Реалноста е дека снаата си ги штеди нејзините во секој поглед, а ние тука се нервираме. Додека јас готвење, моите плаќаа сметки се беше океј. Откако јас се повлеков на некој начин престанав да ги тинтрам сите станав лошата и тогаш почна да им пречи се. Порано им готвев скоро секој ден, сега веќе не. Готвам кога јас сакам и што јас сакам. Мајка ми уште нема земено плата и 2 дена бевме без ручек тоест се јадеше што се наоѓа. Тие двајца едниот ден си порачале пица, следниот банички само за нив. Не купив ништо, додека си го шетав кученцето си јадев геврек и ги излажав дека немам пари ни јас. Брст ми изјави ќе почнал од храната на кучето да јадел, наводно само тос имало. Па извадија 100 евра од соба и дадоа да се изпазарува нешто. Значи така можело, а порано јас будала трчав да купам.
Многу ми е жал што низ ова поминуваш. Кој нема вакви во фамилија тешко разбира на каква мака е човек. Многу родители се согласуваат да плаќаат ќирија за да имаат мир дома, од мака го прават тоа. Срамота за снаата и братот. Што чудовиште е брат ти, извини вака да ги цеде родителите во секоја смисла. Ама што се чудам и јас во околна фамилија ги имам. Накотени како пијавици, само да грабат и да дембелеат Не знам што се случува со младите, нашите родители старите ги трпеле од почит и за многу работи не преречувале, и тоа било многу не требало до тој степен, ама и ова па да чекаат до пелена на дете баба и дедо да им купи, да им платат сметки па капак на се и во нивна куќа
Здраво. Пишував наназад за проблемите дома со снаата и за кученцето. Еден период се како подсмири ситуацијата, но снаата треба следниот месец да се породи и еве пак има тензија. Почна меѓу редови да ми префрла како кученцето ќе летало надвор. Уште од сега имаше коментари дека немала да ни го дава бебето да го држиме во просторија каде што влагало кучето. Јас сум спиела со кучето и немала да ми дава да го држам бебето и некои слични провокации. Дури се случуваше кучето да ми го пушти надвор, додека сум на работа кога ќе се вратам да си го најдам на улица, а куќата ни е на фрекфентно место, може да ми го згази кола. И одбивав на глупостите, но којзнае што му ја има наполнето главата на брат ми и дома изби скандал. Буквално се испокаравме, лом се направивме, за на крај брат ми да ме удри и тука ставив точка ги избришав и двајцата. Искрено сум збунета и не знам како се чуствувам, за прв пат во мојот живот се напив дизаепам и останав една недела на боледување. Искрено сум во шок и не ми се верува што се случи. Но ми го пукнаа филмови, не само заради кучето, туку што таа сака да глума газдарица тука да не гази и нас и моите родители.
За мене би била мртва од прилика тука. А, овој од тука. Јас стојам на се она шо ти кажав претходно, зошто те памтам. Јас би заминала. Знам дека ти велеа дека ти следува дел кај твоите и се то, ама кај мене секогаш приоритет е менталното здравје. Тука си постојано и ти и кучето во ризик. Ти со нерви, плус ете брат ти се осмели и да те удри. Кучето го испуштаат на улица демек суптилно, а директно ти кажва дека ко ќе е бебето родено ќе биди така, чак би рекла и полоши опции можи да им текни. Соба кај твоите бори се да е твоја, и под клуч или нека те отплатат. Ако не отплатат - под клуч. Ама ти живеј настрана за твое добро и за добро на кучето. И јас лично сум малку... petty чоек. Јас би прекинала контакт со сите - родителите, брат, снаа. Дали ќе ме боли срце дека внуче нема да видам? Да. Ама веќе не е мој избор. Изборот го напрај брат ми ко ме удри.
@m.m12345 извини, ама кои ретардуси се брат ти и снаа ти. На бебето ништо нема да му биде ако расте со куче, напротив и уште подобро за него. А тоа што брат ти те удрил е насилство и си можела да го пријавиш во полиција. Родителите каде се во ситуацијава.... Многу ми е жал низ што поминуваш.
@m.m12345 шо прочитав, со кои петарди живееш бе ти? Не е проблем кучето, кучето е само изговор. Мое мислење. Ама кучето ќе ти загине "случајно" , 200%. За куче да ме удри брат ми, ќе го помножам со нула. Твоите присутни се? Кажаа нешто?
Имам пишувано наназад на темата и детално имам опишано се. Мене ми е мнгоу тешко и многу сум збунета, не ми се верува дури што ни се случува. Ја сум прва за тоа да има максимално разбирање и каква-таква хармонија. Моите родители се толку мирни луѓе, дури и се прости, од добрина и внимателност да не им грешат. Дури до некаде вината ја наоѓам и во нив зошто кога се вселија тука требаше да ги седнат на масата и веднаш да се разчистат сите работи. И снаата да си го знае местото, а не да ме гледа со потсмев. Зошто додека јас готвев, перев, чистев за сите бев добра. И кога сме немале ништо во фрижидер тие си јадеа пици и тостови во нивната соба. Мене не сакам да ми купуваат ама на моите родители, нели е срамота? Скапо им било на 6 души да купат. Размислував и за опцијата да го дадам кучето некаде, но свесна сум дека кучето е изговор, после ќе следат други работи. Ќе дојде ден кога и јас ќе им пречам и другиот брат, па родителите итн. Си сакаат комфор, тесно им е во една соба и сега ни прават стрес. Беа присутни моите и видоа што се случи. Јас се изјаснив нека ми платат за делот што ме следува и ќе си излезам, не им одговара така. За некое чудо моите ме одбранија, но што ми значи тоа кога настана хаос дома. Тие денови ми беа тешки, претешки искрено размислував и за самоубиство од толку што мислев дека нема излез.
Извини ама не се трескај од земја со ова. Излез имаш. Врата ти немаат заклучено, ќе си излезеш Дали ќе ти платат или не, јас би си заминала од таму. Твоите викаш те одбранија. Како? На кој начин? Нека ти платат кирија некаде. Иди некаде на друго место живеј, тие таму ќе се покољат ко ќе се роди бебето и онака Недораснати се и брат ти и снаа ти
Ова. Ако не те платат врата под клуч па оди секој ден да провериш дали користат или не собата. Се дур не исплатат. Чим те поддржале во ова и родителите можи и ќе поможат собата вистина да е под клуч. Ама одделување мора да напрајш. И за твојата безбедност и ментално здравје, и за безбедноста на кучето. Темпирана бомба е дека нешто ќе ескалира уште поќе после пораѓај.
Абе какво самоубиство,за овие лигуши.Само да знаеш кучето им е изговор.Убаво кажа дека им е тесно.Целта им е да те иселат,па да се прошират.
Брат ти е типичен неспособен сељак. Се оженил јакиот маж, ви донел жена иста како него и сега ќе ви го реметат животот на вас. Ако сакале свои правила требало да си направат свој дом, а не да глумат шерифи во туѓ. Треба да летаат на клоци коплет.
Со заминување од таму само ќе направиш снаа ти да победи. А, самоубиство да не ти е ни на крај памет! Не ѝ прави ќеф на снаа ти. Таа тоа и го сака, да те истера од таму. Не е до кучето, сака да те истера и она да шефува. Не е доволно твоите само да те одбранат. Постави им ултиматум. Речи им или да ги избркаат брат ти и и снаа ти од таму или дека ќе ги пријавиш за тоа што се случи, плус дека таа го загрозува животот на кучето. Нека зборуваат и со нејзиното семејство да ја прибере. За она што го прави со кучето пиши им и на Анима Мунди. Прашај дали може да објават за ова. Нека се посрамоти малку.
Те разбирам дека ситуацијата е многу напната, но треба да се разбере другата страна, особено со бременоста и сите хормони што доаѓаат со тоа. Нормално е да има стравови и несогласувања, и околу кучето – не секој се чувствува исто во врска со животни и тоа треба да се почитува! Но, апсолутно, проблемите не се решаваат со провокации, исфрлање на куче надвор или со физичка пресметка. Шамари и насилство не се решение за ништо. Во моментов сите сте под стрес и очигледно има многу недоразбирања, па можеби е најпаметно да се смири топката, да се разговара кога ќе се спуштат емоциите и да се постават јасни граници со меѓусебно почитување! Значи ти од една страна да разбереш дека не сака секој куче и тоа да се почитува а и другата страна да разбере дека мора да се најде решение за кучето ама тоа не е да го нема сосема. Разговарај со нив со ладни глави, ама со разбирање дека куче не сака секој! И тоа е сосема во ред.
Секогаш има излез и тоа да не ти паднало напамет.Дали вреди за тоа животот да си го уништиш?Најдобра опција ако имаш средства да излезеш ти.Тие секако по напишаново немаат во план.Најди стан под кирија и живеј во мир.Јасно ми е дека и тебе ти следува дел од куќата ама ќе побараш кога ќе дојде време.Ситуацијата е тешка и нормално е во толкава голема заедница да има расправии.Во однос на кучето,ти си го сакаш ама разбери дека има и луѓе што не сакаат.Јас еве не сакам дома.Сега пред две недели бев на гости каде што имаат мачки 3 ,се вратив со милион мали влакна на облеката,мене лично тоа не ми се допаѓа.Возрасни сте,разговарајте и најдете решение,некој мора да излези од таа куќа за да имате сите мир
Ова. Исто и првиот пат ко беше ситуацијава го пишав ова, ама ако кучето иди после снаата и снаата рекла „не“ ама кучето сепак е донесено - тогаш кривицата е во членката. Ама, знајме дека то не е случајот и дека прво е кучето, снаата иди и не се буни дека има куче туку има пресврт од кога некој му прокоментирал зошто имаат куче кога ќе имаат бебе сега. Па сега смета кучето. Јас разбирам дека некој неќи животни, ама исто така јас сум во пакет со животните шо веќе ги имам, и никој не можи и да сака да ме оддели од нив или на било кој начин да донеси нивниот живот во опасност. За второто - буквално кратам контакти. Ако ги немав животниве и сум во заедница каде шо некој неќи да има животно дома - фер. Ама ако веќе го имам животното и да ме условуваат и вршат притисок да го нема - буквално тој шо го бара од то мене то го отпишвам.
Членката си е дома, тоа што братот и снаата решиле да се зимаат и котат под покривот на мама и тато, не е нејзин проблем. Секој што ќе реши да си основа фамилија или се сели во свој дом кај што ќе поставува свои правила или се прилагодува на тие во домот во кој живеат. Основна почит е едно, барање преку леб погача е друго.
Се согласувам, ама ако решиле да живеат сите во заедница пак мора да има некои ground rules. Не можам да прам шо сакам на сметка на (менталното) здравје на другите и ако сме во заедница е само фер да прашам за покрупни одлуки да не сметаат на некој пред да ги напрам. Барем јас така би постапила. Ама и зато ептен драматично го сфаќам ако истото не ми е возвратено, иако постојано се потсеќам дека јас ги прам работите како шо ги прам зошто сметам дека така треба, и дека другата страна можи да не мисли исто. И така иди до конфликт.
Јас колку што памтам од поранешните постови,кучето станало проблем од како снаата остана бремена,за пред тоа не знам.Тешка тема мислам дека овде никој не може да помогне.Решението треба да го донесат самите членови на заедницата.И овде не е најголем проблем кучето,проблем е просторот во кој што живеат.Најлогично е бартот и снаата да се одселат и да си го создаваат семсјството.Ама еве не сакаат.Јас лично ви заминала ни дел би ме интересирало,ни ништо.Мирот е најважен
Братов и снаата си јадат пици и слични тракатанци кога дома немале другите леб. Снаата изнесува животинче надвор знаејќи дека може да не преживее, братот крева рака на сестрата. Се гледа дека они сакаат ем да се шират на готово без кирија да плаќаат, ем свои газди да се. Јас за некој што ме почитува и цени, не компромис, душава ќе ја дадам. Ама за вакви луѓе без осет, макар и најблиска фамилија, не попуштам. Јас на местото на членкава ставам ултиматум за родителите - они двајца или јас. Па нека бираат. Ако се они двајца, зимам кучето, парталите и низ врата. И не ме гледаат више.