Да де се оди во крајности одма , абе ајде вие на другарките не се жалите кога имате проблем јас што ке дрндам на другаркте од нив 50 % сигурно не ми мислат добро , ке се пожалам на брат ми и он на мене , знам дека секогаш ми мисли добро и јас на него , и јас сум била таа што ги смирувала со девојка му не да му ковам завери , и не знам која сестра сака брат и да е несреќен и бракот да му го растури тоа се некои умоболни и такви ссе 1 % од популација , не може сите .. сепак можам да забележам дека повеќето снаи имаат проблем со золвата кога се работи за поделба на имот , сметаат дека се припаѓа на нив ( како што рече некој на синот куќа на ќерката клоца ) дедо ми од бог да го прости живеел во сосем друго време , а сепак исто ни подели ми рече нема машко женско мене сте ми внуци ... Јас не реков дека се плашам и имам проблем со снаата само си искоментирав дека не сакам такви мешања побогу уште не се земени , јас нема да се расправам со снаа ,издалека ја љубим нека им е нив арно на мене уште поарно ...
Доколку има потреба за мислење од страна, нема потреба тој брак воопшто да постои. Од него и од жена му никој подобро не му го познава бракот. Јас и мм сме веројатно некои чудни суштества од друга планета на кои им пречи тоа и попрво ние си се правиме лом ако треба, ама заеднички го детектираме и го решаваме проблемот, отколку медијатор да викаме на помош... И аман де, ме нападнавте групно за мислење шо си кажав, Бог да чува...може да замислам на снаите шо праите...после викате на темава е одборот на снаите И мими, реков не се плаши, затоа што и самата рече, овде одбор на снаи сте ќе ме нападнете, во стил дека не те напаѓам...Божее, зар и на девојката на брат ти вака и' правиш со вадење на зборови од контекст, ццц...и не реков дека имаш проблеми со неа, само дадов мислење за случајот и сто пати кажав дека не е намерата да те нападнам или навредам...ма шо се правдам ја уствари има луѓе шо само нивната песна си ја слушаат, дури и кога е отпеана фалш.
^^Поентата на муабетот ми беше баш тоа дека не секој разговор помеѓу брат и сестра е оговарање на снаата а 99% од снаите се убедени дека е баш тоа- оговарање, што во мојот случај никако не е. Мислам каков дебил би бил брат ми кога би дозволил да ја навредувам неговата сопруга и мајка на неговите деца, никогаш не сум го направила тоа (немало ни зошто а и самото воспитување не ми дозволува да паднам толку ниско да навредувам ) а и да сум сакала верувам дека брат ми не би ми дозволил. Јас зборувам за совети од типот на машка/женска гледна точка кога се нак*рчуваме без потреба па како безболно да се помине тој период а за прераскажување на караници од а до ш тоа снаа ми го прави а брат ми не. И снаа ми кога ми прераскажува караници ја оставам затоа што подобро мене да ми каже да си ја олесни душичката него да зборува по комшии, а караниците никогаш не биле нешто којзнае што сериозни, највеќе се лути снашката на брат ми за неговата огромна попустливост со децата а за такви работи сигурно нема да дојде до развод. Колку и да сакаме да веруваме бракот не е само помеѓу две личности и се да остане помеѓу тие две личности сите имаме потреба да се пожалиме, пофалиме и подобро да го правиме тоа со најблиските него ли со личности кои можеби утре ќе ја злоупотребат нашата доверба.
Леле тоа беше шега не дека очекував да ме нападнете, шега! Нити и вадам од контекс нити ја напаѓам , кажав дека имам добар однос , сум штедела со недели на неа поклон да и купам да ја израдувам јас кажав мислење дека во фамилијарните односи не треба да се мешаат и дека сум изненадена што такво право си зема , тоа дома да си си гледаат , нити пак некогаш јас ќе се мешам во делбата мегу дечкото и сестра му , тоа ми е муабетот не друго Токму така , не знам жив човек кој нема мака некогаш да се пожали па макар само да го ислушаат и поарно на брат /сестра , а не на другарка која не секогаш мисли добро
Е тоа конкретно раскажување на проблемот мене ме нервира. Многу филмови гледање. Таму паровите не се доискажуваат што и како треба затоа што фураат некоја тактика/стратегија преземена од некоја ефтина колумна во списание, па го прераскажуваат на другите тоа што се случило 500 пати...а не сфаќаат дека тоа му е тактика на режисерот за да помине повеќе минутажа, а да ги сочува вистинските настани за „црне дане“ коа ќе му снема инспирација. Имено, јас никогаш не сум гледала на тој начин...дека не треба се да му се каже в лице на мажот. А на кого? На никој. Никогаш никого од моето опкружување го немам обременето со недоумици и проблеми кои биле меѓу мене и мм. А ниту пак тој. А богами ги има убаво научено и другите да не прашуваат и да не му се мешаат. Можеби во бракот на брат ти тоа функционира, но по мое, мислам дека „безболното решавање“ на работите не може да е трајно решение. Ако не се научиме самите да станеме кога заедно ќе треснеме на каллива калдрма, ништо не направивме...нема сигурно цел живот да ги смараме другите да ни ги оправаат животите. Со тоа безболно решавање, секогаш постои ризикот да има потиснато некој друг проблем кој подоцна ќе излезе на површина и ќе изгледа многу пострашно. Ете јас не би можела да се пожалам на некого кога имам проблеми со мажот, многу лошо би се чувствувала... ете таква сум...
Брат ми сеуште не е во брак , убаво што на никој не се жалиш .. Работата е што мислат дека веднаш заговор им се спрема кога се прави муабет а најчесто токму золвите ја бранат снаата , и веднаш сексуален живот се прераскажува ни под разно ! јас конкретно кога имам проблем се жалам или сакам некој да ме ислуша , не да замарам некој постојано ама ете некогаш ми треба ...некој држат во себе некој не можат баш секогаш..
Тесси, сосема те разбирам, и јас сум истата, а и бракот на тие принципи го градиме, ама мораме да сфатиме дека на овој свет има милијарди различни луѓе со ист толкав број на различни карактери и приказни...ако двојката функционира на одреден начин (како братот на битерсвит на пример), а тој не е ист како нашиот, не значи дека е погрешен. Напротив, штом си се среќни во истиот
Темава скрос ме заинтересира, не можев да одолеам на предизвикот да пишам, бар кратко. Иако нема да имам золва, ама дечко ми би имал балдска (а може и треснав- сестра му тоа ќе му е, а?). Хопотетички, кога би се ставила на позиција да сум во „средина“ меѓу сопругот и сестра ми (во случајов пандан на золва само на другата страна од дрвото), апсолутно не би го послушала маж ми (доколку помисли, а не па да реши) да се вмеша во нашиот однос, истото би го очекувала и од него, да имаше сестра. Во светот НИКОЈ ама баш НИКОЈ не СМЕЕ да каже лош збор за сестра ми, оттука секој „дојденец“ (вклучувајќи ме и менево неговото семејство) не смее да му каже лош збор нему за сестра му, мајка му, татко му, баба му... На крајот, тие го создале, го израснале, воспитале. Да било само нијанса различно нешто не би го засакала тој човек. На крајот, секој член од неговото семејство го знае подолго него од мене и баш заради тој член на семејството има одредена лоша или добра каратеристика ликот со кој сум решила да живеам. Токму од тие причини, никогаш не ги навредувам членовите на неговото семејство, НИКОГАШ, од проста причина што не би сакала ни да помислам што би се случило доколку тој каже лошо за моите. Секако дека се случило да пукне филм па да почне да зборува за неговите, но само климам со глава, чекам да се испразни викам „е да“и турам коњак; истото го прави и тој, клима без коментар и вика така е и тура коњак Во однос на споделување на случки, тајни, нервози за односот со дечко ми во разговорот со сестра ми, целосно е одбегната темата. До сега никогаш не сум ја прашала како и е со дечко и, ниту ме прашала како ми е. Ако е некој близок со тебе по погледот те познава дека нешто не е во ред и ти остава простор да се искажеш, не те испрашува ко баба на чешма. До сега не сум разговарала со никој за проблемите меѓу нас, освен со мајка ми и тоа не за се и во детали. Сум слушала совети (мноогу) од баба му, од баба ми покојна, од мајка му и селективно сум ги прифаќала, но едно било заедничко за сите. Што е дома, останува дома, за сите надвор од прагот се е супер- тоа било мотото и на баба ми во односите со зетот и со двете снаи, иако како во секое семејство имало милиони проблеми. Може се занесов со „составов“ на темава, ама убедена сум дека жената секогаш е во можност да ја сврти главата на мажот на страната на која таа сака, само треба да има трпение и да повежба дипломатија. А и дополнително е во предност, затоа што снајката знае што мисли или ќе смисли золвата, двете се жени, а она што жената може да ти го смисли за 5 минути, не може да го смислат 100 мажи за 5 години.
Јас потполно ја разбирам твојата гледна точка на работите и јас не сакам да обременувам други луѓе со мои проблеми ама кога мислев на безболно решение мислев на работи кои машките баш и не ги разбираат. Пример на безболно решение-мојата снаа седи дома со 3 деца, близнациве да се здрави и живи ама многу се темпераментни, јас со едно па некогаш сакам да избегам од дома а ниеден маж не разбира како може сопственото дете да те нервира, е може, и снаата нормално е да биде некои денови нервозна, јас се понудувам да ги земам децата они да одат на вечера, викенд, да си посветат малку време само на себе. Нема трајно решение на овој тн проблем за да прерасне во нешто поголемо, не им се мешам во бракот со тоа што им ги чувам децата туку знам дека и мене од време ми треба мала одушка од обврските со детето, сакам да правам само возрасни муабети и знам дека тоа ќе ја направи среќна и снаата. Исто и мене ми помогна брат ми со совет на почетокот кога почнав да живеам со мм, јас сум многу самостална, не барам помош од никого, презирам жени кои се бесаат на мажите за се и сешто.Мм нешто се љутеше и иако 100 пати го прашав што му е си добивав одговор дека не му е ништо, во муабет со брат ми тој ми укажа на тоа дека ниеден маж не сака да се чувствува бескорисен, и така почнав да барам помош од мм иако не ми била потребна и престана да биде љутко За вакви совети мислев јас, дали имале некој сериозен проблем брат ми и снаа ми незнам ама совети од машка,женска гледна точка секогаш ќе барам од брат ми а и тој од мене затоа што еден на друг си мислиме само добро.
Јас не сум сеуште официјална золва, ама натака води работава веќе. А бе снаата ми верувам идна, има да има золва либерале. Кај сме оддалечени илјадници километри, плус сум така коректна и личност која не се меша во одлуките на братот. Мислам си имаме блискост, уште ме прашува за мислење па и во врска со девојка, ама јас освен свое мислење, да го премислувам или да му наметнувам некои контра ставови, не. Го сакам, го почитувам ама да му се мешам или да барам од него интими да ми раскажува или да му влијаам на одлуки, тоа никако. Верувам и знам дека од мене освен почит, коректен однос и помош секако снаата други перипетии или сл. лицемерни глупости нема да има. Ако е она иста и ако го прави него среќен, не почитува и нас како негови најблиски тогаш и ние ќе сме среќни. И да ви откријам вас еве јавно, ама не кажувајте никому ... едвај чекам да станам золва.
Читам,читам и се чудам. Значи вие откако се омаживте му забранивте пристап на вашите мажи со сестрите? Демек сега се ваша сопственост и на никој друг? Имам брат и блиски сме баш како што кажа битерсвит и да заедно сме посилни,решаваме политики,прашања,проблеми.Ако ме мачи нешто му се доверувам и ми е најакиот сојузник во моите планови. Ако го мачи нешто тука сум-сестра му сум и ИМАМ ПРАВА да си разговарам со мојот брат,макар и да било и за девојки. Зарем и тоа е забрането?Да разговарам со СОПСТВЕНИОТ БРАТ? Па побогу ако не можам да му се доверам нему,тогаш како би имала доверба во други личности,другарки,пријатели итн итн. Зошто се ви се чини како заговор против вас-т.е снаите ако сестрата си разговара насамо со братот? Да не треба случајно и дозвола да барам од идната ми снаа за да разговарам со брат ми? Или треба и на дечкото да му забранам да разговара со сестра му-нели ќе се осетам навредена,па како тоа смее да разговара со сестра му,макар муабетот да бил и за некој филм.. Уште нешто-како смеете да поврзувате мизерии од типот како примерот- братот на мими да и раскажувал за секс пози.Мислам кој нормален тоа би го помислил? Како ја поврзувате братската и сестринската љубов со секс? Мене тоа не ми е нормално. Не значи дека ако брат ми утре се ожени јас да си го расипам прекрасниот однос кој го имам со него заради некоја искомплексирана девојка која никогаш во животот не добила ниту пак почувствувала братска љубов. Свашта
Вака долго ја барав темева сега ја сретав ке замолам за некој совет Имам прилично долга врска со неколку година постар од мене дечко на почетокот додека не ја знаев неговата фамилија се беше добро он има сестра зет и внук од три години не почетокот сестраму мислеше дека јас сум онака пролазна девојка и беше океј спрема мене но сега ги согледувам работите они се некако премногу поврзани до тој степен штоо секој ден се кај него дома (живеат 5 мин од куката на дечкоми) тука јадат спијат секој ден мене тоа не ми смета јас знам дека она е излезената од таа кука и може да дојде кога сака и колку сака да седи но друг е проблемот што дечкоми и е како втор маж или прв што се вика он го чува внукот го зема од градинка додека они со мажот одат по ресторани и шетаат дома им е од посредено до најсредено дома не готви секој ден ручаат кај дечкоми и она да не речам команда за се мене и ова не ми е проблем бидејки јас сум му само девојка но дечкоми ..сите пари односно за градника еве и детска соба му направи на дете од 3 години ги троши таму им зема кредити за се нешто ние на крај немаме ни денар за едно кафе односно он и не сака да излегува(или ретко и кога излегуваме мораат и они да дојдат)...Ке речете разговарај со него..разговарав со него на таа тема бидејки најлесто од нив е нервозен бидејки се флегми невидени и мене ми се истура кога ке му кажам обидисе малку да си самостален сепак се они посебна фамилија он ме криви мене како јас сум дете и селски моабети правам му се мешам а му реков не ме интересира не правам веќе моабет за тоа..Но има и друг проблем она е како да кажам ми прави лице и тоа доста очигледно детето го врти против мене коа вујче сеа има друга љубов и дете љубоморно до бескрај не не остава на мира секој ден што се вика не можеме ни 5 мин сами да останеме ..ни доага друштво они се тука со нас а се доста постари ...ајде летово одмор пак со нив.. во грција внукму спиеше со нас они да се одмореле ајде една вечер испаднаа 12 вечери ...и дечкоми е свесен за се само не сакам и незнае како да постапи неколку пати се имаат скарано на таа тема ке отидат дома 2 дена и пак по старо после тоа ..Не се за жалење заработува маж и преку 3000 евра и му се жалат во криза биле..овој дечкоми парно сака да им купува да им мести и тоа нека го прави сепак негова одлука јас веке незнам како со нив да се однесувам и разберам...Приметив и дека она му збори на дечкоми против маж и кога е се скараат се осекам како двајцата да се во коалиција и дека истото го зборат и за мене...И јас ке бидам золва д аимам брат но сепак кога ке излезам од оваа кука немам што да се мешам во фамилијата на братми или кога ке има девојка до тој степен да му правам немири и неспокој во куката ма каква и да е снаата..ке имамам и внуци ке им купувам и јас подароци но до каде ми е џебот не после тоа да гладувам ...Незнам не сакам да испадне дека ми е криво туку што имаме немир во врската сакам барем насамо да сум со него да имаме свои моменти тоа по толку време врска го немам..
^^^ти уште сега ги имаш овие проблеми и се нервираш а замисли како ќе ти биде еден ден кога сте во брак не сакам да те плашам ама таа е вистината,ако не се смени дечко ти сега да знаеш дека секогаш ќе биде таков.а па и шо сестра ќе беше таа неговата скроз без осет.не дека мојата золва е многу по арна од твојата,ама ај друг пат ќе ја кажам мојата приказна зборувај отворено со дечкото и кажи му што ти смета и дека ако планира да сте заедно мора тој да разговара со нив и да се смени цела ситуација дека вака повеќе не ја бидува.и знам напомена дека сте разговарале,и верувај знам дека не е лесно,одма иди до она "а што сега треба да бирам страни?ти или они?" И нагласи му дека не мора да бира страна ама да се има време и ред за све... Ах тие золви ах Колку ГРДО ми звучи тој збор золва ама ЈБГ и јас сум золва
Последните три мислења беа избришани. Девојки, држете се до темата, изјаснувајте се, ама без меѓусебни навреди и препукувања.
Спојлер Koнечно некој да ми ја сфати поентата. Не правам муабет за добронамерни совети, ги давам кога ќе ми побараат и самата го дистанцирам фокусот на разговорот од што всушност се случило. Јас така функционирам и нема никој право да ме напаѓа и да се препукува со мене заради тоа. Бог да чува, не реков јас дека не смее на само брат со сестра да си збори, глупости...ама насамо да збориш со некого и да се жалиш на долго и широко од мене...тоа јас го викам оговарање. Што се однесува до мм, ниту го притискам, ниту му бранам нешто, но за среќа и двајцата се држиме до она „не прави го она што не сакаш тебе да ти го прават“, а тој дефинитивно не сака нашите проблеми да излегуваат надвор од нашата соба. Ниту пак јас. Но, секој дом има свој ред, различни карактери сме и различно функционираме...знам баш пример со една колешка од работа што ми кажуваше...што и' се жалела на сестра и' од дечкото и секогаш после тој разговор се карале со дечкото (сериозна врска, сега брак). И таа викаше „да, некогаш ќе речеш најубаво на близок да му кажам, да најубаво, да подобро на близок отколку на јабанџија, дефинитивно, но некогаш блиските, од преголема љубов кон нас знаат да гледаат субјективно на работите и наместо да предложат трезвено и објективно решение, ќе речат ти подобро заслужуваш, тој е ваков, тој е онаков.“ А јас на тоа и' одговорив „Ако не научиме во животот да се ослонуваме самите на себеси, што ќе се случи кога тие на кои што се ослонуваме сега ги нема во наша близина еден ден?“ Малку е офтопик (приказната во спојлер), ама не знам колку од вас имаат гледано една македонска народна приказна Спојлер беше со една млада невеста што имаше ептен лоша свекрва. И девојчево плаче, плаче, плаче и останува бремена и ја вика мајка си на неколку дена, демек да и' помогне. И пред мајка и' свекрвава „злато, душо, не станувај јас ќе донесам“ И кога си отиде мајка и' оваа на само и' рече „Не се разгалувај многу, колку да ми родиш здраво внуче ми е, после ќе видиш ти од мене.“ Значи за трајно решение на посериозните работи, треба на самите себе да си се ослоониме и да се научиме самите да ги решаваме проблемите Јас зборувам за ти реков, ми рече „офф многу ми е тешко, ваква е/таква е, она ми рече, тоа ми направи...“ и цеела случка...затоа и' ja спомнав таа сексуална конотација која низ нос ми ја извадија...да прераскажува мм на сестра му цели случки и муабети шо сум ги праела ми е исто како да ме соголил пред неа... замислете ја обратната ситуација, дали би ви било убаво доколку братот се жали од сестра му на својата жена прераскажувајќи цела караница барајќи совет...ако тоа е во ред со вас, со мене не е, јас така не функционирам и најмалку заслужувам ради тоа да бидам навредувана овде.
Можам да рзберам голема поврзаност помеѓу брат и сестра, воопшто помеѓу цела фамилија, но често кога со некој сме така поврзани не знеме да им кажеме-не, не можеме да кажеме-во ова навистина немаш право да се мешаш, затоа што ќе се навредат нели не се очекува од тебе тоа па бегајќи од конфликти и желба да односите останат комплетно исти, често им дозволуваме работи и што треба и што не треба, ги чувствуваме како дел и од новата фамилија што веќе сме ја створиле а тука мора да има поставено некои граници... Близината што ја чувствувам јас со мојата фамилија си ја носам во мене, не мора да ја манифестирам со секојдневно гледање и муабетење за све и свашта и ако некогаш сакам да се пожалам од мм на некој од нив (многу ретко тукуречи никогаш) ќе го направам тоа, но јасно им е и на нив дека се тука само во моментот да ме ислушаат а никакви интервенции не се потребни...Исто и од моја страна, слушам ама ко да не сум слушнала (не мислам на големи проблеми)...
Кога ќе има своја фамилија и деца ќе гледа за нив,ќе му се зголемат обврските и финансиските трошоци,па и да сака ќе нема можност толку да помага на сестрата.Инаку, нема ништо лошо во меѓусебна помош меѓу браќа,сестри,сестри и браќа. Секое дете во таа возраст, сака да биде центар на вниманието кај другите,па сега вујко вниманието го свртел на друга страна и нормално реагира така,се јавува љубомора,која немора да биде само кон тебе,може да биде кон било кој што го загрозува неговото „посебно“ место кај вујкото.Верувај секој нормален родител сака правилен развој на своето дете,па не ми се верува уште од мало да му поттикнува такви негативни емоции,да го „врти“ против некого. Не еднаш сум слушнала како браќа,сестри,си помагале,ама дошле снаите и се растуриле.Секогаш на тоа велам „не,снаите не растуриле ништо,туку секој си создал фамилија,деца и има обврски најпрво кон неа,па затоа така ви изгледа“. Затоа не се оптеретувај,без потреба,се’ ќе си дојде на свое место. п.с Децата од брат,сестра се сакаат како да се твои,верувај.Јас од брат ми децата ги сакам како да се мои,МНОГУ.