Не може да кажете дека снаата има постпородилна депресија, едно оти не можете да донесете дијагноза од пишаници на форум а друго оти знаеме денес во каков свет живееме и како се воспитани помладите. Исто така не знаеме дали девојката е само неуредна оти можеби навистина има мака и се бори со депресија. Давате акцент на работи за кои не можете да извлечете точен одговор оти збораме на претпоставки само, баталете влошката.
Жално за детево. @Candice.S не можеш ништо да направиш, само ќе се скараш со брат ти. Најдобро да се иселиш, твоите ради внучето ќе ја титрат, оти виделе дека може да направи да не го ни гледаат, брат ти не ја сака неа, не сакал дете, млад е и за жал никој не може да го убеди моментално да спасува брак и да чува дете. И колку и да е жално, некои луѓе едноставно не сакаат деца или не ги сакаат во моментот и не можат да се натераат да се грижат. Едноставно не му е грижа, а може и тој е во депресија, како и да е, нема да се смени, нема што да се спасува, овој брак не е за спасување. Снаата не мислам дека е во депресија, мислам дека му се одмаздува нему и на сите вас за тоа што е свесна дека он ја сака бившата, ми делува дека е одмаздољублива и злобна. Не е спремна да биде мајка, не е ниту одговорна, мајка да рече јас сум го раѓала и ако сакам ќе го утепам, ми кажува се што треба да знам за таа особа. Јас искрено едино што би направила е да пријавам во социјално, со докази со се, ако барем малце имаш љубов за твоето внуче, не би дозволила да расте во ваква средина. Легално да и го доделат на твоите, собери докази за пушење, дрога кај другарки, негрижа и што можеш, ако сакаш да одиш веќе толку далеку. За некоја година брат ти може ќе се освести и ќе ја превземе грижата за детето, за сега кај твоите е најбезбедно. На крај никој не е виновен повеќе од родителите од двете страни, они ја створиле ситуацијата, они не ги седнале да прашаат кои им се плановите за живот и они ги осакатиле децата и внучето.
Ама ти, ете таа дома можеби ја мазеле и не морала ништо да прави. Ете и мене така ме чуваа Улошката и' останала од невнимание и може културно да се разговара за истото со неа, без драматизирање, ама не е интересно така, нели. На нејзина возраст ништо од домаќинство не знаев, освен прашина да избришам. Не е темава за мене, туку чисто споредба, о, зошто не знае домаќинкава. Во средно имав девојчиња што ручек правеа, везеа, плетеа, месеа, чистеа генералки итн. Моите сметаа дека треба да ме поштедат што повеќе можат. Да се омажев јас на 18, ќе требаше со моите да живеам оти да, не умеев сама да се одржам ни во живот, бев многу мазено дете. А огромен број на работи ги научив на 30 години, оти тогаш имав потреба да научам. Сестра ми има сега 21, па е обратна приказна од мене, нема што не знае да направи, та "машко", та "женско". Поентата ми е, зборуваме за девојче кое е уште премладо и кое допрва треба да учи работи, некои работи можеби не ја ни научиле од дома, не е виновна што не ја научиле де.
И ви се молам луѓе, пијаница го направивте братот, а девојчето само кажа дека не пие веќе, зар вие во средно не се опивавте некогаш секој викенд? Јас се опивав, не секој, ама пиев, а па за невозвратена љубов да не зборам. Му дошло премногу на човекот и не знаел како да се справи. Не го оправдувам за тоа што го прави моментално и тоа каков родител е, тотално лош родител, ама дефинитивно пијаница не е, туку некој кој се наоѓа во ситуација во која не сака да биде и не знае како да се справи оти веројатно никој не го научил до сега, пак вина на родителите. А инаку баш моиве биле на оваа возраст кога јас сум родена, мајка ми 19, татко ми 22. Од љубов се земени и пак било многу тешко додека да застанат на нозе, ама се одлични родители, и беа одлични додека бевме деца, работеа многу, немаа многу ама ништо не ни фалеше, најмалку љубов и грижа. Така да ако го сакаат детето било кој од двајцава нема да расте со баби и дедовци, со другарки на мајката и со доење под чад од цигари. Ќе расте со љубов. А уз тоа и ќе созреат и ќе станат одлични родители. Ама очигледно детето не е сакано/ниту посакувано и со самото тоа не се грижат за него, на снаата им е веројатно некоја одмазничка цел бебето или мислела дека така ќе го врзе дечково за неа. На него умот не му бил тука кога сетоа ова се случувало, несозреан и не знае да сноси одговорност. Затоа велам најдобро социјално да се пријави и да се види што е најдобро за детето. А тие приказни дека е млада мајка и не знае за хигиена ве молам немојте. Јас опсесивно чистев од страв детево да не се разболи, а не да оставам влошки во перална, да умот малце ти е замаен, ама оставање прслук у дневна сите да ми го гледаат не знак на замаеност. Притоа да седам со другарки по 2-3 саата во ден??? Кога родив, 5м другарки не видов.
Некои мора да ја оправдаат снаата, дури и кога не е за оправдување. И да ја нападнат золвата иако оваа сто пати призна дека и брат ѝ не е сјаен. Снаата и да не е поучена од нејзините да има сенс за хигиена, не може да не сфати од гледање на други луѓе каде си ги ставаат чистите, а каде валканите ствари.
Леле дај не ги бранете под изговор дека се млади. Девојката што да научи побогу, да ја фрли улошката во канта место во машина? Тоа е основна хигиена што се учи од мали нозе. Исто и дечково, 24 години, имаш бебе дома а ти да земеш игрици да играш по цели ноќи, да не се посветиш на детето. Ама тоа е така пошто се свесни дека има кој друг да им ги врши обврските. Остај ги сами па од мука ќе видиш како ќе се заангажираат кога бебе ќе се расписка. Млада била за бебето да го чува, ама не е млада за секс? Зошто тогаш дете прави дете? Зошто се сексала без кондом? Се знае дека исходот од незаштитен однос е бебе. Според приказнава девојчето е тотално запуштено од родителите, што е жално. Ама тоа не ја оправдува да прави хаос по дома, да расфрла улошки и да не се грижи за детето што по сопствена воља го родила. А истото и за брат ти важи @Candice.S. Што барал да се жени па и дете да прави со жена што не ја сака? Многу непромислени постапки од негова страна што требал да ги решава со психолог место со брак. Сите се криви. И тие двајца и родителите од двете страни што дозволиле да се случува ова денес. Убаво ти рекоа сите, тргни се на страна. Чим имаш спрат, клуч на врата и ќе ги седнеш сите да си дадеш до знаење дека нема веќе ко порано. Во нивен простор што сакаат нека си прават, на твојот клуч. Мораш да потегнеш ако сакаш нешто да се смени чим другите ставаат превез на очи. Инаку воопшто не разбирам мешање и оправање туѓи бракови ама во браков мора да пресече некој од страна пошто они не потегнуваат а си штетат и на себе и на другите околу.
Па на темава обично бранам золви, но како ја постави членката ситуацијата и што побара за совет, тоа е советот. Големо фајде ако ја нападнам снаата, не знам како тоа ќе и' помогне на Кандис, освен да набуцкам повеќе нетрпение во неа кон снаата. П.С. Отековте со влошката. Влошка не сум испрала уште, ама книвчиња, харивчиња, палома и др. ситници имам испрано. Најзаебано е хартивче некое книжно за нос, оди па исчисти го после. Не е толку драматично, ама ајде Се надевам нема да ми се деси да заборавам и улошка на гаќи, па така да пикнам во машина, ама не е толку ужасно колку што се потресувате. Еден циклус чистење на машината, и готово. Аман за аман.
Не е тоа за оправдување Камелија. Децата се учат на одговорност и треба да знаат основни домаќински работи. И елементарна култура. Млада, па млада била. И јас познавам 18 годишна која забремени, па преку ноќ порасна и ,,остаре". Не е до младоста, до што имаш во главата е. Е оваа ми изгледа дека има слама, наместо мозок. Родила, за да се омажи поситуирано и да може да си го легачи животот. Мене на тоа ми изгледа. Понатаму, како си млад за да исчистиш зад себе, а не си млад да имаш секс и бебе да родиш Не ја брани за улошките. Не е тоа нешто што треба некој посебна лекција да ти даде. Мене не ми кажала мајка ми дека тоа во канта се фрла. А јас сигурно не сум мислела дека подот се декорира со улошки или треба на мајка ми да ги оставам да ми ги трга од гаќи. Еднаш да се случи и небрежност, втор пат е навика. Мене ме интересира што прави таа уствари. Не готви, не чисти, не гледа дете, вика нон стоп другарки, фрла гнасотии. Од ова можам да сумирам дека девојката не е спремна за мајка, нема манири, научена е некој позади неа да собира. И за таква девојка, со право некој доаѓа на темава да се испразни.
Камелија дали ти неа ја знаеш лично па што пишуваш се ова? Или бидејќи ти си била како 18 годишна разгалена и не си работела ништо па ја оправдуваш? Девојчето додека учеше работеше паралелно (баш поврзано со храна) - непријавено, а парите и ги собирал татко и. Како девојка многу често знаеше да му каже на брат ми ајде носи ме дома треба да напраам ручек мама ќе дојде од работа. И како девојка знаеше и кај нас да спреми палачинки, да направи пица, кафе. Така да дека била мазена и пазена и не знае ништо да работи се твои констатации. Јас баш од сам старт имав претстава дека не и е убаво дома и дека гледа да избега. За влошката не е страшно ако со твоја влошка испереш твои алишта не се гадиш од самата себе. Ама замисли во апартман си, си пуштиш машина вадиш алиштата и сфаќаш дрка си ги испрала со нечија туѓа влошка. Ако ова не ти е гадно ти симнувам капа. И не знам зашто уште се докажувам на темава коа пак ќе испадне дека драматизирам.
Многу се карате за две детишта што појма немаат дека СОЗДАЛЕ дете. Какви свекори и свекрви. Кај дадено сето на изволте, кај не знаат ни на тоа да се снајдат. Раката на врата и нека се снаоѓаат. Емоции исклучени, посекако она има пари заштедено и мажот работи. Зашто секое допуштање на разлигавени само нарушува мир на други во куќа. Уште да треба и @Candice.S да се откаже од своето, само за да им удоволи. Бесни, лигави, невоспитани млади..детишта.
Не ја знам лично, само упорно не сакаш да ми одговориш дали е целта да те тапшаме по рамо колку е никаква снаа ти, или стварно побара совет? И да, гадно е, но не до таа мера да ја викнам мајка ми да ја тргне, ама не се споредувај со мене. Јас ќе разговарам со таа или тој, да повнимава малку, другите нема ни да дознаат, за да не се почувствува понижено. Пак ќе ти повторам, ако целта ти е да оговарам 18 годишно зелено дете, нема да го правам тоа. Ти си позрела и паметно си поставуваш прашања - дали да се тргнеш, на тоа одговорот е - ДА. Сите треба да се тргнете, т.е. брат ти и снаа ти треба да си заминат, ама и сама знаеш дека тоа нема да се случи. Опциите ти се да трпиш, да се повлечеш на другиот кат каде што имаш нели услови или да си фатиш патот сосема на друго место, зависи колку личниот раат ти е важен. Останативе работи, кој што прави, кој кому пари бара, кој купува пелени, колку време го дои, итн. не се работи кои се твој проблем, ама пошто живеете на куп стануваат и твои. Така што, да, тргни се и не им се мешај, ако мајка ти чисти по нив, нека чисти, самата баш сакала снаа, нели. Ако не и' се чисти, знае да им ја покаже вратата па нека живеат со црви ако им чини така. Ама додека не го направи тоа, тргни се, најпрво за свое добро. Не да се откаже од своето, имот како наследство не треба да се откаже, од целава приказна се 4 деца, сите треба да добијат. Дали ќе си го сочува сопственото ментално здравје, не зависи од снаата, реално. Родителите треба да пресечат, ама ете не пресекуваат. Епа нека седи и она долу ете за инает да биде подраматично. Ако дошла да се испразни, требаше така да напише, да не даваме ич совети. Ама побара совет па се прелажавме, ајде ќе ја оговараме снашката каква е никаква дојдена.
Инаку кога веќе пишувате многу очекувања имаме. Потврдувам дека треба да се очекуваат работи од една мајка. Улога што си ја избрала, заедно со маж и. Никој не ја терал да роди. Од 18 годишна се очекува да има веќе и план за иднината. Не е толку мала, како што се пишува. Впрочем ние одлучуваме на каков факултет ќе се запишеме, што ќе работиме, дали паралелно ќе работиме. Тоа не се мали одлуки. А треба да ги носиме. Во најмала рака, барем да се грижи за бебето. Мене ми е несфатливо, да имаш мало бебе, да си викаш другарки, да седиш касно со нив и утре сабајле да очекуваш свекрвата да се грижи за бебето. Што би се прашала и ќе прашам. Ако бебето е на доење и станува за да јаде, што прави свекрвата со него. Зарем седи гладно за мајката да се наспие бидејќи поважно и било да биде со другарките отколку обврската со бебе. Ако е така, таа девојка не е за жалење. Ама ич.
Мене ова ми падна во око. Не ја тепал и удрел еднаш шамар. Тој што удрил еднаш, сигурно ќе удри пак! Машко штом еднаш крене рака, засекогаш го убива машкото во себе. Снаава е незрела и неодговорна, а братов незрел и сељачиште. Страшна комбинација за брак. Пак ќе кажам , тешко бебето....
Јес да има многу замешани во браков, ама овие двајца јас не би ги оставила сами да живеат на спратот, уште помалку под кирија. Ќе го убијат детето, ни криво ни должно. Буквално го мислам ова, од негрижа ќе го убијат. Штета што немаме функционално општество, во нормална земја детето ќе им биде веднаш одземено. Како мајка, јас би се срамела син ми да е ваков, ќерка ми исто...двајцата се за никаде, невоспитани, разгалени дечишта неспособни да преземат одговорност за своите постапки. Погрешни одлуки носат, импулсивно реагираат, и не решаваат ништо, само се инаетат. И бркањето од дома, одењето под кирија или во свое живеалиште нема да ги смени воопшто, пак ќе си тераат по свое, и семејството ќе си го уништат. Родителите од двете страни се виновните, ама и тие нема да најдат начин како да се реши ова додека децата самите не се освестат, што не верувам дека некогаш ќе се случи. Ќе си кубат коси за некоја година кога ќе бидне голема белја, ама назад нема.
Бркањето од дома е барем дома да не им пречат. Пошто никој нема раат од нив. А тој што решил да се жени и да ствара фамилија, тој треба да мисли на дом, не другите. Мислам некој дома неред да ти прави и да паламуди зошто си му купил вакво кафе а не онакво, а ни денар не дал, ќе ти пукне филм дефинитивно. Или другиов што игра игрици. И мене ми е највише за бебево жал, башка мајка што ќе рече "јас го родив, јас и ќе го убијам" не е добра мајка, како да ви кажам. А себеси во нов дом слободно нека се уништуваат. За бебето после ако стварно го запоставуваат, и јас би пријавила.
Он, пие, игра игрици, ја тепа, не знае емотивно да закрепне од бивша, не знае да го извади на време или да купи кондом. Она, недорасната, разгалена, себична, недомаќинка. Двајцата ужасни родители од лоши родители. Оти се погоре се учи од родителите. Резултат, тешко на бебето, казнето од раѓање. Тетката ќе вика леле леле, ама ќе си се омажи ќе си гледа свои деца. Чичкото ќе си донесе жена, ама ќе биде возрасна и стабилна, па ќе си ги гледа своите деца и ќе им вика, само да не станете како братучедчево. Старите кај да е ќе се откажат од чување, оти имаат 4 деца кои ќе си бараат исто како братот, време и пари, па овие ќе речат, не можеме веќе. На крај, братов кај ја тепа жена му, кај пие, кај не станува ноќе за бебето, ќе си фати ебачица и ќе се разведат. Тешко на детето, сите ќе си најдат крајот, оно за никаде.
Епа, некои се учени детално да ги проверуваат алиштата пред перење. Некои и од гледање како прават другите се имаат научено што каде се фрла. Основни хигиенски навики се учат од мали нозе. Особено е драматично за нешто што се става меѓу нозете и што треба да се фрли. А, немаме сите време по 2 (или повеќе пати) да переме рачно или да пуштиме машина. Постојат и други обврски.
Еве не знам, јас немам гледано, учам од грешки И алишта офарбав, и ми се испокинаа работи на пресилна центрифуга, и смалив, и раширив... нема на тоа да си го арчам здравјето Сега точно знам да проверувам за хартивчиња за нос, откако мислев дека засекогаш на црните алишта ќе стојат тоа брбушките бели...
Па ја заборавила, не ја оставила намерно. Ко да вие никогаш во животот ништо не сте заборавиле, аман колку сте драматични. Мислам за свои ненамерни грешки сигурно не сте толку критички настроени. Уствари проблемот е што на толку луѓе една машина има. Кутрата не стига одмор да земе.