Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.135
    Допаѓања:
    12.821
    Пол:
    Женски
    Девојката треба тоа од дома да си го знае (како дел од домашното воспитување) нема што свекрвата да дроби. Башка она доволно ги ,,заробила", така да може да се воздржи од ,,средување" на работата. Тука машкото ќе ја реши работата одма ако не пие, нормално. Ако презеде одговорност и е одлучен што сака. Тој тоа не го знае, затоа и се вовлекува уште подлабоко во проблемите. Дете на несакајќи не се прави (претпоставувам на таа карта се вади).
     
    На CameliaMiller, Mumoftwo30, Candice.S и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Тешко на сите таму во тој дом со тоа кој што и до каде (не)знае.
    Пријателки со дрога, алкохол, нехигиена...

    Да не одлговлекувам и јас се препотресов за бебето најмногу со вакви несовесни родители на што е осудено од само раѓање.
     
    На Mumoftwo30, Candice.S, ArabellaStarfall и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.135
    Допаѓања:
    12.821
    Пол:
    Женски
    Па да, од сето ова само бебето е жртва. И е жално што е создадено на таков начин.
     
    На 1209, CameliaMiller, Rozevata и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.752
    Допаѓања:
    8.471
    Пол:
    Женски
    Ама зетов едвај полнолетен е заљубен у друга. Детево има многу бубачки во глава за расчистување...
     
    На Victorian и Candice.S им се допаѓа ова.
  5. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Женски
    Ама и моментот кај шо нејзините се пресреќни што е бремена :^)
    На 17 г да се појавев дома со дечко шо го знам 5 м и да им кажев трудна сум ,пааа би биле се само ПРЕсреќни не...
    Исто ќерка имам 4г е ама ете замислувам сценарио кај шо ми иде со дечко од 17-25 годишен и ми вика бремена сум .... не ,нема да сум ПРЕсреќна. Ниту ќе ја терам да роди по секоја цена или да абортира по секоја цена.
     
    На Noemi, 1209, CameliaMiller и 11 други им се допаѓа ова.
  6. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Само Господ умот на родителите да им го чува и да им дава сила.
    Што да речам друго кога баби и дедовци треба да глумат мајка и татко во недостаток на истите.
    Жалосно.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.135
    Допаѓања:
    12.821
    Пол:
    Женски
    Бирам зборови, ама обично е среќа кога ќе остави машкото трудна некоја..во помалите села посебно.
     
  8. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Ај тоа, да, ама и неговите што се пресреќни што снаава е бремена и што прво на мајка му кажува наместо на партнерот и што други одлучуваат за нивната репродуктивна иднина?
    Жалосно по малото, пишав зошто.
     
    На Antebellum, Candice.S и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Женски
    Да баш сакав сеа да редактирам ,ама беше побрза.
    Зошто се дозволило било која од мајките да решава дали ќе се абортира детето...
    И да највеќе во било кој случај и ако се разведат и ако фарсата продолжи ќе страда детето ,тоа расте и во еден момент ќе сфати дека баба му го одгледува ако работиве останат вакви.
     
    На CameliaMiller, DragonFly22 и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.594
    Допаѓања:
    8.275
    Пол:
    Женски
    Како што кажа некој погоре...се доаѓа од дома. И нашето однесување и нашите постапки.
    Да дојдев дома трудна на 17 и моите да бидат пресреќни ??! Нема проблем.
     
    На CameliaMiller, Rozevata, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.297
    Допаѓања:
    13.174
    Пол:
    Женски
    Родителите криви ви се.. Целата работа они ја зафркнале со тоа проклетото што ќе кажеле комшиите.. Ај сеа комшиите нека се расправаат со проблемиве, и нека ве извадат од калта.

    Ужас ужас е ова..

    Секако и тој брат ти, да млад е, претпоставувам колку нејзе е по возраст или тука некаде, но одговорност и свесност 0.. Епа сеа, не пазел, и мора да си се носи со проблемите како маж.

    Кутро дете со такви родители, за желење е. Секако и ти си, што мораш нејзе да ја трпиш и да живееш во хаос.

    Кривицата најголема родителите твои ја имаат, секако и брат ти. Тешко му е, ама со патење, кукање, пијанчење и плачење, не знам што мисли дека ќе постигне.

    Сите родители, па и они.. Греота стварно за бебето.
     
    На 1209, Waverly Raven, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.594
    Допаѓања:
    8.275
    Пол:
    Женски
    Недај боже да абортираш.
    Се смета за смртни грев.
    И затоа раѓаат на 17 години и после незнаат што со себе.
    Чест на исклучоци.
     
    На Noemi, Mrs. right и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  13. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    286
    Брат ми секако дека има најголема кривица - додека одеше со неа она за мајка ми на шала ќе речеше свекрва а он знаеше да се удри по врат и не капирав што му значи тоа. Му значело свекрва ќе ти биде кога ќе го видам тилот ( во превод никогаш).
    Јас затоа и бев убедена дека она е една од стоте. После 2-3 месеци врска он напомена на сите дома дека има план да и раскине.

    Кажав и горе како се однесуваше со неа како прав сељак. Го опоменував до момент коа не увидов дека она е свесна и намерно му го допуштила тоа однесување.
    Едноставно глумеше совршена, му беше и утеха и се само за да на крај го истера замисленото.
    Он кажав, се пијанчеше и 1000% сум убедена дека бил во алкохолизирана состојба кога се дешавал чинот - подоцна он низ муабет ни кажа дрка тој период не знаел за себе буквално го влечеле по улици другарите колку бил пијан.
    За детето не спомнав затоа што мо е претажно да кажам дека татко кок е дома дневно два пати ќе ја закачне и се тргна на страна. Ја зема само кога ќе му ја дадат да ја земе. Вака сам не му текнува.
    Сега кога не пие најде друга дистракција- си купи компјутер специјално да седи да игра игрици.
    Се изолира од сите, буквално затворен во свој свет.
    Неколку пати другарски му имам напоменато абе земи ја поиграј си нели ти е мило, ми има кажано само мала е нека порасне ќе ја чувам.

    Кривицата ја препишувам на моите затоа што после месец - два врска кога почнав да имам сомнежи за неа ги седнав моите и им кажав какви намери сметам дека има таа, они беа заслепени и тврдеа дека многу го сака. Не го седнаа да поразговараат у која насока иде со неа или во најмала рака да беа претпазливи.
    Со оглед на искуството од поранешната они оваа ја сметаа за идеална и буквално го туркаа во брак значи му изговараа реченици од типот земете се ние додека сме млади да ви помогнеме ќе го чуваме. ( она иако 17годишна уште тогаш им кажувала дека многу го сака брат ми и дека сака да се омажи- за после се горе напишаното во првата караница да не потсети дека она се изборила за брат ми, брат ми и плачел по бившата она се тоа го гледала ама издржала и на крај го добила брат ми упеала да ја засака он).
     
  14. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.752
    Допаѓања:
    8.471
    Пол:
    Женски
    @Candice.S извини вака, а дечкиве спомнуваат нешто за да завршат средно, да се запишат на факултет, дека ќе треба да најдат работа... Од што планираат да живеат? Претпоставуваме како ќе живеат за љубов и слога, ама треба да се јаде нешто..
    Само ти не се мешај, кажи си ги маките овде и толку. Твојот збор ќе се брои, а овие ќе имаат многу што да си кажат, вклучувајќи ги и сваќите.
    Кога ќе дојде до развод кавгите нема да бидат меѓу брат ти и снаа ти, туку помеѓу мајките. Овие се дечишта без средно, сега допрва треба да мислат каде на факултет... :D
     
    Последна измена: 9 јануари 2025
    На Noemi, CameliaMiller, Luna91 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    20.918
    Ова е тоа што викаат, судбина било да се тупосаш кај свекрвата? Демек не е до тебе, не знаеш што ти носи животот и господ. Пошто судбината и господ прават деца ко заебанција, да.
    И пљукајте ме ама она да се радуваш на туѓа бременост во време кога била незрела и вода во очи немала, е огромна грешка. Не, не треба да ѝ речеш ајде оди абортирај ама во ваква ситуација, да им ги кажеш двата исходи од раѓање и абортус и да им дадеш на бираат. Па ако се паметни ќе одберат.
    На 18 години не си зрел можда за бебе, ама за основна култура си доволно зрел.
    @Candice.S може си пишала извини ама колку години е брат ти и дали работи?
     
    На Waverly Raven, CameliaMiller, DragonFly22 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    286
    Брат ми е постар од неа 3-4 години, си работи и има плата.
    Она наполни 18 ама со бебе е и не работи- факултет секако планира ама со татко и имаат замисла да платат диплома- да не се мачи.
    Си има средено да зема додаток или како и да се вика кога ќе се породиш затоа што татко и во текот на бременоста плаќаше да биде пријавена. Сега откако е родено малото мислам дека 9 месеци ќе зема одредена сума. (Не знам како го имаат правно изрегилирано истово знам дека фаќаа врски некои).
    Инаку да, бидејќи она тие пари ги остава на страна и не придонесува никако он ја има еднаш опоменато дека може дел од тие пари да одат на храна и за бебето она одглуме таков напад на хистерија почна да испушта животински крици не извади сите од памет и од тогаш он и нема спомнато ништо веќе.
    Брат ми придонесува ама целиот финансиски товар е на моите ( ова навистина никогаш не било проблем кај нас, добро сме ситуирани ).
    Она што ме иритира и вади од кожа е што она кога моите се во маркет да испазарат им се јавува и им наредува купете ми тоа, тоа и тоа.
    И обавезно на нешто мора да најде манаа - ама таква дебилна маана да ти доаѓа да ја треснеш преку фаца - пд типот купено нескафе во ќесичка -refill не го пиела тоа затоа што не било оригиналното од лименка ( значи коа ја чув ми одеше да си пукам у глава).
    (Да не напоменувам дека неколку пати не има наречено ненормална фамилија дека полудувала од нас ненормални - мислејќи на мене мајка ми татко ми и другиов брат).
    Е тоа е моментот што толку многу ме боли- што мајка ми на неа и се обраќа со сине а она во секоја прилика не гази.
     
    На DragonFly22, Mumoftwo30 и Antebellum им се допаѓа ова.
  17. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    286
    22 години е он, она сега веќе има 18.
    Пишав погоре, работи
     
    На Munchmallow20 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.752
    Допаѓања:
    8.471
    Пол:
    Женски
    @Candice.S снаа ти е невоспитано дете, ама мајка ти е за ќотекот. Тоа што мајка ти и се обраќа со сине е за да и дојде памет на снаа ти, пошто стварно е дете...
     
    На eliesaab, Mumoftwo30, DragonFly22 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    3.055
    @Candice.S ми звучи како да ви се „одмаздува“, т.е. на мајка ти заради притисокот да не абортира. Не знам... кога прочитав дека родителите од двете страни и забраниле да абортира коса ми се крена.
    Таква голема одлука треба да е само и само на жената. Кога ќе дојде бебе толку го менува животот, што и на луѓе зрели, возрасни, што го направиле и го посакувале со сето срце, може да им е многу тешко да се соочат и да ја прифатат новата реалност.
    Друго решение освен развод во оваа ситуација не гледам. А секако ништо од тебе не зависи, така што џабе муабетот (освен да ти олесни тебе да се испукаш). Единствено што можеш да направиш, ако веќе сакаш, е да и помагаш на мајка ти колку што можеш.
     
    На 1209, DragonFly22 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  20. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    286
    Секако дека е, истото и го имам кажано. Последниот пат кога избила кавгата во која е наместен другиов брат да не разговараат повеќе - им реков о на мајка ми и на татко ми дека буквално и лижат газ на неа и дека ми е преку глава дојдено секоја караница да ми ја прераскажуваат и мене психички да ме оптеретуваат. Дека си го добиле тоа што си го барале дека сум ги предупредила на време. Мајка ми неколку дена не разговараше со мене.

    Во однос на тоа сине исто и имам кажано дека ме става на иста линија со неа а јас сум и ќерка дека мене ме понижува со тоа ама си продолжи она и понатаму да си ја вика сине и на секоја гнасна нејзина постапка да преќутува само да биде работата
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.