10тици како 10 или 10.000? За колку операции збориме? Вакво нешто знаеш дека на детска клиника не се прави така? Таква бројка на мозочни операции во скопје не постои... за тумори да, за паразити не. По слуучајност со тиа бројки работам, не знам од кои бази ги вадите податоциве. Така да се оперирало и да беше штетно немаше куче/маче да шета по светов
Јас само ке речам не го давај кучето.Ако на брат ти и снаата им смета нека си најдат друго место за живеење.
@m.m12345 Според мене, Јас би ти рекла дека животот е прекраток да се полниш со негативна енергија и да очекуваш соживот или разбирачка со нелуѓе. Никој не излегол на крај со раја. Ако немаш финансиска можност веднаш да се преселиш, би ти рекла секако да започнеш ова да го планираш и да се тргнеш од таму, па и да ја сведеш комуникацијата на минимум, ако не и нула. И за твоето здравје и здравјето на кученцето На каква емпатија утре ќе го учат тие детето, за кое патем ни услови не се потрудиле да создадат - речи су сувишне
@m.m12345 Мислам дека изреагирале преостро али пробувам да се ставам на место на снаата, сигурно е загрижена и се плаши дека може на бебето нешто да му се случи.. Каква раса е? Можеш со убаво да им објасниш дека не е опасно ако стварно не е..пошто имало инциденти со кучиња и бебиња.
Шознам, да збора онака за мој миленик некој - нека замини. Ако роднини се причина за нешто да се деси на мои миленици - апсолутно сум спремна да скратам контакт одма. И то ова за некој со кој сум во крвно сродство. Не па ако не сум. Се замервам ако некој се осмели да зборни зошто мачорот е дома, а не па да си дозволи да збора како шо збора татко ѝ нејзин. Дали можам да замислам како е на снаата? Можам. Ама неќам. Ако сакаше решение немаше да клава ултиматум и да збора како шо збора, и да дозволва да се однесуват нејзини роднини така. Има можност за компромис, како ограничување на просторот на детето и на просторот на кучето. Ама, после ултиматум (за мене) нема простор за компромис. На твое место @m.m12345 јас би заминала. Знам дека го неќиш то ама имај на ум ако го неќат кучето - кучето е то кое е во опасност.
Абе да, новороденче и милениче не би требало да се мешаат од проста причина што немаме ист имунитет со животни, исто ко што не јадеме иста храна. За здрави возрасни е друго. Али аман од луѓе што се котат кај стигнат и после други да се прилагодуваат на нив. Они не се потрудиле за себе да си создадат услови као прво. Претходно кога пишала членката, вика дека сватовите притискале за свадба, ама боже сачувај да им помогнеле за живеалиште, ако више имале пари. А не па за детето да им е гајле. И немојте пак муабетите. Не ЗнАеШ шТо Ќе тЕ СнаАјДе. Па што год да ме снајде, и да ми помогне некој, барем нема да му изигравам дома ко на татко ми да е.
Во куќата никој повеќе не припаѓа. И сестрата и братот. На еден спрат сите на куп е темпирана бомба. Кучето е најмал проблем. Но, што со бебето кога ќе порасне и ќе му треба своја соба. Кој тогаш ќе си оди? И како ќе живеете, дали имате некаков план. Инаку, што совет да ти дадам. Дека треба да се откажеш од кучето, не. Дека снаата е во право, е. Практично тука е одговорот. Нејасни граници и очекувања од старт. Мислам дека допрва ќе си имаш проблеми таму.
Пак бутајте се 100 фамилии во 3 соби. И после имало проблеми, епа ќе има. Не е ова за членката, туку општо. Да си знаат шо ги чека тие шо допрва треба да се мажат.
Тој што создава фамилија, тој треба да си оди, то ест да обезбеди, живеалиште, не другите околу него. ФМП
Ако мене ми смета кучето од сестрата на мажот ми ,тогаш фер и нормално размислување би одело вака: Еј знаеш што, ми смета кучето од сестра ти, ама реално ова е и нејзин дом, и нејзино право,не може да и наредиме да го даде. Најдобро е јас и ти да си бараме друго живеалиште. Толку. И како влегуваат во брак, така неспремни, станбено необезбедени, ако веќе си се согласила на таков живот во заедница, тогаш мораш да се навикнеш на сите карактери од заедницата.
Ама сега дај бидете поозбилни. Точно е дека требаат и двајцава да си одат, но таа е разведена, ако замине се сама плаќа. Тие се фамилија, две плати и полесно е да издвојат за кирија или станбен на крај. Плус кој се буни прв, исто така треба да си замине прв, башка што кога правеле дете требале и да мислат за услови за живот.
Јас би рекла дека кучето е пред снаата дури во куќата. Временски. Не е ко да гласала против (на шо има право во заедница), па сестрата да донесе сепак. Туку свесна била за постоењето и го прифаќа и иди. Не можиш да очекуваш дека еве сега после година-две-поќе некој ќе се ослободи од живо битие, па уште ултиматум. Јас да бев во та ситуација брзопотезно заминвав. Ама па и кратев контакт скоро па на минимум. Јебига. Сум многу протективна за луѓе и животни шо ги сакам. И напад кон нив го доживувам на начин на кој нема назад.
Зборот десетици не е 10 000. Фино што работиш со бројки за да го знаеш тоа. Јави се на детска клиника и прашај, лани јас само знам за брат и сестра оперирани од паразити од куче, кое го чувале дома. Двајцата на црн дроб. Кучето вакцинирано ама ете... Ретко одат на мозок, јас познавам само со црн дроб. Јас не сакам у соба куче кај бебе. Ама јас кога сакав бебе ме живеев патријархално со цела фамилија, туку само со прваачот на детето, за се да биде по мое