Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    2.056
    Пол:
    Женски
    Овде родителите немаат храброст да пресечат во овој момент бидејќи сакаат да го одберат внучето. Не синот, ќерката, снаат или кучето туку ќе направат избор за внучето. Веројатно чекаат да се породи па потоа ќерката сама да попушти и да се повлече.
    Од друга страна кучето може да си го чува во својата соба и дополнително да му направи куќичка надвор, колку што сватив живеат во куќа. Така би нашле решение за двете страни. Кога ќе оди на работа нека го стави во куќкчката или некој среден простор надвор и никому нема да пречи. Ако го остави во соба нека си ја заклучи собата и нека излезе.
    Но ако снаата не дозволува да го зема бебето и таа е во право ако веќе кажала дека несака кучиња и нема да дозволи контакт со нив. И тука нема што да се буни членката и да и е криво туку треба да е свесна дека некои дејствија имаат последици. Мајката и таткото ќе одлучат дали бебето ќе има или нема контакт со животни.
    Едноставно проблемот им настанал откако останала бремена и можеби жената си има некој свој страв.
    Го имам и јас бидејќи моја блиска особа многу пропати од влакно кое му беше влезено во бели дробови.
    Алергии од животни секако има и немој да велите дека се така наивни.

    На крајот на ќерката дозволиле да донесе миленик во куќата, на синот дозволиле да дојде со жената. На двајцата им било дозволено.
    Но работите се менуваат, можеби и родителите сакаат да го тргнат кучето и бидејќи ситуацијата е напната неможат да кажат, ќе излезе дека бираат некое од децата.
    Од друга страна можеби родителите не ја ни сметаат ќерката за наследник па затоа не го ни отвараат разговорот на таа тема. Чекаат да се омажи еден ден и да си замине.
    Тие дозволиле синот и снаата да живеат тука. Сакале да помогнат.
    Како што синот е возрасен и треба да си мисли за живеалиште истото треба да го направи и членката.
    Само нека помисли кога таа ќе биде во ситуација нејзините родители да одберат дали нејзиното дете или кучето/мачето на брат и што би одбрале.
    И нека се стави и таа во нивна ситуација што би одлучила и сама ќе го најде решението.
    Или ете нека размисли да бира помеѓу двајцата браќа.
    Овие одлуки не се едноставни но на нејзино место јас би го вдомила кучето некаде не поради друг туку поради моите родители. За тие да не страдаат со носење на одлуки кое дете да избркаат. Не е лесно родител да донесе таква одлука. Тие нема да се вечни но вие еден ден ќе паметите што сте правеле и дали сите стресови што сте им ги приредиле вределе.

    Изгледа не ви е гајле во чиј имот водите битка, ниту на брат ти ни тебе. Работава изгледа е кој ќе испадне поглавен.
    И двајцата сте за надвор, тоа е правилна одлука.
     
    На JasBee11, Hoping и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.101
    Допаѓања:
    276.997
    ^ Јас искрено се надевам дека нема да го послуша овој совет. Женава во таа куќа е ТЕПАНА, нема ни своја соба, тоа е прво, а второ, кучето што спие со неа да го остава во куќичка |(

    Трето, паразитот брат седи у соба со жена му и гнете, додека родителите, брат му и сестра му немаат ручек. Не можел за 6 луѓе да купува, ама можел да им се накоти на овие 4ца |(

    Проблемов се вика сељачизам. Родителите го примиле и го трпат оти син на мајка, што ќе кажат комшиите, може внучето го бираат (за што највеќе ќе се заебат, оти снашка тек допрва маани ќе им наоѓа). Женава придонесува дома, за разлика од мулето и жена му, така што ако родителите го изберат него, ќе дојде ден женава да ја бараат, и се надевам ама око нема да и' трепне.

    Сите сами си го бираме заебот.
     
    На Kom.pot, Orthophill, Mumoftwo30 и 14 други им се допаѓа ова.
  3. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    4.187
    Пол:
    Женски
    Јас мислам имав напишано дека виновни се родителите во овој случај.
    Треба да му ги спакуваат куферите на синчето и надвор да го истерат. Какво е тоа насилство брат/сестра заради една пуфла што вчера дошла и нема никаков респект спрема сите.

    Како што знаел синко да прави дете, така ќе знае да го гледа. Или им одговара тука се на гага ништо не плаќа, ги ранат ги појат.
     
    На Mumoftwo30, riba79, Panda00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Frida-

    Frida- Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    472
    Пол:
    Женски
    Па сигурно нема ни кривично да ги гони некој ако решат да продадат куќа и да си платат дом за стари лица и така да живеат во иднина или да си уплатат на крузер и последните месеци да им речат чао адио. Ја затеравме темава во друг правец ама им следува ако не остаат тестамент па овие сами се делат во иднина, инаку додека е жив родител што сака праи со свој имот и никому не му должи ништо.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. m.m12345

    m.m12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    168
    Јас бев мажена и се разведов, вратив кај родителите некаде после месец ден аод разводот кучето го пронајдов на улица. Ми беше жал да ја оставам, беше премалечка и ја однесов дома. Во тој период брат ми и снаа ми живееа во Скопје под кирија. Тој работеше и таа студираше и тогаш имавме коректен однос зошто ретко идеа тука. Нормално дека дома разговарав и се колсултирав, зошто желба ми беше да ја задржам. Моите прво беа неутрални, но потоа се сложија зошшто после разводот на некој начин западнав во криза. И помалиот брат се сложи да спие во собата, тој и ден денес си е океј со тоа. А далеку сум од луда и не, не мислам дека кучето ми е дете и да сум опседната со него ама едноставно си го сакам, мое е и сакам да си биде со мене. Ја однесов веднаш на ветгеринар вакцинирана е, редовно прочистувана од паразити, ја стилиризирав и се е океј. Јас лично се грижам за неа и околу трошоци и шетање, чешлање, чистење и се. Другите апсолутно никој си нема обврски околу кучето. Кучето е педантно и мирно, не вржи нужда внатре и не досадува на никој. Си има таа кревет со перниче во нашата соба. Еве на пример и мајка ми не сака животни дома, си се изјасни дека може да седи во соба ама да не и се качува на кревет и ја сум океј со тоа. Татко ми е постојано дома и тој ја нагледнува кога сум на работа, кучето си седи во мојата соба, во ходник и нормално во двор ако е и татко ми надвор. И тоа не функционираше лошо, се додека снаата не остана трудна и пишував еднаш во темата, дојде на гости нејзина братучедка и дома настана хаос. Кучето беше веќе тука кога тие се оженија и таа се всели, но просто таа не се замараше со кучето ниту тоа со неа. Снаата е едно дете и научена е се да биде по нејзино и таа да доминира. И мислеше дека и тука ќе прави така и моја претпоставка е дека за да се докаже на братучедка и дека таа може да команда, се запна да го исфрли кученцето.
    Моите многу пати пробаа да направат компромис ама залудно. Кога се разведов помагав многу дома, со цел да ја одменам мајка ми, измачена жена е. Но кога се вселија и тие тоа продолжи, нив им било скапо за 6 души да купат тост. Епа и мене ми е скапо да зготвам или да исперам 6 души. Снаата нас секогаш не гледаше како пониска класа и тоа е факт. Немаат намера да се оделат, зошто им се уарни тука. Ама ептен се внесе во филм дека ние ќе и слугуваме и тука се зафркна. И мене ме иритира нејзиниот претеризам, таа ја претставува ситуаицјата пред луѓето дека кучиња сум пуштала дома ќе сме се заразеле. А тоа не е точно, зошто кученцето е едно и можам да кажам поситуирано од нив двајца, а очигледно и попаметно од сите нас.
     
    На riba79, Panda00, Tulip023 и 12 други им се допаѓа ова.
  6. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    723
    Додека не се седне на маса и се збори отворено за ова нема друг излез, кога ќе дојде бебето тоа ќе биде темпирана бомба која што секој момент ќе пламне меѓу сите.Што мислите дека само децава се караат и удираат ? Можам да замислам што се случува помеѓу татко им и мајка им сигурно и они сакаат да најдат решение.

    Чиста глава сите на маса, макар и куќата или станот што е се продаде и сите по својот пат, сепак највеќе мене ме боли за мајка им и татко им тој циркуз не би сакале да го гледаат на тие години, затоа што израчунај и сама викаш дека е напатена жена уште колку ќе биди во добро здравје да кажам после кога ќе падне на кој грб ќе биде? Гледајте ги малку пошироко работите многу работи ќе ви станат јасни
     
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.101
    Допаѓања:
    276.997
    Не ти е тебе проблем снаата, проблем ти е брат ти што е неразбран, размазен насилник. Живееш во моментов во куќа каде што не си безбедна.
    И да го нема кучето, ти раат пак ќе немаш, а тек кога ќе се породи снаава ќе ви бидат циркузите.

    Размисли си добро.
     
    На Mumoftwo30, senjorita-v, riba79 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. _Vera_

    _Vera_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 април 2020
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    46.958
    Пол:
    Женски
    Штом мајка ти и татко ти, измачени и добри па дури наивни немаат сила да им дадат петте пари и да ги испратат да си одат од дома, а дозволуваат таа да поставува правила и брат ти да те удира, треба да ти е јасно дека нема живот таму за тебе. Ти кажав па ќе кажам, излези си додека не станало бетер.
    Имам чувство како да се правдаш за кучето- нема потреба од тоа. И нема никаков проблем со него, ништо не си направила погрешно. Но, што и да направиш така ќе е сфатено, намерно и со цел. Ако веќе разговараш, разговарај со родителите дека ќе си излезеш зошто вака не можеш да живееш.
     
    На Mumoftwo30, senjorita-v, Panda00 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.925
    Допаѓања:
    49.126
    Искрено да ти кажам таму никој ташак не го боли за тебе, едино на кучето. Што ти е гајле за мајка ти измачена била, коа таа седи додека брат ти паразитот те шамара оти куче си чувала у ТВОЈА соба?

    Планот е ти да се иселиш, они ќе ги преварат твоите демек ги чуваат па да им препишат се додека се живи, а брат ти малиот може ќе иде на студии у Скопје, а коа ќе му дојде време да се жени ќе ги собере ( или ќе му ги соберат ) парталите и ќе си оди оти сигурно нема да живеат ко у прдежник.

    А таа кокошката коа ќе излезеш ти од дома коа ќе и ги тутне брат ти и старите и перење и готвење и бебе, па после ќе мора и да работи тос да си купи, оти со паразит се зела све низ нос ќе и излезе. Има дана за мегдана.

    За тебе таму живот нема. Едино ако нелегално земат имотот, па да се тужите или па твоите да се согласат сега да те исплатат, што реално нема зашто оти куќата си е нивна. Собери си ги парталите и кучето и иди си, живеј си животот. Што те боли патка за малограѓани, па и родители и браќа да ти се.
     
    На senza.parole, senjorita-v, FlirtBerry и 14 други им се допаѓа ова.
  10. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Не можам да се ставам во ситуацијата на челнката но пробувам да ја разберам.
    Затоа до сега најдобар совет прочитав што ти го дале е сите да се тргнат да живеат твоите на раат. Сама рече измачени се, па уште вие проблеми им требаат.
    Заеднички јазик нема да најдете и да го исфлиш кучето. Дете иде, полошо ќе биде.
    Затоа ти лично имаш две опции- или да трпиш или да се иселиш.
    Седнување со разговор по мое со ниту една страна не помага.
    Циркузот ви го гледа најмалиот брат што тек треба да има мир тоа дете. Каков пример му давате.
    Мислете на него. Или мир во куќа за арно на сите или да се иселиш. Трето не гледам дека има.
    јас бев со золава ми на еден спарт две години и фазла, не можам да замислам да и правам вакви скандали.
     
    На Mumoftwo30, FlirtBerry, riba79 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.958
    Допаѓања:
    7.673
    Пол:
    Женски
    Najdobro e brat ti i snaati da odat kaj nejzinite zatoa sto taa e edinica.
    Nema koj da im smeta.
    Jas da sum na mesto na tvoite bi im dal takov predlog.A ako ne im se svigja moze pak da se vratat pod kirija.
    Brat ti treba da bide maz i da obezbedi dom za svojata familija,a ne da ceka od roditelite.
    Znae deca da pravi,ke nauci i da pecali.
    Tvoite roditeli imaat uste 2 deca na koi treba da mislat.
    Zasto na krajot na denot roditelite delat svoj imot ne decata i nivnite partneri.
     
    На MeowMeow, Mumoftwo30, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    @m.m12345 Девојко, се изнервирав само што те прочитав, можам да замислам тек тебе како ти е.

    Освен да ти речам бегај од таму и спаси се, друго не знам што совет би ти дала.
    Ни имот ни свети имот, ништо не е побитно од тебе и твојот живот.
    Штом некој си дозволил да ти крене рака, нема тука простор за разговор, ништо нема да смениш, може само полошо и полошо да биде.

    Се сложувам со коментарите погоре, не е кучето проблемот, ти им сметаш, кучето е само ,,колатерална штета".

    Мене ми е јасно дека не е лесно сам човек под кирија, јасно ми е дека живееме во мизерија од држава и дека без поддршка е многу тешко, ама не ти е ич лесно ни вака да живееш.
    Те читав во темата работа во Хрватска, иди!
    Не ти викам дека таму ќе ти биде многу полесно и дека ќе заработиш милиони, ама ем ќе смениш средина, ем ќе си имаш мир, а мирот нема цена.
    И да не е Хрватска, и да не е странство, нека е и друга населба, друг град, сеедно, само тргни се од таму, за твое добро!
    Чувај се.
     
    На riba79, Mumoftwo30, FlirtBerry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    4.983
    Пол:
    Женски
    Кога напиша првично лани и јас бев да остане, ама наговестив ќе и приредуваат шокови.
    Не можам да ја означам членкава ама јас на нејзино место веднаш би викнала полиција.
    Ќе ја прашаат сака ли кривична за братот или ќе смират топка и полицијава разговара со сите засебно.
    Тука родителите се највиновни за се.
    За кученцето да ми го пушта снаа надвор таков бес и револт ќе навлече, ама рационалноста ќе ми преовлада и инстинктот прво кучево да си го заштитам. Ако додека сум на работа не седи во моја соба ќе му платам престој, ќе најдам личност блиска за некоја симболична сума да го причувува, а по инцидентот ако се осеќам суицидално веднаш правам план за селидба.
    Поделба на имот ќе си дојде отом потом, особено кога работам од такви родители и брат ништо не очекувам.
    Него ко што е расипан тој ќе ги врзе родителите со договор за догледување се да наследи и затоа се сили со жена му уште од старт.
    Тешко на децава ќе се тужат и расорават за двр педи место заради неразумност и неспособност на родителите.
     
    На Mumoftwo30, Panda00, riba79 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    749
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам и за полицијата и за вината на родителите.

    Не би сакала членката да ја навредам но ова не е момент, доволно голем проблем за да посегне по сопствениот живот.

    Ете е разведена па можеби поради тоа си носи некои трауми или не знам, ајде да не нагаѓам. Во нормално функционално семејство треба братот под итно да напушти и да се покаже како маж, додека е време. Ова шамарање ми е необјасниво, што ќе прави кутриот детето кога ќе дојде со шефот искомплексиран што го венчал. Овде повеќе ова е за жалење.

    Врти-сучи како што кажаа сите нека си замине од таму и нека си почне сама од нула, мирот е бесценет. Иначе полиција, стресови, насилство, страшно непотребно.
     
    На Dentina, riba79 и DragonFly22 им се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.301
    Допаѓања:
    27.381
    Пол:
    Женски
    Значи снаата е единица, може слободно да си го земе мажот (братот) домазет и да си оди кај нејзините.
    Нема да ѝ сметаат ни браќа ни сестри ни мачки ни кучки
     
    На Mumoftwo30, Panda00, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  16. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.269
    Допаѓања:
    40.181
    Пол:
    Женски
    Манчи таа сама на себе си смета, сигурно и нејзините дома и сметаат :D
     
    На Mumoftwo30, Dentina, Panda00 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    4.983
    Пол:
    Женски
    А чекај ти и останатите што мислеа кучето е проблемот, уште мислите е до тоа?
    Мислам установивме и минатиот пат дека е само изговорот и се покажа како точно.
    Но тука ескалирало и дошло до семејно насилство.
    Очигледно членкава е осетлива и емпатична личност пишува до која лоша состојба дошла.
    Овие двајцава не вредат мрсул да им залепиш не да тонеш ради нив.
    Затоа повеќето и пишавме со оглед на можен полош исход и за да се заштити себеси најдобро е да започне да мисли како и каде да замине.
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. m.m12345

    m.m12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    168
    Најголемиот проблем се моите родители што се превртливи. Еднаш едно зборат, после друго. Најново нешто да сум гледала и барала некоја прилика некаде.
    Најверојатно ќе треба да си излезам јас под кирија и да ги избришам сите засекогаш.
    Кој дел ќе го бараж кога немаат што да ми пружат моите.
     
    На Frida-, Melissa_39, ALISA0000 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.269
    Допаѓања:
    40.181
    Пол:
    Женски
    Бегај си сестро.
    Чим и родителите ти се такви какви што се. Бегај си :)
     
    На CameliaMiller, MeowMeow, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.746
    Пол:
    Женски
    Се обидувам да ги сфатам твоите, ама извини не се за сфаќање. Какво е ова однесување, најди си прилика. Да не мислат на прилика за мажење, да не сакаат на две на три да те омажат да им се тргнеш од дома. Срамота! Да си одиш, ама ако дојде ред за барање наследство немој да си попуштила.

    Јас работам на место каде што има многу вакви неправди и скроз ја разбирам девојкава/женава. Многу често сестри и браќа кај нас праќаат дописи за сопирање на постапката и не дозволуваат да се заврши додека не се расчисти наследство. Баш ради вакви родители.
     
    На MeowMeow, riba79, DragonFly22 и 4 други им се допаѓа ова.