Па веројатно и на неа и се тие можностите. Свадба на брат и, плус бебе, за кое иницијаните трошоци се исто така големи. Не знам, ама еве пример да дознаам дека уште невенчанана снаа ме оговара по форуми, партал ќе се направам со сите дома. Ќе размислам и дали на свадба ќе дојдам. Верувам дечко ти појма нема, да имал, друга песна ќе пееше. Инаку да, јас имав ефтина количка, ми идеше од прозор да ја фрлам. Кога би имала дете пак, би гледала поквалитетна.
Ајде ајде колички од 700 евра се видејте ме Има поефтини а добри Сеа девојкава да е исто трештена како золва и да и рече сакам Мiele перална за свадба од вас И ја,сакам авион ама њааамааа
Па како да не ја оговара? Госпоѓата знаејќи го фактот што брат и' припрема свадба и секој денар му е значаен бара количка од 40 иљади,фак лоџик мајке ми Мене така да ми направи сестра ми ќе добие ручка од тупан.
@MiloMalo Ами кога ќе излезе со друшките нејзини мора да каже дека оваа количка кошта 40к... Баш на братучедка ми и купивме количка од 11.000мкд и беше презадоволна. Не ми постави цена, сама ја прашав што и треба и ми кажа ако сум во можност количка да и земам. @JasBee11 Може така изгледам кога коментирам што знам, не сум се приметила, вистината е тоа што за некоја било каква ситуација, материјална, проблем некој или било што прво нешто што правам како жена во заедница е тоа што се консултирам со сопругот. Играм на отворени карти, може да се купи, не може да се купи. Истото го мисли и брат и само што не може толку директно да и одговори, да ја одбие, затоа пробува со убаво, ама не бива, не се разбира. @ArabellaStarfall Инаку законска жена му сум веќе 1ипол година, не сме венчани во црква само, тоа ни е оставено за денот на свадбата. Брат и точно го знае моето мислење за неа и моите коментари. А тоа мое оговарање, не знам зошто баш ти пречи. Секој си пишува/коментира тоа што си сака, не ја клеветам јас тука, реално ја објаснувам ситуацијата. Како што имав пишано дека се сопирам да и плеснам во лице се само заради почит спрема брат и и заради тоа што е бремена! П.С. свадбата е закажана година ипол така да си имаше таа во предвид дека имаат свадба во најблиска фамилија и плус како никаква снаа јас нели како што ме замислувате се согласив со брат и да не очекувам огромен поклон од нив заради тоа што имаат исто трошкови за бебе.
Многу ми се мизерни тие очекувања кој колку треба да даде, а па уште повеќе и да си бараш конкретен поклон. Не е битно дали 40 000 е скапо за количка или не, слободно нека си купат количка и од 200 000 ако си можат и ако им е ќеиф. Ама да бараш од друг да ти купи... Обично традиција е количка да биде купена од баба и дедо (мене и тоа ми е безврска), брат да купува количка, или братучед прв пат слушам. И ние купивме поскапа количка ама бидејки запнуваа да е поклон од баба и дедо, рековме да дадат колку што планираат, останатато ние ќе доплатиме. Од браќа, сестри, според мене поклон од 100,150 евра е сосема океј.
Се знае кој треба да купи се за бебето-родителите.А другите кој што сака може да му подари според можностите.Да,може да се договорат што му треба,а не да се одредуваат цени.Поклоните станаа веќе бесмислени за секаков повод,секој поклон стана договор за олеснување на трошоците
Деновиве прашај ја и ти што планира да ти донесе подарок. Речи и гледав една гарнитура за дневна...или нешто слично од + 90 000. Кога веќе ќе се трошите барем да биде нешто што ми треба. Сепак еден брат имаш -кажи и и остави ја да си прави филмови. Туку кога сме кај золвите се присетив и на мојата. Јас тазе породена и ми се јавува што да купела подарок. И велам ме е битно подарок туку дојдете да ја видите беба. И после вели епа тогаш ќе земам транспортер за бебе. И велам извини ама ние купивме транспортер бидејќи си го изнасовме од болница во транспортер (а секако и после за во кола ни беше прва неопходна работа). Леле луѓе кога се налути зошто сум и рекла дека имам аааууу пуздер ме направи. Па не сум сакала јас поклон, па намерно сум рекла да не дојде. И вилам ама сеедно е или нешто друго земи до таа сума или немора ни да купиш само дојдете па ќе земеш и после ако сакаш. Па муабети ете немора ни да дошла, неморала ништо да купела. Пробав смирено да и кажам дека не мислев ништо лошо туку дека кажа баш тоа сакала да земе. Немаше докажувачка се изназборе и исклучи. И погодете што се случи....не дојде ниту да види бебе ни ништо, тек после незнам колку дојде ... после година ипол. И тогаш кога дојде ништо не купи што и стварно не е проблем. Поентата е кој сака да најде беља и кавга ќе ја најде. И да дојдеше со транспортерот и да и речев ќе го сменам исто скандал ќе беше...не и беше првпат. Само не очекував дека тазе излезена од болница ова ќе ме снајде.
И пак ние снаите не чиниме. Трпиме заради почит спрема сопругот ама не се издржува, молчи, молчи ама преку глава ти иде. Инаку она се нема за поклон, купува за колку има. Не кажувам збор пошто стварно не ми е гајле, ама за нејзините желби… стварно претерува!
Мислиш она се породила не ти, па вака живчана , обично кога се породиме се нешто ни смета, ама веројатно си ги пренела твоите подивени хормони преку телефон
Тешко дека и ги пренесов. Постојано и беа неа подивени и уште и се такви. Туку очекував бидејќи и таа веќе беше мајка па барем во таа ситуација да не ескалира со секојдневните испади. Ама се прелажав. Можам еден цел роман да напишам . Со тек на времето сватив дека се е џабе и нервози и кавги и се, посебно за трети лица. Едноставно има луѓе кои неможат устата да си ја затворат, други што не престануваат со конфликти итн. Наше е да научиме да ги игнорираме. И тогаш и сега го мислам истото...тие губат, јас не изгубив ништо во тие година ипол.
@FlirtBerry ти ја разбирам фрустрацијата. Во ред е да каже дека сака количка, ама не е во ред да ја одредува сумата. Можете да и дадете пари колку што планирате, па они да си го додадат остатокот. Без разлика што спремате свадба и да не спремате никој нема право да ви го одредува домашниот буџет како ќе го трошите.
Барав тема снаи и девери ама не најдов. Оние кои имаат девери немаат пишано жалби и поплаки. Се прашувам наместо золви, да имавте девери дали за истото ќе создавате кавги и нетрпеливост меѓу себе? А на 8-ми март пак ќе си честитате. Лицемерно.
Прекинете да ги браните и да бидете толку многу пристрасни. Чоек ќе помисли дека истото го правите и исто се понашате. Да барам од брат и снаа вака, сума да си кажувам Не сте нормални ако ова го оправдувате, се граничи со лудило.
@FlirtBerry јас мислам дека штом золва ти побарала конкретен подарок се чувствува доволно блиска со брат и во случајов маж ти и веројатно на маж ти не му се проблем 40.000. Сигурно е свесна колку заработува маж ти. И без да ми каже веројатно би ми било мерак за внуче нешто најубаво да купам. Брат ми кога доби дете, релаксатор побара, купив релаксатор поскап од твоите предвидени пари за количка. Мислам треба да е комотна и анатомска количката и за бебе и за буткање и за склопување, не е само да е количка. Факт е дека испод 500€ нема убава количка и не ме убедувајте во спротивното. Бебе и без количка ќе порасне ама зошто. Толку ми е смачено од вакви цепкања за пари, од никој ништо не сум побарала баш од истава причина зошто знам дека во прва прилика некој ќе ме трачари. Ако човек не побара од родители и браќа и сестри од кого? И не секогаш тоа значи дека родителите немаат за детето, можеби мисли дека баш мерак би ви било за внучето нешто убаво па си побарала нешто што сака. Ама добила трачарење на форум.
Ма дај ти се моламмммммм Може 4000 евра месечно заработува, и сеа ај нека дае 1000 евра, ма нека дае и 100.000 денари.. Осет бре осет. Шо зборам, шо се глупирам, оперирани од осет се.. Сите вие пошо сте золви, ве има погодено темава, па се пронаоѓате у причава. Членкава има пишувано пред некое време за тоа каков размазен сноб е золва и', али ја напраија оти измислува, па сеа она цепидлача била. Па така и снашките у темана за свекрвите измислуваат, и тако даље.. Све шо се бара е само осет и нишо друго.
Ситни души бројат пари.... и цепидлачат и измислуваат и претеруваат. Толку имам да кажам на темава Срам ме фаќа што читам дека се работи за поклон за внуче. Еј, прво внуче!!!! Знаете ли вие каква радост е тоа?! Цццццц