Затоа што некои делови и ПРЕМНОГУ ги објаснуваш и не се релевантни (на пример дали миела раце после серење), а од друга страна ем брат ти не ја сака и не му е важна, ама успеала "да го сврти" против другиот брат, ем тој ја удрил, ама таа е уствари манипулаторката... Јас мислам дека девојчево освен што е премладо за сите овие улоги (мајка, сопруга, снаа) за останатото се однесува типично тинејџерски, пошто тоа и е. И да ти кажам искрено, јас да сум во ситуација да живеам со маж и се караме и урламе и ме удрил, исто ќе снимам разговори, да не биде дека сум измислила шамар после. И да, ќе го вклучам моето семејство ако се чувствувам загрозена и исплашена. Единствениот совет кој ти го побара е дали да се отселиш, и сите ти рековме да, не е твој проблем на брат ти бракот, а не е ни на твоите. Ти ни едните ни другите не можеш да ги контролираш, затоа треба да се тргнеш од ситуацијата. Едит: мајка ти ич да не ја жалиш, многу е виновна во приказнава, прво како родител како го воспитала овој брат, па муабетите со девојчево за мажачки, потоа реакцијата кон МАЛОЛЕТНО бремено девојче, па константното мешање во браков... не, не е за жалење.
Па нормално дека ќе ја брани мајка и, што мора мајка и да пишува! Не, комшиката ќе ја брани! Какви кланови золва-свекрва постојат каде снаата не може од такво дуо глава да крене или ти не си била во Мк/Балканот??? Немам јас проблеми, ги решив одамна, не на форум нормално.
Зошто баш она да си оди? Не е поентата кога ќе се омажиш и имаш дете, ти да си одиш? Или пак доаѓаме до тоа, синовите вечно залепени за сукњата на мама, ќерките нека кршат глава. Тие го создадоа проблемот. Не ОНА.
Затоа што тоа и' беше прашањето во најпрвиот пост, за тоа совет побара. Инаку, највеќе треба нејзините да им покажат врата на младиве родители, па сами да си оправаат и брак и дете, ама бидејќи тоа нема да се случи и членкава не се прашува за истото (и кога ги соочува родителите наидува на отпор), еве ти дај и' подобар совет што треба да направи. Едит: тие секундарно создале проблем. Проблемот е резултат на воспитанието, од двете страни.
Јас само не знам зошто ги правите нив жртви со коментарите од типот не им се мешајте, остајте ги итн. Еве им понудиле спрат, неќеле. Што да се направи друго? Снајкава болно бебе остава на други да го чуваат, амбиции во живот никакви. Што да ѝ се помогне, еве не знам? Не можеш да помогнеш на некој што не сака едноставно. Језда е екстрмно она што реков јас избркајте ги ама друго чаре еве не гледам. Ако нејзините биле пресреќни, нека си ја приберат
И ова да се докажам. Ги обвинуваме само родителите на членката. Каде се родителите на тинејџеркава? Каде е нивното влијание, да ја седнат како загрижени родители. Млада е, се мажи за човек што има проблем со алкохолот. Човек што се расправа и врши насилство врз неа. Плус, не ја ни сака. Буквално сакале да се ослободат од неа.
А зошто не отиде тогаш на спратот? Ете рече дека имале спрат, функционален. Ем своја приватност ќе има, ем нема да ја гледа снаата.
И нив ги критикуваме и тоа во многу мислења, само што немаме за нив информации "од прва рака", знаеме што золвава дознала како информација, не била присутна на добар дел од битните настани. Јас се сомневам дека биле "пресреќни", само девојчето така пренело, мислам, среќни или не, немале баш избор. Како што напишав погоре, ова е резултат кога ќе потфрлат родителите, од двете страни.
Мојот совет е да си каже што си мисли. Макар и да не зборува со цела фамилија. Не е мала работа ова што и се случува. После преселувањето секако не и бега. Но, не смее да молчи. Очигледно на форум бара помош, затоа што има осет и ќути по дома. А не е за ќутење. И тоа како е за соочување. Буквално советите ви се, не се соочувај со проблемот, бегај од него.
Ало жено собите на брат ми (тој другиот) и мене ми се на спрат. Користиме кујна на другиот спрат и машината од купатилото. Кујни има и на двата спрата- ама едната кај што сме ние двајца јас и брат ми ја користиме онака минимално- сеуште сме едно семејство и готвените јадења се во една кујна како да ти кажам. После па ке се јадат трици дека детално објаснувам а уствари напињата со исти прашања. Се тргам максимално колку што можам- ама замисли сеа ситуација семеен ручек се собираме сите да ручаме фамилијарно она мртва ладна станува од сред јадење со раце си ги вади гаќите пд газ и прпдолжува како ништо да не било. Би земала храна од таква особа? Купатило има и горе и доле. Ама само во едното има машина за алишта- таа е една семејна. И преку к*р ми е веќе едно исто да објаснувам. Уште па коментар како детално сум објаснувала дека не мие раце. Не знам што ви е стварно ама се покаав што пишав. @CameliaMiller соменевај се до утре. Пишав како била ситуацијата- а ти можеш до утре да пишуваш теории на заговор .
Па ваљда ако малку им било шубе, ќе се предложело абортус, ќе ја седнеле вака и вака млада си ова она. Пак да, не можеш да ја натераш со сила, ама ѝ даваш избор. А ако го раѓа, нека си го гледа како знае и умее.
Па прво не верувам дека е баш сè како што е претставено, мислам дека има анимозитет кон снаата која е премлада и има голема разлика во години меѓу нив две, второ мислам дека ич не и' е по ќеиф што пробуваат нејзините да се привикнат на новите членови дома, а нејзиниот раат и те како е нарушен. Никој овде не е во право, види. Ама баш никој, па ни она. Се замара со работи со кои не треба да се замара и не се нејзин проблем (како направил на пијано кутриот брат дете, на пример), а и не сите битки се важни за да си го ебеш сопствениот раат. На нејзиното прашање советот ми е тој, БАТАЛИ, ако имаш услови оди си, треба братот и снаата да си одат, ама очигледно тие кои го имаат крајниот збор (родителите) нема да им покажат врата. Така што, колку и да е нефер, јас би била таа што ќе си одберам раат пред правдина, од таму и тој совет го давам. Па пола од проблемиве лесно се решаваат и ефтино, да ја превоспитате нема. Еве, не разбирам каков совет сакаш?
А зошто на 30 години не си готвиш сама во твојата кујна и така нема да мораш да седиш на маса со снаата?
Уопште тоа не е советот. Советот е да не се меша во туѓ брак. Од се шо напиша она, излегува дека на свекрвата( мајка и) не и пречи колку толку се тоа и повеќе има разбирање за младоженците отколку оваа. Не, не треба да се меша во бракот на брат и. Друго, за глупостите на девојчето, она е млада и со време се ќе научи. Никој не се родил научен на се. На 17 години останала трудна, па шо знае тоа дете за животот. Со време се ќе биде, ќе се научи. Али проблемот е со братов. Шо он не ја сака. Шо пие. Шо ја удрил. Ма сите се криви. Мислеле дека ќе биде подобро, но не е. Мојот совет е ако сакаат да го задржат бракот, никој друг да не се меша и да имаат разбирање малку. Тие двајца уште се деца. Ехее, колку ќе сменат кога ќе наполнат 25 години. Рече членката дека планирале и сопствена куќа да купат/прават, за некоја година. За толку, мислам дека сите може да се стрпат и да не се буцкаат еден против друг. Во брак ако се повеќе од 2 души, тогаш проблеми настанува, како сакате мислете вие ама така е.
Ма извини молим те, они знаеа колку он пие - ( јас лично сама му кажав на брат ми да имам дечко со твое однесување би го оставила без око да ми трепне) и покрај тоа ја силеа исто работата се нуделе дури и куќа да им направат ако решат да се земаат ( ова уште одма на почеток значи она не ни беше трудна)
Немој ти мене ало, ти не кажа дека вие во цела куќа живеете. Кажа дека имало функционален спрат ама дека они не сакале да живеат во него. Еднаш едно викаш, друг пат друго.