Искрено од блиските си патиме, кога ми викаа така не верував, ама сега разбирам потполно. Инаку ти благодарам, да си жива и здрава и само убавини да те пратат.
И јас незнам со кој акл ова го викаат на мене кога знаат низ се што поминав, дали љубомората им преовладе или нешто друго, незнам. Ама многу ми беше криво, баш оти шо сакав моите и нивното да си играат, да бидат блиски, ама гледам дека тоа не било можно.
Не сум тој тип да зборам за деца такви работи, ама затоа од сега ќе си гледат моите сликички на инста шо ќе ги објавувам намерно, иако и тоа не сум го праела до сега.
Јас стан што уредувам па дај да земам да си барам поклони од 40000 на секој што ме праша. Па гарнитурата ја платив 30000, мајке ми. Ехее, све ќе си уредам така. Еден гарнитура, друг спална. Не ми ни паднало на памет лично сама да барам. И да му е мерак на некој ете сум рекла земи чинии, некои чаши, ситна електрика, можда постелнина, тоа. Значи као да ви кажам, кога купуваш работи за некоја голема причина, у случајов за бебе, поголемите трошоци ги сносиш сам, од блиски можеш да ги побараш помалите - облека, играчки, ќебенца. Мислам да ме пљукнете у фаца ако она би ја купила таа количка сама
Мене золва ми кога се роди син ми прво и единствено внуче ( дека спомнувате прво е голема радост) ни даде 50 еу. Толку имале толку дале. Купуваа стан тогаш. Тетка ми исто 50, кумот 100, братучедка 100, и благо некоја играчка и сл. Мене ова ми беа сосема доволни поклони. Што е со сумиве прикажани тука? Количка купивме 16.000 од Локо Кроко одлична е, уште е како нова.
Кај она сама, мажот и не и дава да гледа по скапа од 20.000 ако треба да купуваат они. Пред сите се изјасни дека не планирал да купува скапотии кога имало замени за по ефтино.
@FlirtBerry ако и маж ти е согласен да не купувате толку скап поклон, туку поевтин, тогаш не гледам проблем во ситуацијава. Уствари секој проблем е решен кога сте на ист став за иста работа, особено ако станува збор за финансии. Е сега, золвата може ќе појаде малку трици како сте најлошите луѓе на свет што не сте купиле скап поклон, ама ќе ѝ помине. Крај краева не си венчана со неа, туку со брат ѝ.
Финансиски стоиме исто со размислувањето. Баш периодов е тежок и за нас и за нашиве, здравје боже нормално за убави работи се, ама како фамилија барам малку да разбере сестра му. Ако е саалам нема да прави вакви притисоци, ќе го разбере брат и. Јас да знам дека некој е во таква ситуација и да барам… Прво треба да си ја чукне главата која што освен да користи, друго и не знае, а после да бара. Не дека не е добивала поклони од нас, па од брат и, па од мене итн. да не го коментирам тоа, ама сега во вакви периоди, срамота е.
Неврзано со темата но да ти се надоврзам Ние куќа направивме (не се фалам да не се фатите за тоа) мебел постелнини се за кујна вц до украси крпи бањарки се сум купила сама (Не е лошо да почнам да барам уште кујна ми фале) Овие шо ми се блиски викаат не остави ние нешто да купиме шо ке купиме ние оатај нешто ние да донесиме Јас,да,си купам се а ако на некој му е мерак нека купи шо сака и шо му е кејф Шо викаш ти ај ако не една фамилија дневна да опремат друга кујна трета спална Не оде тоа така луѓе Треба у живот да немаш очекувања и така ке немаш разочарувања е поентата на постот А золвата утре ке има поголеми нервози она ке очекува дека и дете треба да и гледаат па коа ке ја ропне реалноста ке пукат петарди П.с мајка и и татко и шо ги штави да купат?
Не ги исчитав сите коментари, ама еве како неповикана да си кажам мислење околу подароците. Колку повеќе давате, толку поненаситни се сите следни желби. Скратете и после сте себични и лоши. Па илјада и еден збор ќе се кажани за вас, мхм. Абе свиркајте си, на бездомник да дадете поголем к'смет ќе ве (с)најде.
Да,си ми здрава и жива,потполно си во право.Јас на мојава золва за првото дете направив бовча,внатре немаше што нема.Од чорапчиња до скафандар плус 200 евра во плук.Кога дојде ред за моето ,помина со една хранилка од 4000 ден.Епа затоа за второто го скратив буџетот.
Има за девери жалби, кај свекрвите Таму се генерално и другите лоши меѓучовечки односи од сите членови од двете страни. Меѓутоа, во реалноста, која ајде мене лично не ми се допаѓа и имам што да кажам против истото - но ќе задржам за друга тема - факт е дека веридба, свадба, бебе апсолутно неспоредливо се фокусирани на жените, не на мажите. Од сите можни свадби кај што сум била (кај доволно блиски за да разговарам на темата) секоја е поблиску до замислите и желбите на невестата, младоженецот може да прифати или не прифати нешто, баш ретко му е гајле та за украсување или поклони или вид на цвеќе или тематска боја итн. За бебе исто, генерално мајките го имаат последниот збор која количка и др. потребштини ги сакаат за бебето. Не би требало да е така оти бараме од мажите да се еднакви партнери и родители + Дизни има врска со нашите замисли за "тој ден" + моментално wedding културата и "baby shower" културата, а богами и девојачка "вечер" културата преминаа во апсурдност, декаденција, неразумност за да се биде дел од "сите". Желбите и потребите не се во склад, уште помалку сфаќањето на реалноста дека производителите т.е. индустриите измислуваат проблеми кои ги немаме и нудат решенија за истите, обично во монетарна вредност со која може евентуално нешто навистина покорисно и да се купи. Лејт стејџ капитализам + целиот живот е контент за одобрување и завист од широките народни маси по соц. мрежи. Па така имаме очекувања дека пошто не можеме сами, ако нè сакаат навистина браќа, сестри, родители, пријателки, свекрви, девери.... ќе ни купат апсолутно бесмислено скапи работи. Don't get me wrong, немам намера никому во новчаник да се мешам, ако има на што сака нека троши, проблемот е очекувањето и синдромот на главна улога.
Проблемот е што возрасни луѓе поставуваат трансакциски односи кајшто нема место за такви. Кој колку ми дал за свадба, толку ќе добие за бебе. Во Македонија живеев и работев за цркавица, па од денот кога почнав да заработувам не очекував дека некој нешто ќе ми даде или плати, пошто заработувал на пример 5 пати повеќе од мене. Или дека родители ќе ми платат свадба. Или да памтам и бројам кој колку ми дал за што, или колку сум му дала јас. Секогаш според можностите и приликите. Некогаш нематеријалното е многу повредно ама кој да ти каже Милице.
Точно. Во различни периоди во животот сум имала различно и различно добивале моите пријатели и роднини за свадби, бебиња итн. Во една од најголемите кризи бев старосватица на свадба кај најдобра другарка, свадба со сите салтанати инаку, таа ја знаеше мојата моментална финансиска состојба. Ми рече - ама 1 денар не сакам да потрошиш, сакам ТИ да ми бидеш старосватица. Имав за дел од целиот настан, за друг дел немав, поклон после скоро година и' дадов. Guess what, уште ми е најдобра другарка
Ааа па тоа обавезно се гледа. Кој колку дал па вака па така. Се изгуби поентата на веселбата. Сега свадба и крштевка се прави за собирање пари.