Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    286
    Немам појма како го изведоа нејзините тоа. Фатија некои врски па сега зема постпородилен додаток или како и да се вика тоа. Мислам дека само 9 месеци ја следува. Не е ни важно. Секако парите не ги дава туку си ги чува.

    За последното не ми има уште ништо спомнато на мене конкретно ама со оглед на тоа кој олош од човек е со прст нема да мрднам за неа без разлика колку го сакам брат ми.
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.307
    Допаѓања:
    182.023
    Абе да, развод и алиментација се уценување?
    Ќерка им.
    Нивна ќерка е, на нив двајцата. При развод дете обично даваат на мајка. Ако не знаат/ не сакаат, тие двајца да бидат заедно, развод е единствено логично решение. А ако знаат/сакаат да бидат заедно, епа не може заедно со вас, во иста дневна. Не е здраво, за никого, најмалку за нивниот брак.
     
    На theowndemon, CameliaMiller, Dentina и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    286
    Па ако снимаш свесно караници и се закануваш дека ќе ги приложиш на суд не е тоа уцена?
    Имаше момент кога остави телефон намерно со отворена линија на другата страна мајка и да може да прислушува (или да снима не знам) што се случува кај нас после една караница.
    Во делот за алиментации се објаснив.

    Што се однесува до последното- моите ги седнаа и ги прашаа како планираат каде да живеат- они рекоа дека се договориле некое време додека порасне детето да останат во иста куќа дека ќе им се најдат моите , затоа што брат ми е свесен дека она е 18 годишна без никакво искуство.
    Не е дека сакаат да си идат а ги држиме со сила.
    Е тогаш се случи и куршлус дојде татко и да паметува како они двајца треба да направат куќа, дека куќа не се прави со пари туку со љубов и напоредно со тоа направи караница кај се парите од свадбата и на што се трошат истите. Тогаш беше и моментот кога остави отворена слушалка да може мајка и да прислушува .
    Така да мешање има повеќе од страна на нејзините родители не од моите. Моите можам да кажам само дека се многу наивни и глупави, им идат и на двајцата по гзот место да ги остават да се испотат добро и сами да видат мака.
     
    Последна измена: 9 јануари 2025
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    16.564
    Пол:
    Женски
    Отиден е тука возот во неповрат. Ти ништо не можеш да направиш во целата ситуација, единствено да се фокусираш на сопствената инднина.
     
    На neno0o, Luna91, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.475
    Допаѓања:
    127.117
    Пол:
    Женски
    @Candice.S И двајцата уште се со детски памет. Наместо да им притрчувате, оставете ги сами да се снаоѓаат. Ако сакаат, и глава нека кршат.
    Седи си и смеј се. Не можеш многу да направиш, освен повремено да припазуваш на внучето.
     
    На Candice.S му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.307
    Допаѓања:
    182.023
    Пошто ние на 28 или 38 што раѓаме првпат, со искуство сме?:D
    Јас не разбирам овде кој што збори. На брат ти ќерка му, ама да им помага мајка му|(
    Во бракот се 7, 8 души ко што гледам, тие двајцата најнебитни. Детето греота.

    Ти? :?: Па ако можеш да се иселиш, фаќај патот. Или они ќе го фатат патот, или ти. Дали ќе се игра попаметниот попушта, не знам. Многу гужва е, пак ќе повторам:sweat:- рецепт за бесконечни драми и трагедии:doh:
    Инаку да, твоите треба да ги остават сами. Пошто со сила убавина не бидува.
     
    На Кена Рис, theowndemon, Luna91 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.239
    Допаѓања:
    136.474
    Секако детето ќе се додели кај неа.
     
    На SummerGirl и Candice.S им се допаѓа ова.
  8. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    286
    Леле ама зошто толку сакаш да цепидлачиш.
    Значи ти на 28 год ќе се снајдеш низ дома исто како што би се снашла 18 годишна?
    Нигде не е потенцирано раѓањето како искуство.

    Навистина до бескрај одат реплицирањава а се фаќаат толку глупи зборчиња.
    Да на брат ми бебето му е ќерка. Не знам што е проблем. И мајка ми на брат ми му е мајка ( мајка му).

    7-8 души се затоа што они двајца така дозволиле. Јас ако имам проблем со дечко ми нема да одам да кукам на сестра му или на мајка му да објаснувам какви маани има он.
    Или па при прва караница со маж ми во иднина да се јавам на татко ми ало тато дојди да ме земеш овде не ме сакаат.
    Не знам што не сфакаш
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  9. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    12.362
    Пол:
    Женски
    Јас овде гледам тотално дисфункционален однос од сите страни. На 24 и 18 веќе не се деца чим се венчале и направиле дете. Кога посегнуваш по постапки за возрасни луѓе треба и да се носиш со нив како возрасен.

    Требале родителите од старт да реагираат за такво бахато и девијантно однесување од двете страни. Ама чим биле среќни што нивната ќерка на 17 години останала бремена и не очекувам да покажат некоја разумност после тоа, секако е премногу касно. Огромна грешка и кај твоите родители што во нивна куќа дозволуваат и замижуваат на ваква распашаница.

    Ти како тетка можеш да му потпомагаш на бебето и толку.
    Туѓ брак не можеш да оправаш кога очигледно ни самите не сакаат да поправат. Очигледно и двајцата си гледаат сами за себе, секој на своја страна, а меѓу нив една душа што страда. Чим не потегнуваат иницијатива да седнат здраво и рационално да се договорат и да се грижат за бебето, се е јасно.
     
    На Candice.S му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    1.803
    Пол:
    Женски
    Да 9 месеци е додека и трае породилното отсуство таму каде што е пријавена дека работи.

    За последново ти си знаеш најдобро што како, вреди ли да арчиш збор да помогнеш и им се најдеш или не.
     
    На Candice.S му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    23.872
    Пол:
    Женски
    @Candice.S
    Кажа дека сте добро ситуирани финансиски, оти не направите спрат само за нив? И они да учествуваат во тоа.
     
    На eliesaab и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    286
    Не сакаат спрат. Всушност има функционален спрат.
    Сакаат комплетно да се одделени во посебна куќа - сакаат да соберат пари во следните неколку години и сами да си ја направат.
     
  13. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    23.872
    Пол:
    Женски
    Па до тогаш можат да си живеат на спратот.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    286
    Аман веќе пишав- одлучија да останат таму каде што се бидејќи им треба помош.
    Она во пола ноќ ја буди мајка ми да и го причува детето.
    Или па седи до ниедно време со другарката, сабајлето бебето се буди рано она ја дава малата на мајка ми и се враќа во кревет да доспие.
    Тоа го нема на посебен спрат или во посебна куќа.
     
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.603
    Допаѓања:
    21.693
    Мајка ти им дозволува премногу ама прем-но-гу.
    Јаа бе, госпожата ќе седи со другарки ама други да ѝ го чуваат бебето.
    Јас да ти кажам, кога мајка ти ќе пресече и ќе рече гајле ми е, ваше бебе, снаоѓај се, е тогаш ќе им дојде памет. Мада се плашам оти нема ни да го погледнат бебето, па пак мајка ти ќе го чува од жал.
    Ова не е помош, ова е буквално жртва од нејзе.
     
    На Трагедијаупмм, Candice.S и eliesaab им се допаѓа ова.
  16. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    16.564
    Пол:
    Женски
    Па нив не им треба помош им треба слуги што ќе трчкаат по нив и некој што ќе ги рани, пере, пегла, ќе чисти за нив, ќе го раскрева нередот што сами си го прават. Секој нормален млад брачен пар сака да се сами, да имаат приватност овие пак во заедница да се, па плус и со золва. Мојот мозок не може да го разбере ова, too much drama.
     
    На Waverly Raven, Luna91, baby-star и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.307
    Допаѓања:
    182.023
    Па дури им дозволувате да се понашаат ко во градинка, ќе се понашаат така.
    Мене на 28 на пример, не ми се спиело во среде ноќ, со радост сум станувала.
    Цепидлачам, пошто не ја согледуваш реално ситуацијата. Ако имам со некого дете, на 18 или на 28, го имам тоа дете со некој маж, не со мајка му. И евентуално маж би будела. Во краен случај, своја мајка, ама не мајка на мажот ми. Ама мајка ти среќна што има полна детска градинка, очигледно.
     
    На Lianna Anna, baby-star, Emy867 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.602
    Допаѓања:
    173.300
    Овој брак кад тад ке заврши
    Џабе е
    Он не ја сака
    Оваа мислела ке се роде дете ке ја засака
    Сега гледа не е така и е изфрустрирана макс па на вас се изживува
    Тука треба да настапат твоите т.е свекорот и свекрвата
    Бебето парталите и надвор
    Кај знаат и шо сакат нека прават
    Ама ги разбирам
    За бебето ни криво ни дужно срцето ке им пукне и ни се ваму ни таму гледат да смират ситуација и ако можат да одржат брак
     
    На Manako2, Luna91, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    6.424
    Пол:
    Женски
    Како прво тоа е уште дете ,со невоспитани,да не речам прости манири.
    Како второ, ти не си таа што треба да си оди од куќава туку брат ти треба да се оддели и со "жена му" да си отиде во посебен стан,бидејќи додека таа има маша ( мајка ти) нема да си ги гори рацете да " работи " по куќата и да средува како домаќинка и жена.Тоагаш кога ќе се сами ќе си увидат дали можат да живеат заедно и заедно да го чуваат детето или под итно развод.
     
    На DragonFly22, Candice.S и eliesaab им се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.688
    Допаѓања:
    39.785
    Пол:
    Женски
    Премногу заклучоци за приказна што не е напишана за совет туку за да се исфрли собрана нервоза. Секоја приказна има две страни. Верувам дека и ти да имаш 18 години и да имаш бебе додека живееш во целосно нова средина ќе ти биде overwhelming и нема да се снаоѓаш сама. Факт.
    Во оваа ситуација сите измеѓу себе имаат толку дисфункционален однос што мене искрено ми е знак прашалник дали воопшто е безбедно за тоа бебе сами да го гледаат мајка му и татко му. Јас да сум на местото на золвата ќе гледам јас да си отидам, пошто не бараат луѓево во приказнава совет туку она си бара издувен вентил.
     
    На Victorian, DragonFly22, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.