Доколку родителите на време им укажувале на децата што е правилно во животот ќе немало потреба сега да ги седнуваат и да почнат од почеток да им објаснуваат што е родителство,како треба да се грижат за детето, како треба да имаат нивни дом, како треба да се однесуваат... Снаата е тинејџерка, зетот е незаинтересиран, детето Гспод нека го чува. Ова е вистински пример каква мајка не сакам да бидам, мислам на бабите. За мене снаата и зетот не се виновни немало кој да ги научи што е брак, што е дете, што се обврски. Замисли снаава да му рече на зетов ќе им дојдат гости да измети набрзина и да избрише прашина, а таа да среди нешто друго. Па тие ќе се колат бре! Решението може да биде и ќотек за родителите. За овие е кажано дека ќотекот е излезен од рајот.
Џабе е веќе, ти викам бидна веќе и готово. Сега треба да си се осамостојат и после да си видат како ќе им тече животот. Дали ќе го одржуваат бракот или ќе се разведат.
Мое мислење е дека ќе направат уште едно дете и после ќе почне периодот за развод, за некои 7-8 години. На крајот сите ќе бидат тотално истрошени од браков на децава.
Леле извини ама многуууу си напорна со претпоставките кои ти се неточни, ама сеа сфаќам зошто. Погоре кажа што ако има крвава влошка заборавено во машина - тоа доволно зборува за тебе и хигенските навики. Еве напомена и дека си живеела во средина со контрол фрик свекрва - што нема врска со ситуацијава. Брат ми не е пијаница што гејма шо цели денови- кажав дека престана да пие откако се роди бебето- пиеше неколку месеци и сеа престана. Пиењето го смени со игрици. Игра навечер до ниедно време а не преки цел ден затоа што работи. да пишав дека има и работа. Читате вие? И не, не ја тепа. Ви опишав каков им е односот - 90% од времето не ја перцепира, ако и се обратинза нешто а она не се согласуба тогаш она урла. Повторно не ме занима како разговараат нивен однос е тоа. Ви кажав дека се има случено да ја удри- значи и удрил шамар тогаш еднаш а вие 10 поста нашишавте како ја тепа па треба да го снима за да има доказ. Добро знам што значи партенрот да те тепа затоа не се обидувајте да ми хонизвртите и овој муабет дека сеа подржувам физичко насилство. Сите мислења ми ги изврте. Вие што мислите дека измислувам затоа што немам попаметна работа ок, кажавте може да се повлечете ако мислите дека е се лага. Стваено не можам два дена да сс објаснувам со едни исти муабети. И НЕ нејзините не помагаат- ќе бидам сеа пак прозвана за ментална ама снаата 5000 евра од свадбата ги дала дпма на нејзините - татко и сам кажа дека пари од свадба треба да се поделат меѓу двете фамилии затоа што од двете страни е платен ресторанот. Тебе ако ова ти личи на нормален родител тогаш пак ми е јасно што човек си. Да се омажам и да дојде татко ми на маса со маж ми да урла да ме распрашува дали од пари од плата трошам или од пари од свадбата. Да се нуделе да помогнат ама помош нема од нив никаква затоа што се такви луѓе- јаки само на зборови. ( зашто воопшто и прашувате вакви прашања не знам- значи нормално ви е вашите да ве финансираат и коа ќе влезете во брак) Девојката доаѓа од посиромашно семејство, ( сеа пак ке биде тема ова како ја прозивам снаата дека била сиромашна ) таткото иако влезен во пензија мора да работи дополнително. Дури и свадбата не можеа да ја платат мораа да бараат заштеда од дедото што имал на страна. И не никаде не ја извреѓав снаата само споделив случки кои се десиле. Затоа што ете еднаш на сите може да се случи. Пишав дека и мене ми се случило да оставам алишта или хаос во соба. Ама средувам сама. И не не зборуваме дека е уморна од чување бебе затоа што мајка ми го чува постојано. Девојката има време да седи по 3- 4 саати со другарка а нема време за друго така? Ќе седам 2 ипол саати место три, тој пола саат ќе ги измијам чаиште што сме пиеле и ќе наместам креветите во дневна . И за крај напорни сте со сто и едно непотребно прашање уште да ви кажам кој ден сме имале мајка ми и ја циклус па да видите да не случајно е наша влошката а не нејзина.
Брат ти може сега не е пијаница ама сама си кажа дека не сакал ни два пати да го заигра детето во денот. Он да го заиграл детето, ќе немало потреба мајка ти да го игра и да го чува. Парите од свадбата, се на никој друг освен на младоженците. Они шо сакаат тоа ќе прават со нив. Чим брат ти дозволил на снаа ти она да ги даде парите на нејзините, ти нема шо да се мешаш. Исто како ти шо урлаш зошто она не ви дава на вас пари, така и нејзиниот татко урла. Шо не оправдувам, освен ако не е за стварно потребна работа како купување/градење своја куќа. И неможеш да знаеш како е да имаш бебе. Неможеш, се додека не имаш свое. И јас така мислев како тебе но кога родив, друга песна беше. Затоа ти викам, за твое добро, не се замарај многу со нивниот брак. Гледај си твојот спрат и твојот живот. Многу жени би умреле да имаат спрат како шо имаш ти и да бидат на раат. Не се замарај со непотребни работи. Една перална половна можеш да најдеш за 50 евра. Најнакрај купи една, купи си кујна ако немаш, и ќе бидеш на раат.
Па перела алишта пред тоа. Веројатно ја заборавила влошката на веш и не ја видела и така си ги ставила да се перат со се неа. Не знам мислам смешно е и што пишувам искрено. Гадното е што јас увидив откако се моите алишта испрани- ја видов во тоа гумата пикната и ми се згади животот. И секако мајка ми ја фрли и ја исчисти машината не она затоа што ете како што кажувате мала е уште има 18 години. Извинете ама ако се решиш да родиш дете не можеш да бидеп мал. Мајка ми ме има родено на мнооогу помали години од неа, живеела во заедница со свекор и свекрва , немала никаква помош од никој, перела на рака па не била вака разгалена.
Искрено проблемот е многу длабок и се извинувам што ќе го пишам оба но твоите родители потфрлиле во воспитувањето и грижата на синот кога бил помлад. Многу е битно да се зборува на теми за сексуалното здравје и контрацепција, посветување на внимание на младите и отворен разговор за било што па и љубови, бивши, тракатанци. Се вклучиле во неговиот живот преемногу касно кога веќе била готова работата па уште и ја поддржале без да го ислушаат. Мене ми е навистина жал што денес ова е ненормално многу распространето однесување. Секој втор брак малтене е таков, несериозен. Нејсе, дечките се незрели и многу неспремни за сериозна врска не па брак и дете. Снаата колку и да е неуредна и дрска сепак брат ти е тој што ја одбрал па така и сами треба да одлучат што и како ќе прават. Можам да ти дадам совет за тебе ако имаш можност да се иселиш и да почнеш самостоен живот, без разлика на ситуацијата со брат ти а животот на брат ти е само негов и колку и да сакаш да го смениш ти, нити имаш право нити можеш без да сака тој. Едит: сега прочитав дека живееш на посебен спрат. Фокусирај се на твојот живот оти само за него можеш да имаш контрола
К Кој урла нормална си ти? И кој бара пари од кого пак да прашам? Нити некој од нас рекол нешто на неа за пари ниту некој побарал. Немој да ЛАЖЕШ. Пишав за финансиите како изрегулирале затоа што неколку пати прашаа тука. За мешањето околу парите од свадба веќе пишав дека не ме занима- сеа пак упорно ми кажуваш дека не треба да се мешам јас Кујна имам фала на грижа. Пишав и тоа пошто те занимаше што имам на спрат. Машини има веќе две пд кои едната се користи за работнички алишта ајде и трета ќе купам да ти удоволам тебе. Пошто нели проблем е што се перат алишта во една машина цело семејство -( за золвата мора да има лично нејзина) а нема везе што е внатре оставена крвава влошка затоа што ете се случило. А пто да кажеме тек за амеркинацине што перат во јавни перални. Сигурно не слушнале дека може да си купат половна за 50 евра Какво гадости станале нормални не сум свесна
Ич не се согласувам. Посебно за тие години. За зрела особа и зрели години, да. Така треба да биде. Ама во тие години, тоа не го размислуваат децата. И јас родив млада, и јас незнаев машина да пуштам. Ма немавме ни машина за перење од сиромаштија. Перев на рака до 5ти месец бременост. Колку пати ги заборавив алиштата да киснат во вода ехеее. Којзнае како ме имаат озборувано золвата и свекрвата. Колку пати јадењето не го погодив ехеее. И мојот бивши маж не помагаше, за ништо. Али ете ме денеска, за четворица дома готвам, чистам, гледам, се и свашта праам. И тоа се сама научив, кога ми дојде аклот. Али мојот бивши никад не се опамети, и он играше по цел ден игрици, само не на телевизор.
Ти очигледно е дека не сакаш никакво решение, туку сакаш само кавги да направиш дома. Многу членки те советуваа а ти пак по твое. Епа трпи си тогаш со влошки во перална.
Јас после ова ќе те ставам на игнор затоа што стварно претеруваш со нападите. Кажа погоре низ што си поминала и јасно ми е зошто толку лично ја сфакаш ситиацијава.
Јас би рекла дека кога си помлада имаш повеќе енергија и можеш повеќе да функционираш со помалку сон,не ќе да е снашкава преуморна,туку е флегматична и уште не е свесна дека створила човечко битие за кое што треба да се грижи.
Nope. Не е така. Тешко е кога прв пат искусуваш да бидеш мајка. Многу често се случува жената да добие и постпородилна депресија. За тоа не се запрашале? Јас кога бев во таа депресија, заборавав пелени насекаде, заборавав се, незнаев кај ми е главата, нонстоп се карав со сите околу мене. На девојката и треба помош и совет. А на братот.... незнам стварно шо ќе му помогне.
Види лично јас заборавив пелена од малата наместо во канта јас заедно со алиштата во перална и кога беше готова имаше парченца ситни синти памук ,дури не ми беше јасно зошто се такви алиштата ,значи се тоа распаднато и залепено по алиштенцата и морав да ги исушам па да ги исчистам од остатоците па да ги перам пак дури после ми текна дека е пелена Нема шанси два циклуси на перење влошката да ,,преживеала" ...
Мисли си и понатаму. Ете целта ми е драма. @Трагедијаупмм епа излеа требало да ја сликам за да поверуваш. Не знам што да кажам друго. Да се покае човек што ќе пише од вакви особи.