Па не мора да се мажат/женат со 25. И не мора одма да има свое. Побитно е да знаат заеднички да заштедат доволно, да се амбициозни или мудро да инвестираат ако им е подарено. Ама од ваков што ќе се тупне дома и ќе команда сестра му што да прави, налет.
Ја сум откај кучето. Шала, ама еве членката убаво појасни, кучето си е со нејзе, не ни влегува во нивна соба, значи дресирано паметно, и сеа она да го крка заради нивни хирови, не. Убаво кажа некој погоре, сигурно собата ѝ ја сакаат, а кучето е само изговор. И сигурно е стопати попаметно од сите таму заедно.
Младоженецот не се тупнал никаде ,дома си е .На оваа сестрата и смета снашка дека ке се шири фамилијата ,дека нели се развела од маж, и се вратила дома.И она изгледа ја сака собата од братот ,па сега партал ќе се прави со братот за куче.Нели двете деца се на свое ?
Реалноста е друга не се функционира во една соба имаат сигурно заедничка кујна и купатило,ходник итн.Не секој сака дома куче,маче.Кога си во заедница се решава заеднички,не може секој да прави што ќе му текне.има право да инсистира да остане кучето ама и тие имаат прво да не го сакаат.
Па кучето било тука уште пред таа да дојде, ако не и се допаѓало, што се нафатила да прави дете во такви услови?
Братот ако е МАЖ ќе се оддели од фамилија и на страна ќе си седи. Не е само сестрата има уште еден брат средношколец. Кој ви дава бе за право да бркате ќерки од сопствена куќа!!! Или со таквите на изволте па деца правите да се тупосате. Еве сама е , единица, што не иде кај мама и тате домазет .. никој нема да и смета и се ќе и виде подредено. Да се селела сестрата, да се селел братот. Мајката...
Не беше конкретно само за снаата.Членката напиша дека од старт ни родителите не се согласувале за кучето.Јас искрено овде не гледам за никој услови ни за бебе ни за куче.овде никој не сака да ја напушти заедницата.Сега е проблем кучето,потоа ќе е ручекот.Па кога ќе се се роди бебе,никој пак нема да сака да промени навики,сите се дома,ќе биде што бараше да раѓа бебе во вакви услови.И на крај ниту мир ќе има за некој,ниту здрава средина.Не е само инаетот да се става пред се,некогаш мора да се размислува малку и за тие околу тебе.А овде очигледно тоа не функционира од ниедна страна
Кучето ако беше дете?? И тоа ќе сметаше?? Ма преку глава ми е од такви лигави свилени мажиња што сакаат секс навечер, мама сабајле доручек да му спреми а тој само да се коти. Бремена била.. бре јака штикла, прва е... не и сметаше кучето кога го правеше? Можи нејзините крици траума му нанеле на кучето. И? Сега?
Јас за инат не би си одела да сум сестрата, има за инат и куче и соба намерно да не им оставам, пошо се говеда! Кај им чисти и раскрева по нив, уште ќе се објаснуваат, идиоти.
Членката што се жали, се жали со право. МАЖОТ требал да мисли на време, се жени, чека дете, гледа дека сите се на еден куп, прибери си партали оди си под кирија. Значи она свесно се согласила да живее таму, со сознание каква е ситуацијата дека живеат и сестра и родители и помлад брат и куче. После толку време сега и текнало дека и пречи нешто па ај ќе мењаме правила како што сака таа така да биде.
Пишав родителите му се криви, тешко на сестрава, кај се жртвува и на сите им слугува и пак не чини. Кому нечини? Е на такви што пред да скокне вика оф.
Не бе разгалена е сака да ја дворат. Нека иде синко домазет и крај. А тоа "случано" останала бремена на друг да му кажувате. Ако имаш мозок, и знаеш како стојат работите облечи го мали Ѓокица па бутај.
Потполно се согласувам со тебе. Ако некој му пречи, вратата е отворена. Мене не ми е јасно само како нејзините родители застануваат на страна на снаата. Ќерка и снаа исто ли е?
A и родителите срам да им е, помогнала финансиски и секако, баш кога немал татко и работа, срамота бе, свое дете да си тргаш на страна! Немам коментар.
Па ако не останела како ќе ја довлечкал дома кај неговите? Родот ќе им продолжи и уште Петко нероден почнале во туѓ двор нозе да пикаат. Ама сто стапа по родителите што држат готовани недоделкани.
Ако толку нејзините родители се грижеа за неа зошто они во оваа ситуација не се понудуваат да помогнат? Ете гледат дека не бива таму, или на синко испод част му е домазет да оди. Сите сме свесни како се останува случајно бремена. Можел да си го скрати тоа 5 минутното слатко чувство и да си се стационира како што треба. Не сме ние сите глупи што чекаме да се средиме па да остануваме случајно бремени. Ами ова излегува дека и неговите не се саалам. Седи синко тука сите на куп сме со љубов и разбирање се ќе средиме.