Ќе постави лимит. Кога е излезен со тебе, нема да и' крева некогаш и готово. Ако не сака да те изгуби, ќе направи нешто...ќе ја седне сестра му ќе разговараат нека биде за првпат имун на нејзиното глумење лудило и изигравање жртва. Сериозен машки муабет! Не можеш ти да се казнуваш себеси зашто нему му е тешко. Штом не сака да те изгуби има да се бори, како што се бори и за другите. Ова е мој совет, а ти ако мислиш дека би преживеала и ако ти се фрлаат годините во таа печка, твој избор.... Единствено нешто што искрено можам да направам е да ти посакам многу среќа...ќе ти треба. Едноставно малку сум повозрасна и имам неколку години брак зад себе и сакав искрено да те посоветувам, не сакам да го сфатиш како мешање и сугерирање
Ти благодарам Тесии овие совети ги прифакам најдобронамерно и самата сум си свесна за целата ситуација во која се наогам ке направам се за он да се смени и да го смени односот ако не иде сепак не можам да одам против себе и да бидам несрекна таму заради некои личности млада сум има време пред мене..Ти благодарам мноогу
jas sepak mislam ..promena moze da vidish..ama ne mi se veruva da se svrti nova stranica ..nekako sum imun za vakvi raboti..pogotovo koga se raboti za vakvi tipovi na familii...kaj shto zolvata ili svekrvata caruva :geek: ...se se plasham deka decko ti e bezglasna bukva kaj domashnite negovi ...negovata promena samo ke gi razluti po doma..i znaesh potoa mnozi x2 samo za inaet..toa sestriceto negovo voopshto ne mi se gleda za naivno..nego slobodno da se izrazam prokleto i koristoljubivo,samo me cudi kako taka roditelite na decko ti premizuvaat na ovie raboti..aj da recesh ednash dvapati eve i 10 pati da mu se slucelo da im izleze u presret za pogolemi raboti okolu domakinlukot na sestra mu i zet mu,aj ke recesh familija ama ova bash mi izgleda LUD JEBE ZBUNJENOG ....izvini shto ke se drznam vaka ama devojce baraj si go careto i srekata na drugo mesto...ne vredi tolkava zrtva da davash za luge shto i sopstvenoto cedo na g'z ne si go stavaat..a tek tebe??kaj ke bidesh ti u celava prikazna...ko zadnoto dupce od sviraloto ..a za shto i za kogo???eve i jas imam dolgogodishno iskustvo vo brak,i ke ti kazam deka ni najmalku ne e lesno so vakvi tipovi na luge shto ke morash so odbranbeno oruzje da shetash niz doma za da mozesh da dishish normalno..a toa veruvaj ne e zivot..da molish za tronka ljubov i razbiranje od tvojot soprug,shto ke ti e takov zivot koga mozesh i free da si ziveesh bez dopolnitelni nervozi i objasnuvanja i dokazuvanja oti site tamu ke pocnat da te gledaat ko eve ja ovaa :geek: pametnava snashka pa utre den da stignesh do toa deridze da mu objasnuvash na sopstveniot muz deka ocite samo mu gi otvarash..i da ti prefrla i ete ti go jazolot u brakot...a shto ako ti vika da da ..a na kraj skrishno dava pak ete ti nervozi...vrti suci ovie luge se samo za problem....samo ti posakuvam najdobro
Ај сега да бидам малку лоша, ама за некои работи мора (добро де, сакам ) да искоментирам. Прво, не викам дека девојчево се жали од што му е убаво. НО, пикањето во туѓ новчаник е прво многу некултурно. Од каде може да знае дека зетот на сестра му има 3000 евра плата? Во МК?! Мислам, не дека нема со такви плати, ама реално да збориме, ретки се. И второ, каде ја троши ДЕЧКО И платата навистина не може и не треба да биде нејзин проблем. (И патем, немам брат кој ми помага финансиски, да не помисли некој затоа реагирам). Знам дека некои работи не и се по волја, и можеби навистина треба да размисли што ја чека АКО остане со него, ама сепак овие муабети од нејзина страна се малку претерани. Кој колку плата имал, кој каде јадел, кој каде седел... Во ред, и пречат, ама кој има повеќе право да седи колку сака во таа куќа, ќерката од тоа семејство или девојката на синот? Зошто неа би и пречело ако мајката на нејзиниот дечко и готви ручек на сопствената ќерка? Пак кажувам, сфаќам јас што и пречи, ама не можам да кажам дека е во право. Единствената работа која навистина е неверојатна е односот на сите кон детето. И јас имам мало дете, 2,5 години, ама НИКОГАШ не би дозволила на пр. ако писне зошто некој гостин добил сок, да му го земам сокот на гостинот за да не плаче (на пр.). Нека си плаче ако нема попаметна работа, ќе сфати дека џабе плаче. Ама од друга страна, не може некој од страна да им каже како да го воспитуваат детето. Очигледно дека немаат контрола над детево и дека е крајно разгалено, ама туѓ коментар од страна тоа нема да го смени. А мене навистина не ми е јасно зошто толку инсистира девојчево на тоа да оди и да дреме кај дечково ако тоа не и се допаѓа? Candice -Мој совет- Викни го да дојде кај тебе, ако типов веќе не е по одење во кафичи. Не оди кај него некое време, ако те праша зошто, ако му недостасуваш, ќе сака да те види. Вака како кажуваш се не ти чини, ама упорно и упорно одиш таму. Не можеш да очекуваш сестра му да не оди кај родителите и дома, ама па ти не мора да одиш. Најдете компромис. Ако сака да биде со тебе, ќе се потруди. Ако не се потруди доволно... барем ќе ти биде јасно каде ти е местото во таа врска.
Li0ness ептен добро те сфаќам и во право си за многу работи, ама оваа не е било која девојка, гледаш дека работата е до брак дојдена и мора да си има девојчето на чисто со кого би си имала работа доколку се земат. А за платата од зетот, Македонија сме, една шака луѓе секој за секого знае кој број чорапи носи...не верувам дека таа прашала, може дечко и' и' кажал некогаш во нервоза, пошо како што гледам и на него почнало да му пука филм. Да, не смее да се меша во нечиј новчаник доколку таа не се почувствува запоставено. Кој маж е тоа, јас сфаќам брат, ама да даваш толку на сестра ти, а на девојчето да му викаш „немам пари“ е стварно деградирачки. Ако сакаш да си џек, биди џек и за таа до тебе. Што се однесува до одењето кај овие, јас ја сфаќам, само сака повеќе време да помине со него, душичка. Ама си има золва тешка манипулаторка и така е како што е...а ако е за тоа, немаш прочитано се изгледа и тие немаат право да ја тутнуваат ќерката од градинка кај дечкото па после кога ја земаат да седат до 12 саат ноќе секој ден...дали е тоа убаво и наивно? Семејството се праи на мутаво за сите овие работи, а притискаат со муабети за земање...е ај најди нзс. Maж кој ќе ми рече не за провод под изговор „извини, неам пари“, а прави соба на 3годишно дете од сестра му и него го чести и шета, има да добие клоца од мене и никогаш очи нема да ми види...
Candise....nemoj da si gi gubis nervite i vremeto zaludno!poslusaj me, veruvaj nikogas nema da se smeni negoviot odnos kon tebe...Ne e problem ti da ostanes so nego...no nikogas nema da bides srekna...toj i mozebi ke ti vika deka te saka ili bilo sto...no toa ne se dokazuva so zborovi...delata se tie so koi se pokazuva ljubovta...Nemoj da se izmacuvas sebesi, mlada si, ima mnogu na svetot koi ke ti pruzat beskrajna ljubov i vnimanie...tebe ti treba nekoj koj te zasluzuva i nekoj koj ke ti posveti vnimanie, ljubov, nekoj koj ke se grizi za tebe...zosto vo slucajov toa e ona koe tebe ti nedostasuva...a nema da go dobies od nego nikogas...Zatoa preseci i spasi si ja dusickata od nervozi i nesreken zivot so nego...
Мислам дека доволно прочитав за да сфатам што е проблемот, јасно ми е мене тоа, ама не е нејзина работа тоа. Детето сестрата му го остава на братот на чување, не неа. Ако неа тоа и пречи, нека не биде со него тоа време. Многу едноставно. Жената си доаѓа дома на ручек (и јас сум мажена и кај моите родители секогаш ќе ми биде дома и ќе одам кога сакам). Ако на девојчево тоа не му одговара не мора да биде таму. Мислам, се и пречи а викаш размислува за брак? Па ни тоа не ми е воопшто јасно. Ако сака типов да прави соба за внуката, ТОЈ сака. Сестра му не може да му нареди. И ако женава си ја наредила работата така, ОК, тоа не значи дека е злобна манипулаторка. Ако тој НЕ сака да го чува детето, нема да го чува. ОК, на девојкава и пречи, ама тоа е нејзин проблем. Пак ќе кажам, јасно ми е мене што и пречи, ама се обидувам неутрално (не од аспект на жена која има золва, ниту од аспект на снаа) да го кажам мојот став за проблемов. Јас искрено мислам дека ако неа се ова и пречи треба да си расчисти со типов, ама нема право да реагира вака за одлуки на еден возрасен и зрел човек (тука мислам на дечко и). Јас кога би била на нејзино место не би дремела кај него, а тој, ако сака да биде со мене, ќе најде начин и време. Ако не сака, супер, ќе знам на што сум. Ако не сакам да чувам туѓо дете нема да одам во туѓа куќа кога е таму детето. Па ако на типов не му пречи да не се гледа со девојкава, ќе се покаже, и се ќе стане јасно. Јас сфаќам дека таа сака да биде со него под нејзини услови и на начин на кој неа и одговара, ама треба реално да ја согледа ситуацијата. Без разлика дали е пред брак со него. Зашто после ќе ја читаме и во Проблеми во бракот и во Сопругот не ме почитува и (пак) во Снаи и золви итн. Мојот став е апсолутно неутрален и затоа верувам и реален. Колку што памтам, Теси му свртела грб на семејството заради сопругот и веројатно тргнува од тоа, ама што правиме ако типов не чувствува потреба да го стори тоа со сопственото семејство? Само му кажуваме така на девојчево да бара нешто што најверојатно нема да го добие и место реално да размисли ќе изреагира непромислено. И треба да го слушне и другиот аспект на гледање на овој проблем.
Потполно се согласувам со тебе LiOness. Девојката упорно кажува дека буквално се и пречи во куќата на дечко и,а упорно сака да биде таму. Јас не сум сеуште мажена,ама кога ќе се мажам МОЖАМ кога сакам да си одам на гости ДОМА. Дали некој ќе ми забрани или ќе ми поставува ултиматум? И зошто веднаш се нафрливте да ја деградирате сестрата на дечкото дека била тешка манипулаторка? Дека братот нејзин од негов кеф и со негова полна воља при здрав разум прави детска соба. Што можам јас да направам пример ако брат ми сака да му купува подароци на моето дете утре,дали тоа значи дека јас него свесно го манипулирам? Демек тој нема сопствен ум и разум, па слепо ме слуша мене и прави како што ќе му наредам. Јас мислам дека овде проблемот крие една сосема друга позадина и димензија,која нема АМА баш никаква врска со сестрата и нејзиното дете,туку вистинскиот проблем произлегува од ДЕЧКОТО кој упорно не наоѓа време за девојката и се крие и оправдува зад тоа мало дете. Исто девојката која го напиша проблемот нема потреба да се меша во работи кои неа не ја засегаат,како на пример колкава плата земал зетот на дечкото. Тој може да зема и 5000 евра,но дечкото е тој кој свесно сака да купува и помага,јас мислам дека ако земаат толкава плата не би барале пари. Туку размислиси Candise уште еднаш,дали дечкото твој некогаш те оспипувал со внимание и љубов,без да се оправдува и крие зад неговата внука?
Карактер е во питање, некои сакаат да даваат, некои да земаат. И јас имам брат, имам снаа, две внучиња. Порано многупати брат ми кога бил во добра финансиска состојба ми понудил да ми помогне, да ми прати телефон, лап топ, или парично. Секогаш сум викала не фала, доволно ми е што се понуди, исто како да сум ги зела. Му велев дека он има деца, жена и треба они да му се на прво место. А јас имам мајка, сега сопруг и сум здрава права ќе си заработам сама. Примеров е од обратна ситуација, ама логиката ми ја разбирате Здравје боже еден ден и деца кога/ако имам, нема да имам проблем да му го речам истото. Тие деца ќе ме имаат мене, и јас сигурно пред да ги донесам на свет ќе ги имам решено сите основни потреби околу нив. А он ќе може чоколадо, количе, кукла...за роденден како вујко да донесе. И ич нема да се чуствувам лошо, или дека им кратам нешто на моите деца ако одбијам помош од него. Зошто јас сум одговорна за нив, а се знае неговите обврски каде почнуваат и завршуваат. Љубовта кон внуците верувам дека е толку голема, па сакаш да споделиш се со нив. Но доколку љубовта кон братот е подеднакво голема, ќе му ''подвикнеш '' и ќе му кажеш дека он мора да мисли за својата врска/жена/деца...
Li0ness Јас кога би била на нејзино место не би дремела кај него, а тој, ако сака да биде со мене, ќе најде начин и време. Ако не сака, супер, ќе знам на што сум. Ако не сакам да чувам туѓо дете нема да одам во туѓа куќа кога е таму детето. Па ако на типов не му пречи да не се гледа со девојкава, ќе се покаже, и се ќе стане јасно. За ова си потполно во право.........Кендис треба да издржи и неколку дена да не се видат за да свати дали на него му е стварно битно да е девојката до него или не.......ама пак од друга страна треба да бидеш спремен и за најлошото, а тоа бара и храброст за да можеш да го направиш,ама пак барем ќе бидеш начисто на што си.
Лионес е стварно неутрална по ова прашање , размислува за брак и се во брак е многу различно луѓе, тој сега засега има друга фамилија неговата , може малку сурово но така е , доколку имаат сериозни намери и двајцата ќе се договарат да штедат да се одделат ,не ги знаеме намерите на дечкото кога човек си има своја фамилија не верувам дека ќе одзема од неговата фамилија за даде на сестрата , освен ситни подароци за пажња на внуците , а за тоа дека и сметало што одела сетрата на ручек кај незините дома е да му смета на некого што одиш кај твоите дома кажав за внукот , абе дете е фаза му е ќе му мине па и тука си треба воспитување од родителите , тоа е сепак дете . И многу ми се свиѓа она You and Me against the world ! но не бидете буквални , не и против вашите фамилии И татко ми кога се земала сестра му многу и помагал , дури и претерувал кога биле во прашање моите братучеди , немал трошоци работел сакал едноставно и не дека тетка ми го злоупотребила тоа ,но од како си створил своја фамилија нормално дека тоа се свело на нормални подароци за роденден и сл
Вака доколку сите прочитавте моите коментари ке ја раберевте ситуацијата..Да сестраму може колку сака и да седи и се сама кај нејзините доле да зашто да не дојде и да јаде и да руча и да спие....Јас сум сега девојка и тоа го рабирам да но по цена тоа да е секој ден АМА ВО БУКВАЛАНА СМИСЛА секој ден ви кажувам како изгледа еден нивни ден да и јас го викам кај мене доагам во неделата три пати доага кај мене седиме да не дека јас нив не ги сакам едноставно нашиот простор ни го гушат не можеме на раат да останеме ни минут значи дали е мобилен кога некаде без нив ке излеземе дали се тука јас почитувам да отидеме кај нив на гости еднаш дури и 3 пати неделно да се видиме но дали ке ви е на вас океј секој пат кога треба да се видиш со дечкото мораш и сестрата и нејзиното семејство да го гледаш и да бидеш во нивно друство дури и да сакам да му кажам нешто интино не можам..Никогаш не сум навредила никој од нив ни да направам да се чуствуваат непријатно ..дури и дечкоми се нервира и има кажамно многу пати ке се налутата и по два дена иста песна не ми ја знаете детално ситуацијата за да знаете како ми е мене истата ситуација да е кај вас дома незам дали ке беше лесно ..Јас не го пикам носот по новцаници но тие пари и повеке зетот ми ги сатави под нос и ме праша дали сум видела толку пари на куп???? Плус дечкоми ми има кажано колку заработува и не ми е ни галје тоа што сакаат они нека прават ..а за дечкоми нормално е долго време сме заедно да знам колку пари заработува.. да и не е малоумоен да незнае каде да торши пари туку едноставтно пред мои очи сестраму во повеке наврати кажа дека детето немало соба нелано соба а они биле во криза ( само незнам каква)И на шега ај ти покажи се како вујко и се смее..Знаејки колку брати заработува колку може со една просечна плата и не и е гајле кога помладиот брат кој сеусте треба да шета нема пари за едно кафе да излезе..Зарем и вие по таа цена би го оставиле братви?А вие излегувате сетате со мало дете(кое секогас има кој да го чува)а имате скоро 40 год?Мене детето воопшто не ми е криво за ништо што е разгалено тоа е проблем на родителите не сум тука да го воспитувам ни ништо можам да го погалам поиграм да можам ...Единствено што сметам дека е правилно лугето да имаат осет кога некој сака да остане сам како пар да се почуствува кога ке ни дојдат наша генерација малди да остаеме со нив а не они се тука секогас и внукот кој не остава моабет на даправиме ..Само тоа сакам малку интима во нас..
Епа проблемот не е во сестрата во дечкото затоа кажав дека што прават дома е нивно , дечко ти е тој кој мора да најде време за тебе од него треба да бараш ,мислам јас не би сакала и цело време да сме и во друштво си треба интима , те советував да не напаѓаш за детето оти ќе бидеш погрешно сватена , барај му време за вас двајцата па секое излегување не мора да биде луксуз , мислам дека тој проблем треба со дечкото да го решиш , без да му спомнуваш фамилија , секоја девојка има право да си биде сама со дечкото ако тоа не го свати тогаш незнам
„Ајде сеа вујко, покажи се“ (Бог да чува) ... алал да и' биде на таа снаа со челични нерви која нема да избега од таква куќа ... бетер од кај Алиризовци Дај Боже дечково да се вразуми, но...доколку цел живот е научен да биде жртва за сестра му без разлика на се' многу тешко... И да...се согласувам дека дечкото е крив. Како што може на candise да и' каже „не“, така може и на сестра му. Еден коментар да ја засрамиш пред цела маса луѓе е доволен да и' се затне муцката затоа што насамо разговор не помага кај оваа, пак ќе се вади на карта сожалување и братска љубов.
Добар ти е предлогот, а јас би направила и друго, кога ќе дојде роденден на дечкото или нејзин да откажи, ајде сега золво покажи се. Хихихих
Да се доведе нешто во ред-е само губење непотребна енергија и спуштање на нивно ниво,нешто слично ко свекрвите. Единствено што треба да се доведе во ред е мажот нели.Имај си го до тебе и свиркај си. Али,некои работи се учат со тек на време,млади и неискусни и мислиш дека е крај на светот,па ај разговори,па терање инает,па препукувања итн....искрено,одзема енергија и не вреди повторувам да се симнеш на нивно ниво! Јас ви кажував за мојата дека криеја од нас се до некојси 4,5ти месец дека е бремена,Па и уште кога ја прашав(кога ми кажаа) кој месец си ,вели паааа 3ти накај 4ти,а она 4ти накај 5ти .Ваљда си мислеше така поблаго ќе звучи.Кога ми кажаа со свеки,јас само се насмеав и реков,ааа па знам јас,ништо ново Вакви беа Што,си мислеа од Марс сум? И одма еее,па одкаде ,па свеки вика е од каде знаеш и јас незнаев,дрн дрн,и јас само и реков-Па сите знаат,уште оддамна ни честитаа дека ќе станеме вујко и вујна,ама ете сега зборат на велико пошто беа зачудени како брат и да не знае Во тој стил им залепив,леле неможете да им ги замислите фацките,скроз се изгубија,а мене ми беше смешно. Сега да ги видите се ми кажуваат,сите прегледи,сите витамини што ги пие ....тоа на золва ми е единствена тема на муабет,иако воопшто не ме интересира,само нека им е живо и здраво! Ептен се смени оттогаш,многу е пофина и со мене и брат и,нонстоп не вика на кафе,и она доаѓа,ми пшува на ФБ,ми звони телефонски,али искрено ептен сум оладена спрема неа,после сите работи-што ич не ме интересира нити ми е важно.
Dvajca partneri srejkni treta licnost sto se mesa Jas i mojot soprug se soglasuvamo potpolno super ! megutoa imame 3 licnost sto saka da ni go srusi brakot toa e mojata zolva.. ona e omazena vo ch iako e tolku daleku ama uspeva da ni prae probemi preku int.. a pak koga ke dojde na odmor vo mk.. cela kujka ide so mene protif pomagajtee ! ! ! sovet !..
Доколку имаш разумен маж кој те сака и не е задоен да оди по ќефот на сестра му по секоја цена дури и откако ќе оформат свои гнезда, нека збори, самата ќе си се издаде што мустра е и ќе се фати во стапица, а мт ќе види каква сестра има .
Fala bogu imam mm sto e po mene i sto me saka ama mng bocka ne mozam da ja podnesam koga ke dojde od ch samo mi praj probemi da se karam so site doma mi vika sto ne ides kaj majka ti malce na gosti <deka jas sum od struga a mazena vo tetovo> vidi si ja poprajte si muabet a jas ke odam so brat mi da si setam mozi ke mu najdam nekoja devojoka da si smeni malce mozi mu se zdosadilo od tebe.. a pak koga ke izlezi na int lele mu vika na svekrva mi na snajkata ova bluza mu bese dobra tie pantoloni i ke dojde svekrva mi i ke mi gi zeme skrisum od skaf i posle ne mozam da gi najdam.. Sega sum malce po smirena bidejki mm se skara so nejze bidejki mu rece na mm deka sum imala svaler i ako sum odela na rabota ke be e...t se izvinuvam za zborot..
Душичка бе... ме потсети на мојана простача од золва. Додека се забавувавме со мм беше супер, сакаше да ме запознае, да се дружиме. Мене баш ми беше мило затоа што еден пријател повеќе само може да ти го разубави животот. А разбра дека одиме за сериозно, аууу...како друга жена да искочи од нејзе. И двајцата насамо не' предомислува за другиот, па на мм му збореше за други девојки, па нејзини другарки му тутунувала на кафе (беше толку фер па самиот одма ми кажуваше), па кога се зедовме дури, е дури тогаш беш лом. Спојлер Зoлва ми се однесуваше кон мене како дете да сум и' убила. Ама, полека си ја научив лекцијата. Враќајќи и' со мило со убаво уште повеќе ја жестев за да еднаш постигнам сите да го видат нејзиното вистинско лице кога најмалку го очекуваше тоа. Без викање, без навреди, туку со мозок. :geek: Дури и после, не ја навредував, туку велев „Зошто беше таква со мене, мене цел живот покрај брат ми ми фалела сестричка, јас бев спремна како сестра да ја засакам“...демек. Сега веќе некое време сум раат од неа, не морам да ја гледам често сем кога се она ептен семејни собири и во такви прилики порано се обидуваше да б'цне работа, а јас само ќе и' одвратев „Малце ли се искомпромитира пред цела твоја фамилија, уште ли сакаш?“ со таа невина (порано што беше дури и искрена) насмевка на лицето и таа сфаќa дека веќе ни самата не знае со кого си има работа и во што си ја има снаата претворено и сега само формалности „шо праите како сте?“ и крај на муабет. И поубаво. Тука многу ми олесна и тоа што со мм никогаш не ни биле многу блиски и што мм навистина ме сакаше и преку многу постапки увиде дека не сум лош човек. Али коа ќе ми текне човече...па мислам дека на мажот и децата да беше толку посветена како на растурање на нашиот брак, ќе беше жена со која секој маж би посакал да има семејство. A кога ќе помислам можеби и неисполнетоста што ја чувствуваше во нејзиниот семеен живот така ја пополнуваше.Kојзнае сега чие бојно поле спрема,очајна жена, кога ќе помислам вака ретроспективно, па и ја жалам.