Твоите треба да покажат заби во овој момент, да ги седнат и брат ти и снаата и да им кажат или ќе придонесувате и ќе си го гледате бебето или ене ви ја вратата. Што е ова, 24 годишен маж направил бебе и ќе игра игрици додека бебето му се гуши во чад од цигари! Мора твоите да превземат нешто инаку ова ќе оди само на полошо.
Не. Влегувам со неа и чекам да видам дали ќе измие раце. Живееме заедно, нормално дека ќе приметам дека не пуштила вода да измие раце. Приметиле сите.
Никој не рече за тебе, општо кажувам. Не можам да читам, немам време. Тешки да си опрајте патот, девојче. Ова можеш и да си поразговараш со психолог, психотерапевт. Ќе имаш плус мислења.
Он пиел, и тоа премногу и пречесто. Толку многу што не се сеќава ни дете дали направил. Крив е колку што е голем. Она си сакала да се омажи, се омажила. Дошло дете, они не можат да го чуваат. У бракот има премногу личности. Сите им се напикани, или они нив. Да ги остават две недели сами, ќе се освестат. Они не се грижат оти сите се грижат за нив.
Епа тоа е тоа, толку мајка ти и татко ти го воспитале брат ти, па сега не газ да лижат туку и тебе би те продале само неа да и удоволат. Страшно!
Не би рекла дека мајка му е крива за се пологично е кривицата да се става на нејзините кои биле ПРЕСРЕЌНИ за бременоста на 17 години замисли. Нормално мајка на машко дете ќе нема ништо против бременост на девојката на синот па и 15 годишна да е ако за тоа се сложуваат нејзините родители. Се разбира зборам ако немало притискање врз женското, а како што кажа членката немало, значи тука мајката на машкото воопшто не е крива. Не би го накривила и машкото бидеќи бил повреден од првата која вистински ја сакал и со која вистински сакал да направи дете и да формира семејство додека оваа му била успатна и колку да ја заблажи болката додека не најде нова во која ќе врати вербата на женското (мадам повеќе мислам дека машките се многу поверни и кога сакаат сакаат до смрт за разлика од женските и дека за жал никогаш немал да ја врати вербата). Брат ти штом не ја сакал и не гледал иднина со неа не верувам да се нафатил 5 минути да ризикува за да си го расипе цел живот, затоа штом така ја опишуваш не би било лошо и днк тест да направи бидеќи како што го опиша брат ти не верувам било тоа свесно или несвесно да ризикува да направи дете со жена поточно девојка со која не гледал иднина.
се изнервирав што прочитав јака ти душа @Candice.S . прво одлично тактички изиграно од снајка за бременоста убаво ја обработила мајка ти за не абортира но сепак брат ти требало да пресече а не да кажуваат твоите. За нејзината хигиена што прочитав немам зборови се згнасив срам да и е што е жена, мајка. Во врска со нивниот брак треба малку да се освестат и да се смират имаат дете на крај што не е криво за ништо, ако продолжат со ова темпо жалам што ова што ќе го пишам но ќе го гледаш брат ти како полека тоне во депресија алкохолот ќе премине во насилство и на крај развод ако не се сакаат ни двајцата нека седнат и нека се расчистат не се ни први ни последни, оти не гледам позитивно од целава работа.
Абе нема што мајка ти или ти да му го чувате бракот. Принудниот брак да го речам. Кога се спакувала да си оди кај нејзините, зошто се вратила? Пак мајките ли им го договараат бракот? Има овде неколку можни решенија, ко што рекоа Адидас и Чка. Ќе ги оставите сами и или ќе ги биде, или нема да ги биде. Е комшиите- не знам. Пратете ги кај комшиите ако не.
Не го дочитав сите коментари. Не ми е јасно како може една 18 годишна, пуфла, мочла, размазено детиште да ги мота сите околу малиот прст и сите да и одат по газот, секоја чест за нејзе.
Види она тврди дека може да го чува. Последниот хаос кога изби татко ми рече дека ако не си најде брат ми сам решение да си ја среди жена му ( бидејќи тогаш сите на навреди дека сме ненормално семејство ) следен чекор што ќе го превземе ќе му биде да им каже да со најдат стан и да си живеат под кирија. @Guns N` Roses буквално. Затоа и ме љути кога ќе слушнам дека е уште дете. Дете е за се друго затоа што така и одговара, ама кога се вакви ситуации во прашање поискусна е од 50 годишни.
Дали сте сериозни дека девојче од 18 години ги мота сите? Не, туку сите возрасни во ситуацијава се целосно неразумни. Само да се оженат и омажат потомците и да се добијат внуци. Ако еден бил паметен ќе предложел абортус. Тоа е најголемата цел во животот, а што понатаму Господ како ќе каже. Буквално еден разумен нема во ситуацијава, а и членкава е бајаги пристрасна кон брат ѝ кој според сите раскажани работи ама воопшто не е за жалење и за 22 години треба да биде за нијанса позрел. Снаата е дете, незрела и неодговорна бидејќи е дете што родило дете и веројатно ја имала таа идеализирана идеја во главата да биде млада мајка. Стварно не знам каков совет би бил од корист тука, освен дека на сите млади треба да им се искорени од глава ова традиционално воспитување и трчање по деца и бракови на 18 години.
Е после пак идете у другите теми да ќењате како децата се најголемо богаство, како не мора да имаш дом и психа за да раѓаш него све си доаѓа на место. Да, qrов мој си доаѓа. Хациенда не мора да имаш, ама во најмала рака гарсоњера и минимална плата и да си зрел што правиш. Овие немаат ништо. Ни памет. Ја знам дека оваа на 18 уште незрела ама толку не им прпало ни неа ни на братов еј абе дете иде, што понатаму? Многу пати сум кажала и ова ми е водич во животов, гледај секогаш последици, можни исходи, гледај долгорочно, земи ги сите тие исходи во предвид. Океј трудна е, после што? Океј ако абортира, после што? Океј се раѓа бебето, после што? Каде ќе живееме, кој ќе го гледа тоа бебе? Али и нејзе од дома не ја научиле на ова, се гледа. Прво ни контрацепција не знаела што е, за другото ич да не зборам. Ама не, само ееј трудна била, па радости, за после не мора да мислиме. Нѐ има тука 25+ годишни магарици со работа со све што гзов ни се тресе ако ни закасни циклус иако сме се онаделе со сите превентиви, ама некои се заебаваат оти праење бебе им е ко купување патлиџани од пазар. @Candice.S избркајте ги, најсериозно. Знам бебето ни криво ни должно е во ситуацијава, ама јбг, они му се родители, нека си мислат.
А, ако пиел? Или не? Како можи така бе, друг крив? Требало совреме на психијатар, психолог ако веќе на срце му е друга и си вртел после тоа женски и исто ги "малтретирал" а вие што му рековте за тоа? Дај нека се стабилизира. Не можеш ти како сестра да му решаваш проблеми. Па дајте остајте ги тоа браќата бре, да си живеат живот. Премн луѓе има замешано овде како шо читав.
Децата се одлични манипулатори, пошто ги сметаш за неспособни да се погрижат за себеси. И ќе бидат деца, дури ги третирате како такви.
Не само што ги мота, туку свесно направила се иако знаела дека брат и сака друга, го искористила моментот кога е пијан да и направи бебе. Свесно кажала прво на свекрвата дека е бремена, за да го фати дечкото во тесно, а нејзините па пресреќни што ќерката на 17 години е трудна, wtff?? Свесно ги снимала караниците за ако дојде до развод да ги прикаже на суд, свесно си оди од дома демек ќе се разведам па после се враќа и многу, многу други примери што не успеав да го дочитам. Опасно е девојчето знае како да ги врти на малиот прст, нормално кога ќе начекаш жртви што лесно можеш да ги манипулираш.
Колку се виновни вашите родители и особено откако го прочитав делот каде што сами го буцкале да се жени тие ќе гледаат идно внуче ми станува појасна сликата за се, ама и брат ти имал и се уште има огромен удел. Убаво пишаа членки наместо да мисли и двајцата да мислат факултет да изучат или барем да се вработат тој се акнал на игриците, пази на нов компјутер лично за него, таа ти опиша што правела по дома. Тешко на вас останатите во тој дом, ама отворено твоите и си ја барале бељата ти ми делуваш најзасегната и најважно малово што е гледано од своите како 13то прасе. Зар баба и дедо можат да заменат мајка и татко?
Он работи. Си има солидни примања. Она не, дои и е дома. Сега за сега си има одредена сума што ја зема од фондот и ја трга на страна. Буквално не дава ни за памперс од тие пари. Го пишав исходот кога брат ми побарал и она да учествува финансиски . Воглавно нејзината замисла е да порасне бебето она ќе фати врски со татко и ќе си купи диплома и игра на таа карта јас да ја запослам да работи во здравство (да не грешам душа ама мислам дека тоа е причината што (сеуште) не тргнала против мене. Јас сум и кец во ракав кој ќе го искористи во иднина да и најде раб.место.)
Е шо свесно добиваш на суд, во случај на развод, со снимени караници? Свесно си играло филм девојчево. Можда стварно верувала дека ќе биде сакана, дека тој ќе ја заборави бившата, ако го зароби со дете. Филмови за мали деца. Ваљда исто популарни меѓу народот. Сдк, сигурно и она си има нејзина страна, и сигурно исто не е среќна. Ама еј, све за комшиите
Па го уценуваше дека судот ќе и го додели детото на неа а он ќе го гледа за викенд и ќе плаќа алиментации. Брат ми колку и да не е заинтересиран да го чува бебето тогаш воопшто не му беше лесен тој период коа она си замина со ќерка му.
Значи штом зема од фондот и таа е во работен однос така? Не почитав за делот околу учеството во финансии од нејзина страна, извини не следев се што се пишало. Сега се вклучив видов си ме цитирала и ти одговорив. За последниот пасус па кажи и отворено дека не можеш да и се најдеш. Разговарајте отворено за се, не си правете лице или можеби ти не и правиш, а таа си фантазира, епа освести ја дека е мајка и дека не треба да живее во бујни фантазии, туку дека има одговорности и обврски во животот, особено откако се стапува во мајчинство.