Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.403
    Допаѓања:
    22.372
    Пол:
    Женски
    Па имаш решение, жено божја.
    Нема да и даваш да иде на твојот спрат, нема да им се мешаш во бракот и да ја буцкаш мајка ти против нив и готово. Гледи си го твоето добро, остај ги нив. Возрасна жена си веќе.
     
    На Emy867, SummerGirl, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    5.837
    Пол:
    Женски
    Ама каде читате дека само неа ја криви, аман.
    Секаде го спомнува брат и.
    Дури полошо за него пишува, него за неа. За неа само ги изнесе гадотиите што ги прави по дома. И тоа не е оправдување за никоја возраст.
    Ти на ќерка ти ќе и ги збираш улошките по земја и ќе ја учиш дека таму им е местото?
     
    На Трагедијаупмм, Candice.S и Antebellum им се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.403
    Допаѓања:
    22.372
    Пол:
    Женски
    Млада е, и ќе научи. Се може да се научи. Или не е така?
    Туку кажи како братот да ја засака? Тоа малку потешко ќе биде, ако биде.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.403
    Допаѓања:
    22.372
    Пол:
    Женски
    Ама она не кажа дека го мрази брат и, кажа дека ја мрази снаата.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.684
    Допаѓања:
    8.314
    Пол:
    Женски
    А не, во случајов мислам дека најмногу проблемот е во свекрвата и претходно напишав. Дури младиве си гледале цртани овие си ветувале куќа ќе им направат, сметки ќе им плаќаат, не им кажале дека бебето не одговорност на бабите и дедовците. Мене ми смета менталитетот што ќе речат комшиите и да се подгризне јазик. Штом младите се земат има да си живеат сами, кој си се ебел, тој ќе си чува деца.
     
    На Трагедијаупмм, ArabellaStarfall и Candice.S им се допаѓа ова.
  6. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    223
    По што заклучи дека им се мешам во бракот?
    Едвај две реченици сврзувам сега со двајцата.
    Он е постојано на компјутер а од неа се дистанцирам максимално -пишав за ова неколку пати.
    И кога имам шанса да им се мешам?

    И како ја буцкам мајка ми против нив?
    Така што сум им кажала на моите следна караница кога ќе се случи дека не сакам да знам и дека не сакам да ме полнат со негативности?

    Еве пак сум нападната дека си ја мразам снаат. Дали си ти нормална?
     
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    5.837
    Пол:
    Женски
    На 18 години и не е толку мала за елементарна култура. Мала е за деца.
     
    На Трагедијаупмм, Candice.S и Antebellum им се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.403
    Допаѓања:
    22.372
    Пол:
    Женски
    По се. По тоа шо и го имаш зборено на мајка ти и татко ти. Сама си пиша.
     
  9. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.403
    Допаѓања:
    22.372
    Пол:
    Женски
    Епа нека си решат свекрвата и младите тогаш. Нема шо да се меша золвата.
     
    На Emy867 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.899
    Допаѓања:
    267.367
    Абе ете дома нејзините не ја научиле. Аман, дете е самата таа.
    Не знам дали е начин да ја научат со драматизирање, ама сè се учи, постара од неа, на 21 година, со мајка ми на Скајп учев машина за перење да уклучам.
     
    На SummerGirl и Adidas888 им се допаѓа ова.
  11. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    223
    Ај сеа те молам прочитај го првиот пост во темава -кај што јасно реков дека не сакам да му зборам на брат ми било што за ситуацијава и дојди да ми кажеш за што точно треба да прекинам да се мешам. Ај те молам.
     
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.899
    Допаѓања:
    267.367
    Па и сама си свесна дека во твоите е проблемот, што ги толерираат нив двајца, а тебе ти пренесуваат.

    Така и треба, тргни се, не е твој проблем, ама црви да ги лазат. Чим имаш услови, колективно нека кршат глава, не можеш ти да ги воспитуваш.
     
    На Emy867, SummerGirl, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.684
    Допаѓања:
    8.314
    Пол:
    Женски
    Јас ја сфатив дека муабет си прави за да си ги каже некаде маките...
    Јас имам само еден брат, брат ми и снаа ми си живееа сами и пред да се земат и никогаш немавме простор за вакви муабети. Брат ми не седна сите роднини на маса ни објаснија правила со снаа ми и толку. Ние не си одиме со сватовите по гости, ние не правиме муабети за делење имот... Јас внуците си ги земам да си поиграм, да ги прошетам, некогаш ако имаат желба да излезат или ако имаат некоја друга обврска ќе ги причувам, секако испаѓа во животот, ама само кога ќе се договориме да има согласност од двајцата, тие си имаат нивни дом и работите си ги организираат по нивно. Кога некој од нас роднините ќе појде кај нив е на гости и нема простор за непотребни муабети. Според мене кога има малку дистанца поубаво функционираат фамилиите.
     
    На Трагедијаупмм, ArabellaStarfall, Dentina и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.396
    Допаѓања:
    20.621
    А да, ако култура да не оставаш трошки на тепих и да паламудиш зашто кафето било во ќесичка место во лименка треба да учиш на 18 години, отишол возот.
    Ова за кафето, абе срам треба да ти биде да го речеш.

    Најдете им евтин стан под кирија, партслите и ајт.
     
    На Трагедијаупмм, ArabellaStarfall и Candice.S им се допаѓа ова.
  15. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.403
    Допаѓања:
    22.372
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав сите твои постови и каде шо викаш дека си им кажувала на твоите родители да ги седнат и разговараат.
    Значи на твоите ако не им текнува на тоа и ако не сакаат, нема шо ти да ги буцкаш за да разговараат и да се скарат накрај.
    Си имаш спрат, гледи си твојата работа, остај ги нив, шо ќе биде нека биде.
     
    На SummerGirl, Anyshka и Angie1432 им се допаѓа ова.
  16. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    5.837
    Пол:
    Женски
    Јас не очекувам од 18 годишна полнолетна девојка да знае да готви, да знае машина да пушта, да знае да сошива и сл. Очекувам да знае да пушти правосмукалка, да си исчисти зад себе и да не фрла улошки кај стигне. Зарем се големи тие очекувања? Ако да, браво, јас такви паразитарни суштества не толерирам.
     
    На fbaby, Трагедијаупмм и Candice.S им се допаѓа ова.
  17. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    223
    Абе ти па ништо не си сфатила :D

    Сум им кажала пред година дена , кога заидоа. Реков после месец дена увидов некои ствари и им кажав со време за да не дојде до ова до кое дојде.
    Откако се случи бременост па брак јас се повлеков нема што да се мешам.

    А да, исто кога ја запроси и кога ми призна дека не сака ни дете нити знае дали ја сака неа им реков да седнат да разговараат со него.
    Ако тоа е мешање за тебе онда ок.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.403
    Допаѓања:
    22.372
    Пол:
    Женски
    Ма не ти зборам за лошо, ти зборам за решение да најдеш ти самата.
    Како прво тие двајца се млади и неискусни. Треба повеќе трпение какво шо има твојата мајка.
    И јас сум била иста како снаа ти на 18 години. Не сум знаела едно јајце да испржам и салам прашина да избришам. Еве ме сега, и чистам и готвам и се праам за четворица дома.

    Ем шо се млади, ем и неколку месеци се во брак. Остај ги да се навикнат. Они уште се немат навикнато на заедничкиот живот а и на бебето.

    Не се нервирај. Чим ќе се оделат, нека се оделат. Али до тогаш биди малку трпелива, никој не се родил на овој свет научен на се.
    Треба они самите убаво да се запознаат, да си ги запознаат добрите и лошите страни, па да најдат начин како да функционираат.

    Со тоа мешање од сите страни, ништо нема да постигнете.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.625
    Допаѓања:
    167.520
    Пол:
    Женски
    Имам многу апсурдни, реални приказни видено така да не можам да речам дека ова е фејк. Ама нешто не ми се совпаѓа and I can't quite put my finger on it. Не сфаќам кој дел е тој дел шо ми вели дека крупен детал не е точен. Нејсе, не е ни важно то и ќе пристапам „неутрално“ и иако од вчера читам, седам пак 10 страни наново да читам. 8-|

    Прво сакам да коментирам за абортусот. Baby trapping е лошо во секој случај, и баш назад паметно спомнаа, ова е ситуација шо можеше да се избегни со добра контрацепција. На крај на ден треба двајца за да се напрај бебе. Исто така дали ќе го роди или не - пак е до неа јер нејзино тело. Не можи тој да ја „натера“ да абортира, како шо мајка ти/ свекртвата не можи да ја „натера“ да не абортира. Не е некој masterplan каде девојката се бори за дозвола. Едноставно одбира дека то упси бебе ќе го задржи ради било кои причини познати само за неа. Шо не мораше тука е да ја има венчавката. Можеше таткото да го гледа бебето и вон брак и да беше се многу пофункционално. Следно, 22 и 17 не е голема разлика. Сем ко ќе се земи во предвид дека 17 е уште дете и во тој момент била уште на училиште. Никогаш нема да сфатам шо некој наводно возрасен (иако млад), кој не е во училиште - шо има заедничко со некој/а кој/а е во училиште. Кога и да сакам да гледам објективно кон однесување на дете, прво се сеќавам на себе на тие години и кој памет сум го имала (т.е. немала) и како би се снашла во та ситуација. И иако до сега одлуките се екстремно глупи, се и очекувани према информациите кои ги имаме.

    Ако се разделат, ќе плаќа алиментација. Не сфаќам зошто е то закана. Добро неќат родителите да се осигурат дека животот на детето е добар па сакат да го избегнат ова?

    И мене ако ме удирал партнерот (ок, јас би оставила и на мајтап ако ме удри, ама со цел да ме боли, како шо пиша дека тој прај кон неа), и јас би снимала разговори и кавги. Не е то уцена. Девојката така осеќа ваљда сигурност ради ситуацијата во која се наоѓа. Нема на добро срце да трпам некој кој така се однесува кон мене.

    Не мислам ни дека манипулирала. Мислам дека била дете и пренаивна и вервала во бајки. Колку возрасни само има шо мислат дека дете и брак решаваат лош однос. Не па дете.

    Второ, ако ова е реална ситуација, јас би била загрижена за бебето. Зошто то бебе не одлучи да биди тука и како секое дете заслужва максимална љубов, не само од родителите туку и од околината. Ако родителите се незаинтересирани/ невнимателни е нешто шо треба да се разговара или да се преземат соодветни мерки околу грижата/ старателството. Ова го кажвам за делот: „јас го родив, јас ќе го утепам“. Паралелно би експлорирала зошто така се осеќа и дали осеќа одредена психичка тегоба ради тин бременоста шо е многу возможно и ризик за пост породилна депресија. Истото би експлорирала со брат ти. И тој наоѓа утеха во се, ама зошто му треба утеха, нели. Имаме две несреќни индивидуи вака лаички, од страна, видено. Јас би ги пратила во најмала рака на брачна терапија т.е. би предложила како опција кога би имала 1 на 1 со братот и кога споделуваме шо не мачи. Не мислам дека нешто ќе се реши кога нема основа ни љубов ни почит, ама бар ќе имаат можност индивидуалните проблеми да ги разработат.

    Трето, за чистењето. Лично, јас сфаќам дека просторот е заеднички и секој треба да придонеси во тој простор. Воедно мора да нагласиме дека снаата е barely legal. Поќето млади и немат некои (по)големи обврски дома, и нереално е од старт да се очекува се да си преземи и „куќа да гледа“. То е нешто шо е вештина шо ќе ја стекни со тек на време, заедно со брат ти, пошто нели, сепак домот е на двајцата. Не е нешто шо треба да е извор на кавга, туку е нешто на шо треба постепено да се работи за нели, да биди член кон приоднесува во домот подеднакво, како табла на обврски и ротација за готвење итн. Сакам да кажам, јас ова не го гледам како нерешлив проблем. Ситуацијава има многу, многу поголеми и посериозни проблеми.

    Четврто, брачните проблеми - се само нивни проблеми. Тука, брачните проблеми се на сите, сем на тие кои треба да се. И ова беше кажано наназад, во браков има премногу луѓе. А максимумот слободни места е 2. Би рекла „па тие си дозволија“ ама едната страна е barely legal другата страна се зоба алкохол и бега од домот. Има многу простор некој да влези во бракот, а не треба да влегва никој. Тука настапва логиката - ако ти смета се тргаш. Некој баш рече дека ова било бегање, а не решавање на проблемот. Некогаш тргање настрана е решавање на проблемот. За себе. Зошто не сме семоќни божества да седниме и да решаваме туѓи односи и животи. Треба да си ги знајме лимитите и да се движиме во граници на тие лимити. Некогаш најдобро шо можиме да напрајме е да дајме наше мислење и толку. Не знајме дали и колку то наше мислење ќе биди послушано. И атер за себе - после то се тргаме. Друго решение е родителите ваши да пресечат и да речат дека ако се пар - мора да се одделат. Ама мислам дека то нема да се случи. И пак, то е нешто шо можиш да го предложиш. Не можиш да форсираш да се случи.

    Ако ова беше Am I The Asshole сабредит, ќе гласав ESH (Everyone Sucks Here). Сем бебето. Стварно срце ми се крши за него. Или евентуално NTA (Not The Asshole) зошто не гледам како ти си проблемот барем до кај шо сум со читањето сем шо нели, ти смета ситуацијата и се осеќаш како шо се осеќаш. Ама за другите ESH.
     
    На Adidas888, SummerGirl, see.emily.play и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    19.983
    Пол:
    Женски
    Не дочитав се, да напишам, па ќе продолжам со читање. Не знам како ќе ме разберете, ама јас сериозно мислам дека овде се работи за принудни одлуки, недостиг на зрелост и недостаток на конструктивна комуникација.

    Родителите, иако можеби со најдобри намери, имаат клучна улога во создавање на конфликтот. Наместо да им овозможат на младите да донесат зрела и информирана одлука, тие ја наметнале својата волја, категорично одбивајќи да размислат за абортус како можност.

    Стереотипите дека бременоста мора автоматски да заврши со мајчинство или дека бракот е неизбежен чекор во вакви околности, ја ограничуваат индивидуалната слобода и го запечатуваат текот на животот без простор за размислување. Овие предрасуди, ги принудуваат младите да влезат во улоги за кои не се подготвени. Истото важи и за нејзините родители. Моделирале калап кој можеби не е во согласност со желбите и емоциите на девојката.

    Дополнително, девојката е само дете кое родило дете и нејзините постапки, кои изгледаат неодговорни, се резултат на незрелост и општествен притисок што ја претставува мајчинската улога како единствена цел. Точно, туѓите одлуки не можат да бидат контролирани. И точно е дека абортусот е лична одлука што треба да ја донесе жената, врз основа на сопствените вредности, здравје и ситуација. Ама таа одлука мора да биде информиран избор, без притисок и ослободена од општествените шаблони!

    Најголемата поддршка што може да се даде во ваква ситуација, сега, кога веќе грешката е направена, е да им се дозволи на младите да се соочат со последиците од своите одлуки. Или ќе ги биде или нема да ги биде.

    Што се однесува до сите други замешани страни, бидејќи, не е лесно да се смени некој што не сака да се смени, идеално би било, да се фокусираат на сопствената благосостојба и да се дистанцираат од конфликтите, наместо да се вовлекуваат во динамиката на младите.
     
    На Adidas888, SummerGirl, see.emily.play и 8 други им се допаѓа ова.