Нема што да и нудиш опции. Ако бесрамно ви побарала директ без ваше прањаше , што и треба за бебето, тогаш од старт си кажувате до толку е буџет и нема што повеќе од дискусии. Ако сака поскапа, дајте и пари и нека си додаде.
зошто вие да и купувате количка не ми е јасно? , нека си купат они самите а вие само пари колку мислите дека треба кога ќе се роди бебето.
Бога ми ДА, јас баш очекував дека ќе се дружам со неа и ќе си пијам кафе... Ама онаа во новчаникот ме гледа т.е како АТМ. Нема проблем. Купено!!! Не, не барам совет, само така искоментирав од револт, пошто се случи вчера тоа. Инаку не, немаме никаков проблем, бар јас така мислам, како снаа сум и помогнала и повеќе од колку што треба, не се жалам, ама од кога престана брат и да и купува што таа сака почна со себично однесување. Потенцирам, престана да и купува што таа сака кога стапивме во брак. Секој си има трошкови. Таман си е она 26г, мажена, на прагот кон стварање на фамилија е. Инаку нон стоп во устата и е коментарот дека јас му забранувам на брат и да и купи тоа што сака она. Она може да побара и стан во Солун и ако не и се купи тоа да се расправа со сите. Разгалено детиште е, омажена во фамилија каде што 10денари се ценат, баш тоа е правилно во овие луди времиња и каде што не се расфрлаат со пари за било што. Инаку да, јас така не би ни помислила да правам список на подароци кои што сакам да ги добијам кога ќе сум бремена. Разбирам хормони, ама не претерувај. Така и планирам. И количка од 10.000 и од 42.000 исто ќе возат. Нема поскапата сама да вози... Инаку нема срам ни перде. Мисли дека брат и е банкомат и што сака тоа да и купува. Пробав со убаво да и објаснам дека прво имаме трошкови за свадба, друго плаќаме сметки во станот, па во станот во Шведска, сметки таму... Прво и јас така бев искоментирала па после добив повратен одговор дека брат и како брат треба да купи нешто значително за бебето, не можело тој со 100 евра да ја помине. Не дека нема да и се купи, ќе се купи секако нешто. Бев и понудила златна нараквица и одма ме пресече, не, сакам количка од вас, кревет сет со додатоци од незнам кој, добро викам, а пелените валда сами ќе си ги купувате.
Значи ти си најдобра снаа, грижлива и повеќе од што треба а она е разгалено детиште, претерува и се што е негативно. Што толку ти згрешила да ја оговараш на форум?
Не знам зошто толку тебе ти пречи што ЈАС ја оговарам на форум?! Не ја објавувам јавно со име и презиме која е. Која е поентата со коментарот? Инаку да, баш сум грижлива снаа ако те интересира, а таа разгалено жениште, пошто не е веќе дете, не барам јас од луѓе да ми купуваат што МЕНЕ ми е потребно, сама си го овозможувам тоа пошто работам од мои 17г па се до 27г и понатаму и не чекам на луѓето. Поентата на мојот пост беше тоа што некој, т.е сестрата на мм има нереални барања и баш ме интересира дали некој си има работа со таква золва! Ако ти пречи тоа што го споделувам, т.е го оговарам не ме цитирај, игнорирај ме. Easy thing.
Нема што мене да ми пречи или не. Очигледно ти имаш личен проблем со неа и еве ако некој знае попаметен совет нека ти пише. Ти си во брак со маж ти. Не со сестра му. А ако тебе уствари ти е проблем тоа што маж ти различно размислува од тебе во однос на тема финансии и сестра му тогаш не ти е проблем сестра му.
Не, немам личен проблем. За размислувањето имав наведено горе детално, па меѓу редови прочитај. Не се објаснувам повеќе.
Факт дека имаш личен проблем : ја викаш разгалено жениште, знаеш повеќе од просечно за сватовите и мислиш дека го 'возела' и користела маж ти, па ти го 'превоспита' подоцна. Ако тоа не е лично, не знам што е.
А има асолна количка за 10.000 денари? И Зашто ти смета да и купите количка? На крај краева сестра му е на мажот ти. Ти смета цифрата или дека воопшто побарала? Утре и внучето ќе му браниш да го гледа?
Ај така нека биде, џабе објаснувам, подалеку од нос не се гледа! Или јас шпански пишувам или ти не знаеш да разбереш македонски пошто гледам на кое ниво си разбрала!
Може нема за 10.000 ама до 20-25.000 се наоѓа. Реално 40.000 е многу. Јас би и дала поклон 20.000 а она да си доплати
Не е некој проблем да се крева џева. Се договараш и крај. Инаку во секоја фамилија така се купуваат работи.
40.000 е повеќе од просечна македонска плата. Не зезајте. Барем јас, кога веќе бирам би прашала колкав буџет може да одвојат за подарокот. Основна култура
Јас не негирам да се купи, барам да разбере дека моментално сме во огромни трошкови и да не прекоментира или се лути ако добие нешто поефтино од посакуваното и дека 1000мкд ми значат и дека ЌЕ И СЕ купи тоа што сака, ама не со таа цена, ќе се гледa поефтина варијанта, а тоа дека јас ќе забранувам да го гледа внучето, @nena2010 валда возрасна жена си да се свестиш што коментираш!
40к е аздис ама не мора да се крева галама за тоа. Маж ти шо мислење има , сепак му е на него сестра?
Исто мислење делиме. Многу пари се тие, не сме во можност да дадеме толку пари за работа што ја има и поефтино! (свадба спремаме, кујна нова местиме во станот и плус трошоци) И кажа дека се тоа многу пари и да си одбере поефтина и на крај излезе во нејзината глава дека јас не му давам да купи.
Што коментирам? Дека од мува правиш слон. Она може и со дијаманти да сака, ќе и купите колку можете и ајт. Аки не и се свиѓа, ќе ја вратите и готово.
Само на Балканов нормално е синот ( кој патем е во брак) да си ги даде и бубрегот и крвта на мајка му и сестра му, ама да беше обратно, жена му (членката) да побараше количка од 40 000 од него или од золвата, ќе ја распнавте како Исус Христос.
Па видете брат си е брат, сестра си е сестра. Ама оваа аздисала богами. Најверојатно членката нервозата си истура тука како многу што се жалат од свекрвите. Ова вам нормално ви е? А богами јас како да не живеам во МК, мајке ми 40 000 не се ништо тоа е повеќе од просечна плата во МК. Сега ова и текнало, после за прв роденден ќе бара може кола да му купат. Не знам вие што добивате од блиските за родено дете ама ниту јас ниту никој од блиските не не дарувал со толку голема сума, не дека немале ама секој си има трошкови и семејство.
Abe ajde. Shto ako e sestra? Eve na maz mi bratot ne kupuval takvi podaroci, plus pa tolku ogromna suma, ni nie isto. Ne preteruvajte. 40 000 denari za kolicka e mnogu. Ima i poevtini.