Форумџика на годината

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    60.950
    Пол:
    Женски
    @Candice.S сакаш наговестување за 20 години да ти направам?

    Млада девојка која цел живот растела со родители што не ја сакаат, со татко пијаница, без никаква татковска и заштитничка фигура во својот живот, присутен само про форма и мајка која ја родила ради многу, многу погрешни причини.

    Немојте да мислите дека е мала и дека нема гајле сега. Тие двајца нема НИКОГАШ да се засакаат, а сето тоа ќе направи трауми на девојчето.

    Тоа може да заврши со тоа што и таа ќе прави катастрофални избори во животот, ништо нема да им кажува, низ све ќе врви сама, а уште пострашно е ако такво трауматично детство го "потопи" со некој порок, пошто ќе има финансии да си го дозволи.

    Сега е бебе, ама тоа бебе ќе порасне.

    Совет не знам каков да ти дадам, што и да направите, буквално како и да мрднете на шаховската табла, ќе има чемерен резултат. Со тоа треба да си се помирите.

    А за тебе не знам што да ти кажам, убаво ти кажаа купи си сопствен стан штом можеш и осамостои се. А за брат ти, знам дека те боли оти ти е брат, ама брат ти е шупелка. Знам дека ти е семејство, ама ти во тоа семејство нема да имаш мир оти никој не знае црвените линии на однесување каде се.

    Жал ми е.
     
    На MeowMeow, Cka, eliesaab и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    8.971
    Пол:
    Женски
    @Candice.S најдобро да не се мешаш ниту во односот на брат ти со жена му, ниту во неговиот однос со твоите. Можеш само крива да испаднеш подоцна.
    Гледај си го својот живот и не учествувај во нивните расправи.
    Физички е најдобро да се одделиш, ако имаш услови. Не дека нивните проблеми нема да дојдат до тебе и тогаш, ама барем ќе имаш свое катче каде ќе можеш да си бар некое време на раат.

    Многу проблеми имаат и лични и во меѓусебниот однос.
    Не се годините проблемот овде, колку што е се друго.

    На брат ти и снаа ти однесувањето не им е соодветно за возраста и е доста незрело. Што е уште полошо тоа е очигледно отидено и во уште полоша насока веќе. Тие хазардно се однесуваат и кон детето и кон себе, автоагресивни (алкохол, дрога, несреден стил на живот) и агресивни еден кон друг.

    Потоа и родителите (и твоите и на снаа ти) и нивниот однос кон своето дете и порано уште пред нивната врска и денес. Ти не можеш да ја преземеш врз себе нивната одговорност, тие се ваши родители и одговорноста за вашето воспитување била нивна.
     
    На eliesaab, SummerGirl, see.emily.play и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.705
    Допаѓања:
    23.879
    Пол:
    Женски
    И уште едно, ако толку многу и пречат снаата и братот, зошто она не оди на спратот? :^)
    Прашања кои ме мачат.
     
    На Mother of 2boys, SummerGirl и Emy867 им се допаѓа ова.
  4. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    920
    Пол:
    Женски
    @Candice.S ако сакаш да се посветиш на себе и својот мир, што подалеку. Не си должна да спасуваш никој, ни па да ги решаваш проблемиве, тој воз е отиден. Спаси се ти. :)
    Ако работиш најди си цимерки и отиди под кирија на некое време, ќе се преродиш. Сличнава случка имаше моја другарка (20 годишен брат со 20 годишна снајка) од кога си замина под кирија со другарки живот виде.
     
    На Candice.S му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    Инаку морам да прашам, па ако не е за одговарање не мора одговор.
    Кандис нели имаше сестра ти? Така имаш напишано, затоа.
    Па сега двајца браќа...

    Други нелогичности има во целава приказна, што не е ни важно, но и понатаму, ако е вистина ова што го пишуваш, барај со го чарето.
     
    На SummerGirl и Adidas888 им се допаѓа ова.
  6. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    286
    Па каква врска има сестра ми со ситуацијава?
    Двајца браќа имам да, засегнати се и двајцата затоа ги споменав.
    Нелогичности? Озбилно?
    Луѓе што ви е?
    Се јавив во темава за совет, од што имам проблем, а не да бидам на тапет дали некому нешто е логично или не.
     
    Последна измена: 10 јануари 2025
    На eliesaab и tanjita им се допаѓа ова.
  7. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    60.950
    Пол:
    Женски
    Што совет бараш од нас?
    За што конкретно сакаш да чуеш мислење?
     
    На SummerGirl, theowndemon, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.723
    Допаѓања:
    116.541
    Пол:
    Женски
    Да измислиме машина за враќање во времето за брат и да не го направи детето...
     
    На SummerGirl, CameliaMiller, Dentina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.570
    Допаѓања:
    97.496
    Неколку пати спомна со врски од фондот, со врски и пари диплома...па што?
    Ти смета?
    Како можат така нека прават. Рај е да се има врски во нашата држава, не знам што тука не е јасно?

    А ти кецот во ракав за да и најдеш работа, зошто не си најдеш стан додека се тие таму? Ете, ти си повозрасна, 'влијателна' чим можеш да средуваш за работа наоѓање, па замини од лудилото.

    Тие што ќе прават, кој ќе дава пари, кој не, не е твоја работа.

    Не, да кажеме срамота за снаиштево, се 'удомила' во дом со 100души, сите грижи во животот и се решени.

    Се сложувам со @Adidas888 за се што има кажано на темава.
    Девојката и те како ќе има грижи кога ќе 'порасне', ич да не се сеќираш золве.

    Се' на мажјаците фамилијата јадни во незавидна состојба, снаите со фамилиите која од која бетер.
     
    На Mother of 2boys, SummerGirl, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    286
    Ама вие излеа сосема погрешно разбирате тоа што читате.


    Заболе ме што ќе заврши и каква диплома ќе земе.
    Прашаа што план има за во иднина, дали ќе студира пишав каков и е планот.
    Зошто сум нападната дека сум љубоморна на тоа?
    А ти ако мислиш дека некој во здравство треба да те лечи со купена диплома супер- само такви мед.работници да бараш да те лечат коа ќе имаш потреба.

    Фала што ме просветли дека можеби треба јас да се тргнам од тука.
    Ај сеа прочитај го првото мислење и ќе видиш дека баш тоа сум го пишала.

    И колку скокате на темава дека дошла во полна куќа како некој да ја фатил за ракав и да и кажал дојди тука ќе мора да живееш.
    Ваљда коа имаш намера да родиш дете размислуваш прво дали имаш услови.
    А не раѓаш дете па после се туфкаш дека е полна куќата.
    Па ајде сеа сите што живеат таму ќе ги решавам еден по еден додека не се иселат самите од сопствениот дом.

    А во други теми паламудите како треба да се осамосталиш а не да чекаш куќа или спрат од свекори свекрва а овде испаднав јас сметалото во куќа во која сум се родила.
     
    Последна измена: 10 јануари 2025
    На MeowMeow, marija305, Cka и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.570
    Допаѓања:
    97.496
    Те прашаа, ама ти неколку пати убаво го потенцираше тоа, немој некој да не прочитал.
    Истото го направи и за породилното.

    Јас ништо не мислам, да беше до мене, одамна немаше да бидам во државава. Во држава каде за на мочање да отидеш врски требаат, се знае и какви лечат и какви деца учат и какви правда делат и се по ред.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    286
    Епа ако ти сметаат врски и работни позции преку врски зашто онда сум јас нападната дека сум љубоморна на тие со купени дипломи?

    Пази сум потенцирала -нигде не потенцирав- бев ПРАШАНА и ОДГОВОРИВ.

    Не знам што сеа па породилно збориш дека сум пишала- ме прашале неколку члена - на истите сум одговорила - повторно онака како што е.
     
  13. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.570
    Допаѓања:
    97.496
    Затоа што нема да е ни прва, ни последна, ете затоа. Нема да биде единствената ГРЕШНИЦА.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    6.353
    Пол:
    Женски
    Каква гадура.
    Улошки во вц, во машината за перење, чепка газ и си јаде со тие раце. За каков однос да не си расипе збориме? Јас искрено, ќе ја фатам улошката со ракавици и на перница ќе и ја оставам. Ти доаѓа дома, раатот ти го пореметува, бебе друг да и чува, друг да и чисти, таа само да егзистира. Ќе се мешам, на глава ќе скокам. А, ако поради тоа брат ми се одалечи од мене, нека му биде.

    Членката искрено е жртва во целава приказна. Жртва на нејзините што не разговараат со синот и да влијаат со возрасен памет, жртва на брат и, што мора да толерира секакви гадости по дома.

    Навистина не знам кој совет и што решение може да се даде. На вас да ви речат отсели се туку така, живеј сама, притоа не знаеме дали работи, студира, колку плата има, дали може да си дозволи кирија, рата, стан. Сметам дека баш и не е така едноставно.

    А пак, зошто она, а не брат и снаата што решиле да глумат возрасни?

    Мислам дека треба да седне и отворено да разговара со нејзините. Сето ова да го каже, па они заедно нека одлучат како да продолжат и егзистираат.

    А бебето реално и тоа како треба да им се одземе. Запоставено, таткото игрици игра, мајката си спие, другарки си вика, додека свекрвава изиграва и мајка и татко.

    Навистина премногу тежок и комплициран проблем.

    Зарем е можно вакви луѓе да постојат, се прашувам. Сите сме биле млади и зелени, ама елементарно нешто е барем улошката у канта да си ја ставаш и од гаќи да ја вадиш. И зошто не сфатив остава прслуци во кола:D
     
    На eliesaab, Guns N` Roses, Aschenputtel и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.863
    Допаѓања:
    8.790
    Пол:
    Женски
    За да си го зачуваш твојот мир, батали пишување на темава и снајди се да си настрана од нив. Штом имаш каде сама премести се, ако веќе тие сакаат да живеат таму ти живеј на другото место. Чувај си ги здравјето и мирот.
     
    На MeowMeow, SummerGirl, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    182.054
    Јас па мислам повеќето рековме да им го заклучите спратот во кој што живеете и да имате мир во куќа, ама стално има некое ама.
    Баш тоа го кажавме- треба да се осамостојат. Двајцата. Или да се разведат. Јас конкретно прашав, зошто се вратила кога еднаш веќе заминала кој нејзините?
     
    На eliesaab, SummerGirl, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    286
    Затоа што го сакала брат ми.

    Не знам како да ви објаснам, мислам дека никому не му е проблем бројот на луѓе во куќава затоа што има прпстор, ниту пак тоа што мајка ми и помага - тоа го прави со задоволствони никогаш не се пожалила.

    Проблемот е нејзиното однесување да не кажам невоспитување и некултра.
    Верувам сите од вас дома ижате една дневна а не секој своја посебна дневма соба.
    И сакам да верувам дека секој од вас има осет да не остава пљава облека по дневна, полни памперси со измет по теписи, прслук на стол од трпезарија обесен, или па тањирот на маса откако ќе се најадете, прљавите влопки во машина во која ете може татко ви да извади испрани алишта од неа и да ја види, или па влошки расфрлани низ купатило во кпе влегуваат гости.

    Мислам за што разговараме овде, за основни манири.
     
    На Antebellum и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  18. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    6.353
    Пол:
    Женски
    Како да не се секира? Цела фамилија пати поради тој брак. Родителите наместо баба и дедо, стануваат повторно мајка и татко на внучето. Чистат, средуваат позади неа. Со другиот брат се скарале. Таа чиво дете, каде живее, како бе да не се секира?

    Тебе гајле ти е што се случува во домот на твоите родители? Ќе дозволиш мајка ти туѓи улошки да чепка? Па тоа ако не е понижување, не знам што е. И на северниот пол да се отсели, пак ќе ја боли за дома. Што е нормално.

    Животот им е уништен поради еден непромислен брак.

    Треба да смета купувањето на дипломи. И на тебе и на мене. Утре детето твое ќе се кози, ќе учи и на крај некој како оваа снаата ќе му го фати работното место. Освен ако и ти преферираш да купуваш дипломи. Тогаш и сфатливо е како не гледаш проблем.

    И самата кажа, не е проблемот што правеле дубари за да има породилно, ама мајка да не дава од тие пари за пелени? На што троши пари? Нивно бебе нивна обврска.
     
    На MeowMeow, Liza38, Iva.T и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.570
    Допаѓања:
    97.496
    Види, паричката секогаш има 2 страни, затоа ние не можеме ништо да тврдиме со сигурност.
    Оти може и мојата свекрва ќе каже дека ми помагала со бебето, ама јас знам дека тоа не е така.
    И така таа ќе си се фали некаде како девојката овде, па другите ќе викаат браво, си и се нашла на снаа ти...а како навистина беше тоа само јас ќе го знам и ѕидовите во станов.

    Што се однесува за мојата диплома, ич да не се грижиш, од такви со врски и купени дипломи, мојата заслужена не може да дојде на ред. Ама која сум јас да судам, кога тука сум се нашла, во недојдија каде буквално важи правилото - МИ СЕ МОЖЕ.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    6.353
    Пол:
    Женски
    За да дадеш таква констатација, би требало свекрвата да пишува, а не золвата. Не вика дека она трча по бебето, туку мајка и. Има очи, гледа ваљда.

    Не знам ти каков проблем си имаш, но не се работи за тебе тука. А дека има секогаш две страни, има. Мене ми изгледа членката на здраво-разумна и реална. Не ја критикува само неа, туку и многу повеќе брат и. Значи резонира и забележува што е правилно што не е.