајка ми оставено.
    Се случи бебето да е болно да треба инхалации да се прават, она без проблем го остави на мајка ми 3-4 саати да го избања и да го инхалира додека она си седи со другарка и во дневна без да има потреба да отиде да си го види бебето ( да напоменам дека таа другарка консумира дрога).

    Во исто време додека дои она и пуши- притоа пуши во иста просторија со бебето.

    Се случи мајка ми да ја опомене за начинот на кој го крева бебето за раце дека може да му го измести зглобот на тој начин- нејзин одговор беше мое е јас сум го родила ако сакам и ќе го утепам !

    Врвот и она што ја прели чашата беше синоќа кога пушив машина и си ги извадив алиштат од неа, имав што да видам.
    Користена влошка во машината- пред мене она пуштала машина веш, и како не знам, и останала некоја користена влошка во вешот - значи ми се згади животот.
    Повторно машината ја средила мајка ми.

    Не знам на кој начин да постапам ама навистина е гнасно да се живее овака.
    Се размислував дали да си најдам стан и да се иселам затоа што е неподнослива.
    Начин да најдам да разговарам со брат ми и да решат проблем не постои затпа што ќе го сврти против мене ( да напоменам дека едниот брат го скара веќе го него о не разговараат)
     
    На Orthophill и DinaK3 им се допаѓа ова.
  9. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.769
    Допаѓања:
    8.500
    Пол:
    Женски
    @Candice.S вас допрва ви се маките... Таа е дете, што и да и кажеш нема да го укапира. Поради годините таа е дете што треба да чува дете. Овде треба родителите на двајцата да си ги седнат и да им ги стегнат уздите пошто дете имаат за чување. Ти што и да кажеш нема да биде ниту слушнато како што треба, ниту прифатено како што треба а ќе ти се брои цел живот. Ако си во можност некако да се одвоиш и да оставиш сами да се изборат некако за да си најдат пат. Сфаќам колку е мачно ама во никој случај не им се мешај.

    За жал, брат ти никогаш нема да се опорави во душата. Нема зборови што можеш да му ги кажеш тој си има друга љубов во душата и уште долго ќе си го гледаш како болува. Тој си живее со друга љубов во главата, си легнува и си станува со друга љубов. Најлошо од се е што и тој е премладо детиште за да може некако да се соземе и да си го среди животот.
     
    На 1209, Orthophill, LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    286
    Секако, истата проценка ја имам и јас затоа разговор со брат ми не ми е опција.
    Нејзините се погадни и од неа самата.
    Проблеми имаше додека траеа подготовките за свадба. И мајка и и татко и се невоспитани користољубиви ама мајка и е врв.
    Жената сака се по нејзино и само она е најпаметна.

    Се случи да го навредува брат ми веднаш после свадбата - на прослава кај наши блиски роднини она како жена на брат ми беше прв пат и пред почна маса го навредила - мајка ми слушнала ама преќутела. Утрето го навреди пред нас- мајка ми сосема пријателски настроено и рече тоа нњ ти чини ти си го избрала во брак сте, вчера го вреѓаш пред полна маса луѓе. Она зема се јави на татко и и му рече да дојде да ја земе дека она овде во оваа куќа смета дека не ја сакаме никој.
    Татко место како нормален да седнеше да разговара он ја подржа дека со право навредувала и ја фати за рака дома да ја враќа.
    Така да со нејзините разговор и договор нема.
     
  11. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    1.117
    Пол:
    Женски
    Крајот нив им е очигледен за жал...
    За неа маката била дури стави потпис после лесно... ама на секое трпение иде крај а ко ќе дојди крајот брат ти ќе ја остави кај татичко...
    Можеби ќе се оправат ама со такво взаемно однесување тешко...
    Греота бебето.
     
    На Mumoftwo30 и Candice.S им се допаѓа ова.
  12. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.769
    Допаѓања:
    8.500
    Пол:
    Женски
    @Candice.S брат ти во душата си љуби друга, освен што е премлад тој не е способен да размисли сега што го снашло и ќе си продолжи со пиењето. Собирај пари и собирај парталите од дома. Знам дека тоа е колку твое толку на браќата, ама овде штом има алкохол и пари без љубов у иста комбинација, ќе има лоша судска разрешница. Чувај си го здравјето со тоа што ќе ги баталиш на родителите да им најдат чаре.
    Има некаков контакт со бившата? Тој дали ја гледа некаде? Наскоро ќе почне да ја бара и да и досаѓа. Ај снаа ти што ќе е во пекол, ама тој е премлад за да се исконтролира и другата ќе е во пекол. Ова е приказна која вовлекува многу луѓе, за жал.

    Да си ја седнеш мајка ти некаде на кафе и да си направиш најискрен муабет со неа, сепак таа ви е мајка и таа ќе треба да им го чува бракот заради внучето. Таа ќе треба да го гледа внучето како го шетаат од еден родител кај друг.
     
    На GirlLove, Mumoftwo30, DragonFly22 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    286
    Ако ме веруваш не можев да се израдувам како што треба ни на свадбата ни на мекиците
    Коа знаеш што е позадината на сето тоа не можеш искрено да се развеселиш.
    @Antebellum јас колку што знам нема- он не сака да му ја спомнуваат е сеа дали е одбранбен мехинизам не знам.
    Ја нема на инста на својот профил ама ја има на еден друг кај што постираат со другари автомобили.
    Мене најголема мака ми е да не го влече по нејзин памет- затоа што го намести брат ми да не разговара со другиот брат, се си мислам ќе го сврти против целата фамилија.
    Он последниве три месеци откако доби дете омекна, намали со сељачкото понашање и со пиењето- ама вака фаќам моменти кај што неа не може да ја смисли.
    Еднаш дури ја праша добро ти ваква си стварно или глумиш.

    Се случи сосема случајно да се најдам во просторија со брат ми и негов другар и брат ми му се обрати на другаров баш со овие зборови- што ми требаше да се женам, и јас глуп, се заебав а?
    Другаров само му рече - епа си напраил беља...
    Значи сите капираат дека бракот е само поради бременоста. Буквално како да стапи во брак затоа што тоа се очекуваше од него.

    Мајка ми е многу добар човек, сака да помогне и никогаш не се жали.
    Постојано ја чува малата, сама чисти, готви пере и плус работи.
    Ама многу тешко и се докажува затоа што го има она закоравеното што ќе кажат комшиите.
    Да беа помодерни родители да го подржеа од сам старт он ако одлучеше дека не сака дете со неа сигурна сум дека друга приказна ќе беше.
    Пробав неколку пати со мајка ми да разговарам ама она само ги турка проблемите под тепих само да биде работата да нема кавги.
     
    Последна измена: 9 јануари 2025
    На Mumoftwo30, Antebellum и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.044
    Допаѓања:
    134.502
    Колку животи уништени, заради немање контрацепција...
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, marija305, 1209 и 22 други им се допаѓа ова.
  15. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.769
    Допаѓања:
    8.500
    Пол:
    Женски
    @Candice.S ниту една жена не го замислува животот како што ќе го турка снаа ти. Твој излез од ситуацијава е разговор со мајка ти. Обично бракот зависи од свекрвата или ќе ги им ја најде средината и ќе ги седне да им одржи лекција или ништо од нивново. Ептен се дечишта ќе се караат како брат и сестра, дури може и да почне да се тепаат заради детскиот инат за глупости, годините им се неизживеани. Сега ко за белја кога ќе почне да им се скита без усул пошто друштвото ќе им излегува а тие треба дома да чуваат бебе... Кај и да е ќе треба да се запишат на факултет таму друго друштво и други обврски како плус на домашните обврски и нервози... Хорор! Ти ќе си ја седнеш мајка ти, мајка ти ќе си седне со сваќата и заедно ќе си ги седнат нив двајца. Не дека нешто од ова ќе помогне, ама барем да почне некако да се свестуваат дека станале родители.
    Тој сигурно си ја манијачи бившата од некаде. Таа и да има расчистено со него овој треба да си расчисти со бубачките во главата и со себе. Верувај ми сега кога ќе ги фати криза за скитање сељачкото кај двајцата ќе е пуштено на најјако.
    Таа до вчера била тинејџерка и мајка и ги обавувала сите работи дома, таа нема стекнато свест дека од сега таа ќе треба да се грижи за домот.

    За волја на вистината има многу поразлични девојки кои се свесни за себе, за животот и за луѓето околу нив, за жал снаа ти не ќе да е од таквите... Не е твоја работа да им објаснуваш на брат ти и снаа ти, само гледај да се тргнеш на страна заради твојот раат.
     
    На Candice.S и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.172
    Допаѓања:
    12.970
    Пол:
    Женски
    @Candice.S извини што ќе бидам отворена, не е брат ти крив колку што е мајка ти. Клин со клин не се избива. И седнете си ја, како мајка. Ако ништо друго нека сфати дека одлуките си ги носи брат ти (и не го притискајте никако, како сака нека реши).
     
    На 1209, CameliaMiller, Maca Macka и 5 други им се допаѓа ова.
  17. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    1.148
    Пол:
    Женски
    @Candice.S ќе напишев ова е деца кога прават дете, ама ниту таа ниту брат ти нажалост на деца не им се до колена.
    Деца пак имаат некој ред и дисциплина, ми се слоши кога прочитав за влошката како капак покрај се друго.:puke:
    Ми забоде очи се скарале таа си заминала со детето и се смириле и ти виновни ги наоѓаш брат ти и твоите, епа тие се главни виновници и за се останато, а најголем е брат ти што неа не ја сака воопшто, па претпоставувам и не се ни врти околу детево.
    Претпоставувам така бидејќи никаде не го спомна него дека си го сака и гледа детето, замерките и твои и на мајка ти се само кон неа, што сте и во право, ама каде е брат ти- сопругот нејзин во сето ова?

    За селење нема што ти да се селиш, туку има да си седнете сите асално и да им се укаже дека се возрасни личности кои треба да почитуваат правила на однесување и дека имаат и привилегии таму, ама тие им наметнуваат одговорности пред се кон најмалото и кон сите што живеете заедно.
    Си имате куќен ред, потсетете ги нив на него.:!:
     
    На marija305, Luna91 и eliesaab им се допаѓа ова.
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.172
    Допаѓања:
    12.970
    Пол:
    Женски

    Не се во турско, немаат куќен ред на ѕид закачено? Мајката му е припроста (членката да не ми замери), оти ако она трпела денес ништо не се мора. Како возрасна жена требало да ги припреми, подучи, да советува..што следува. Тоа што се деца, не го менува фактот дека имаат дете. Еве прилика да се пораснат заедно. Ама да му го расипуваат животот на едно дете - далеку од фер. Затоа постои и развод. Не сум за растурање на семејства, ама дефинитивно и двајцата се изгубени во нивното.
     
    На CameliaMiller, Maca Macka, LiquidLuna и 5 други им се допаѓа ова.
  19. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    6.005
    Пол:
    Женски
    Ти не можеш да влијаеш на туѓите постапки. Не знам, ни што може да направиш, освен или да си сведок на домашниот хорор или да почнеш сама да живееш. Сфаќам дека ти е брат, но и тој не ми изгледа подобар од жена му.
    Мене ми е, што живот има тоа бебе, со несовесни родители. Таа уште дете, поважни и се другарките, брат ти исто како мало дете квичи по бившите.

    Ужас е ова. Искрено. Јас би те посоветувала во друга насока. Од тој брак нема иднина, кога тогаш ќе се распадне. Туку да почнете да ја снимате што прави со бебето и кога веќе твоите се против абортус, како да тоа е нивна одлука, они да се грижат. Ми изгледаат на најнормални во приказнава. Најголема жртва е само бебето, расте со недозреани родители без љубов и интерес за семејство.

    Искрено се потресов.
     
    На marija305, 1209, Tea SK и 7 други им се допаѓа ова.
  20. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    1.148
    Пол:
    Женски
    Не зборам за казнено турско, зборам за општи правила на домување, мислам влошка во бубањ уххх.:drunk: :puke:
    Не би навредувала чија мајка е припроста, дека членкава исто ги опишува на снаава родителите како лоши луѓе. Можеби мајка и се труди на најдобар можен начин, како и членкава и татко и, ама тој начин не вродува со плод.
    Убаво спомнаа погоре жално за детето и бабава што ќе биде баба-мајка сервис очигледно додека тие се расправаат, тој пати за бившата, таа што не е сакана како неа.
    Жалосно како и да е, ако не се оправат со време.
     
    На Candice.S и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.