Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    4.533
    Пол:
    Женски
    А тоа само јас да не сум во право инаку се друго е ок.:D

    Јас не би имала смелост да побарам нешто толку скапо од блиски во фамилија.
    Инаку цело време објаснувам дека од кога стапивме во брак, мм престана со расфрлање пари пошто заеднички буџет е тоа и имаме трошкови, ама некои членки разбраа дека му забранувам, го преваспитувам па дури и ќе му забранам да го гледа внучето.
    Јас на золвата пробувам да објаснам, а тука не се ништо поразлични. |(

    Нека кажат што е правилно барем да знаеме. Ако купам количка од 100.000 денари и тогаш ќе коментираат дека е многу скапа.
    Валда возрасни жени се и доволно зрели да разберат дека 40.000мкд се многу пари во период каде што спремаш свадба, менуваш кујни и те ствари во стан, плаќаш сметки за два стана и треба леб да си купиш.:)
     
    На nextredstyle, andromedae, anggell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.689
    Допаѓања:
    82.806
    Пол:
    Женски
    А зошто чувствуваш потреба да се објаснуваш со золвата до толку? Еве, си и кажала дека не сте во можност да издвоите толкава сума и готово, батали, си го завршила твоето ти. Ако има негодувања од нејзина страна, сопругот нека си ја преземе ситуацијата и нека и објасни како стојат работите. Нема што ти да влегуваш во конфликт кога и онака веќе односите се очигледно затегнати меѓу вас.
     
    На 1209, Panda00, nextredstyle и 5 други им се допаѓа ова.
  3. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    4.533
    Пол:
    Женски
    Мене ме изиритира тоа што мене ме обвинува дека му забранувам да ʼтрошиʼ пари на неа, да и купува се што сака. Напротив, не сум направила ништо такво, сопругот сам си е свесен дека трошковите нема да му се платат сами од себе.

    Инаку не се расправам со неа најмногу заради почит спрема него, се пробувам со убаво да и кажам ама не разбира!
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.422
    Допаѓања:
    11.841
    Најкултурно во ваква ситуација е да ги игнорирате тантрумите на возрасна жена и да купите што сакате и колку сте можност. Толку.

    Се објаснуваш со разумен човек.

    А човек кој смета дека некој е должен да му купува скапи работи, без притоа да му е незгодно вака да се однесува, не е разумен човек :*:
     
    На CameliaMiller, Panda00, nextredstyle и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    611
    Допаѓања:
    1.616
    Пол:
    Женски
    Ама што се замараш, секој може да мисли и збори што сакаш, нема што да и објаснуваш, тебе важно ти е сопругот што мисли, не другите. Спремате свадба, уживај во овој период.
     
    На nextredstyle и FlirtBerry им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.689
    Допаѓања:
    82.806
    Пол:
    Женски
    Те разбирам, но премногу се замараш. Според пишуваното, знаеш дека ова нема да и' биде ниту прва, ниту последна инсинуација. Така што, навикни се пред време дека треба да отрпнеш на туѓите коментари. Нека збори што сака, нека мисли што сака. Ете ако веќе толку ти смета да се спомнува тоа дека ти си таа што забранува работи, сопругот нека истапи да и' каже дека не е точно и да си направи муабет со неа. Ама и тоа нема да го реши проблемот, така што, батали е најдобриот и најразумниот совет во ситуацијава.
     
    На Panda00, nextredstyle, bookslover и 2 други им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.255
    Допаѓања:
    38.557
    Пол:
    Женски
    Сигурна ли си за муабетов? Пошо јас колку што знам, на балканов сестрите се откажуваат од имотот во корист на братот, не обратно :^)
     
    На nextredstyle, Munchmallow20, baby-star и 5 други им се допаѓа ова.
  8. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    4.533
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам, дефинитивно веќе нема да обрнам внимание, џабе се нервирам само на мене си штетам.
     
  9. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    4.533
    Пол:
    Женски
    Незнам за кои балканци зборуваш одма да те пресечам, золвата си доби стан и две земјени површини. Не е оставена на улица од нејзините.
    На сопругот остана куќата и две земјени површини, негова одлука беше да си купи стан за да сме сами.

    Многу мои познаници кои имаат сестри се поделува исто, на едниот стан на другиот куќата и обратно.:)
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.670
    Допаѓања:
    137.984
    Пол:
    Женски
    Јас бидејки сум единица ама сум многу блиска со братучедите,кога се родија не штедев пари. И никој не смееше да ми зуцне зашто и колку давам. 7 внуци се инаку.
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    437
    Како се расфрлате со сумиве алал да ви е...
    Јас кога видов дека сестра ми 10000ден потрошила кога се породив со второто шлог ме фати, дека тоа се мн пари.

    Едно е да дадеш колку имаш, друго е да бараш. Не можете да кажете дека 42000ден е разумна сума за подарок. Или јас сум мн сиромашна не знам
     
    На 1209, Angie1432, Isabel и 16 други им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.177
    Допаѓања:
    32.194
    Пол:
    Женски
    Не ме прашувај мене, прашај ги овие шо мислат дека е нормално и ја бранат мажената сестра да бара количка од 40 000 од женетиот брат.
    Па и телефони да и плаќа, па и свадба да подместува заради неа.
    Тоа можеби било порано, можеби е нормално за постарите генерации, од новите никоја нема да трпи така. Золвата нека си бара количка од маж и или нека се задоволи со поефтино. Никој не е должен неа да ја гледа. Или нека си мрдне газот нека земе нека работи.
     
    На CameliaMiller, Panda00, kim.k и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Malo mace

    Malo mace Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2021
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    А која е потребта на золвата да бара да и купат количка или било каков подарок за бебе,мислам дека секој има право да однесе колку сака и што сака според финансиите.
    Малку е просто и не убаво да бараш од некој да ти купува скап подарок се додека другата страна не ти се понудила да ти каже бирај што сакаш да ти купиме до одредена сума .
     
    На Panda00, nextredstyle, FlirtBerry и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.332
    Допаѓања:
    44.345
    Нека не вели тогаш дека не е личен проблем со золвица. Золвата е очигледно со јаки прохтеви ама се кладам дека нема да возврати исто за нивната свадба. Ама еве братов "странција" работи, и таа ( сестрата) си мисли дека му врнат пари. Плус претходно ја тинтрал и сега и е криво дека престанал. Ама па снашкава да вели дека не е личен проблем, океј фамилијарен е, веројатно сите и превртуваат очи на сестрата зад грб ако толку драми прави. На времето тие стокке количките по 1000 евра беа уште пред 15 години . Братов гарант нема поим колку се движат цените, он веројатно и би купил, да не е снашка. Ќе рече ај за внуче. И сестрата користела ваљда до сега.
    Обично ако имаат намера блиски да купуваат, кажуваат до колку пари да си одберат младите. "извољевање" со туѓ новчаник е стварно смешно и иритира. Нивни пари- нивна желба. Таа може да се слика само... И да возврати или не возврати за нивната свадба. Па пак ќе ја читаме членката за бокалот за вода или пеглата од золвица.
     
    На EnaEnA30, Трагедијаупмм, H.VAGA и 3 други им се допаѓа ова.
  15. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    4.090
    @FlirtBerry ај пробај вака. Бидејќи самата себеси се проценува за 40 000, (самата кажала нели, дека не ја вреднувате па се вреднала себеси за 40к., ок) еве избери количка нека е 20, 22к, и кажи и дека остатокот ќе и го дадете во кеш. Ќе ја закопаш, мислам ова ако има малку свест, што не верувам дека ќе се засрами де...
     
    На nextredstyle, FlirtBerry и JasBee11 им се допаѓа ова.
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.018
    Допаѓања:
    190.652
    @FlirtBerry
    Стај 200 250 300 (колку можиш)евра у плико дајте и го и нека си купе шо сака со парите
     
    На nextredstyle, CareTee, Dentina и 3 други им се допаѓа ова.
  17. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    4.533
    Пол:
    Женски
    @Dentina Јас баш и не кажувам што сакам да добијам за свадба, кој што може нека донесе, доволно е да се појави да направи чест, не ги гледам луѓето јас по парчето хартија што ја носат во џебот.
    Она да има свест нема да бара скапи поклони. Ако толку ја интересира за брат и, ете немора мене да ме гледа, ако толку и е жал за него треба да си се сопре со барањата, а не да се лути ако не добие тоа што сака.

    Овој совет и планирам да ти кажам да го применам.
    Моментално можам до 200/250 евра макс да и дадам, повеќе немам. На крај краеви нека се лути, што сака нека си прави, толку ни се можностите за дополнителни трошоци.:?:
     
  18. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    4.090
    Материјалистка. Инаку, по мое, тие колички и други ствари со нереални цени ги продават на богаташи шо не ги разбираат парите, шо не знаат шо да им праат на парите. Ние имавме од 10к па ја утепавме од возење супер си беше, со единечни тркала чиполино.
     
    На Трагедијаупмм и FlirtBerry им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.255
    Допаѓања:
    38.557
    Пол:
    Женски
    Овој примеров тука е толку редок, што не се ни рачуна. Да не збориме што тука слушаме една страна на муабеотот, а којзнае каква е вистината?
    Генерално, во нашава држава и на овие простори, правилото е дека сестрата треба да се откаже од делот за братот. И очекувано е истото од снаите, браќата, родителите... Да не се праиме наудрени сега, читни по темите со свекрвите и проблемите во бракот, ќе видиш зошто добар дел од членките трпат насилство и што уште не? Оти, немаат каде да се вратат! Дале се на братот!
     
    На eliesaab и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  20. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    781
    Пол:
    Женски
    Флирт, те разбирам дека золвава се однесува непристојно и си кажува што подароци сака особено непрашана, тоа треба дома со сопругот желби меѓусебно да си исполнуваат.

    Во контекст на вредноста дали е многу или малку е дискутабилно и релативно. Меѓутоа начинот на кој упорно потенцираш дека ТИ не и даваш малку ми е иритабилен, шефовски, као маж ти кој го прашува или како што некој рече ко личен проблем да имаш со золвава.
     
    На eliesaab, EnaEnA30 и Hoping им се допаѓа ова.