Твоите не се должни да створат за машките деца. Ги исчувале и извеле на пат колку што можеле. Брат ти и снаати треба или да си кренат спрат или да си фатат пат, никој не треба да ги трпи. Така да снаа ти е во тешка заблуда ако смета дека свекорот треба да ја обезбеди со нешто во животот. Единствено брат ти и таа треба да си засукаат ракави и да, превземат одговорност и за детето што го створиле и за животот кој решиле да го градат.
НЕ. Тоа што од нив се очекувало, не значи дека и од тебе треба да се очекува. Мој совет, држи си една соба заклучена. После кај сакаш оди, ама собата под клуч. Слушај ме, зашто после кога ќе им текне нешто да реновираат, прават (а ќе биде кога-тогаш) и те како ќе те бараат самите за да се поделите. Од искуство ова.
Море луѓе, нема соба за под клуч, шо да стаи под клуч, купатилото ли? Остајте ја девојката нека собере сила да се тргне од лудницата, тоа таму ни триста светци не го оправаат.
Ај не паламуди многу-многу. Лесно е да кажеш стани, оди стани од нешто што те следува. Вака позади тастатура силни, а не се секирај. Ако ја интересира слободно ќе ѝ споделам насоки до детали.
Наоѓај стан со кучето под кирија, ако треба барај цимерки да делите. Бриши ги твоите и брат ти од животот и терај.
Јас кажувам како што сум разбрала. Ти ако знаеш како од двособно живеалиште да направиш четирисобно за фамозниот клуч на врата- советувај. Детски глупости е тоа- клуч на соба. Единствено што не треба да нсправи е да не им потпише никогаш дека се откажува од свој дел од наследство. Ако има некогаш имот за наследство, нужен дел и следува, и по 30 години и без никаков клуч на соба.
Види, за многу работи се контраш. За било која тематика, насекаде. Имам почит спрема тебе, ама просто не си компетентна да советуваш на темата. Да советувам, кого? Тебе, да изнесувам лични детали, за да те задоволам? Имам отворено сандаче за таа што треба.
Биљо, Биљо. Моето искуство ѝ е валидно, а не твоето немање искуство. Некогаш насила се правиш припроста, ако ѝ чини твоето повеќе нека го цени и мери. Што да ти кажам.
Џабе ја советувате за клуч на соба кога нема соба на која може да и стави клуч, а и плус џабе клучот ако родителите одлучат се да препишат на браќата. Во овој случај, најдобро е само да се отсели од таму, па понатаму шо ќе биде нека биде. Не се знае. Може ќе ја препишат куќата на браќата, а може и на никој нема да ја препишат, па после нивната смрт, ќе си добие дел со оставинската. А шо ќе добие од толку мало местенце, питај бога. Јас да сум, ќе си одам и никогаш нема ни да ги поледнам после тоа шо го кажале за членката да си бара прилика за мажење и да си оди. Не вреди да се караш, тепаш и да трпиш нервози за пола соба до која немаш ни пат.
Така де.. При двајца живи родители ја советуваат клуч на соба да стаи, соба што уште не и е препишана.. Ги умреа стариве па совети за оставинска фрштат
Нема друго решение. Или да се отсели или да чека бебето да се роди па на снашката да и скурчи од 100 души во 30 квадрата па они да се иселат. Ама ако снашката е затуцана и мисли дека МОРА да се живее со свекор и свекрва, тогај мало морген. А и да се отселат они, пак незнам како ќе живее со родителите и братот во мало местенце. Секој нормален возрасен човек си сака своја приватност, свое место.
Комплетно се согласувам. Сигурно ја плаши неизвесност и промена, но јас мислам дека ќе се препороди, ќе си изгради нов живот. Налет 10 квадрати ако здравјето си го изгуби.
Дали си вработена и дали имаш каде за почеток? Ако си од помал град киријата е помала. Во Ск знам дека е скапо ама можеш за почеток со цимерка. Не обрнувај внимание на околината. Ќе видиш дека ќе се препородиш. А и кога ќе дојде бебе штом сте во тесно уште толку ќе се гушиш.
Имам работа, од помсл град сум. Ми понудија и поплатена работа. Најверојатно месецов ќе го сменам работното место и право ќе се иселам. И што сакат нека прават, ќе ги избришам засекогаш.
Ako mozes baraj rabota vo Hrvatska. Ke imas platena hrana prestoj i plata. Samp baraj preku lugje sto se vekje otideni na sigurno.
Во Хрватска колку што знам сезонски е, моја постара комшика одеше. Крај на мај и преку лето само. Нејзе и треба да има постојан престој да има каде да се врати.
И да не се заборави девојкава доби шамар од брат и,во расправија.А вие кај што гори огнот масло додавате,да ја заклучи собата.За една соба од 10 квадрати,треба живот да ризикува.Девојче ти посакувам успешен живот и да успееш во се што си замислила и никогаш да не ти треба таа соба