За жени кои по другите теми се декларирате дека сами купувате станови, куќи, коли, кирии, без ничија помош и сами сте постигнале во животот се', некако многу високи барања(да, барања и желби) имате од бате,мама и тате за бебето. Родив и апсолутно на никој не побарав да ми купи било што. Од чорапче до количка. И никој не е должен да ви купува и дава. Возрасни луѓе кои решиле да создаваат семејство, а да бараат да им се купи ова и тоа ми е и те како ред флег за човек. И нема врска тоа со ама јас и брат ми секогаш вака сме делеле, давале, правеле. Не. Ако си мажена, ако е женет, тоа се веќе две нови потесни семејства. Секој одговорен за своето. Не дава братот само, не дава снашка само. Се дава од заедничкиот, семеен буџет. Без разлика дали жената работела или не. Се колеме да докажеме дека и домашната работа е работа и исто толку напорна како и да излезеш 8 саати во возрасен свет, ама овде не. Бато работел во странство, снаа не п нема што да кажува таа за пари. Се надевам дека сте свесни колку питачки делува ова од страна. И да, золва сум и имам золва. Ги разбирам и двете страни. Најпаметно за сите е да си го водиме есапот наш, не туѓиот. Кажав што имав.
Повеќе за контент, секогаш било за пари Мислам, од кога знам за себе и од кога сама одам на свадби (а тоа е од пред инстаграм) се гледало во плик да ставиш БАРЕМ колку порцијата + уште нешто. Е сега, на почетокот одредени луѓе беа инфлуенсери, ние обичните имавме нормални профили со не така уредени ситници и детали, но и тоа се смени, сека секој рандом Трпе и Трпана немаат обични профили, контент креатори се. Оваа појава страшен замав зема од ковид наваму, а индустриите позади овие прослави секако дека максимално користат и цените се нездрави на сè. Отвори во темиве овде за венчаници, под 1000 евра не можат да најдат венчаница пристојна. Не оти толку вреди навистина, туку тоа си е пазарна џанам економија нАли, нема веќе спонтани настани, сè e со точен план и програма. Го чекам денот кога ќе се научиме и ние проба на свадба да правиме, уште тоа не научивме па да се лутиме оти золви, девери, родители и останати не можат да присуствуваат на сè оти имаат живот, веќе на големо девојачките вечери се уствари патувања, па лутења што некој не можел да отиде...
Битно ќе закрпуваат фармерки и облека, не купуваат Штетен конзумеризам А ваму луксузи терање на велико Безбедноста пред се' !!!! И таа количка ако не си знаела и дадилка изиграва Ова некоја Аи роботизирана е, не сме у тек ние, затуцани
За поклон, количка. Ама не е кавга, барем јас не го гледам како кавга едноставно секој од своја перспектива си кажува мислење за подарок количка (малце поскапа за наши стандарди), за некого вреди за друг не вреди, и тоа. Ништо не си пропуштил
Ти да не си "братот" на золвето што го решетаме групно? Ако не си, прво трик прашање: maxi cosy или bugaboo?
Не верувам дека имаш купено нешто повеќе од сапун во животот, ама во ред, нека ти биде смешно. Доволен успех за мене е тоа што ти сметаш дека е луксуз. Помалку рачун води за туѓите трошоци и желби, повеќе рачун нешто ти да направиш со својот живот. Кога не си компетентна и никогаш во рака не си фатила количка, што се наоѓаш прозвана да коментираш за цената во однос на квалитетот? Барем потруди се, прогуглај. Попаметно ќе ја потрошиш енергијата за пишување на пост.
Морам да искоментирам бидејќи секој има различно мислење. Настрана коментариве, количка која што 2 год евентуално 3 год ( шо не верувам) ќе се употреби не се купува од 40000+. Па златна нека е макар. Мојава не ни сакаше во количка, замисли да плуснеш толку пари а дететво не сака да се вози во неа. Зимо ако не излегува не ја користи, додека е бебече ќе ја користи после ко ќе прооди малку е друга приказна. Значи 100% те поддржувам во мислењето дека толку пари не се даваат за количка која ќе ја користи ограничено. Мој совет ( не мора да прифатиш) отворете штедна книшка за тоа дете. Нормално ќе земете поклон во склоп на вашите можности. Но книшка штедна и на одредена возраст да му ја дадете на тоа е дете според мене е најдобро. Но, фактот дека золвата не ги зима во предвид вашите трошкови околу свадба ми е ненормално. Очекувајте коментари од неа во стилот- ааа воа за свадбата те кошташе толку и толку а за количка немаш. Остави брат и да ја оправа. Не ти треба стрес од неа сега пред свадба.
Па ако госпоѓата сака количка од 40000 оти е квалитетна, нека си купи таква. Simple as that. Зашто бара од други? Да ме утепате ако на внуци купувате поклони вредни повеќе од просечна плата. Па и тука мора јебеното искуство да го бутате пред нос и како сме ние останатите од вчера. Ја би купила и поскапо нешто ама ако онака без срам ми побара некој, ќе добие од трите подолгото. Дрскоста да бараш една јебена плата некој за тебе да ја потроши е проблемот, без разлика било количка или друго.
Се најде прозвана бе ти? Се пронајде а Нападот е најдобрата одбрана Од кога Арабелка почнала да се луксузира вака? Не ти го заборавам тоа со крпената облека, врв беше И ја знам вака да се луксузирам Земи од еден, од друг, од трет, па ќе иам за мноооогу повеќе од сапун Мене ова ми го кажуваш? Ја нападнавте членката ко у нивен џеб да сте, али нека биде Сакате да јадете гомна, па бидете спремни и други да ви јадат
Уу ова опасно звучи Не сум (ваљда), само на поминвање бев реков ај да прашам шо се дешава тука. Трик одговор, ако не знајш шо е подобро прашај шо е поскапо.