Види, фрлање на крвави влошки не е нешто за кое што си или стар или млад. Од добивање на прва менструација се учиме дека влошката се фрла во ѓубре. Кога живееш во колектив, нема оправдување за такво нешто, прегрозно е едноставно. Е сега, станува збор за 18годишно детиште. Што се фатила со дечко што не ја сака, не и обрнува внимание, ја тепа и со неа е оти склепал дете и сега си ги трпи последиците на своите постапки. Девојчево што барало да остане со таков токсичен човек не знаеме, ама знаеме дека има 18 години. На 18 години сите сме правеле глупости, мене кога ќе ми текне какви дечковци сум имала коса ми се крева и што се сум трпела. Едноставно годините се тие, толку мозок има 18 годишно дете. Можеби мислела дека овој ќе се смени, а може сега на некој начин се "одмаздува" за ќотекот, за немањето љубов, за односот од него кон неа. Дури мислам дека ова со влошкава е намерно. Ако може тој да и прави да пати, ќе му прави и таа нему, за да осети како е некој да те нервира. Ќе повторам, толку сече паметот на тие години. Ако ти мене ме неќеш, ја нема да се замарам и ќе фрлам алишта кај ќе ми прдне, ми се може. А братов реално си е за на терапија, има проблем со алкохол, насилник е, утре ќе се начука и ќе ја претепа или ќе ја убие, па после ќе се чешаат сите колективно. Дајте му уште некоја година да се претопи во класична пијандура што ги малтретира дома сите, натаму е тргнат, назад е само неколку станици. Јас културно ја прашав @Candice.S што сака да и кажеме, каков совет бара од нас, мислев дека е културно бар да ми одговори на прашањето. За ваква ситуација решение е само осамостојување и ништо друго. И не заради тоа што дома им е калакурница, туку затоа што сите треба да се стремиме кон тоа да се осамостоиме, да почнеме наш сопствен живот и да се научиме сами да си ги бркаме домашните обврски, оти мама и тато нема да живеат секогаш.
Јас би прашала колку години има членката, дали студира, дали работи, има ли некаков капитал. Тоа се прашања што прво треба да се постават, за да дадеш совет за осамостојување. Колку од нас се осамостоиле на дваесетина години и сме имале можност за тоа? Баш тоа е најтешкото решение. Бидејќи да биле толку ситуирани, ќе имало стан и за неа, и за едниот и за другиот брат. Прочитав и дека сестра имала, не знам. Решение е тоа, нормално, но не е нешто што може да се реши преку ноќ. А и пак ќе кажам, зошто она, а не двајцава што глумат возрасни и решаваат да имаат дете, а не се доволно возрасни за да се осамостојат тие.
Јас останувам на ставот дека родителите на двајцата имаат ептен невоспитани деца и дека со ваквото нивно родителско однесување уште повеќе ја усложнуваат работата. Снаата е дете, зетот не знае кај тера, затоа родителите од тоа пусто да не пукне срамот од комшиите им го уништуваат животот на сите. Како да се смири ситуацијава? Бабите да седнат и да си ги научат децата на обврските што ги имаат сега во животот. Да не се повторувам, сега снаата да се опорави од пораѓајот, детево малку да пркне и да се стопли, па кога ќе им присака душата на двајцата да се заскитаат со друштво а тие дома имаат дете за чување... Срамот пред комшиите на родителиве допрва им доаѓа. А тоа што ветувале дека ќе градат куќи, е тоа е друга приказна што ќе им се удри од глава... Овие двајца не знаат кај се фрла улошка и дека не се пијанчи пред компјутер ќе живееле одвоено и ќе биле самостојни, пф овие ни за по леб не се спремни да појдат... Како и да е за некое време ќе ја читаме и снаата низ темите, да почекаме. @Candice.S најди си издувен вентил и поминувај што е можно помалку време во нивна близина. Не ти требаат туѓи токсични срања во животот.
Епа има причина зошто на 17 треба да си во клупа во средно, а не да раѓаш и да глумиш сопруга. Сопругот напатен испадна дека е насилник, ги тепа и жената и мајката. Нема што совет да се даде кога никој не сака да направи промена во животот, се напикале 15 луѓе во една куќа и заедно перат гаќи, па се чудат зошто има проблеми. Многу е јасно решението, ама не е лесно.
@ArabellaStarfall еве го првиот пост, никој ништо не претпоставува, сите и рековме- да, отсели се. Или отселете ги нив. Штурци.
Што ја направивте девојката золвата и крива уште ја направивте. Ама кај нас се знае снаата секогаш е во право, свекрвата и золвата вампири. Девојката најмалку е крива, нема каде па овде се пожали. Ја натеравте и бројот на соби да си го каже. Брат и што е виновен, виновен е ама па и снаата една светица. Пред се некултурно, невоспитано и гадно створениe. Само што читав ми се згади. Мала била, абе ај мала била за хигиена, ај ви се молам зарем на 18 години не знаевте за основна хигиена. Од ова што го читав ми се згади. Мала била за да исчисти а да се се*са таман е. Родителите не требало да се вмешаат ама ако таа не сакала да роди, никој не и ставил пиштол на глава. Сега за тоа не треба ни да се дискутира, се родило бебенце кое е најмалку виновно, душа. Не дека е млада, туку ми изгледа на разгалено од дома па сега на глава да се качува. Свекрвата направила грешка ама ако не оди да чисти по неа домот да си гледаш да ти пропага од некоја си штотуку дојдена, за кој си се мачел пола век, или внучето да си гледаш како плаче и да не го земеш треба да си луд. Најарно братот и снаата да се иселат и што сакат нека прават, мир да се има ама пошто не можеш ти да ги натераш ако си во можност исели се колку и да имаш право на тој дом, за да видиш раат. Најлошо е кога од сопствен дом мораш да си бегаш од некој трет. Се надевам брат ти ќе се освести да се среди,да си гледа дете како што треба а ако треба и нека се разведе можеби тогаш ќе биде најдобро за сите. За бившата па до кога планира да цимоли и да пага во несвест животот на дете да си уништува. Секој од нас има некој бивши што е нормално ама па до толку да се трескаш за дете да не гледаш. Се надевам ти мирот ќе си го најдеш а тие сами треба да си бараат решение ако се свесни.
Ayyy мене ми е жал за сите во оваа ситуација. Извини али највеќе според мене е виновен брат ти. Таа сама бебе не направила, не се венчала итн.. Од друга страна дете е, 17 година, како што кажа Кате погоре и мене косата ми се крева какви дечковци имав на 17 или како размислував. Тоа со влошката во машина можеби и не е намерно, во заедница живеење е општо тешко камоли со две деца и бебе. Најдобро би било секој по свој пат, нека создреат детенцето нека го гледаат бабите и така.. За тебе ако имаш финансии да се осамостоиш тогаш не чекај. Живеј си го животот на рает
@Candice.S златна,не се објаснувај веќе,овде по дифолт ќе ти извртат мислење и зборови,не прашувај од кај знам дури испадна крива шо ти сметало дека не миела раце после вц....шта речи,па во мол во вц приметувам ако некој не измие раце а камоли дома да ми е,ама ти си детектив нели Скроз е разбирливо се што ти смета,решение немам да ти понудам,само поддршка,остави ги овие што ти велат батали ги сите дома ти,разбирливо е што те боли за твоите и на овие што ти солат памет би ги болело ама сега не се тие тема на муабет
А @Candice.S дали нејзиниве нешто праќаат пари за бебето, за неа? Пак се фаќам за финансиите ама не може во други теми да дробите дека веќе на 18 ти си законски полнолетен, можеш да работиш, нема што да те тинтраат твоите ама како снаа изгледа тие правила не важат. И не знам како нив не им е шубе ќерка им без примања, со бебе да ја пуштат во друга куќа на 18 при маж пијаница. Па нормален родител ќе дојде за рака ќе ја фати и неа и бебето и ќе ги носи дома. Ја на ваше место би нашла неколку станчиња со мали кирии на оглас и ќе им речам еве дечки ви најдов видете евтина киријата е, видете прашајте што како, кога можете да се вселите. И ок да, на 18 си уште незрел ама на 18 сите сме имале барем основна култура, више сме избрале факултет, сме знаеле за заштита и сме се треселе ако ни закасни менструација оти нели, бебе у моментот неќеме. На 18 веќе имаш какви такви цели во живот, макар и нереалистични и далечни ама си викаш еј сакам да работам ова, да направам она. Има разлика од дете на 18 и дете на 8.
Ајдее и некои снаички си се најдоа прозвани на темава, па ја оправдуваат снаата. Циркузи сте живи, не се работи за вас, ајде малку чил, се напнавте.
Епа праќаат. Праќале пари за она да биде под стаж за да зима породилно. Планирале да праќаат пари за да заврши факултет или да и купат диплома. Кога сака она, тогаш може да си оди кај нив и да не се врати кај маж и, и ништо нема да и приречат. Девојката знае да штеди, како што кажа членката. Родителите нејзини ми стојат на салам луѓе. Туку, тука кај што влегла, незнам дали местото е за нејзе. Можеби би било за некоја што родителите ја отфрлиле, што прифаќа и да ја тепа маж и, и маж и да не го гледа детето, и маж и да не придонесува ништо за домот. Пак ќе кажам, двајцата се многу млади и треба допрва да се запознаат себеси, својот брак и своето дете. Па после ќе одлучат што понатаму.
Не, тоа не иде со време. Со тоа коментарите дајте им време, простор, не им се мешајте више аман. Они сами потонале у кал, без љубов од играчка дете прават, тоа дете се раѓа и сега они биле млади ама понатака ќе се подобреле, ќе се смиреле ова она. Не може прво да се жениш/мажиш, и дете да склепаш, па после да се запознаваш себеси. Може тоа, ама знаеш кај кои? Тие со каква таква визија, детето се родило ама од петни жили ќе се потрудат да му обезбедат иднина. И ваквите еве година-две би зависеле од дома, ама после ќе им тргне. Ама тоа тие што се сакале и сакаат детето да им расте во убава средина. Овие двајцава не знаат што сакаат. Она без работа, сакала диплома да купи овој работи ама се пијанчи и игра. Никакви планови, никаква амбиција што утре. И каде ќе ги однесе ова? До запознавање, до некаква иднина до што? А никој не им стои на патот, сами одбрале и сами можат да се потрудат да мрднат од место. Ама мора од негде да почнат. А не почнуваат воопшто И барем да се иселат да не вовлекуваат и други во свои гомна.
Па тоа викам бе, дека сами ќе си дознаат шо сакаат понатаму. Дали бракот да им опстои или развод. Али најубаво е сами да си видат.