Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    A be devojce :) ...site dodeka sme bile pomali sme bile bliski so svoite bratucedi/bratucetki,bez razlika dal sme bile poveke deca ili edinci na majka i tatko :) ..megutoa kako shto ide zivotot ..se oformuvaat familii,pa menuvanje na mesto na sredina i zivotni naviki i itn...taka da so tekot na zivotot ke vidish dali sekogas isto ostanuvaat rabotite ;) ...daj boze.....ama gledam deka si pishala seushte ne si mazena taka ;) ....ke vidish ponatamu vo zivotot shto znaci snaa od bratuced,a shto snaa od brat....

    Joelle :) ,dali imash probano vo zivotot da ziveesh pod kirija?
    Koga bi ziveela togash ke vidish dali nekoj po koj si se zrtvuvala(aj taka da go narecam)ili poprosto receno dushata si ja davala,mislish deka eden den ke te prashaat dali imash kirija da platish?ili da te prasha kako ke uspeesh vo isto vreme em kirija da platish em zashteda dali trgash na strana za podobri denovi za neshto svoe da si kupish? Ne be dusho :) ,se se zaborava..na zal :devil: ....retki se tie shto dobroto so dobro go vrakaat :fubar:
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.278
    Допаѓања:
    113.727
    Пол:
    Женски
    фала за комплиментот дека сум девојче. 34 години да имаш и да ти рече некој девојче :clap: Ми го разубави денот!
     
  3. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    хм... да размислам епа вака од дома излегов на 18 години а сега сум 25. 3 години студирав и сама плаќав ќирија и од кога завршив веќе 3,5 години со мм живееме под ќирија така да она што го кажав не е од незнаење. и да се успева, плаќам кирија, сметки , кола и ставам пари на страна и си го живеам животот нормално. имало моменти кога сме немале пари и газдата не чекал неколку месеци без проблем бидејќи со години жвееме таму и сме редовни . и верувај ми дека и ние планираме наскоро да купиме стан што парите од свадба што нашиве ќе присобереме и ќе купиме во наредната година. јас не се врзувам за материјалното мене не ми е толку битно да најбрзо можно купам стан по секоја цена. не, не по секоја цена становите се купуваат и продаваат а младоста и среќата никогаш не се враќа. јас не реков дека тоа што го правела она е лошо секој си го живее животот како што го сфатил на свој начин...
     
    На Filiposka и Moira им се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.089
    Пол:
    Женски
    Абе и ние сме биле под кирија и не е дека не е голема жртва. Особено со една средно-мала плата, мака имаме мачено. Но, сето тоа е зад нас (фала му на Бога). Ако ништо друго, барем никој не може да се удира в гради и да вика „ние го направивме тоа за вас“ и да ми го спомнува (нешто најмногу што мрзам).

    Среќна сум и исполнета што сме се избориле сами. Нормално, тоа немаше да биде можно, немаше да опстанеме еден на друг да не си бевме на прво место. И да, Гласна, се' се заборава, скоро никој на доброто не ти враќа со добро, ама затоа многу го почитувам законот според кој после развод имотот стекнат во брак се дели на пола. И да не вложила денар парично, вложила со грижа. Што ќе било со тој имот да не го одржувала таа? Ќе скапел (се извинувам избегав малце од темата)

    Значи нема ништо лошо во тоа, нека го чести, шета, нека му купува на внучето, се' додека таа не почне да се чувствува запоставено. Затоа што тоа е веќе претеризам. Ко шо пишав погоре, мора да оди во средина која не и' е пријатна само за да помине доволно време со него. Па греота е девојче на 20 години да биде осудено на таков затвор.
     
  5. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Добро, не секој може да плаќа ќирија, да штеди за стан и да троши отприлика колку што сака...
    Јас лично пример ако треба да бирам дали 10 години ќе си трошам плата за што сакам, да им угодувам на внуци и остала фамилија изигравајќи супер тетка и сл. и за сметка на тоа да живеам во заедница или да штедам за подобра иднина за мене и моето семејство, тогаш без двоумење ќе го одберам второто...
    Али секој со своето...
     
    На lolyta777 и tessie им се допаѓа ова.
  6. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Хахаха срцка, немој да се запрепастуваш. Ич не го жали господинот, он повеќе од мене сака и се радува на среденото станбено прашање (имено неговите стално му триеа од нос дека они створиле се, он ништо, дека не го бива, дека на готово ќе добиел) Замисли пред мене еднаш татко му му рече јас на триесет години имав направено цела куќа и создадено семејство, а ти ништо не си направил. Абе што да ти кажам во земја пропадна дечко ми. Целиот план на штедење беше испланиран од него (повеќе се разбира во банки и камати од мене, што да правам )
    Ние сме терет на родителите во право си, ама не сме многу стари па да речеш, сега имаме 32 години. Познавам луѓе што цел живот се терет на родителите.
    А за кирија на стануваше збор ни под разно. Една месечна кирија би било рата за стан да исплаќаш.
    Знам дека е тешко и радикално, ама мораше вака офанзивно и еве сега готово се средивме.
    Е сега сите сме различни можеби за тебе се само 4 ѕида, за мене не е така. Јас го сфаќам како плод на нашиот сопствен труд, нешто што сме го создале и заработиле, и сме затвориле едно многу важно прашање за следните најмалку 30 години (станче од осумдесетина квадрати сосема доволно и за нас и уште некое детенце здравје). Сметам дека сам свој газда е најубаво и секој треба да се потруди во животов да створи нешто.
    Е сега внуците па да, ти признавам во право си тоа за поклоните и купувањата, ама па жртви мораше да има А искрено во почетокот правев лице, купував те за роденден, за нова година те за една сестра, те за друга, па внуче се роди ова она, а нешто не се сеќавам да ми возвратиле за било каков повод, така ли, сменивме политика. Работава секој за себе си гледа.
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.089
    Пол:
    Женски
    И јас исто...а претпоставувам и девојкиве кои го имаат проблемов. Затоа треба да се избере човек со кого ќе имате ист став за овие работи. Тоа е многу важно, дури и да имате имот и да немате потреба да штедите. Некогаш ќе ви користи тоа совпаѓање. И баба ми и дедо ми имале стан, па по земјотресот го снемале, заедно со сите вредни работи. Едниов да мислел да угодува на внучиња и на сестри/браќа пред да реши станбено прашање за новото семејство кое го оформил, сигурно немало повторно да створат имот и ќе си плаќале кирии цел живот, aма битно, нели, ќе бил добар брат...како да не...се' си има своја граница.
     
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    ептен офф топик ама морам :
    сето тое е во ред но не сваќам зошто велите угодување на внуци и остала фамилија ... зар вас не ви е мило ? јас со ништо не би го заменила погледот и возбудата на моите внуци на подароците за роденден и нова година.. тоа е се , тоа е мое задоволство и моја лична среќа.
     
    На Orthophill и nena2010 им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.278
    Допаѓања:
    113.727
    Пол:
    Женски
    За болдираното. Искрено многу ми е жал кога ќе слушнам за вакви работи, правење лице. Зар на внуче од брат/ сестра се прави лице? Мене и да не ми се ни јават за роденден ( што не е случај зашто сум секогаш испошитувана и од братучед ми а и од снаа ми), нема да го ускратам внучето од поклон за роденден, или Нова година. Јас тоа го правам затоа што го сакам, зашто ми е мило, а не за правење лице. Ако сакаат мене со нула нека ме множат јас пак ќе си го почастам внучето како што сакам. И тоа сигурно нема да ми одземе пари колку за еден стан. Жално е што во некои фамилии има такви работи. Правење лице на најблиски.
     
    На Orthophill, Filiposka и joelle им се допаѓа ова.
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Не зборам јас за поклон за роденден и Нова година, тука беа спомнати некои работи како ставање парно и сл. ствари, а искрено очекувам внуците да ми се радуваат макар и на чоколатце од 20 ден...Треба ли редовно да купувам и трошам пари за да го видам радосниот поглед на моите внуци, браќа, сестри?
     
    На lolyta777 и tessie им се допаѓа ова.
  11. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    А не знам зошто се дадоа само 2 опции:

    - Или ќе инвестираш во својата иднина (10 години стега и живеење со твоите)
    - Или 10 години расипнички живот, во кој спаѓаат и скапите поклони за воодушевување на внуците/братучедите/којдае

    Јасно е дека има нешто и измеѓу нели. 10 години би плаќала рата за кредит, ако не кирија, ама би ЖИВЕЕЛА, не со стегање, не со карање за малце потрошени екстра пари и не со живеење на грбот на моите. И ова не го кажувам од памет, истото го имам поминато како joelle, борба е целиот живот, јасно ни е тоа на сите, ама екстремности од овој вид.....
    Тоа што татко му му рекол дека до 30 години ништо не направил, можно е да бил испровоциран од 10 годишното цицање пари од дома м? Или можеби не, кој знае.
    Јас не си дозволив такво нешто, и види, не само што не живееме под кирија, туку си купивме и екстра имот (со кредит нормално) и пак живееме, кога повеќе, кога помалце.

    Секој за себе си одлучува, јас го живеам мојот живот, секој својот, ама не одете бе луѓе во екстремности - демек сите што штедеа 10 години се домаќини оти не ги фрлале за „глупости“ парите, а другите се расипикуќи и живеат во надеж дека внуците ќе ги сакаат повеќе после секој подаден скап подарок.
    Ноу ноу ноу
     
    На eli25, bittersweet, joelle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.089
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно. Maјка ми го караше вујко ми кога почна да ми дава пари за празници. Му викала, „малку треба да се израдува едно дете, ти си имаш и свое семејство, врати си ги парите назад.“ И јас исто би постапила доколку увидам дека брат ми така се однесува (шо е еднакво на шансите за 15 минути да биде крај на свет али ајде :lol: )

    Значи да има услови, маж и' да зема 3000е плата и да бара од брат (кој уште си го нема средено сопствениот живот) да му става парно на детето, зборува многу кој себичен створ е во прашање и каква сестра е во прашање како прво, а за золва не треба ни да дискутираме. Што е следно? За 15 години да не му побара пари за студии на ќерката на приватен пошо е срамота со татко со плата со 3000е да ја пуштат на државен? И на која жена нема да и' биде криво...

    По 2560 пат повторувам, ама пак ќе повторам во случај да се приклучи некој нов на темата. Не праиме (бар не јас и МСкорпионка) муабет за ситни поклони и изразување нежност, туку за претеризам и за нагласено покажување дека тоа семејство му е поважно од она кое допрва треба да го оформи кое (кога ќе се подразмислам поубаво) не му ни треба. Си има тој семејство, како што гледам, секој поединец плус би му бил вишок во животот.

    Јас не би толерирала различен третман. Ако се стискаш за мене, ќе се стискаш и за други.
     
    На lolyta777, MSkorpionka и Filiposka им се допаѓа ова.
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^^
    Тие две опции ги даде ирена во својот пост каде кажа дека на тој начин успеале да заштедат за стан, веројатно да имала можност и да штеди и да троши (и за нив двајца си крателе многу работи) поинаку ќе напишеше, па оттаму и мојот пост -да треба да бирам, што би одбрала...И кажав во првиот мој пост дека не секој треба да бира помеѓу 2 екстремни ситуации, ете испаднало добро за тебе и joelle, но дека има ситуации каде што се мора-има, и за нив е напишаното...
     
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.278
    Допаѓања:
    113.727
    Пол:
    Женски
    Tesseie потполно си во право, но тука има едно големо НО. Не е работата дали е она девојка или некоја друга, тие така си функционираат. И ако му даде ултиматум они или јас што мислиш кој ќе избере? Има фамилии каде што од мали се задоени браќата дека треба да ги помагаат сестрите. Верувај сум сретнала такви ситуации. Затоа на девојчево со проблемот јас би и советувала да не се залетува, мислам дека имаше 20 години, и да си размисли дали сака во тква фамилија да биде или не. Со сила ништо нема да смени. Ниту него ќе го смени. Штом он парно се нафатил да им става, да зема кредити за нив, да дозволува да го цицаат финансиски тука има нешто кое ни ние а богами ни девојкава не го знае.
     
    На BonnieTop и tessie им се допаѓа ова.
  15. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    јас само на кратко да кажам дека не ги расипувам внуците со скапи поклони и дека ne кпувам често во џамbо има авиончиња за 60 и 80 денари. ми падна во очи она што ирена го напиша

    ''Внучиња, сестри се тоа е супер,ама како они што си создале дом треба и ние, си имаат баба и дедо нека им купуваат, он не смее и готово" он не смее и готово тој дел ми влезе во очи па затоа коментирав ...
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.089
    Пол:
    Женски
    ^^

    Затоа и викам...шо ќе му е жена кога има семејство кое го исполнува? За секс да е само, лесна работа, ги има многу шо се воодушевуваат од една скапа пијачка...

    А candise на нејзини 20 години може да има дефинитивно поубав живот. Што побргу се свести и направи нешто околу тоа, подобро за неа.

    @ joelle Тоа и го зборам. Умереноста е клуч за 90% од проблемите у животов...уше повеќе луѓе да го знаеја тоа, супер ќе беше.
     
  17. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Potpolno se soglasuvam so tessie i skorpianka(mislam taka i beshe nikot) ubavo ja objasnija sushtinata vo edna pokompleksna familija...kade shto ima po edna takva crna ovca za strizenje :worried:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. candise20

    candise20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    204
    Исто и јас имам внука од второ колено јас ја сакам купувам и чувам и внукот на дечкоми може да се каже дека го сакам и повеке од сопствената внука нема ден јас да не му купам нешто за него дали играчка чоколодо значи и тоа не ми го ценат јас не викам дека му забранувам или не сакам да го сака внукот и да му купува напртов но замислете тоа да е постојано и на дете од 3 години да му правис соба со просечна плата од 18000 додека неговите родители сетаат низ грција по одмори со плати над 3000 евра?? и тоа нема да ми биде криво негови пари со сака нека прави но јас како девојка сакам да излезам со него да имеме моменти он на мене ми се вади како нема пари !епа граница луге требА..Ви благодарам феминки на советите и самата сум си свесна во каква фамилија сум и знам за исходот..Браво за парот што испеал да заштеди и да се одвои тоа е најпаметното нешто што може еден пар да го направи.
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.089
    Пол:
    Женски
    Ама што те држи во таа куќа бе candise, 20 години имаш бе злато и заслужуваш поубаво да ги поминеш...јас знам дека го сакаш и се' ама штом ти пречи ситуацијава, во брак ќе биде уште потешко. Не е исто, вака ќе се изнервираш, ќе се налутиш и ќе си одиш дома, а кога ќе бидете еден кров...леле мајко, па тогаш ќе се чувствува посигурно дека нема да му заминеш и бетер ќе биде..

    Па тоа ли е живот? Да живееш во сенката на едно дете заради кое од твојата уста вади? Зошто да не бидеш со некој кој ќе те направи да се чувстуваш како принцеза? Да те изведе, прошета...? Зарем не му е мерак? Или померак му е да го цица сестра му? Ако сега не те шета, кога бе душо...на 60години, кога нема да може да трпите многу ладно за да одите на зимување и многу топло за да одите на летување, па бањите и планината ќе ви бидат единствена опција? Е тогаш ич нема да ти биде дојдено до тоа. Живеј! Не си се родила ни за него ни за сестра му...бегај оттаму додека можеш.

    Извини вака малку побурно изреагирав, немам право да ти се мешам, ама сакам да ти кажам дека ќе ти биде многу тешко вака, особено затоа што (како што викаш) вакво понашање не е обичај во твоето семејство. Убаво размисли.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. candise20

    candise20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    204
    Тешко е Тессси ви кажав во повреке наврати и самиот е свесен за тоа дури и премногу не неговата сестра се прави жртва и он као сака да помогне.. но и самиот е свесен дека не им треба помош но го оставаат да не може да одбере( пример му се јавувва земи го внукти од кградинка нема кој таа на работа а маж и коа на работа ( а по кафиња цел ден ) и сеа ние сме се дог да просетаме низ ценаров и дечкоми не може бидјеки немало кој да го земе детето ( кое патем не сака да седи до 5 саат во градинка и мора у 2 да го земеме бидјеки таму му било досадно) а сетсраму ке го земе од кај дечкоми после 8 9 кога ке се вратат од сетање и остануваат со нас...пијат кафе и кај 12 си одат дома ако си одат може и тука да преспијат пак ке кажам не е еден де СКОРО СЕКОЈ ДЕН не претерувам буквално.. ама тоа е знам дека нема да се промени ситуацијава ке биде уште и полоша знам кога јас и дечкоми ке формираме семејство ( зборам за неколку години ) Да ви кажам почнав минативе денови да м зборат за тоа искрено океј го прифати кутеше и мислеше ми рече само не сакам да те изгубам и мене ми е тешко незнам дали ова му беше само фаза или ке остане по старо сепак он треба да разбовара и да постави граница ке почекам да видам како ке биде понатака барем периодов.