Pa ... koga ke vidis site od pocetok se odnesuvaat abee soo... kako niv nema na svetov posle gi pokazuvaat rogovite za samo 10 meseci mi pocnaa problemite so nejze ... i najmnog se iznervira koga razbra deka ke idem so mm vo belgija kaj dr. zolva polde ne znaese so da prae pa da vidis sega sto mu zbori na dr zolva kaj sto suum sega vo belgija i vika lele ama snaa imame sto saka na mladi godini da raboti da seta samo so maz i a pak ovaa zolva i vika pa mladi se neka se setaat i ti si mlada imas 21 god pak sakas da setas da ne te slusam da zboris uste ednas taka za snaata deka ke se nalutime mu vika posle koga ke fati so mm mu vika gledas zena ti napraj da se karam i so sestra mi a pak mm mu vika epa ne zbori mng fala boogu sega sum belgija na odmor kaj dr zolva so nejze nemam pr..
Јас имам брат 10 години постар од мене кој е 10 години во брак и живееме во заедница. Снаа ми ја знам поголемиот дел од мојот живот, подолго и од некои мои најдобри другарки. Откако знам, уште неземени, таа го буцкаше брат ми дека моите се на мене ми давале, на мене ми купувале, многу сум била разгалена и не знам какви други глупости кои немаат врска. Ако ништо друго брат ми е тој кој секогаш барал најскапо да му се купи, најмодерно, најново, а јас бидејќи бев мала многу многу не се замарав со такви работи. Па и во средно се облекував од Еко за разлика од него. А за зборење нити некогаш сум и префрлила на неа, нити на брат ми, нити сум им кажала како треба нешто да направат да се наметнам. Од друга страна само ја слушам снаа како се мурти и измислува јас против неа сум зборела, не сум ја сакала, внук ми не сум го гушкала доволно, не сум му купувала, како сите во куќава се против неа. Значи и мене ми смета можеби што она не сака да работи и моите ги издржуваат, а фамилија се, ама никогаш - ни со збор, ни со гест - не сум префрлила. Секогаш ја прашувам да не и треба нешто, да не сака кафе и секогаш луто ми одговара. Ако јас си купам нешто (а во последно време можам да си дозволам и нешто поскапо зошто работам) или ќе ми влезе во соба ќе ми го земе ако и се допаѓа или веднаш си купува поскапо (на грб пак на моите). Ми проверува какви шминки имам, што носам и ако оставам нешто за перење што и се допаднало, веднаш ќе го снема. Ја имам неколку пати како носи мои работи, од шкаф извадени. Ако слушне како зборувам со моите, веднаш сака да наслушне што зборуваме. Мразам кавги, сметам дека се нездрави, а и не сакам внук ми кој е многу чувствителен да се плаши и сам да си ја јаде душата. Срценце е. Сака да се дружи со мене, ама ете снаа ми не му дава, цело време вика дека тоа било да не ми сметал. Мразам такви манипулации. И таа дошла со брат ми тука да и биде дом, да се чувствува слободно, ама не сакам мојата куќа да ја чувствувам туѓа и секој збор да ми се мери и да се толкува како на некој му одговара. И јас ќе бидам снаа, па не сакам золва ми да се чувствува како да смета во своја куќа...
Da no gi ima sekakvi kaj mene e sosema dr.. jas sama ke si gi kupam posle ona koga ke vidi na mene i svekrva li odma mi go zema od skaf i koga ke prasam kade mi e ke mi kaze de ne ti stoelo de ne ti licelo a da i kupi svekrva mi nemam niss protiv i taka od koga su vlezena vo taa kujka ne znaat eden par corapi da mi kupat se sama si kupuem ili mm ke mi kupi...
^ Мене некој така без прашање да ми зима облека од шкаф мислам дека рацете ке му ги исечам.Не сум мажена ,немам снаи и золви но мене мајка ми дома не ми зима без да ме праша а па да дозволам некој друг така да ми буричка.Дури и мајка ми кога и треба некоја кошула што мисли дека би и била точна ако е поширок модел или некој поголем џемпер ,првин ке влезе мене ке ме праша дали може да го земе па после го пробува ако дозволам јас. Јас мислам дека треба да ги седнеш на маса и двете и убаво да им објасниш дека таа облека е твоја и дека ако сакаат нешто да позајмат од тебе треба првин тебе да те викнат и да те прашаат т.е да побараат дозвола па после да зимаат.Вака стварно многу некултурно од нивна страна.Карај краева твое си е тоа ти си си го купила.Ако тебе ти се допага како изгледа и како ти стои нема што тие да ти кажуваат и да ти солат памет дали чини или не. Навистина секакви фаци има по светов.
Nema sto da im pram... neka ja zemat cela obleka ako sakaat samo da me ostaat na rat da si ziveam so mm bidejki ne mozam da ja podnesam zolva mi duri od ch prae bocki da se karam toa ee ... GI IMAAA SEKAKVII
Имам поразлично мислење од сите за мене золвата зетот свекрвата утре кога би се омажила би представувале најголем дел од моето семејство и би ги сакала како мојте шо ги сакам
Искрено за овие 5 години врска не сум имала никаков проблем ни со свекорот ни со свекрвата ,а уште помалку со золвата , а речи си скеој ден сум таму и исто како да сум дома. Како нивна иднаа снаа мислам дека добро ќе се согласуваме па еве мојава золва беше во Полска и не само што изнакупувала подароци за нејзините туку и на мене мислела па така јас си добив : штикли, парфем ,марам,кошула и еден сет шминки срце е е она и не верувам дека би имала некој проблем со неа во иднина како што немам ни сега.
Ќе ти одговорам у стил на Мемати „Малечка си, ќе ти помине. “ Шала на страна, дај Боже да завршиш во куќа во која ќе створат барем основни услови да ги чувствуваш како свое семејство. Ама, спротивното е почеста појава за жал.
Треба да им кажеш дека тоа си е твое, а они ич да не се замараат дали ти стои или не. Можат да те прашаат дали ќе им го позајмиш ако им се свиѓа, а ти ако сакаш ќе им го дадеш, ако не твоја работа си е тоа. Кај мене ако кажам веднаш почнуваат хистерии, паѓање во несвест, па после трчање од болници (и на кјрај пак исто), ама ако не е ваков случајот кај тебе кажи им директно. И да ти се налутат - ќе им помине со време, верувај.
Suum im kazala ne ednas tuku 10000 pati ama gabe ne razbira svekrva mi samo ke pocne da vika ako ti se svijga ako ne odi kaj majka ti tamu ke si po rat i nikoj nema da te zadira sega si vo tuga kujka i taka treba da se odnesuvas ne da se odnesuvas kako da si doma mi vika... ama ajde shto da im praes majka i cerka budaletinki se najdojaaa ... Mm samo se kara so majka mu ama izgleda ke izlezime pod kirija koga ke se vratime MKD {momentalno sum vo Belgija kaj drugata zolva ama ona e srce.. tolku e mirna i tifka shto stvarno premnogu ja zasakav i nema den da ne mi kupi stikli parfemii obleka modni dodatoci itn..} Bidejki ako ne izlezime pod kirija ke PUKNAM OD NERVI od toaa moe svkrviste i zolviste
Ajde ti shto ke gi sakash...ke gi sakash ..ama ako "TIE" ne te sakaat(od x-pricini)...shto togash :geek: ????
Е,ова е главното прашање. Од тука потекнуваат сите проблеми на релација снаа-свекрва-золва -сопруг/син.
Ај да си кажам маката, може ќе ми олекне малку. Досаѓам и пукам само. Додека золвата не фати света и не и ја гледам фацата некој месец. Спојлер Золва ми е отселена на далечко, и ја гледам по божици, свадби, големи родендени и погреби за кои специјално си доаѓа, имаат куќа тука, фала богу бар затоа, онака кај мене ако требаше да седи, јас ќе се иселев од дома И моментално е тука па затоа ми е маката. Во принцип, секогаш сум ја трпела макар што е малку „најважна од сите„ и сите планови треба да се вртат околу неа додека е овде. Ја трпев и додека ми даваше акл како треба да ја гледам мајка и сиве овие години, оти јас не знаев да одам да видам постара жена и да и помагам. Даваше мислења за старечки домови за кои читала на интернет, овој не чини, таму не е убаво, онаму градина нема голема, а јас сум таа што сите во околина лично ги посети за да најдам кој највеќе одговара, ама и тогаш со неа дипломатски, да не се караме кога си требаме. И кога избравме со маж ми еден секој ден се јавуваше да не сме ја местиле таму, она порадо би си дошла мајка и да ја чува отколку ние таму да ја ставиме. Не само мене и на мажето мое му збореше. Ајде да ја разберам, тешко и е дека мајка и ја начекало толку да стане зависна, па ај да не и зборам лошо, ама на крај па овој не ли е син нејзин и него не го боли па така да му се понаша? Уз нервозата тогаш и реков па јас досега ја гледав и помагав додека беше способна сама да седи, ти си и ќерка, ако сакаш да ја бањаш и да и переш гадотиите, дојди си, ако не таму каде сум и избрала ќе оди и крај. Ааа уууу кавга, не си зборевме јас и она, само се јавеше на маж ми да праша како е мајка им, додека не дојде пред една недела, после неколку месеци да си ја види мајка и, која не ја ни познава веќе ради склерозата и дека не ја видува редовно па да и е позната. Почна на мене да се умилкува уште од здраво ич како ништо да не било кавга порано. Закопав секирата. Е арно ама, примерјето кратко. Додека собирав по куќата ствари и делив во кутии колку можам да се разберам кое чиво е останато од децата да си прегледа што сака да си задржи, што не сака да се фрли, и чував и што сметав дека е нејзино. Разгледа, зема албум со слики, другото рече фрли го. ОК. Ме праша накитот од мајка и каде е. И реков во домот е. Она има склероза не е умрена, и нејзиното уште си е со неа. Наредната посета е бркала по кутијата накит и ете ти ја пак. Каде е огрлицата од баба? И кажав што е вистина, дека огрлицата е кај мене оти свекрвата ми ја даде пред некоја година. Од каде да знам што ја фати мувата да ми ја понуди, може тогаш да почнаа да ја фаќаат улавите и во добро расположение, ама ми ја даде, пред маж ми. Не сум ја носила. Ја однесев да ја исчистат оти стара е буквално сто години и ја дигнав да си стои при другите ми герданчиња. За пари не вреди кој знае што и нема да не обогати ни неа ни мене. Сентиментално не ми мене вреди, не е од моја баба. Ама самиот факт дека мене ми е дадена, ме фаќа некој луд инат да не и ја дадам на золвата, која буквално ме суди за ајдук кој краде фамилијарни спомени, затоа што така се понаша, макар што јасно ми е дека со право си ја бара ама лошо ми ја бара. И те сега пак прчи носот, се лути како мало дете за некупена играчка во продавница. Мажето вика ако ја сакаш огрлицата чувај си ја, ако ти е сеисто дај и ја да не се лути. Ама маж, не разбира дека мене не ми е огрлицата проблем, туку сестра му ме вади од такт! На него му реков не знам, ќе размислам поубаво, и да и каже дека ако се решам дека ми е за давање ќе и ја дадам нареден пат кога си дојде, нема да ја изгубиме дотогаш, со други зборови кога ќе увиди дека знам и јас да бидам „најважна„ и кога ќе ми се извини може ќе ја добие а не вака. Или да не терам детски инат и да и ја дадам уште пред да си оди овој пат? До викендот ако си траам и ако не ме дира арно, оти како сум и накострешена, да не испадне женска тепачка
Тука веќе не станува збор за огрлицата, туку за принципи. Мене ми ја поклонила - моја е. Не сум ја украла. Претпоставувајќи шо табиет е госпожава, ако и сега и` попуштиш, секогаш ќе наоѓа повод да ти се качува на глава. Нема зашто да и` ја даваш, нека и` даде свекрва ти друга. Штом ќе види дека не си таква што попушта, ќе се подзамисли.
Мене золва ми уште тазе дојдена како снаа ми беше лута (на сите не само на мене) зошто ми дале прстен веренички семеен. Се работеше за прстен од првиот брак на свеки со таткото на двете деца која она пошто премажена не го носела. Е свеки сметала дека треба прстенот да оди кај синот пошто он го носи уште презимето од татко му и нејсе јас ни крива ни дужна си слушав расправии меѓу нив и како кабаетлија си ги гледав незнаејки што да правам. Ама кога ми го дале мене мој ќе си биде. Така да она нека се дуе нејзино право си е. А со остатокот од накотот што ќе стане?
Од бабата, мајка и на свеки, е останата само таа огрлица што кавги прави сега. Ја разбирам золвата дека ја сака, кога ја слушала мајка и дека тоа е од баба и си очекувала дека ќе ја добие еден ден, од мајка на ќерка. Исто разбирам и дека е лута на мајка и оти ми ја дала мене без да прво на ќерка и ја понуди, па оваа на мене истура лутина. Да ми речеше со убаво, нели и така не ти значи на тебе нешто посебно а јас сакам да си ја чувам за спомен од баба, ај дај ми ја, и одма ќе и ја дадев. Ама не знае она така, туку ми кажа како сум се осмелила да ја земам?! Затоа ме тера да се инатам, и затоа што ми се насобрало до тука од нејзиното галено однесување оваа година, и ми дотури со ова во чашата епа се прели па и враќам. А те совест ме гризе што така и правам. Ќе и ја дадам, не е прашање дали ќе и ја дадам, ама ќе и ја дадам тогаш кога ќе се разбере дека со секое право ако сакам да не и ја дадам нема да ја добие. Па нека мисли малку, наместо да каже фала што сум трчала да средам се живо додека она телефонски даваше наредби, она ме руга за едно парче метал оти и е криво дека не и е во раце. Епа и мене ми е криво што сака да ме прави будала. Другото од накит ништо не дирам. Не ми е дадено, и немам проблем да оди од мајка на ќерка. Нема нешто посебно вредно, освен еден прстен со така поголем сафир, ама и тоа е прашање кој квалитет е додека се однесе во златара, свекор ми не бил богат човек кога и купувал работи. Јас не барам, не ми треба, маж ми нека ми е жив и здрав си купува он за жената, а па може золвата да ми понуди нешто за спомен кога умре свеки
Штом е твое, твое е. Нема што да и ја даваш огрлицата. Свекрва ти имала потполно право да одлучи кому ќе ја даде. Па, и ти што ако си снаа, не си помајка. А, ова е и супер повод за барем еднаш да не е по волјата од золва ти.
Твое право дали ке и ја дадеш или не значи ти реши си Друго бидејки госпогата е науцена така од нејзините и мисли дека целиот свет се вти околу неа ова е начин да и покажеш дека таа не е центар пазња туку 13 прасе па нека се понаша друг пат со тебе пак така Кази и да ме замолеше човечки без никаков проблем ке ти ја дадев а бидејки наредуваш и навредуваш ке си ја чувам за моите деца
А да бидеш ти над нејзе и наместо да се надмудруваш да и ја дадеш таа огрлица, па фино лепо да смислиш едно говорче така сочно како што само ние жените знаеме да смислиме и да и го плеснеш во фаца па да се спушти она каде што и е местото - на земја и да не и текне да помисли друг пат нешто да ти промрчи