Добро, дали навистина вака ти рекле? Не дека не ти верувам, или дека мислам дека погрешно си разбрала дека си осетлива, туку вакво нечовештво олицетворено во роднина, би го згазила со шлепер и око нема да ми трепне ако не го лежам. Вакви гнаси ако стигнат до некаква моќ, политичка или воена на пример, би бомбардирале деца би воделе војни без пардон. Се гледа безчуствителноста, отсуството на секаква емпатија во една преглупава реченица. Немам зборови искрено. Немам поим кои се, не те знаам ниту тебе, а им посакувам се најлошо. Гадни створови.
Нит сум била невеста нит планирам да сум невеста најблиски што ми се на еден ручек/вечера и толку. . За мене се тие работи пари во ветар фрлени. Сама си кажа колку ќе те кошта никој не те теравме. Како што тебе ти е нормално да дадеш толку пари за свадба а мене не ми е така и неа и е нормално на брат и да побара поклон а ваше е дали ќе и удиволоите.
Отидов кај неа на кафе и го оставив пликцето и објаснив дека толку можам поради трошковите, се намршти, по екпресиите на лицето ја приметив и на крај кажа фала со пола уста ќе си купела хранилка со парите рече и ме извести дека голема е шансата да не присуствува на свадбата пошто немала да може во 9 месец ќе била. И посакав се најубаво со здравје и си отидов пошто не зборуваше, пишуваше на телефон. Кога излегов од кај неа ми се јави брат и ми рече дека го бомбардирала со пораќи дека срамота било со 200€ да одиме на бебе (не е породена, секако ќе и се даде уште некој денар на бебе кога ќе се оди). И објаснил дека периодот е лош сега да разбере ама џабе се труди, не разбира она. И на крај му рекла дека јас забранувам да дава пари по неа. Само едно ќе кажам, нека де породи, нека биде се како што треба, пред цела фамилија ќе си го собере од мене тоа што и следува. 200€- 2000€ ќе и се видат.
Е па си требала брат и да го пуштиш да и ги даде парите. Што се замараш?Јас не го пуштам партнерот мој да носи поклони кај мои роднини ниту па јас сама одам кај негови. Или заедно или секој кај неговите.
Омг, на такви само чоколадо со отров, или ајде лаксатив некој појак за да не се ризикува затвор. За ќеркичката да си купиш се што си сакаш и да ја разгалиш и да ја облееш со внимание а они нека пукнат, сигурно уште сега е попаметна, посовесна и подобра од сите нов заедно ако се возрасни.
Желбата за гостите е на мајка ми и мајка му пошто не се биле невести никад! Нејзината свадба не беше ништо поразлична од мојата. Само што јас ја правам во време каде што е многу по скапо, а таа ја направи пред 2г. Ако мислиш дека се фрлени пари, мисли, твое право е тоа.
Нена, слично е и за автомобили, или било кој продукт. Има стандард и има луксуз, золвичево си сака луксуз, мислам спомнав стоке количките преубави беа, на памет не ми доаѓало да барам, давам или купувам за 1000ка. Керка ми во количка за сто евра и уште една летна подоцна мислам 50 тина евра пред 20 години ја извозив. Зависи од стандардот нечиј. Денес поудобно живеам од тогаш, побогу пак не би дала 1000 евра за количка освен не знам, за 3ка ако е...
Ама не ме разбирате, она си побарала, еве и дадоа колку можеа. Тоа што она побарала не значи дека МОРА да и се даде бе луѓе.
Брат и е во странство, а за поклоните се напна уште сега пошто ќе пазарувале сега се што треба. Брат и се враќа во Мај месец дури. Благодарам многу, да си жива и здрава и да те пратат само убавини во животот.
Како и да е реши проблем. Ете си ја нека си купи што сака. Зашто да се нервираш?? И даде колку што што сметаше? Готово. Ако сака нека труби кај сака ти гледај си ќејфот. Да оставела простор може ќе сте се догвореле пола вие пола неговите поскапа количка да се купи ( како што ние во наша фамилија сме правеле за поскапи поклони се собирало од повеќе луѓе) ама кога е таква нека се мршти нека се лути ич уво да не ти чуе.
Да, да, им реков ддка ќе купиме стан за малата здравје боже понатаму, ќе го пишеме дирекно на неа, и овие ми викат ааа џабе тоа стан, шо ќе прави она со стан, ќе и го земе државата а неа ќе ја пикнат во установа.... Викам е како ќе ја пикнат во установа, по кој услов? Ми вика епа така, пошо државата има ќар од такви и затоа.... И сето ова со лош тон ми го збореа, плус и ми рекоа дека сум луда ако напраам такво нешто. И после продолжија да зборат колку нив им е тешко оти немат пари за нешто за детето, а јас требаше да им дадам, и им реков дека излезе нешто и дека моментално немам.
Секако, ама и двете страни не се безгрешни. Постои силен анимозитет, ние ја читаме едната страна само. Не дека пак ко што велат "не суди", нормално дека не судам, не сум судија, ама убаво спомна некој, веројатно и тонот, боја на глас и многу други околности, го направиле барањето иритантно . Золвава си е посебен карактер. Јас не би се нервирала за таква, така јас губам, ама иритација е неминовна. Освен ако братов сам прашал, а таа сама си кажала. Јас лично не навлегувам со моите золви, иако моиве се многу океј личности, сепак маж ми им е брат, ако има разлика во мислења јас би оставила тој да пегла разлики, на памет не ми паѓа да кинам нерви на глупости.
Ама цело време приметувам дека со гнев си ја полниш душата и си во некој скриен натпревар, она правела таква свадба мора и ти, она ова, она ти. Пушти бригу на весеље. Ако ти е толку мерак за свадбава, прај си што ти е по кејф. Таа сепак му е сестра и најголемата грешка што ја прават многу жени е да пробуваш да го скараш со фамилија. Дури и да е разгалена золвава твоја, маж ти сам ќе си разбере со тек на време и ќе си постави граници. Колку и да ни звучи неприфатливо не може ние на нивно место да поставуваме граници. Остај го маж ти да си одлучи колку пари се океј за сестра му за бебе. Исто како што и ти утре ќе сакаш да одлучиш за дете на твој брат/сестра. Тоолку предивици животни ве чекаат во брак ехее ако се јадосваш за вакви работи кај ќе ти е крајот. Пари се печалат, здравје не се враќа назад. Ако имале таква динамика можеш само уште толку јад да направиш, сега маж ти да има грижа на совест дали направил се како треба. Утре во прва кавга ќе ти го лепне на нос дека на внучето не му дал пари заради твои некои желби.
@FlirtBerry заврши со неа. И даде колку сте мислеле. И сега опушти се и планирај и средувај детаљи за свадба. Убав период ти доаѓа, уживај.
Не ме чудат коментарите искрено во оваа чудесна земја, имам братучед со посебни потреби кој неодамна доби братче и коментарот на тетките беше сега уште едно дете им фали покрај ПРОБЛЕМАТИЧНОТО. Мислам, не знам душа кај ќе им оди, инаку детето е првенец на генерација и има амбиција да се запише на Оксфорд. Таквите само со гумичка да се бришат! Алал да ти е на смиреноста!
Они за во установа да им пренесеш вака од мене. Нормален човек, ова не го мисли, не пак да го каже на родител пред се.