Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Malo mace

    Malo mace Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2021
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Не исто да бараш скап подарок и некој да има пари и може да си дозволи да ти купи од 40 000. За во Мк тоа е премногу да бараш од некого таква сума билп кој да е ај ќе разберам од мајка ,татко да бараш ама од брат што има фамилија е апсурдно.
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.326
    Допаѓања:
    40.622
    Пол:
    Женски
    Еј се најдов
    Ја сум сестрата у овој случај :D

    Ама јас му реков на брат ми Се ближи Black Friday, ( у странство е па спие на пари НЕЛИИИИИИ ко шо си мислите некој од тука ) мене за бебето ми треба количка. Кој ти е буџетот зашо јас бендисав една.
    Мене брат ми ми кажа да седнам да се пребројам и ќе ти кажам.
    Сумата беше повеќе од количката - (250€ е количката и ја скапав возејќи 3 години и е ко нова за второ бебе ама нмв, забегав од темата) јас му кажав дека само количката ми треба.

    Требаше да измислам уште нешто за да стигнам до неговата планирана сума само за да го измолзам?
    Не дека тој не си ги потроши планираните пари ама од негов мерак беше, ништо не беше побарано од него.

    Сметам дека нормални браќа и сестри така функционираат.
    Требаше на прва да се накурчам кога ми кажа да се преброи? Да му кажам остај се без пари за поклонот? :bandit:
    Требаше да се откажам од него ако не ја купеше количката? Не сфаќам :D

    Меракот та меракот. Меракот за сопствените деца се прави со 40.000 денари количка искрено кој си милува. Сите ќе ги сакаме децата од браќа/сестри мислам дека не сме неандрталци ама не мислам и дека е себично ако решиш дека немаш толку пари.
     
    На 1209, bookslover, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.670
    Допаѓања:
    137.982
    Пол:
    Женски
    Конечно некој нормален став на темава.

    Јас немам деца, и кога се родија внуците на братучедите ( единица сум па тие ми се како браќа и сестри) буквално сама од само моја плата им купував најубави поклони без да гледам цена.
    Ќе прашав што ви треба ќе ми кажеа и одбирав.
    Аман бе луѓе. Количка за дете се купува како поклон од најблизок, родители, брат, сестра. Што ви е што скокате одма.
    Живо ќе ме занимаше ако беше сестра и на членката таа што треба да и се купи поклонот дали за внуче ќе гледаше поевтино или најубаво па и најскапо.

    @LiquidLuna очигледно братот и рекол сестро одбери и кажи ми. Ама снашката овде се најде да ја пишува препишува по форуми.
     
    На JasBee11, ArabellaStarfall и EnaEnA30 им се допаѓа ова.
  4. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.326
    Допаѓања:
    40.622
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е бе Нена. Ти си бирала каков поклон, со твои пари, не ти наметнал некој како тука шо се фрлаат тантруми зашо се немало пари.
    Мислам не сум у фамилијава, според муабетиве така заклучив.

    Шо да праи братов ако стварно нема пари?
     
    На 1209 и Panda00 им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.670
    Допаѓања:
    137.982
    Пол:
    Женски
    А може и рекол Од мене количка бирај каква сакаш и ќе ти ја купам.
     
  6. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.326
    Допаѓања:
    40.622
    Пол:
    Женски
    Е добро, членката на сите муабети тука нема да каже дали така било :D
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.670
    Допаѓања:
    137.982
    Пол:
    Женски
    Тоа бе срц.

    Јас и ден денес им кажувам бирај поклон за роденден, матура или слично, до толку и толку и си бираат им купувам и крај. Може и бате и рекол сестро до 1000 евра бирај од мене. И сега снаава видела и оп проблем.
     
  8. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.326
    Допаѓања:
    40.622
    Пол:
    Женски
    Повеќето сме нормални, верувај.
    Има тук - таму некој шо забегува у екстреми :D

    Туку, сите да си дочекаме да се радуваме и да имаме поводи за купување зашо краток е животот другарки :wasntme:
     
    На 1209, H.VAGA, JasBee11 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.418
    Допаѓања:
    9.148
    Пол:
    Женски
    Мене пак живо ме занима ако золвата ми рече сакам количка од 40к, како би ја платила со нашите плати ако двајцата работиме за мкнималец?
    Да пишам маил до Евн и да речам извинете не ја плаќам струјата неколку месеци оти на золва и треба количка?!

    Или обратно, золвата е во странство, да и речеме со маж, да не ни идете на гости без 2000 евра, оти нели вие земате. Што е тоа посета на внуче без најмалку плата да потрошите?!

    И да, сите си ги сакаме внучињата и од сестри и од браќа ама реалноста и можностите се други. Дали ако купиме количка од 40к и после се караме со месеци со мажот и живееме на раб на опстанок.
    Може пак сите земате илјадници евра плата што сумата од 40к ви е мала и едноставна за давање. Оти нас не ни е.

    Детево мое од роднини измеѓу 1000-5000 денари доби подароци. Не значи дека е помалку сакано или не порасна.
     
    На Fraxinus, 1209, andromedae и 10 други им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.670
    Допаѓања:
    137.982
    Пол:
    Женски
    А бе секој си знае дома како му е. Очигледно сестрава знае дека брат и може и побарала.
     
    На mimoza.mk и EnaEnA30 им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.255
    Допаѓања:
    38.557
    Пол:
    Женски
    Е, ова :!:
    Сите кои не ја поддрживме снашкава во ситуацијава, не направија „крави музари„ :^) А, всушност, секое семејство си има сопствена динамика и односи. Да, братот е женет и има жена, меѓутоа односот со сестра му е само негов и они знаат како функционираат. На жена му очигледно и смета, па и сумата да беше 20000 (ко што пиша некој претходно) пак ќе и сметаше ;)
    Најнакрај, не знам зошто воопшто снашкава се расправала со золвата за сумата за количка? Тие работи се муабетат со сопругот, а сопругот со сестра му. Ама... снашкава сака да е главна во семејствово изгледа?! Оти, нели кога ќе се ожениш, немаш семејство веќе, само од жената семејството се рачуна.
    Инаку... кога купуватае подароци за блиски дали разговарате со зетот/снаата или со брат/сестра? Мене ми е природно сестра ми да ја прашам, не знам зошто би зборела со зетот? Исто и кога мене ми купувале подароци, не ми се јавувале зетовците, туку сестрите.
    И пак ќе кажам, внуче е многу голема радост. Знам имам 4. Апсолутно не гледав колку чини нештото, се што имав дадов за нив. И не се жалам :inlove:
     
    На Skyler81, JasBee11, baby-star и 4 други им се допаѓа ова.
  12. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    1.007
    Пол:
    Женски
    Абре луѓе што си ги земате одма лично работите?

    Никој не кажува дека за да покажеш дека си го сакаш внучето кредит треба да земеш. Коментираме дека има различни семејни динамики.

    Има фамилии што се добро ситуирани и цел живот децата меѓу себе си купуваат скапи поклони. Таква им е динамиката. Веројатно таков е случајот кај членката.

    Зарем мислиш дека сестра ти која знае дека сте со две минимални плати ќе ти побара тебе количка од 800€? Веројатно нема, родена сестра ти е.

    Сигурно и до сега за сите пригоди си купувале скапи подароци. И сестрава си знае до кој степен се комотни меѓу себе и каков подарок да побара.

    Маж ми се четири деца, тројца браќа и една сестра. Со едниот брат работат иста работа, си ги знаат примањата, блиски се и си купуваат скапи подароци. Ако знае брат му дека маж ми му купува поклон за роденден од карикирам 300€, веројатно би бил комотен да побара поклон за бебе од 300€.

    Не е само да се фатите околу сумата и да коментирате. Неспорно дека за голем број луѓе се тоа голема сума на пари. Јас ако знам дека брат ми едвај прекрцува месец и периодов не е при пари сигурно нема да му побарам количка од 1000€. Нема да му побарам ништо во тој момент. Ама ако мојот роден брат ми каже сестро каква количка гледавте, ќе му кажам која сум ја меркала ако знам дека тие пари во нашата динамика не се некој голем проблем.
     
    На Hoping, Skyler81, JasBee11 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.006
    Допаѓања:
    136.386
    Пол:
    Женски
    @An-na , @nena2010
    Ако вие имате повеќе пари за давање, супер за вас.
    Еве потсетување дека они (како и многу други луѓе на светов) не се во можност да одвојат толку поради нивни огромни трошоци. Башка, живееме и во кризни времиња.
    А и онака не е добро да се удоволуваат хирови на разгалени личности. Прво им барала да ја поместат нивната свадба, а потоа количка од 42 илјади.
    Што е следно?
    Можеби ќе посака да ѝ купат палата. И за тоа ли членкава ќе е себична ако го одбие?
    Небаре золвава ќе го роди следниот македонски владетел и сè мора да биде по нејзино. :rofl:
    Реално, ако сакала количка од 42 илјади тогаш со нејзиниот маж прво требало да ја заштедат таа сума и плус уште нешто за останатите ствари. Па, потоа да прават дете.
    Не е дека не треба да се помогне, но тоа да биде во прифатливи граници. Сепак, другите луѓе не се должни да купуваат ствари за дете кое не е нивно.
    Очигледно е дека золвава е растена да го гледа брат ѝ како екстра банка и не може да сфати дека дошол крајот на тоа.
    Според ова, золвава треба да знае дека брат ѝ и снаа ѝ не можат да ја дадат таа сума. Штом слушнала мислење од брат ѝ, дискусијата требало да заврши тука. Да беше членкава лоша или себична, золвава немаше да добие понуда за поевтина количка. Понуда со која разумна личност би била задоволна.
     
    На Fraxinus, nice-girl, Miss666 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.177
    Допаѓања:
    32.194
    Пол:
    Женски
    Мене за синот ми беа купиле количка од 7000 денари, бев презадоволна, супер беше количката, издржа до крај, незнам зошто викате дека поевтини колички не ги бива.
    Не ми ни падна на памет да барам нешто од некој, туку тоа беше купено по нивна вољја.
    Мене срам ќе ме убие да земам да барам од некој друг да ми купува поскапи работи за моите деца кога знам дека сите имаат огромни трошкови без разлика колку заработуваат. И чоколадо да добиеме од близок, јас сум среќна пошо битно ми е дека таа личност помислила на нас.
    Ама изглеа, не сите се такви, научени се да се гребаат колку можат од кај стигнат.

    Толку свест да се немало да се помисли барем како му е на другиот во ваков случај.
    Ова е чиста разгаленост, цел живот си добивале се на тацна и сега си мислат дека сите околу нив им се должни за било шо.
     
    Последна измена: 25 март 2026 во 11:57
    На andromedae, BellaBibi, Miss666 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    9.512
    Пол:
    Женски
    Луксузирање со количка од 40.000? Јас пак ќе се повторам, да треба повторно да купувам, ќе дадам повеќе пари, затоа што баш дека сметав дека треба поефтино да се помине, после секое излегување ми беше хорор со количката. И не се користи само една година, ние ја користевме скоро до 3 години. Зависи и каков живот водиш. Доста патуваме и не очекувам тодлер да сака да оди цело време, а уште помалку јас во раце да го носам. За тоа време, не знам колку пати ја поправавме. И се си викавме, ај за малку не купуваме, уствари помина толку време.

    Благодарна сум за секој некој што посветил внимание. Во случајов, поклон за кој сум оговарана, ич не ми треба. Нека си го задржи. Ама на брат ми, никогаш нема да простам, што жена му ме оговара по форуми. Но, ако сум прашана што сакам, ако ми е кажано до која сума да барам, а сметам дека тоа што го сакам не е во тој распон, ќе им кажам, колку мислите, толку, ќе си доплатам другото. Што има да се срамам да кажам за нешто што сметам дека би било голема потреба за мене. Не одам само во маало до љуљашки, па ајде, и количка од 100 евра брка работа. Секој со своја потреба и размислувања. Скромноста нема врска со реалноста во која живееш. Пак си мислам, они не ни одредиле сума, само прашале што сакаш, и оваа им кажала што сака, сега се осеќаат изненадени. Тогаш не прашувај, имај си на ум колку или што ќе дадеш и терај си живот. Секогаш приказната има две страни.

    Никој не е будала да бара скап поклон ако смета дека немаш. Имаат, ама снаава не сака да има за золвата.
     
  16. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.177
    Допаѓања:
    32.194
    Пол:
    Женски
    А за кај ти треба количка од 40 000?
     
    На andromedae, JasBee11 и FlirtBerry им се допаѓа ова.
  17. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    4.532
    Пол:
    Женски
    Ниско ниво на свест имаш!
    Толку имам да ти кажам.
     
  18. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    10.947
    А што е најако, парите за количката ќе ги даде братот, не снаата што не ги заработила во странство?!
    Проблемот е што снаата сака да го тргни братот од сестрата, оти нели сега тој нема повеќе семејство!
    Која е таа снаа што ја знае динамиката на помагања меѓусебно меѓу мене и брат ми па утре овде да ме озборува!
    Ако сака братми и од 1000 евра ќе ми купи ако ние меѓусебно така сме функционирале!
     
    На EnaEnA30 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    4.532
    Пол:
    Женски
    Ти како агент за дипломатии да ти кажам дека парите за количката ќе бидат од заедничкиот буџет.
    Знаеш што е заеднички или да ти објаснам детално?
    Брат и и помогна за финансиите околу нејзината свадба, да и побарам и јас пари сега за нашата ако е така како што коментираш. Што викаш, а?

    Не дека и треба, прочити го коментарот и се ќе ти стане јасно. Да се коментира први се, да треба да даде ќе ја снема.:D
     
    На Fraxinus, 1209, andromedae и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.177
    Допаѓања:
    32.194
    Пол:
    Женски
    Па си кажа дека немала да иде само до лулашки па да има количка од само 100 евра. За кај ќе и е количката од 40 000? Можеби иде по некои елитни дестинации, со елита се дружи, па ајде и она да има скапа количка.

    И количка од 100 евра и од 40 000 денара ќе им се скрши ако имаат невоспитани деца.
     
    На JasBee11 и FlirtBerry им се допаѓа ова.