Божеееее Да си барала прилика Ами ако не се омажиш никогаш? Ако е така и брат ти и снаати треба да ди барат прилика Им сметаш на сите Земи седни ги и кажи им дека заминуваш а дека они керка немаат повеќе Свати дека си сама немаш родители брат и терај понатаму За почеток и една соба нека е
Штом твоите се на став да си најдеш прилика и да излезеш од дома, тогаш голема е веројатноста никогаш ништо да не добиеш од куќата, бидејќи според кажаново личат на луѓе кои мислат дека сѐ на синот треба да остане. Е сега не знам на која финта ќе одат со помалиот брат, веројатно големиов ќе ги подлаже дека ќе му помага на брат му нова да изградат, и твоите ко што се наивни ќе подлегнат на тешка лага, па ќе му ја препишат куќава под итно. Големи себичњаци, при сама единица ќерка, се бапнала во куќа со еден куп луѓе. А, секој нормален би си помислил, да сум сама ќерка, ни луда не одам во куќа со свекрва. Ама и нејзините не ги сфаќам, едно дете имаат и да не сакаат да му пружат мир. Него тој е планот на брат ти, де. Си вика ако идам ваму кај жена ми, ќе ми ја лапнат ќукава дома, а сака од сегде да е ќар.
И мојот став беше ваков на почеток, као на нејзино е нека седи, ама треба да има јака психа да знае како да се справи со лудаците, додека таа сакала и по живот да посегне. Ова второто е алармантно па од тука не вреди да седи по секоја цена.
Жал ми е што го читам ова и верувам дека ти е ужасно тешко. Но исто така знам дека одкако ќе се осамостоиш и излезеш од дома ќе се препородиш и ќе станеш нов човек. Неизвесноста делува страшно но штом еднаш се соочиш ни сама нема да сакаш да се вратиш назад. Еднаш имаш донесено тешка одлука, си ставила точка на лош брак, ќе го надминеш и ова. Мораш да веруваш во себе и да веруваш дека после секое вакво животно искушение доаѓаат убави денови. Биди храбра и глава горе, исто како да носиш круна
Ти ја посакувам целата сила на светов да си отидеш од таму, и да можеш да си живееш мирно некаде сама, и да си ги најдеш сите убавини на светов, како и мир и спокој. Не заслужуваат да бидеш таму ни ти ни твоето кутре. Многу е тешко на почетокот ама верувам дека не е потешко од ова што моментално го трпиш/живееш. И знам колку е тешко под кирија да живееш меѓутоа ќе си го најдеш мирот и спокојот таму, барај си нешто под кирија што можеш да си го дозволиш и бегај што поскоро.
Исто размислуваме, заради вториов дел и јас сменив мислење. @senza.parole не мора да подлажува ќе склучи договор за догледување на родителите и се на него. Е сега и другиве наследници имаат законско право да оспорат. Пиша членка така се развлекува работата околу поделба на наследството до бескрај.
Нели постои нешто како нужен дел? Родител не може да го исклучи детето комплетно од наследство и истото има право на нужен дел?
Постои Кога ке умрат родителите и ке се отворе оставнинска Имот наследен како дар или со тестамент на суд се оспорува и бара нужен дел Со доживотна издршка не следува нужен дел
Постои и има услови кои треба да се исполнети ете пишаа. Штом дошло дотаму тешко на сите. И те како е битно во овој случај. Еве како родителите прават да се замразуваат децава уште недоговорени за ништо. Законски им следи. Е сега дали имаат вишок нерви, време и пари да оправаат по легален пат крви дрини со адвокати и по судници тоа е сосем друго.
Знам дека е небитно, ама читаат и други тука, па да знаат дека им следува. Обично кај нас, женските деца се тие кои се откажуваат, пошо нели, срамота било од братот да земеш Па, да си знаат дека законски сите деца се еднакви. Мене искрено, да сум во оваква ситуација, би ме фатило инат и би ја терала работата до крај. За членкава со проблемов.... освен да се отсели, јас друго решение не гледам. Треба да е ептен дебелокожец, па да седи за инает, да си свирка и да им нарушува сметките на братот и снаата (а и на родителите )
Јас разбирам и ова од кај иди. И јас сум некогаш така на инает фатена и сакам да се контрам. Ама, стварно мислам дека не е безбедно ни за членката, ни за кучето. Некогаш (па, и секогаш) мирот е незаменлив. Ако се контра ова ќе трај до недоглед, ако се тргни и напрај катоф ќе можи полека да се средва и да си најди мир и да продолжи со животот. Јас би без нив. Членката како шо ќе се осеќа нормално.
Лесно е да се каже за инат, ама тое се нерви и здравје. Јас да сум на местото на членката да имам скромни финансии одамна ќе бев иселена. Здравјето со ништо нема цена. Собата нека си ја пикнат сите во... За мене општо мирот нема цена. Кој што сака нека збори, нека прави јас за се правам така. Ќе ми трла некој нерви и здравје нема шанси. Ниту пак се докажувам дека сум во право. Ги оставам да бидат во право, само далеку од мене да се. Ама тоа сум јас, сите не се такви. Јас навивам членката да се исели од таму. Батали соба, батали се. За почеток земи една соба ако си во можност полека коцките ќе се средат. Ако си од помал град пиши тука не има од многу места ќе се потрудиме и за сместување да се најде.
Toчно е дека мирот нема цена, макар леб и сол макала. Моите кажав дека немаат ниту финансии, ниту имот којзнае каков, нема што да се дели. Не се ни моќни да ми дадат пари зошто татко ми има уште малку до пензија, а мајка ми со платата плаќа кредит, сметки, храна и тоа е. Снаата е едно дете и искрено имаат услови таму да си седат ама ете таа не дозволува, моите имале машки деца требале да создадат услови. Снаата си ги штеди нејзините родители во секој поглед, а ние тука се нервираме. Толку луѓе на еден куп, а една и кујната и купатилото тоа се знаеше дека еден ден ќе пукне. А сега откако ќе се породи сигурно е дека ќе имаме уште поголеми проблеми. Може да се догради нагоре спрат ама тие не сакаат да си се задолжуваат и тоа е. Така мајка ми на двајцата вујковци им отстапи се од имот и куќа во село и ниви и се и се повлече, сега истото се очекува од мене, од браќата сум земала. Јас знаев дека ќе дојде до ова и уште на почеток им реков на моите да си постават ред, тие како прости молчеа. Мислат дека така ќе бидат добри во нејзините очи а таа со нула ги множи. Едно кафе им нема сварено, како да не постојат. Муабетот е демек да не се караме ние сме една фамилија ама тоа не е возможно, зошто и да не е кученцето ќе е нешто друго. Веќе одлучив ќе си излезам јас и тоа кога најмалку ќе очекуваат и за мене се избришани и тие двајца а и моите родители.