Ете гледаш, одма се ти е појасно. Нема. И маж ти да им каже, само драма ќе се направи и ништо нема да се смени. Тоа е тоа, една фамилија и се е наше. Нема врска ти како се осеќаш, секако си снаа, ти исчувале момче и сега шо се бунтуваш. Маж ми, за да не правиме скандали и да не се црка, па псопе да има плачки од типот син сум те исчувала, ти на мене вака и сл.глупости, за некои нешта преќутува и вриеме во нас. Е арно ама, некој тоа што не сакаш да се караш си го зема како потврда дека смее да се однесува како идиот. На крај решение, за жал, помалку време поминување заедно. Кај нив ништо немам инвестирано ни купено. Она што е оставено ми е заборавено и не постои повеќе за мене. Како е така е. Нит гости викам кога сме таму, ни ние нешто специјално заседнуваме. За тие 10 дена, навака -натака- ресторан дружба и чао.
Недај боже да ја видам одма на сред улица ја соблекувам. Одма хаварија правам, дури и ако праша си го знае одговорот, не. Што е мое, мое си е, треба да си знае уште на старт.
@mKdevojce izvini vaka shto sum direktna, no i ti ne si pokazala zabi. Ushte koga ti se javila zolvata kako se pushta tvojata mashina, si trebala direktno da i kazesh deka ne smee nikoj da chepka tvoe, osobeno koga vie ne ste doma, a ne da i vrtish - pa ne mozam preku telefon da ti objasnam bla bla. Se kazuva direktno, ostro, cao, prijatno. Kraj.
Така е. Кога не бива со арно тогаш ќе мора со лошо оти се поголем замав се зема. Последно нешто е тоа што собата што ни е за детска соба си ја користи како шпајз. За се што нема место дома, стара облека од трите деца, справи за вежбање, куфери и сл. почна да си складира во таа соба, горе кај нас, исто без прашање и дозвола.
Епа штом маж ти не превзема ништо тогаш директно обрати им се и кажи им да не влегуваат и да не чепкаат по ствари доколку вие сте отсутни. Остави им еден вибратор у дневна на маса и прслук нека се шокираат малку. Боже господе.. И да ви го подариле спратот тоа не дава право да ви влагаат во приватност. Налет.
Не верувам дека ќе се шокираат, може и да си го искористат вибраторот па после членката да закачи нешто
И јас имам баба заостаната во времето, дала спрат на синот се му напрајле ама горе не смее да припари. Има клуч, има се' ама неколку пати ќе се качи и ја бркаат. Ама ај што вујнава ја брка, туку и вујко ми ја строел да си седи доле и едноставно не смее да припари само седи и "плаче" како снаата не ја сака ама на никој не му чуе. Гледа турски серии и мисли така треба во реалноста. Затоа мажите т.е. синовите ако не се постават џабе.
Тоа е точно ,ама ако веќе јас (членката) нешто користам само за специјални прилики и тие тоа го знаат нели е малце отповеќе глупо да се земе ? Значи јас од ,,сама себе" ги чувам и ги вадам ретко а некој да си ги користи како нешто ,,обично "? Ејјј ,за ваква работа (ама треба поддршка од сопругот) здмаш ко ќе си дојдиш вадиш се надвор па шо сака нека им прави Апсолутно нема да му е проблем ,можи ќе го праша братот да не не ја ,,дупи" доволно ,дотолку безобразен е овој профил на личности.
Штом им е кажано и пак нема резултати следно е да не се замараш туку преземеш мерки. Тоа што ти е ептен битно и лично или си го носиш со себе или го селиш во твој личен простор. Се друго небитно (кад тад ќе) си го користат. Нив тој им е мајндсетот, нема да ги промениш.
Кажувано од тебе или од маж ти? Не треба ти да им кажеш и се додека ти кажуваш нема да те сфатат сериозно ама ако маж ти не им дозволува нема да прават така. Ако на маж ти му е сеедно што ти се нервираш и не му пречи тоа што го прават значи не се они проблемот.
Како имаат пристап до вашиот стан, спрат од куќа е или? Физички дали е одделен просторот и дали може да си заклучите. Не се работи во случајов за осет, ова е бессрамност и примитивизам чист. Па и спрат од куќа да е, нема што да душка и да користи туѓо, племенска заедница во 2026.
Менувај брава клуч само вие(ти и сопругот) да си имате и ако ти речат нешто прави се начукната.Контакти на минимум штом живеете странство кога ќе дојдете ете да не е на кафе на еден ручек седнете ги и толку еден ден во годината ќе се видите.Секој своето нека си го тера.За да не останат тие стварите нејзини облека и друго кај вас ќе и рече маж ти да ги извади бидејќи ќе реновирате,па пак ќе ги врати кога ќе заврши реновирањето оти и така има празно место не е проблем нека стојат само да ги извади за да реновирате, така нека и рече за без кавги да ги извади да не морате вие да ги вадите или ако и речете да не сака да ги извади, тогаш и во двор се да извадите и оставите во право сте ама ај да нема плачки ми зедоа,ми дадоа,ми фрлија гледајте некако да ја натерате со убаво да ги извади, вие менете си ја бравата и правете се начукнати и ако рече ама требаше да ги вратиме стварите маж ти нека праша кои ствари кога ќе ви рече па тие што не ми требаат речете и спратов наш не е магацин па да чуваме ствари, убава работа ако така чуваме се што им зафаќа место на кој ќе му текне па треба и од сестра ми/брат ми,кумови, роднини,другари да чуваме така и тамам цел спрат за складирање свари што не ви требаат дај да биде,ако ви е мал станот или куќата земете поголем или изнајмете простор и чувајте си ги стварите што не ви требаат таму.Со вакви само на мудар начин разбирање оти немат осет.Единствено ако не е на ваше име спратот сте згрешиле многу што сте инвестирале поарно чим идете еднаш или двапати годишно и в хотел да спиете него да местите спрат за некој да си урла како ќе му текне.Нека си спечали, нека си намести па нека прави што сака.Во туѓо да не глуми газдарица.Најубаво е маж ти да и рече а ти да си ќутиш оти на крај ти ќе бидеш крива.Вака нему му е сестра тој ќе и рече и завршена работа.
@mKdevojce Ти треба да ги поставиш јасно границите. По примерот со машината, ти не си јасна, не кажуваш не смее да ја користиш машината, туку дека ќе и покажеш кога ќе бидете таму. Со тоа даваш одобрување. Да не користат твои работи, ќе им кажеш ти, не маж ти. Маж ти сигурна сум ум каажал одоколу во некоја блага верзија да не му се налутат мајка и сестра и затоа овие имаат слобода. А и ти одоколу су зборела. Границите сами ги поставуваме.
На личности без граници, се што е во куќата, независно на кој кат е и чии ствари има си го рачунаат за заедничко, какви сакаш граници и пречки постави им ќе ги прерипаат. Ако им каже отворено поверојатно е пак се да и користат ама подискретно. Спас- заштита на приватност со тргање настрана на тоа што е ептен лично и не е планирано за други. Другите ствари ги отпишуваш дека постојат и си живееш без непотребни нервози.
Аха Ке заклуче спрат секако Да е твој лично изграден клучам и нема клуч Е тоа е разликата шо газот е под ќирија даден Да не ме разберите грешка не одобрувам тоа шо го прават И не одобрувам ако ти дале стан спрат да се башорат они таму ама Мк е ова не заборавајте Примитизам на тон
Ме мрзеше да пишувам ама тоа сакав да потенцирам и јас дека многу згрешиле што инвестирале во туѓо, ако е спратот или куќата цела на име од родителите на золвава и мажот од членкава, тогаш ако им речат ќе си добијат одговор дека не е нивни спратот, золвава може да рече што сакам можам да носам во куќа каде што имам и јас дел или ако отворено и рече членкава на золвата и почне да поставува граници золвава ќе и рече па ова е куќа на мајка ми и татко ми и јас имам право на неа колку и брат ми, така е реално.Секако во право си оправдување не постои за однесувањето на золвава си прави складиште за непотребни работи од домот на брат и.Се чудам кога читам какви луѓе без осет постојат.Затоа не се инвестира во туѓо или свое ќе стекнам дури ако треба во хотел ќе спијам тие 10-тина дена кога сум Мк ама нема шанса јас да местам спратови за некој да урла како што му е ќејф.
За живеењето заедно и за спратови куќи најголема вина гледам во нашиве родители. Мајките требаше да не ,,учат" да не прифаќаме никако живеење по заедници. Личен пример ќе дадам. Не и беше битно ни каде ни како ќе се омажиме ,само да се омажиме. Ни дали сме спремни да раѓаме. Ами да сме почнеле да работиме на случајот оти на денешницата еден куп жени не можеле да родат. Како ме ,,побара" мм ,прв муабет и беше сеа на мајка му ,,мамо" да и викаш.. Викам не можам, ама мораш јас на баба ти како и викав... Ко тинејџери нели почнуваш со циклус место вовед во тоа имавме ,, пазете што праите како бирате ,враќање назад нема" ... И оттука потекнуваат сите проблеми !
Затоа времињата се менуваат, луѓето постојано се менуваме и очекувано е да имаме многу понапредни размислувања од овие старинскиве. Во ситуацијава и секоја друга каде што однапред нема јасно поставени граници или расчистени имотни прашања вложување во кат на друг сопственик е меч со две оштрици. Тука единствен спас да си ги зачува сопствените раат и мир пишав што е, друго не гледам. Ако има друга опција и разрешување на проблемите на повидок тоа само членкава си знае дали и како е можно, но со луѓе што им е кажано и не се разбираат со збор сега за сега јас не гледам начин за брзо решавање.