Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    1.823
    Пол:
    Женски
    Луѓево се во брак со мало бебе. Неколку месеци бебе.

    Ако некои треба да се повлечат и ќутат се сите други.
    Кога, како, колку љубов остајте за друг пат.

    Годинава ипол дајте им шанса да учат и растат без осуда.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  2. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.483
    Допаѓања:
    5.264
    Пол:
    Женски
    @Candice.S постави лична граница до каде толерираш, а потоа постави граница и со твоите (мајка, татко, брат сѐ комплет). Имаш твој живот и твои проблеми, не се труј со туѓите. Мака ти е знам ама нека ти биде повеќе гајле за тебе. Сите се испонашале неодговорно и сега ќе трпат последици, ти гледај учи како не треба. Ако не ти ги почитуваат границите и исели се, мирот нема цена. Човек во вакви драми не може да живее нормално. Сакај си ја внукичката и пружи ѝ љубов, ќе ѝ треба додека расте во таква токсична средина.
     
    На Kralica.Milica, DragonFly22, crimson и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.821
    Допаѓања:
    39.486
    Доста патологија насобрана и во двете фамилии. И од тип што може да се третира, а нешто и не може баш, за жал.
    Членката има 30 + години колку што прочитав, и најдобар совет, ако воопшто бара некаков совет овде, е да се одвои самата од целиов калабалак.
     
    На CameliaMiller, KateKane, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.373
    Допаѓања:
    114.315
    Пол:
    Женски
    Еве ви редослед на врската:
    1. Го манијачела, значи пошто потоа сакала да влезе во таа фамилија. Зашто не знам ваљда се некои богаташи или не знам
    2. Знае дека не ја сака, овој пие како смок, ја проценила мајка му дека живее за комшиите, на пијано го фатила направила дете.
    3. Ја обработила мајка му: Леле што да правам, многу сум уплашена, моите ќе ме убијат.. мижи аслан да ти баам.
    4. Резултат: Она си исполнила цел, сега трпете си.
    @Candice.S ти нема што да се замараш. Гледај свој живот. Твоите што надобриле нека сркаат, важно комшиите да не зборат.
     
    На baby-star, SummerGirl, Алек*** и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.752
    Допаѓања:
    8.471
    Пол:
    Женски
    Јас го чекам денот снаа ти кога ќе дојде на форумов у онаа темата за да се жали од свекрвата/мајка ти. Обично вака почнува. Снаа ти е стварно дете, а мајка ти треба да си им каже дека веќе дома сте многу луѓе, 6 возрасни и бебе и дека тие двајцата треба да се горе. Во случајов немаш проблем со снаата, мајка ти ја заебува целата работа. Мајка ти ќе ве раскара вас тројца пошто она мисли дека во мометнов помага. Снаата нема врска со вас, таа си се омажила, си има дете и сега ќе се мисли за на факултет, за искачање, само за дечковци нема да мисли, ама ќе си има луѓе за да си се искара и да помине денот... Ти треба да расчистиш со твоите, зашто кавгите во бракот се од родителите. Почнале со што ќе кажат комшиите, па после се карале за парите од свадба...
     
    На Mother of 2boys, Victorian, DragonFly22 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    3.917
    Пол:
    Женски
    Читав до тука за проблемот ваш кој реално не е мал.
    сум видела ваква ситуација со бившиот кој брат му се оженим поради бременост на негови 19 а сопругата имаше 17 год. Првото дете го исчува нормално свекрвата , се што опиша ме врати на таа ситуација. Буквално се.На крај се разведоа со 3 деца и сеуште се млади по 37-8 год со промашен живот и двајцата, и големи деца на кои треба да им се посветат.
    По до сега читаното снаати нема проблем со брат ти она има проблем со вас. Нигде не спомна дека него му се понаша туку вас.
    Нека се одделат од вас да видите како ќе функционираат сами, нека живеат башка ако имате можност па тогаш дали нема да дели буџет и ќе бара преку леб погача.Една моја колешка велеше кога стана свекрва нека седат сами да имаат навика ѓубрето да си го фрлат, мислам дека многу тогаш кажа со ова.
    Само така ќе ви биде мир и нив и ним.
     
    На Mother of 2boys, andrejko82, DragonFly22 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    3.917
    Пол:
    Женски
    Одлуката да абортира била само од страна на мажов ( братов на девојката). Сите останати и девојката не сакале да абортира. Фактички мајкиве ја подржале во одлуката да роди.
     
    На Candice.S му/ѝ се допаѓа ова.
  8. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    3.055
    Блур ми е веќе од толку информации. Не сфатив ни тој дали се изјаснил баш така. Јас првично сфатив дека свеки инсистирала никако абортус, како да не и дале простор да одлучи за себе. Ама како што и пишав претходно, веројатно погрешно сум сфатила.

    @Angie1432 спомна нешто што ми остави впечаток, а тоа е дека ако бебето остане само со нив во оваа фаза, може да е загрозена нејзината безбедност. Според работите што ги пиша candice за какви нестабилни личности се работи, се согласувам со енџи.

    Наместо да се оди во екстреми - од тоа „ќе ги трпите како до сега“, до „избркајте ги од дома“ - мислам дека треба да се постават лимити и да се најде златна средина од страна на семејството. Од една страна да се помогне на една млада мајка (за што има и желба ете од страна на свекрвата), од друга страна да не се дозволи да го прегазуваат цело семејство.

    @Candice.S како потенцијално (и верувам реалистично) решение, мислам дека татко ти треба да постави граници (кога веќе мајка ти и брат ти не можат) и да ги спроведе. Да им каже дека можат да се преселат во празниот спрат, а не да го делат вашиот простор на живеење. Може да дозволи во одреден дел од денот мајка ти да помага со бебето (колку што таа ќе се согласи), ама да забрани вознемирување на жената среде ноќ (освен итни случаи, што веројатно се подразбира). Нека им помага еве и со ручек ако сака, ама нивниот животен простор да е само нивни, што значи единствено тие ќе се одговорни за истиот. Мајка ти да не оди да им чисти и да им пере, туку да им ги остави тие обврски ним. Нека преземат и тие малку одговорност, па може ќе почнат и да созреваат.
     
    На DragonFly22, tanjita, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    2.341
    Пол:
    Женски
    Тешко на тоа дете што ќе расте во ваква средина.Ќе си расте со баба,другите секој по свој пат. Во вашиот случај мајка ти треба да покаже малку заби .Да,и каже не сум ви јас дадилка.Сте го направиле ќе си го чувате.
    А,и брати треба малку некој да го истегне за уши,не е мал.5минути му било слатко епа сега ќе си бидеш татко.
    Снаа ти добро си го зацртала планот.Да,се бутне во богата фамилија ,мислејки ако ми роди дете ќе го врзе за себе.Тој не ја ферма 2%,ама нејзе не и гајле.
    За родителите на снаа ти ,како да чекале да ја тупнат во богата фамилија.Место да чукнат тоа главите,детево има 18 години ,што видело од животот.Ама не ,битно начекале богат зет ,таква прилика не се пропушта.
    Гледај си ти твој живот,они за некоја година сигурно ќе се разведат.
     
  10. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    22.702
    Пол:
    Женски
    Мене ми нема логика при наместен спрат они да се шуткаат сите заедно. Посебно млада девојка, сигурно би сакала приватност.
    Таткото наместо да им каже да идат на спратот, он ги брка.
    Снашката наместо да отиде горе на спратот, она си бега кај родителите.

    Ми смрди целава прича, ми стои и дека нема никаков спрат.
     
    На Mother of 2boys и Anyshka им се допаѓа ова.
  11. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.752
    Допаѓања:
    8.471
    Пол:
    Женски
    Мене ми беше незгодно да кажам дека мене ми е проблем да живеам со толку луѓе во колкаво сака нека е место. Бракот е заедница меѓу маж, жена и деца, не сите роднини на куп. Допрва ќе има кавги и нервози...
    Има спрат, ама снаава е дете.
     
    На SummerGirl и Adidas888 им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.373
    Допаѓања:
    114.315
    Пол:
    Женски
    Оти да ти нема логика. Госпожата сака да и го бери друг гајлето не ќр чисти горе.. вака свекрвица намирува се она си друштвира. Има вакви воспитани да се удомат.
     
    Последна измена: 10 јануари 2025
    На Stressed Out и Antebellum им се допаѓа ова.
  13. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    22.702
    Пол:
    Женски
    Абе ајде какво удомување.
    По тоа шо го има напишано членката за снаата, снаата не е за жалење туку баш доаѓа од ситуирано семејство.
    Чим некој има пари и врски да и прави на неа стаж и да и купува дипломи, значи не се без пари.

    И уште едно шо ми забоде очи, зошто таткото на снаата дојдел и прашувал кај се парите од свадбата? Кои пари? Значи парите братот и снаата не ги ни виделе, ги снемало магично.

    Друго, де не се заебавајте, ама и мене некој толку да ми виси над глава и да ме гледа попреку дали сум си ги местела панталоните или сум миела раце после мочање, и мене ќе ми смета.
    Туку на членкава и пречи шо дошла снајка и им го нарушила редот.
    Толкава галама за 18 годишно девојче. Па како прво она е млада. Ќе помине некоја година, ќе научи и да готви и да чисти и се. И јас така бев на 18.
    Ама на братот нема да му дојде аклот. Чим не ја сака сега, нема да ја сака и на марс да одат, и 30 деца да му роди.
    Зошто братот не станува да го почува бебето туку мора свекрвата?

    Како и да е, не се они еден за друг. Бракот ќе пукне кад тад. Најубаво да си се разделат.
     
    На Erika.greeneyes, Mother of 2boys, winnie02 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.373
    Допаѓања:
    114.315
    Пол:
    Женски
    А бе брат и е најкрив во ситуацијава.. место да размислува што прави он на 22 години се пијанчел како смок и излегувал со 17 годишно дете. Бил повреден од девојка пред неа па сега сите му се криви. Епа ете една се најде да му го смести. Они можи да се разделат ама детето ќе ги врзува за секогаш.. така да раат нема да има од неа.
     
    На SummerGirl, Candice.S и Adidas888 им се допаѓа ова.
  15. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    22.702
    Пол:
    Женски
    За каков раат збориш :rofl:
    Он уште од сега не сака да си го фати детето, занесен е со игриците и пиењето, за шо и да треба мајка му е тука.
    Он си е веќе на раат и така ќе си остане. Нема на сила да му го тупне детето никој. Освен шо ќе плаќа алиментација, шо е и нормално.
     
    На eliesaab, Luna91, DragonFly22 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.980
    Допаѓања:
    267.957
    Овдека се е погрешно, не знае човек од каде да почне.
    ПРВО за тој што ти е близок - НЕМА оправдување за него. А нема ни да се оправи.
    За неа, детиште очигледно е, тоа што има дете не ја прави позрела, уште е тинејџерка.
    Твоите сериозно згрешиле во воспитување на брат ти, најискрено.
    За абортус, не се прашува никој освен таа лично, така што ако таа решила да роди, ничие мислење нема да било важно, оти на крајот на денот, нејзиното тело е нејзино. Брат ти требало да биде претпазлив ако не сакал деца.

    Во целава ситуација мене ми е жал за сиротото дете што не барало да се роди, со родители на кои не ни требало да го имаат, твоите што го притиснале брат ти да се жени, а не да бара малку стручна помош за таквото однесување општо, девојката и нејзините родители очигледно исто така.

    За тебе лично, да, отсели се, ова само полошо ќе станува, подобро нема сигурно да биде. Твоите ќе трпат ради “народот“, брат ти ќе си тера со животот оти му е наредена работата неговите да му го мислат бракот, девојкава исто така, ќе си шета те кај вас, те кај нејзините. Не знам ти колку години имаш, ама ако работиш и можеш, фаќај патот и не ни пробувај да ги оправаш нив - нема да успееш.
     
    На Lianna Anna, Luna91, andrejko82 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.373
    Допаѓања:
    114.315
    Пол:
    Женски
    И тоа што велиш.. јадно тоа дете. Подобро да го дадат на усвојување на некој што ќе го сака а не вака да расте во нездрава атмосфера. Господ да ми прости ама некогаш дава кај што не треба..
     
    На eliesaab, ALISA0000 и Anyshka им се допаѓа ова.
  18. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    22.702
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од посвојување.
    Решението е развод. И сите на раат ќе бидат.
     
    На Candice.S и nena2010 им се допаѓа ова.
  19. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    286
    Ооо му се понаша и тоа знаеш какп дрско се понаша.
    Таква е прирордно, иритантна и гласна.
    На било кое несогласување со него знае да му повиши тон, ( еднаш додека биле на одмор овој ја има удрено).
    Го вреѓа вака на секојдневно ниво, како што кажав и он де понаша како сељак. Има некои така селски фори за да ја изнервира се спомнуваат сосема десети девојчиња па знаат и тука да се извреѓаат.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    8.549
    Пол:
    Женски
    Што прочитавввв....TELEVISA PRESENTA

    Од целиов муабет, сите, реплицирања и одговори мене ми личи дека:
    1. На снаата и е топ, се омажила богато, и слугуваат, дете и чуваат, она си ужива во младоста со другарки
    2. На братот му е топ, му слугуваат, дете му чуваат, он си ужива играјќи игрици
    3. На свекрвата и е топ, ужива да е сеприсутна и потребна
    4. На сестрата @Candice.S не и е топ и и смета целата ситуација
    Заклучок: @Candice.S да се отсели, да почне и она да ужива и нека си уживаат сите, се додека не се испоразведат децата за некоја година.
     
    На mimoza.mk, Кена Рис, Mother of 2boys и 10 други им се допаѓа ова.