Да ти кажам право, се спремав да те негирам за овој првиот дел, ама примерите што си ги дала ми се сто посто неприфатливо однесување и скроз се сложувам дека не се ок, освен во случај да некој стварно нема пари да ми купи, па ми донел стоена бањарка. Она што сакав да го напишам "контра" е дека јас лично некогаш кога во животот ми се дешаваат мал милион важни (и тешки) работи, не можам баш да се занимавам со избор на поклон, па ми е полесно да дадам пари, или ваучер. Исто, за некои луѓе ми е полесно да изберам поклон, за некои потешко. И плус, не сум тип што ужива во тој процес, повеќе сум практична, не сум деталист, и пр на такви луѓе (како маж ми, пр) тешко ми е да им погодам поклон. Затоа, ја бирам претходната варијанта, или просто прашувам дали тие нешто си имаат замислено што сакаат или што им фали. За кумашинците, заедно излеговме пр, да си одбере што сака за крштевката на детето и готово.
Се согласувам со тебе за примерите кои ги наброја. Погоре и одговоривме на членка чија золва купила (не однела стоена и стара) блуза, но ете на членката не и се допаднал изборот. Различни ситуации се, навистина сметам дека не секогаш купувајќи можеме да погодиме на сите.
Потполно се согласуам, колку се потрудил околку подарокот ,толку кажува колку ве цени. Не може со години ,да си снаа и да не ти погоди еден поклон.Колку пати само работи што и ги дале ,па ќе ми ги даде,а ниту величината одговара ,ама ај да си го усчистам ѓубрето дома. Нема да заборавам кога една година ми донесе една марама што и ја дале и стоела дома ,не и се бендисала бојата па ми ја донесе.Ама детето ја издаде. Ете колку можеш пред дете да сокриеш.Кога и рече: Мамо мамо, тоа нели е марамата од тетка Ленче? Во земја пропадна ,па отпосле кажа дека да не и стои и онака не носи. Кажав ниту ми е дојдено до нејзиниот подарок гестот е битен.
Мала е линијата помеѓу подарување на стоен поклон и подарување нешто колку ради реда што би се рекло. Ако јас се потрудам околу некоја личност, барем малку да го земам во предвид нејзиниот вкус, стил и сл. сигурно нема толку да утнам. Па плус ако се работи за член од фамилијата како снаа, што сигурно досега сум имала прилика барем малку поодблиску да ја запознаам. Ако некој се труди да ми подари нешто со смисла во мој стил и по мој вкус, сосема безобразно би било јас да купам некоја марама од пазар чисто колку да кажам дека сум се одолжила.
Блуза која не е ни за носење дома (како што напиша членката погоре), лично за мене би била секоја блуза која на неа има принт со ликови, пораки и сл., никогаш ама никогаш не сум ги носела. А дали сум ги добивала на поклон - да. Дали се луѓето што ми ги подариле безоразни? Не се. Зошто сметам дека не се? Затоа што и да сум рекла некогаш не ги сакам тие блузи (еве стварно "пазарски" ги доживувам), некој во моментот можеби не чул, му бил одлетан паметот, имал поголем проблем од тоа да запази што мене ми е убаво или не., кој стил на блузи го преферирам. Парфемот за кој пишав погоре, жени јас се угушив од мирисот. Жената зела порачала од Чоган, сакала да ми направи чест., е сега нејзе и се допаднал, ама дали се осеќам навредена што фамилијарен член не се потрудил да ми угоди во тоа дали на мојот нос ќе му се бендиса нотата на мошуси и цитруси? Не се осеќам навредена. Сметам дека ни таа не треба да биде навредена дека не го прскам парфемот. Во односот снаа-золва за роденден добив комплет пантолони и маица 100% полиестер. Не носам, се потам. На изглед беа многу убави, ама сега да речам срам да и е на женава ова јас не го носам ни за дома, го зела ради-реда, не се потрудила, не знам... Со тек на времево имам усвоено некое мислење дека не може се' да се врти околу мене, околу тоа мене да ми угодуваат, мене да ми знаат вкус, стил... Многу луѓе и самите за себе се недефинирани, не се познаваат, немаат стил, па ќе ми знаат мене, тебе... Убавината (на нешто) е облик перципиран од страна на два пара очи. Понекогаш ќе им биде убав и на двата, ама ако не е, не треба да биде причина за лутина. Ќе бидам искрена дека сум мислела и јас вака, ама колку повеќе ги запознавам луѓето а и себе си, бирам да не си отежнувам. И да ги пуштам работите.
Поклон од секогаш сум сакала да дадам и да добијам нешто што е корисно што ќе можам да го носам или носи. А точно е тоа т.е се согласувам со челнката дрка некои носат подароци ради реда не дека немат пари за да купат едноставно носат безвеза работи за да понижат . Ако немам време да купам дај пари или ваучер па сам ќе си избере некој што му одговара ,а има и такви што немаат вкус за подароци и за нив инза другите тие не ги осудувам . Или не можеш нешто да носиш пред 100 год ама и тие не ги осудувам мош па не се некок современи или современи ама скржави што знам ........
Да ама исто така има случаеви кога пример некој ќе земе најобична сосема нормална маичка/марама (додади што сакаш) за поклон и другава страна ќе коментира како и е замен ради реда, како нема вкус, како сака да ја понижи а нема ништо тоа вистина. Тоа е многу често. И во темава не беше искоментирано за некоја рандом личност на свадба што донела бомборњера со поминат рок туку за золвата што според снаата сакала да ја понижи а може ич нема врска тоа. Може е и така ама тоа не можеме да го знаеме и многу пати нема врска. Заради тоа јас не давам подароци на било кој, на една рака се бројат луѓето што ги знам толку добро (фамилија) што знам што им се допаѓа а што не. И тогаш може да не сум баш сигурна и во тој случај купувам ваучер.
И те како имам нетрапение спрема некоја што кога ќе дојде со дете,мува не ја лази што и прави детето.Дали ронело чипс или си ги брише рацете од флекерите со чоколадо,неја не ја интересира.Ама тоа е друга тема.Прболемот беше околу подарокот.
Не,проблемот не е подарокот Подарокот е капак на друго нетрпение Јас такви гости шо мува не ги лазе коа децата ми уништуват мебел и покуќнина или прекинувам контакт скроз или ако е блиска фамилија сведувам контакт на мин или се гледаме надбор од дома
Јас решение за проблеми со подароци најдов следно - ВАУЧЕРИ. Мене рееетко кој може да ми погоди подарок, ни родената мајка, не па некој друг - па оттаму гледам дека ни мојот вкус не секому ќе се допадне. Ваучериве се супер работа
Ако некој сака да ти замери т.е има нетрпение кон тебе, ќе најде начин. Па така, ако му подариш ваучер, може да се навреди оти не си посветил внимание за да одбереш соодветен подарок
Здраво. Имам пишувано некаде низ темите за мојата семејна ситуација. Имам малку постар брат и снаа, во брак се скоро 1 година од неодамна снаата е трудна. Живееме во заедница на исти спрат, тие си држат соба. Снаата не е многу заангажирана за домашните обврски, таа е едно дете, дома не работела ништо. Нема врска, поголемиот терет секако е на мене и на мајка ми. Од скоро почнаа да придонесуваат финансиски, зошто предходно не даваа ништо. Јас сум разведена, пред 2 години се разведов и во тој период вдомив од улица мало женско кученче. Кучето е мал раст, стерелизирана е, вакцинирана, редовно прочистувана од паразити и морам да кажам сите обврски околу кучето а и трошоци си ги сносам јас. Не барам, ни очекувам од никој ништо јас и купувам храна и ја шетам 2 пати дневно. Кученцето го чуваме внатре, навистина е мирно, не прави проблеми, не врши нужда внатре, си спие со мене, не влегува во собата на брат ми и снаа ми. Моите родители на почетокот не беа воодушевени но со тек на време го прифатија кученцето. Снаа ми од старт се огради дека не сака животни и тоа е океј, не се лутам но порано не е ниту пречеше кучето. Брат ми беше онака, не се ниту замараше со неа, но се имаше случено да и купи понекогаш 1 кг храна. Откако снаата остана трудна исто се беше океј, но пред некои 10 дена дојде кај нас на гости нејзина прва братучедка со која се претерано блиски како сестри заедно израснале и сваќата (мајката од снаата). Се беше океј се додека братучедка и не го забележа кученцето во ходник и не почна нејзе да и збори дека живитни не се за внатре, кучето било штетно за бремена жена, за мали бебиња, ќе го напаѓало бебето, не знам што. Искрено едвај се воздржав, културно ја замолив да престане, таа ме изигнорира, ми се наполнија очите солзи и ја напуштив собата за да не се карам. Но ситуаицјата дојде толку далеку што по пат којзнае што и зборела на сваќата, па и пред сватот за по 2 дена сватот да му се јави на брат ми со муабетот кучето да го немало од тука или тој ќе го решел, зошто ќерка му била бремена. Искрено не ми се верува што слушнав и што пишувам зошто ги мислев нејзините за високо образовани и интелектуалци и не ми се верува дека дозволија братучедка и толкаво влијание да има врз нив, којзнае што и има зборувано. Од тој момент брат ми се скара со мене, да сум го дала кучето некаде, да не го гледале дома и снаата да постави ултиматум ако кучето не се тргне дека таа ќе си оди. Неколку пати доаѓавме во дуел да се караме при што брат ми ме нападна вербално, бев во ситуација да му изкажам сешто и сега никој со никој не збориме. Моите родители при првата кавга наводно беа на моја страна, но и тие се превртливи, да сум го однела некаде кучето. Јас кучето немам намера да го дадам и да можеби бизарно, но кучето ми е поважно од снаата дебил што си мисли8 дека е центар света зошто била трудна. Истата таа снаа не дава ни 5 денари дома, никогаш не измила садови, не вклучила перална, ако не им се свиѓа ручекот си јадат пица и сендвич. Ние не сме битни, скапо им било да купуваат за сите 6 души. Имам пишувано и порано, советите без излези си под кирија. Зошто јас да излезам кога ја сум во своја куќа, куќа од родителите, тука си имам соба. Брат ми е тој што создава фамилија и треба да си мисли на иднината. Тие не се замараат, добро им е во таа една соба и мислат дека треба се да е по нивно.
Да не си го дала кучето заради нејзините глупости, ако не и одговара слободно можат да си најдат стан о да си одат, штом се такви себични и ништо не помагаат, се тоа кажете им со твоите, чисто да си знаат дека не е во ред вие да сте будалите, а тие паметни да се прават. Ако нема друга опција и решение, оди си ти под кирија и заштеди си го времето од будали. Нема ни да им отидам да ги видам после тоа, ако се отселам.
@m.m12345 многу драма за ништо, додуша и да не е ова нешто друго ќе произлезе кога-тогаш. Зашто велиш дека и твоите се превртливи, размисли како би било да се иселиш. Гледај си за тебе, прави си онака како што тебе ти чини.
Ау супер бе, шо се нервираш Речи ѝ еве ти иди си слободно. Problem solved. Мајке ми, стварно без срам луѓево ау.
Не сум нешто многу ни јас по кучињата, ама па ова е претерување. Не бива со него ќе јаде од иста чинија. За бебето, нека дојде на свет, па ќе го пазат, ваљда нема од 1 ден само со кучето да го остават. Не дека треба ти да се притеснуваш, стварно си со дома, ама имаш ли можност во твојата соба да седи повеќе? Друга варијанта е -човек може да си помисли дека овие со кучето и тебе сакаат да те избркаат. Чувај си го и игнорирај ги- можеби ќе им текне малку дека им треба и на нив свој простор - ако имаат можност да си седат посебно, како што впрочем и би требало. Не само кучето, утре сите ќе им сметате (што е нормално, младо семејство со бебе треба да си има свој простор)
Neka si odi brat ti so zena mu ako im preci shto i da e Ti da si sedish i kuceto isto. Ova mi e tipicen balkanski mentalitet deka samo brat ti treba da sedi tamu, a sestrata magla. I deka treba negoviot zbor da e posleden. Moree
Глупости. Ако се води сметка, кучето нема да биде проблем за бебето. Јас од раѓање сум опкружена со мачиња и кучиња, па ништо ми се нема случено ради нив. Ќе внимаваш како кучето се однесува околу бебето и ако е потребно ќе се консултираш со ветеринар и дресер. А, снаата и нејзината фамилија изгледа се луѓе кои мразат животни инаку не би зборувале вака. Ти си во куќата на твоите родители. Снаа ти нема право да те брка ни тебе, ни кучето. Ако она/брат ти/твоите родители/нејзиното семејство ти се заканат пак, закани се и ти. Кажи дека ќе поднесеш кривична пријава и тужба доколку некој се обиде да го одведе или убие животното (и стварно да го направиш ова доколку се случи нешто, не дај Боже). И брат ти и снаа ти ако не можат да се помират со ова, тогаш нека ја напуштат куќата наместо да изигруваат газди кај што не се.
Нека си одат они двајца, они создаваат семејство и они треба да обезбедат здрава околина за детето. Ако не се способни нека трпат и нека се плашат од болести кои може да ги добие бебето. Кучето е твое, ти за него се грижиш, и треба да му обезбедиш место за живеење и си го направила тоа. Кога ќе имаш бебе ќе одлучуваш за него ти. Опасноста е реална, и јас не би дала туѓо куче до моето бебе, има десетици операции на детска клиника годишно ради паразит од куче кои одат кај децата и прават цисти во џигер, вели дробови и мозок. Да е нејзино куче ќе знае колку е чисто, а ова е туѓо и ја разбирам дека се плаши. Ама она се натртила да прави дете кај што нема условиѓќ.