А ти прочита дека спремаат свадба.Од каде знаеш дека имаат 40000 денари.Што има врска радоста со вредноста на поклонот?Ситни души мислат,колку е поголема сумата,толку поголема радоста
Апсолутно не ме погодува. Освен што сум золва и имам золва и здравје кога ќе има дете не би ми било ич проблем да и се купи нешто скапо. Па побогу еднаш го купуваш тоа, нема секој ден да одам да и купувам нешто. Мене ме иритира кога луѓе само за парите се фаќаат, не за убавината позади тоа, блискоста, радоста. Исто и за свадба кога ќе ми рече некој “абе кај ме поканија сега без 100€ не сум”. Ако прва помисла ти се пари а не радост за парот што стапува во брак ич не оди на свадба. И да може да се радуваш од срце и без пари ама ако ги имаш парите нема да ти се проблем да ги дадеш. Ако ги немаш, нема ни да ти побараат количка од 40.000.
Има врска вредноста со квалитетот. Што има разлика во кола од 2000 евра и 20.000 евра? Иста е радоста, ист е квалитетот? И таа е во трошоци, не знам јас колку пари изнадавав на почетокот за бебе. Јас сум сигурна дека таа количка си ја меркала, потоа дошле овие ја прашале што сака, оваа си кажала дека и треба количка и тоа е тоа. А стварно, ако на најблиски не си побараш тоа што сакаш, на кого? Вие од родителите и од браќата/сестрите немате барано ништо? Туку не и е сестра на членкава, затоа се нервира. Да и беше сестра и количка, и облеки и пари ќе даеше.
Аууу, да не сака да биде количката од злато? Ја ко золва вообичаено сум на страната на золвите , ама оваа твојава е за терање у пм. Уште па и продолжува да се занесува додека знае дека вие имате трошоци. Никој не е должен да купува количка за бебе кое не е негово. Треба да е среќна што воопшто се нудите да дадете дел за поевтина.
Па таа може и од 80000 количка да купи ако може да си ја дозволи самата.Не знам дали вака ќе реагиравте ако се некој вас ви ги преместуваше и одредуваше парите каде да ги потрошите
Ni od roditeli nemam pobarano neshto shto e tolku skapo. Mi dale primer pari kolku shto imaat, jas dodavam i kupuvam ako sakam neshto poskapo. I kolku godini kje i treba kolickata? Do godina. Moze ni tolku, zavisi i od deteto. Posle prooduvaat, sigurno kje sedi vo kolicka. Sporedbata so kola ti e besmislena. Duri i smeshna. Na krajot na kraishtata ako saka takva , neka si ja kupi, shtom ja merkala.
Без разлика колку некој заработува и има, Освен ако некој сам не инсистира да ви купи поскап подарок, едноставно е незрело да го барате истото т.е да сметате дека ви е должен. Како основна култура е предмет на дискусија? Радост било детето и не требало да се гледа колку братот ќе даде....Ама само ако даде помалку, ее Мислам, братот и снаата не требало да ги гледаат работите низ призмата на парите, но сестрата и мажот смеат? The math isn't mathing
Јас мислам дека некои членки без врска се контраат за нешто што не држи вода само за да отиде и оваа дискусија до недоглед...
Фала ви за сите што ме разбирате и се согласувате со мене, имало разуми луѓе. За оние кои го оправдувате тоа свестете се и направете математика дека спремаме свадба, менуваме интериер по дома, плаќаме кредити и стан во Шведска. Очигледно немате појма да рачунате трошкови по муабетот.
Ауууу и на темава,сме имале лебојатки Нели виве срам бре како чергари да си барате поклони од толку пари? Осетот кај ви е? Ако маж и заранотува 2500е нека и ги даде сите на сестра му шо има врска
Или имаат проблем со читањето или се некои богаташки кои немаат осет дека не може секој да одвои 42 илјади за количка. Немањето допир со реалноста е страшна работа. А, еве многу од нас овде и наши блиски с(м)е биле ставани и возени во колички со цена под 20 илјади. Па, живи и здрави сме.
Мене смешно ми падна коментарот дека ако заработувал доволно, не би било проблем. Мислам кај па и математиката ми ја прават Важно е да се дадат парите за количка, може да се скратат и гостите од свадбата, кујната може и на пола да ми е направена.
Апсолутно не ти прави никој математика и никој не е засегнат ни колку заработува маж ти ни какви трошоци имате. И јас бев вереница едно време, без деца и имав некои вакви ставови. Кога ќе имаш деца малку ќе ти се смени погледот и ставот кон парите и ќе сфатиш колку ти се апсурдни нервозиве. Во ова се што го пишуваш само го читам гневот твој кон золвата и не само за количкава, за милион други работи што ги имаш пишано. Поработи си на тоа, тука лежи зајакот. И од 20.000 количка да ви побарала пак ќе бил истиот муабет зошто си имаш личен проблем со золвата и тоа се осеќа. Од тука ти иде и потребата да елаборираш какви се трошоци имаш без никој да ти бара сметка. И, да, како што пиша и погоре членка верувам дека муабетот бил маж ти ја прашал што сака да и купи и она му покажала каква количка меркала и сега ти видно вознемирена околу се тоа. И одма аргумент дека не се гледало љубовта во парите. У реду. Тачно. Ама кога треба да купиш милион работи и точно знаеш со брат ти каков ви е односот, какви поклони си купувате и финансиски статус, зошто да не му кажеш што си гледала. На крајот од денот ако со радост сакаш нешто за бебчето, само ќе сте кажеле дека периодов не сте при пари и ќе сте и дале икс сума што ви одговара и немало да имаш вакви фрустрации за да ги споделуваш на форум.
@FlirtBerry во право си, нема потреба никој есапот да ви го прави, а колку сакате и можете, толку треба да потрошите. За некој што константно бара нешто како кенкаво дете, јас лично не би дала ни толку колку за подалечен. Инаку, стварно не знам дали живееме на иста планета, ама мене цените што ги кажувате за поквалитетни колички не ми се нормални. Многу ја сакам сестра ми и внука ми, ама 40000 немам за количка. Малку "раскин та расчеп". Освен ако немате баш високи примања, ако е така алал, ама треба малку да се спуштите на земја кај што останатите обични смртници купуваме поефтини ствари а пак си ги сакаме блиските. Не знам каква количка имаше нашата мома, веќе е голема ама не само што нејзе и служеше туку и други ја користеа после неа, па еве сите пораснаа, ништо не им фали оти не се возеле на златни тркалца
Хм, па ти нели беше поскромна? Иста е радоста и квалитетот на кола од 20.000 и бесна кола од 100.000 евричи? Мешате потреба со луксузирање. А поклонот е поклон, биди благодарен што чоек посветил внимание. Све у крајности се оди значи
И јас бев со став дека за количка повеќе од 200 евра не давам. На крај купив три пати поскапа и не се покајав. Ама не барав пари од никој, сама си ја платив. Од една страна однесувањето на золвата не е во ред знаејќи ја ситуацијата, ама од друга страна па подобро да купиш нешто што знаеш дека ќе го користи, отколку да купиш еден тон алишта што ќе ги прерасне или да дадеш пари што ќе се потрошат така. А и прво внуче е како што разбрав. Јас за моето воопшто не се штедев, давав како за мое дете. Ама тоа сум јас, сепак сите сме со различни мислења.
@FlirtBerry парите во плико, онолку колку што ти се во план и како што викаат од нас толку, од Господ повеќе. Ако она сака поскапа количка слободно нека си додаде пари и нека си купи. Воопшто да не се замараш.
Обично не сакам вакви теми и не пишувам ама еве утрово ме инспириравте да пишам нешто Како што прочитав во некој пост претходно,членката купила количка од 200 евра на братучедка? Не ми е јасно како можеш на братучетка да побараш толку скап поклон?Дека е во странство па може да купи? И девојкава купила,ама бидејќи живееме каде што живееме сега тука се јавува друг проблем,ако дала толку за братучедка не може толку да даде и на золвата нели?Сепак ова е сестра на мажот а како што разбрав мажот е тој што работи во странство,членката не е вработена и поклонот за братучедка е купен од негови пари??Сега ти останува да се испрчиш подарок за сестрата или да дадеш барем дупло од тоа што си го дала на братучедка,свадба или не,реновирање или не @FlirtBerry млада си уште,овие работи низ живот со искуство се учат,најголема грешка ти е прво што воопшто дискутираш со некој друг околу финансии,околу трошоци,околу подароци и слично освен со маж ти. Мои пари,мој буџет мој проблем.Може кој што сака да очекува од мене ама јас колку што мислам дека треба и можам толку ќе дадам и крај.Утре кога ќе имаш твои деца ќе го разбереш ова,како што јас го имам научено низ живот дека секој не ти враќа реципрочно на она што му го даваш. Имаш екстра услови,нема да живееш со нив па дури ни во иста држава,кога ќе дојдеш од странство имаш твој стан нема да одиш кај нив,твој живот твоја работа,нема потреба да се правдам на некој кое колку ме кошта и дали имам или не.Се гледа дека золвата и ти имате личен проблем и инатот не ти дава да и купиш нешто што сака и да имаш ама ќе мораш понекогаш и некој компромис да најдеш за некои работи,сепак маж ти и е брат