Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. candise20

    candise20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    204
    Можеби ке се смени да но сега до каде да оди ова.. ние се распараме заради тоа што они го изнервирале и сите му се криви на дечкоми...не можеме на раат да одтанеме ни 5 мин..во буквална смисла.. и за внукот да океј е тоа што го сака чува плака градинки прави детски соби и спие во неговата соба со сестраму и јас не можам да дојдам кај него да се видиме..но мислам дека треба граница јас со него збораам како он има финанскиски проблем само тоа и тоа и тоа..веке незнам колку месеци не ссме излегле од дома затоа што е заглавен од кредити јас го молам викам јас ке платам и он не никако..Пред да се појавам јас во нивниот живот они биле и повеке поврзани он одел сам со нив 3 на одмори го чувај малиот нова година први мај се се заедно ...менеи тоа ми смета што они се постари од мене 15 години и сега тоа не ми одговара еве иде нова год усте не се знае што како ке треба со нив и нивни пријатели со тон мали деца..И внучето знам дека го сака и океј нормално е и тоа и мене ми е мило само што детето е премногу разгалено значи не претерувам еве еден банален пример вчера дојдов на гости кај дечкоми и они беа таму и ајде да ми стават кока кола детето падна на земја се утепа од плачење како мене да ми ставам кока кола и да ми ја земат и пошо никој не му оди контра мораше да ми ја земат..и седам во соба учам англиски на ком со внукот.. ајде да е 1 10 пати еден месец да разберам ама истото со години.. незнам незнам криво ми е што дечкоми не гледа дома да се срееди за живот за понаатака не размислува...
     
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.349
    Допаѓања:
    286.134
    Човековата себичност многу често се крие под закрилата на братско-сестринската љубов.

    Вистинската братско сестринка врска е исполнета со респект, разбирање и почитување на границите.

    Пожртвуваноста е секако составен дел, ако не можеш да се потрпреш на најблизок во тежок момент тогаш на кој друг.
    Но барањето на секојдневни жртви и отстапки на терет на другиот, макар и најблизок е безобразлук.

    А тоа е најтипично за жените, да бараат повеќе од што им се дава, да земаат повеќе од што им е понудено и никогаш да не им е погодено.
    И не ме чуди тактики да се користат или дете да се користи за да добие максимум од вниманието на братот.
    А машко ко машко...ќути, или евентуално уста ќе отвори за да те прекаже на сестра му или мајка му :D

    И не е доволно дечкото да се смени кога ќе има своја фамилија. Оти оваа врска треба првен да се негува за да се стаса до брак.
    Ти си знаеш најдобро со каков тип на луѓе имаш работа, и како треба да се поставиш.

    Ќе се сменат работите сигурно. Штом дечкоти е со таков карактер во иднина ќе вложува многу и во вашиот дом и вашите деца(претпоставувам тоа е и причината што се плашат да ги изгубат сите работи што он ги прави(а не мора) и тоа нека ти биде мотив за да го издржиш периодов.

    Стратегија мора тука :devil:
     
    На mimiiiii, candise20, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.644
    Допаѓања:
    22.149
    Пол:
    Женски
    Ко ја да го напишав болдираново...исто, исто...
     
  4. fashion9

    fashion9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    jas znam deka koga jas bi bila vo vakva situacija, ne bi mozela da izdrzam ni eden den, a ne nekolku godini...Da se custvuvam kako neposakuvana vo semejstvoto na mojot decko, a za toa da nemam nikakva podrska ili objasnuvanje od negova strana, toa bi bilo ubistvo za bilo koja vrska...a kamoli da razmisluvam za bilo kakva idnina so nego. Sekoj covek mora da ima prioriteti vo zivotot, svakam deka mu e vnuk...sestra, saka da im pomogne...i seto toa e normalno...no se vo ramkite na granicite.Ova sto go kazuvas gi pominuva site granici.Veruvaj deka covek nikogas ne se menuva...zaludno samo ke se zalazuvas deka nekogas nesto ke se smeni...Jas mislam deka toj voospto ne te ni saka dovolno za da napravi ti da ne se custvuvas taka...ne se ni trudi...tuku ti kazuva deka ti ne go razbiras, deka pravis glupi muabeti itn...Sam treba da znae deka treba i MORA da ima dovolno vreme i za tebe. ako toa toj ne go custvuva...togas toj ne e za tebe veruvaj! Preseci i napravi muabet na taa tema, zosto ako kutis problemot samo ke si prodolzi i tebe ke ti bide se potesko i potesko...za eden den da si reces, djabe tolku vreme gubev nervi za pogresen covek...ccc sokot da mi go zemat zaradi deteto sto placelo leleee ne mi se veruva...kolku i sto li misli toa dete za tebe ili sto li mu imaat zboruvano za tebe...toa ti e znak sto mislat site za tebe! BEGAJ OD TAA FAMILIJA
     
  5. Sundream

    Sundream Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    47
    ...и јас се слагам со фасјион9. абе бегај подалеку од лудаци... што е тоа како прдежи врзани. и кај мене е слична ситуација само обратно, имено на брат ми жената е толку врзана со брат и, што секаде го влечат со нив уште од кога беа дечко и девојка едно 10 години па и сега во брак едно 5 години. Значи во тотал ништо се нема сменато.Додека мене на пример па брат ми добар ден не ми вика...тотален игнор. еднаш немаме излезено заедно за овие 15 години дури тие се заедно. Нити пак јас се пикам кај што не ми е место/ ако така им одговара така нека прават.

    Така да тие опсесивни и манијакални поврзаности со сестра/брат или пак со родителите не се на арно- тука мноооогу тешко можеш да извојуваш победа, ке речам пак мноооогу тешко! треба нешто радикално да се смени да тие се откачат- како на пример преселба во странство и сл. Инаку тешко многу, тој никогаш нема нив да ги откачи заради тебе. Ете пробај= отвори го муабетот па ќе видиш што ке те снајде! Пробај поарно да знаеш на што си него времето да си го губиш. ИЛи пак прифати го таков каков што е!!! со сестра му во пакет.

    пс. такви дечурлии разгалени до бесвест многу мразам! :envy:
     
  6. candise20

    candise20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    204
    оххх тешко ми е кога ги читам овие мислења се разбира ако не ме сакал он до сега немаше јаас да бидам со него ние како пар прекрасно се сложуваме и самиот е свесен за ситуацијава со сестраму но очигледно не сака со мене тоа да го збори незнам 3 пати се има случено до сега да ги избрка од дома бидејки он беше трета смена внукму орлаше он уморен и кавги и си одеа дома..после тоа лути беа два дена а он за тие два дена максимално успеа да ме изненади и посвети малку ввреме на нас направи романтицна вечера илзеговме и ред други работи но после пак по старо сум се обидела и добро и со лошо да му укажам дека вака не иде дека сме премногу загушени од нивна страна но џабе вината секогаш е моја ..внукми искрено можам да кажам дека дека о д разгаленост јас и он кога ке просетам се разбира сите заедно јас и дечкоми не смееме да се држиме за рака да се бациме нема теорија плаше се дере кога ке ме земе дечкоми со кола не смеам напред да седам до него се позади бидјеки ако не види плаче ајде да јадеме заедно не смејам јас да јадам ако јадам плаче а ако треба јас и дечкоми да излеземе е тоа е за него крај на светото не држи и тегне двајцата абе незнам што да кажам и мајакми ја знае ситуацијава цела запрепастена е..
    А да дури и во кавга дечкоми со нив сака да се отсели од дома да купиме стан и да живееме подалеку од нив самао сто нема финансии за тоа не планира во иднина да живее во оваа кука бидјеки е свесен и во брак како ке се одвиваат работите..А таткому и мајкаму не се мешаат за ништо не ги итересира си ги прибираат ги храната кај нив се прави мајкму ја за јадење се што сестраму сака и внукму ( сестраму не готви дома да не прави лом и бидјеки не знае) го чуваат вукот додека сестраму шета и тоа..
     
  7. Sundream

    Sundream Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    47
    ...не реков дека не те сака. Те сака во ред. Но, ако треба да бира меѓу тебе и нив- се плашам од исходот.

    А тоа што ти си се претворила во роб на едно тригодишно дете е твоја кривица. Замисли да ме команда едно дериште од три години- па имаш ти ум! Застани цврсто на нозе и не се потчинувај! па нека се откорне ако сака.

    Според мене немаш избор освен да ги прифатиш работите како што се. Тие се така задоени и тоа тешко се менува. ...или пак вие кога ке добиете дете па да се сврти повеке кон фамилијата... а до тогаш-!? ќе трпиш...
     
  8. candise20

    candise20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    204
    Мила за исходот и сама сум си свесна до некаде..А за детето јас не му одам по кејф ама еве кога е не поднослив дечкоми во неколку наврати го плесна по газе сестраму очи ке му откорнеше едно дете и било а камоли јас да направам такво нешто..не му одам по газ воопшто но сето тоа коа сестраму ајде на candise ке и го земеме сокот она не пие ајде ива седи позади во кола зенските седат позади (дечкоми) ајде да не урла низ ценатар и пошо пага на земај доле да не е срамота јас дечкоми не го држам за рака на почетокот ми беше смешно сега веке не е ..сите дома на детето му кутат дури и ги има родителите бркано со нож...тоа ми го кажа дечкоми..незнам што да кажам дали да трпам дал да гледам иднина ..Јас не сум израсната во вакв семесјтво и незнам како да се поставам до сега ни еднаш не се побунив пред нив од почит спрема нив бидјеки се постари а сестраму многу пати ме има ирониочно попсмевнато за глупости а дечкоми на тоа кути а мажот и нејзин вика да прекини и се се сведува како ништо да не било но јас не заборавам...
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.644
    Допаѓања:
    22.149
    Пол:
    Женски
    Candise претпоставувам се' уште немате деца...Во случај дечко ти да е повозрасен, можно е веќе и да му доаѓа желба за да се оствари како татко...ако ме сфаќаш, затоа што имам приметено како што жените чувствуваат, така и некои мажи чувствуваат кога се спремни да станат родители. Можеби и затоа толку време поминува со сестра му и внукот. Но, доколку не се сменат овие работи во врската, не очекувај маж да ти се смени во брак, кога више си му колку-толку посигурна партија. Не велам дека не те сака...во никој случај...тоа е тој едноставно...така го научиле...пробај да го “разбудиш“ ко шо ти рекоа погоре, ако не сака да те изгуби, ќе го покаже тоа.

    Убаво е тоа што си го сака внучето, јас со брат ми и снаа ми праам само формален муабет, ама внуката ми е ептен мила, кога сме заедно некаде семејно, јас само неа ја рецкам, брат ми и снаа ми многу-многу не ги дружам...ама тоа не може да ме спречи да ми е мила...се надевам само дека нема да биде воспитана по нивни калибар и дека ќе го упропастат детето...ама да имав дете и да бев во блиски односи со брат ми, никогаш не би си дозволила тој да крати толку време со жената која ја сака заради мене...ај ќе се видиме, ќе се посмееме, ќе прошетаме, ама не е негово детето...треба да мисли на домот кој треба да го створи...а тоа што дт го прави а зт го очекува од него е претеризам.

    Убаво е и да си помагате, да си правите услуги, да причувате детето додека овие идат на вечера ко битерсвит што имаше пишано негде, но ако воспоставуваш комуникација со цивилизирани луѓе.

    Пример снааа ми за брат (ај и' простив, и' го препишав тоа на хормоните, беше бремена тогаш, ама ни најмалку не беше умесно) ми рече пред мм пред мајка ми пред татко ми без срам и перде „Еее, штета сега си ни' мажена, си мислиш на твое семејство, ќе имав кој да ми го чува детето.“ Јас мислев да и' одговорам „И да не бев мажена, сигурно не сум се родила детето да ти го чувам а ти госпожа низ град да изигруваш“ ама си реков ај да не ја продолжам работата уште една душа носи и само и' oдговорив „Штета...“

    Не ти сугерирам ништо, зборам за мене...вакво понашање јас не би трпела, ако не го боли тоа што некој ми се потсмева, нека си седи со сестра му, внукa му и зет му и нека бидат едно големо среќно семејство.
    Шо се однесува до мажот на зт, нормално дека ќе и' рече да прекине, претпоставувам и нему му пречи више тоа што она го прави...

    А детето ако те нервира, едноставно избегнувај го, нека си се замара со него мајка му...немаш ти обврска да и' го тинтраш нејзиното дете...ептен си попустлива затоа можеби и ти прави вака сестра му. Морее, таа би требало прва да плаче ако го оставиш брат и', попопустлива тешко дека ќе најде, ама па и ако му се погоди од оние „специфичните“ и золвата и внукaтa ќе се превоспитаат за час.

    кутрото дете, ретка е појавава, вистина, ама можеби и од дома е изманипулирано...имав еден таков случај во подалечна фамилија...ама апла беше и мајка му го поддржуваше, страшно и јас ја седнав и и' реков на само „Само едно ќе ти кажам, со ова правиш се' освен услуга на твоето дете.“
     
  10. Sundream

    Sundream Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    47
    се слагам со тессие потполно... и јас имам само формален муабет со брат ми и снаа ми ама внучето со цело срце го сакам, и рака на срце многу е убаво воспитано, а и да не беше немаше да дозволам да ме мафтосува само затоа што ми е внуче.

    така да... мисли му ја. според мене немаш избор..или земи или остави. Ама за детиштето немој да попушташ. Не реков да го удираш или плескаш по газ туку со твојот став покажи му дека немаш намера да се потчинуваш на неговите желби. ... ај со срека ...одам сега ручек да правам.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Човек кога сега размислува да и намести парно на сестра му а при тоа зетот му зема 3000е плата(ако не згрешив во читањето :lol: ) тешко дека кога ќе се земат и кога ќе има своја фамилија нешто ќе се смени......односно ќе се смени тоа што тогаш ќе биде растргнат на две страни,нормално повеќе ќе гледа за дома ама ќе гледа и таму нешто да направи,затоа што тој што цело време помагал на една страна тешко дека ќе можи лесно да се одвикни(тоа веќе му преминало во навика да и помага на сестра му) а од страна на candise20 нормално дека ќе има реакции и би требало да ги има затоа што не се ни некој социјален случај ни нешто се болни па тоа да се грижи за нив,а и сигурно имаат повисоки примања од него.............и после некое време ете ти ги КАВГИТЕ.
    И колку и да си ги сакаме внуците и сите нормално си ги сакаме ама вакви однесувања на дете тригодишно ретко кој би трпел.....candise20 нормано нема ни потреба да ги трпи ама Тој "ај седи назад за да не вришти,или нема да си го фатам дечко ми за рака за да опет не вришти" :?: ...........ма нека вришти што сака нека прави........можеби те сака и не можеби сигирно те сака ама некои работи треба тој прво да си ги расчисти со себе,со сестра му со родители па после да гледа во иднината.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.644
    Допаѓања:
    22.149
    Пол:
    Женски
    Апсолутно, тоа со раката и кај мене беше случај |( плачеше, се тетеравеше, зошто они заедно да шетаат за рака и јас не издржав и и' реков на золва ми „ало, прибери си го детено“ и таа „ама шо да му праам“ и јас и викам „шо знаеш твое дете е“ и одма ставам граница...нема шо да се муабети...Ќе рекол не сум го сакала детето, гајле ми е...тоа да не ме обожава мене...
     
  13. fashion9

    fashion9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Dokolku si spremna za takvi problemi vo idnina, togas prifati da bides so nego...vo sprotivno zaludno ti e da se boris nesto da se smeni. Veruvaj, negoviot odnos sprema tebe nikogas nema da se smeni, ednostavno smetam deka ne te pocituva! Ako mozes da zivees vo idnina so toa, togas goltaj i kuti cel zivot i gazi si se samata sebesi za da ne se karas so nego...no eden den veruvaj deka ljubovta veke nema da ti bide tolku bitna kolku potrebata nekoj da te pocituva i da ti posvetuva vnimanie....ti toa mila moja uste sega go nemas....Jas kolku i da sakam nekoj, ako gledam deka ne gi pocituva moite potrebi i mene licno, ke se otkazam od borbata zosto tuka rabotite ostanuvaat bez pobednik..ni toj a ni ti nema da bides srekna, zosto ti ke go nerviras za raboti za koi nema da se smeni, a ti ke se nerviras zosto e toa taka...i do kade taka?!...do koga taka?! Stavi si gi dobrite i losite raboti na kantar i odluci dodeka ne ti e kasno...
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Следниот пат кога ќе се карате и кога ќе биде спомнато дека нема финансии за да живеете одвоено, потсети го дека никогаш нема да собере пари за стан доколку перманентно ги троши на сестра му. Убаво е да се помага, ама се со мерка.
    Незнам дали ќе ми веруваш ама јас со мојот дечко буквално ДЕСЕТ ГОДИНИ ги тргавме платите на страна АМА ЦЕЛИ ПЛАТИ кои се просечни, значи не многу големи, за сега да можеме да си купиме свој стан. Верувај ми, си живеевме секој по дома, десет години сме дечко и девојка и пари од платата одвојував колку за превоз до работа. Се ова само со една цел да не живееме на купче, затоа што кај него ситуацијата е слична како кај тебе, односно три сестри се секој ден на гости. Абе сум се карала со денови само ако малку потрошеше од платата.
    Внучиња, сестри се тоа е супер,ама како они што си создале дом треба и ние, си имаат баба и дедо нека им купуваат, он не смее и готово. Ама истото тоа важеше и обратно и јас не сум трошела ништо на мојата сеста и внуци. И еве го резултатот, оп се двоиме од нив. Мирна глава и никој не смее да ми пререче.
    Малце по радикално настапи
     
    На MSkorpionka и danichap им се допаѓа ова.
  15. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Candise го читам твојот проблем ти посочиле да го оставиш и тоа е и рационална одлука , но велиш дека се сакате и почитувате , ако сакаш да останеш со дечко ти тогаш имаш полна шака работа , како прво не го навредувај детето пред него , крај краева дете е , мене сите деца ми се мили но да има и невоспитани , имам братучетче кое јас го израснав што се вика неговите дома имаа проблеми секој ден беше кај мене ако нешто не му удоволев главата си ја удараше во зид или пак во јавност ме посрамотуваше со безобразни коментари но сега како потпорасна е мирно ко бубачка срамежливо дури , веројатно и на внукот на дечко ти му е фаза може дома не добива внимание доволно па го искажува вака , верувам дека ќе му помине, ништо нема да постигнеш ако се конфронтираш со дете па сепак е дете , најубаво решение ви да се одвоите сами од тоа поубаво нема убаво ти пишале штедете , се постигнува некако . И да прожртвуваност кон домот за мене е позитивино јас што го гледам дечко ми како е грижлив син и брат благодарејки на тоа е голем во моите очи , бидејки еден ден ќе биде и таков татко и сопруг ... Верувам дека кога ќе бидете во брак ќе биде посветен на тебе и на домот , јас мислам дека толку го разгалува внучето од што има желба да биде татко .
    Сосем офтопик гледам тука имало и караници па и мислења бришење , ех бе жени еве ова го видов во мислења кои ке останат запаметени
    Американски форум: Поставуваш прашање, потоа ти одговараат.
    Израелски форум: Поставуваш прашање, потоа тебе ти поставуваат прашање.
    Македонски форум: Поставуваш прашање, потоа долго се дискутира за тоа колку си глуп.
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.373
    Допаѓања:
    114.315
    Пол:
    Женски
    Еве јас сум золва од второ колено (братучед ми е женет со две деца) и толку сме блиски што нема ден да се слушнеме (живеат во друг град). Внуците си ги сакам најмногу на цел свет. Цели плати трошам кога ќе ми дојдат и кога ќе ми текне да им пратам. И сега мене дечко ми треба да ми каже дека не смеам?? Извини, ама нема право. Не знам зашто ви сметаат внучињата на дечковците! Не знам што да кажам, не можам да ве сватам све ви смета ко да си ги сакате дечковците само за вас и ајде да го одвоите од сите. Ајде разбирам девојката што има проблем што секој денар им го дава на сестра му и мажот и а онигледам имаат и како солидна плата, ама за односот на дечкото со внучето не се согласувам. Еве и јас имам пример со детенце на моја другарка, кое буквално израсна кај мене. Кога ќе го прашам: ДА си фатам дечко?? Одма одговор: Не! Ако излезам а он е кај нас , тоа плачки, лутење све по ред. децата така изразуваат љубов, зашто на мало дете не можеш да му докажеш дека и за него имаш љубов, дека нема да го оставиш на страна.
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.644
    Допаѓања:
    22.149
    Пол:
    Женски
    Нена, има вистина во тоа што го зборуваш, ама конкретниов случај на candise јас не го сфатив тоа како „не му дава на дечкото да си игра со внуката“, туку како минус од дечкото што не и' посветува доволно време. Па таа да не се влече со него и да трпи размазено и безобразно детиште кое на 3 години родителите си ги бркало со нож низ куќа, којзнае дали и волку време би поминувале заедно. За да го усреќи него и таа поминувала време со внуката, и' покажувала англиски и сл. Еве, нека не му го окупира најголемиот дел од времето (иако мислам девојката пред земање/жената би требало да е на прво место), ама еве барем подеднакво да поминува време со неа и со нив. Значи зборувам за време во кое и двајцата ќе уживаат.

    Во ситуацијава каква што е сега, мене candise (малце сурово звучи, знам) ама и' праи да се чувствува како вишок. Таа сама да седи дома, додека тој спие во собата на внуката...мене не ми е нормално. Сфаќам играње, често видување, угодување на внуци и е сосема океј се' додека не оди во претеризам и додека некој не е запоставен. Не викам да ја отфрли таа рутина, во никој случај, ама кога некој нов ти влегува во животот, треба малце место и за него да направиш. Ако не му чини тоа што не умира од забава заради тоа што мора да оди во средина каде не се чувствува удобно за да помине време со него, зошто ја избрал воопшто?

    Во потполност се согласувам...
     
  18. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Zolva od vtoro koleno ( ili potocno receno snaa od vtoro koleno) i zolva od prvo koleno(snaa od brat)..se totatlno dva razlicni poimi ;) ....
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.373
    Допаѓања:
    114.315
    Пол:
    Женски
    Зависи од тоа кој колку е близок. Јас на пример сум единица, и со братучед ми сме како брат и сестра, дури и поблиски од некои родени браќа и сестри. Така да не то држи коментарот.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    леле ирена кога те читав се запрепастив искрено да ти кажам. тешко на маж ти... јас ја разбирам желбата да се живее одвоено ама да се прави толкава жртва за еден стан мислам дека не вреди. па што ако живеете под ќирија некое време? јас неможам да замислам да му забранам на мм или тој на мене да не купувам нешто за внуците мислам што е тогаш поентата на животот??? да се стегам десет години за да имам 4 зида? 10 години да си терет на своите родители ? 10 години да се караш за еден потрошен денар ? 10 години да не си направиш сопствен ќејф или за најмилите ? секоја чест искрено. јас попрво цел живот би живееле под ќирија отколку да се осудам на такво нешто...
     
    На SV1911, baby-star, artemidis и 3 други им се допаѓа ова.