НЕ, НЕ, и НЕ, никој никому не забранил да абортира да не ги извртуваме муабетите сеа. Значи пишав она уште месец дена у врска со брат ми и вртела филмови на мајка ми дека сака да се омажи за брат ми дека сака деца. Од нејзина страна детето е посакано да се роди- од која причина не знам- дали сега го сака не можам да кажам. Нејзините не забраниле да се абортира туку биле пресреќни што она со уште незавршено средно е бремена и ќе се мажи. Брат ми еднинствено беше на два ума ама бидејќи мајка ми знаела за временоста пред него, он како да немаше муда да ми извините да каже дека не сака дете. Реков дека он да беше во друга позиција би и рекол да абортира а ние никогаш не би дознале. Знајќи го ова затоа она се осигурала прво мајка ми да знае дека е бремена затоа што знаела дека мајка ми нема да сака да слушне за абортус.
Многу тешка ситуација. Така вие нема да можете да живеете. Искрено ви кажувам. Најубаво да ги натерате брат ти и она да се иселат некаде под ќирија ( па ваљда ќе стекнат колку толку одговорност а и на вас нема да ви пречат) , или нека се разведат. Ама најубаво е да се разведат. Чим брат ти не ја сака, нема зошто да се во брак. Она тоа еден ден ќе го сфати. Бебето и понатаму ќе си го гледаат и двајцата. И шо порано се разведат толку поубаво, и да не ги буцкате еден против друг за да се караат.
Сакаш да каеш значи малава сите вас ве изманипулирала? @Candice.S Таа дека е невоспитано створење тоа да, барем според ова што го кажуваш, ама брат ти морал да каже што сака, како така не знаел.. Детска игра мислел е ова? Се десило што се десило пошо невнимателни биле, ќе си кажел јасно како стојат работите, викаш и не ја ни сака, туку он на друга си мисли.. Нема како да опстане браков, ако може брак да се каже ова. За детето само жално. Барем има баби и дедовци, и ете ќе се грижат за него. Тешко "родителиве" да се грижат. А брат ти, па и не е мал толку да ти кажам, не бил сепак дете. Многу незрело и од негова страна.
1. Според мене тоа што свекрвата ја вика снаата сине е сосема во ред, пошто едното мора да е туѓо, а штом веќе некоја ќе ти роди внуче какви и да се случувањата во фамилија таа е ќерка за во секој живот заради внучето. Мајка ти е свесна дека годините на снаа ти и се премногу несериозни, цел живот ќе биде мајка и допрва ќе сака да го живее животот и се обидува некако да помогне. Овде ти не си во никој случај никаква конкуренција со снаа ти, пошто мајка ти им ја гледа несериозноста на двајцата и пробува да нема нервози. Треба да се навикнеш дека таа жена у куќа ќе ти биде роднина до крајот на твојот живот, дури и да се разведат. 2. Тоа што тебе ти прераскажуваат е сериозен проблем, пошто ти не треба да се мешаш во туѓ брак, а и тие како родители на три деца треба да знаат како да постапат со четвртото дете. 3. Најди си работа, поиграј си со внучето и скроз батали ги. Кажи си ги маките овде на форум и толку. Најискрен совет(!) и овде да припазиш јавно што пишуваш средношколката има доста слободно време па може да имате дополнителни нервози по дома. Те сфаќам што сакаш да кажеш, ама ти треба да сфатиш дека со дечишта имаш работа и дека додека да сфатат што ги снашло ќе помине време... (внука ти ќе тргне у школо, у меѓувреме ќе имаат уште едно дете, е после ќе пукне тиквата и ќе ја прават големата- секогаш е по овој редослед...) 4. Па брат ти и не бил толку мал за вакви глупости и пијанки... Брат ти не е мал за да не знае која девојка ја сака и со која сака да се ожени, јас го мислев исто средношколец. Штом на овие години вака се однесува значи брат ти е исто невоспитан како снаа ти. Штом твоите немаат забелешки за да ги свестат дека секој треба да си се грижи за обврските, тогаш и ти не треба да имаш забелешки. Најди си занимација која не е поврзана со нив. Седни си и смисли си чаре.
Не сите. Мајка ми и татко ми. Откако си го покажа правото лице они се запрашаа дали она на почетокот глумела. Брат ми е изманипулиран во ситуацијата со тестот за бременост- што јас се ставам на нејзино место ако имам дечко со кој имам односи и имам позитивен тест за бременост пред да кажам на моите и неговите ќе му кажам на НЕМУ. Не на мајка му туку на него.
Така си е, туку сепак бебето не го направила сама нели. И дете не е он, не знам ни зашо трпи и толерира такво понашање? Викаш му се заканувала со алиментација, епа да, реално, ќе треба да плаќа, дете негово е, не на комшијата. Бар мир ќе има, вака не знам, тешко. А не сте ни вие другите дужни вакви работи да трпите. Тој може се кае сеа за све , ама нема назад. Ќе мора да си се носи со последиците. Детето не го заслужува тој токсичен живот. Не знам што мислат тие двајца, како вака би функционирале..
Може сум грешка, ама веројатно нема да плаќа ако го чува пола од времето? Секако, ако сака да се нафати нели
Па секако и алиментацијата му беше ставена како опција, татко ми му кажа дека има негова целосна поддршка дека он сам ќе ја плаќа ич да не се секира- буквално го поддржа да се разведе кога беше првиот хаос. Затоа велам дека и брат ми е крив наместо да се освести што му се случува он некако е њањав. Од она што јас го гледам мислам дека на него му е сеедно, го гледам како реагира спрема неа и споредувам каков беше према бившата- односот небо и земја. Сегашнава на негови очи може да се и*јебе со некој а он само би рекол па што да праам.
На ова мислеше веројатно членката под ,,забраниле абортус " неколку пати го нагласи ти. И ако веќе идеме на ,,кој е крив " сама си кажа брат ти шо немал муда да се спротистави на сите и да ја однесе да абортира е највеќе крив... Ама биднало и нема назад ,евентуално да пробаат твоите со разговор што овој живот сеа им носи и кои им се одговорностите чисто да се проба дали ќе се свестат двајцата. Ни брат ти не е сјаен со компјутерот и игриците цел ден...
А како може да ја однесе да абортира ако она не сака?Ја сфатив она сакала да се роди бебето,и сега ти како родител на дете што постапило незрело и создало бебе мораш и да подзаќутиш.Неможе и да му рече ако нејќе да абортира гајле ти е батали ја.Многу лоша ситуација.
Знам од друг случај каде што пола од времето детето е со мајката, а пола со таткото, таткото не плаќа алиментација. Нема врска, тоа е најмал проблем во ситуацијава...
Па да ама не е дека они сакаа а некој не им дозволил. Под забрана се мисли на тоа- она знаеше мајка ми како размислува и ја намести ситуацијата во своја корист. Сега барање кривци и префрлање на топка кој е крив е малку касно а и не решава проблем. Ако он решил да си го живее животот на овој начин без љубов нека тера. Иако мислам ќе дојде момент кога ќе созрее и ќе го трзне реалноста и ќе отера се у курац. Ама пошо психички не е добар ме плаши да не посегне по сопствениот живот- му се случи да напомене еднаш, дека тоа му е решението сам да си пресуди. Искрено кривица гледам и во себе што не го однесов да поразговара со некој.. Тоа што ме натера да пишам во темава е што буквално мразам да сум во иста просторија со неа. Не сѕм човек што по секоја цена ќе глуми финоќа ако некој не можам да го поднесам, па нон стоп се повлекувам за да избегнам караници со неа. Затоа што ако избие караница меѓу мене и неа ќе биде буквално крв и нож. Едноставно не ми е подносливо да делам простор со неа кога ја гледам колку е невоспитана и гнасна. Станува од јадење и со рацете буквално си ги вади ѓаќите од газ пред мајка ми, татко ми и мене и пред полна трпеза со храна, и со истите тие раце без да се измие продолжува да јаде. Или става чок.прелив во кафето , го лиже шишето од преливот и мртва ладна го враќа во фрижидер. Или користи тоалет и не мие раце а после тоа ќе си го земе бебето. Памперсите искоростени си ги остава на под покрај бебето. Едноставно гледам и ми се грози. Гнасно ми е да земам храна затоа што можеби она ја допирала. Да не ме сфати некој погрешно, никој не сме идеални, и мојата соба е некогаш во хаос и прљава ама тоа е моја соба и само јас ја користам- ми смета само на мене ако не е чиста. Ама друго е кога оставаш прљавштија во заеднички прпатор а некој друг треба да се соочи со неа. Значи не разбирам женско како може да е толку невоспитано.
Нешто ми забоди во очи, не знам кај која членка беше. Иако сум била виновна, брат ми е секогаш на моја страна?! Мислам ако ми е брат, нека ми кажи поарно дека згреши сестро овде и овде и совет да ми даде. Те сакам, ама сестро тука грешиш. Нека ме поддржи ако сум згрешила, да ама поарно да ми воочи каде грешам. Нз и како некои мажи, на 30 години уште се премногу врзани за сестрите и мајките , небаре не знаат сами одлуки да донесуваат......
@GirlLove овде братов е крив, сакал една девојка, направил дете со друга девојка, сега не му е гајле кој каде тера. Не е само снаава невоспотаната снаава свесно живее без љубов и со бебе. Премногу е млада и мисли дека нешто магично ќе се промени и дека работите ќе се сменат сами од себе. Тие двајцата си тераат различен филм. @Candice.S ич не се секирај за брат ти, ништо нема да си направи. Ќе си продолжи вака додека може, после ќе се разведува неколку години и на крај за жал сите ќе сфатите дека животот сте го поминале за него да му помогнете. Верувај брат ти и снаа ти се исти калап.
Ехеее, колку има такви што си ги бранат браќата...... Сестри што си ги бранат, иако виновен јас сум на негова страна, а онаа неговата е к*рва што му се упика.. Плус ако е помало БРАТЧЕ од 30 години. Been there seen that.
Ако напипаново индиректно се однесува на мене: Не не ја сметам за курва снаа ми ниту брат ми го бранам ако е крив. Буквално неколку пати напоменав дека се има однесувано како ѓубре и сум го опоменувала да смени понашање. Буквално во неколку поста пишав дека го сметам за крив. И тоа напишаното во почетниот дел беше да доловам дека сме имале одноа толку близок како брат и сестра сме си чувале грб а сега дека е поинаку, што е до некаде нормално бидејќи си има жена, ама сакав само да доловам дека сега сум донстепен да се плашам да седнам со него да разговарам за неа затоа што мислам дека ќе го сврти него против мене како што го сврте против другиот брат. И за крај- тотално ја промаши поентата на целите две страни наназад испишани- барем што се однесува до мојата ситуација.