Гостите секако ќе донесат пари поклон и така ќе покријат тоа што јаделе и пиеле.. Нивна свадба, според мене треба да ја прават така како што на нив им одговара, а не на семејствата, сепак ако се сложиле со предлогот на семејствата нивен избор... Не знам дали ја сака или не золвата, ама од нејзина страна не океј да бара скап поклон... Јас лично мразам поклони ако не се дадени со желба и љубов.. Некој да ми купи нешто од 40000 со лицемерие и некој да ми донесе мастики (затоа што толку можел), многу по драг податок ќе ми бидат мастиките..
Седевме заедно и си правевме муабет за трошкови што и како следуваат. Така почна таа да коментира дека исто за бебе сега да се спремат е многу скапо. Искоментирав дека може да си земе се по нормални цени, ако нема сега во моментот и почна да коментира дека имала листа на најблиските роднини кој што сака да и купи. Баш ја прашав да сподели и почна да набројува од кој кажа дека и ние сме во листата и очекува количка модел од 42.000мкд. Прво не искоментирав ништо, брат и и кажа дека е многу скапо тоа моментално поради трошковите што ги имаме, со нас замисли се согласи и сопругот нејзин дека толку пари да се дава не е потребно и дека гледал да порача детска соба поефтина! Кога си отидовме 10 пораќи реферати на брат и изнапиша дека ме слушал мене дека не дозволувам да се купи. Не, јас не бранам ништо, ама во периодов греота е да бара. Да немавме трошкови немаше да има проблем.
Подобро не коментирај, без веза ти се коментарите. Не ни те читам, знам дека освен критика друго и не знаеш. Што сакаш мисли си, не може ти најпаметна да си од сите тука.
Што се замараш и ти толку? Кога ќе се роди дете ако ви е мерак тебе или на маж ти, купете нешто што саката вие.. Ако се лути ти е гајле, терај си твоето и не се замарај.
Престани да даваш сметка колку трошоци имаш околу свадбата, па и цела листа напишана. Ваш буџет ваши правила. Различни луѓе, различни односи, секој коментира тргнувајќи од негова гледна точка. Ако немаш колку што бара, ќе дадеш колку имаш и крај на дискусијата. Нема што да се правдаш пред неа, а уште помалку тука на нас колкави трошоци имаш. Сте дале колку што сте биле во можност и готово, кој се лути нека му стои.
Ете, сум погодила дека е ко од рекламана, дури со листа спремна. Ама да, нема потреба за нервирање, ко што и си пиша дека не се нервираш, си го направила своето и толку. Секој за себе може да си купи што сака и колку сака нека е скапо. Од други може да побара вака безобразно, ама не мора да значи дека ќе добие.
Да, додека напнуваш на бокс ти стасува писмо дека Роман Абрамович те признал за свое дете и ти дава 1/5 од имотот и средствата.
Јас ја имам препознато по сликите од децата, на братучед жена му и кога прочитав какви трици и невистини пишуваше за девер и и јатрва и, престанав да верувам во приказните тука што се пишуваат и со резерва ги земам таквите мислења.
Јас сметам дека воопшто нема потреба да се правдаш. Основна култура е на поклонет коњ да не гледаш во забите. Ако јас нешто побарам од некој за подарок нема да очекувам тоа да биде подарок од 40000 сигурно. Мене ова ми е ненормална сума на пари да очекувам некој да ми ја поклони. Да од најблиските можеш апсолутно да побараш поклон за бебе, тоа што ти фали, ама со осет. Мислам не знам како тема на дискусија воопшто може да биде вакво нешто, да се лутиш оти некој друг не се согласил да ти подари нешто од 40000. Апсолутно вакв работи се дискутираат со сопруга/сопруг, безразлика дали се работи за брат или сестра, особено ако буџетот е целосно заеднички. И јас имам брат и го сакам најмногу на цел свет, сега имам внуче од него и немам многу финансии да му купувам постојано и скапи и апсолутно не значи дека не го сакам. Ниту сум очекувала брат ми на моето да поклони нешто толку скапо ниту можам јас да одвојам толку пари за неговото. Ако се лутат за такво нешто и тој и снаата веќе нема да ја имаат таа привилегија да ми бидат во животот ниту јас во нивниот. Велам привилегија не оти јас се ценам толку, но бидеејќи ниедни пари не можат да ја стават на кантар љубовта и вниманието што моето внуче го има од мене и моето дете од нив. И на крај ако си решил да бидеш родител, мораш веќе да имаш во план како ќе набавиш се што ти треба, апсолутно не треба да се ослонуваш на некој друг да ти обезбеди. Како онаа глупата реклама што беше, моите ќе купат креветче, твоите количка, да го задржеме нема страшно… Да секоја работа е плус и кој што и да поклони треба да си благодарен, а не да правиш драми. Ама пред се за да размислуваш вака треба да имаш осет и култура, без тоа џабе е. Не е до тоа кој колку заработува или може да си дозволи, апсолутно нема право никој да се меша во буџетот на друга фамилија и да им прави пресметки. Која некултура човече.
@FlirtBerry тие што те осудуваат во темава ни нас сон не би дале толку пари за нивната золва ако има бебе.
Мене тоа ми е јасно ама мора да се паметуваат и пишуваат свашта. Една госпоѓа имаше пишано дека не го сакам сопругот покрај оваа ситуација. Свашта има.
Не те препознав тебе, туку жена му на братучед ми, а тоа не си ти За неа зборам. Никој не те спомна тебе
Те нема тебе препознаено читај убаво. На братучед жена му ја препознала. Ти немаш деца уште, како си ги објавила за да те препознае.
Не, јас би дала, искрено да имам и да не ми требаат моментално за нешто, немам проблем да дадам ако имам, не ми беше тоа муабетот секако. На родители и брат/сестра, внуче, па дури и на најблиски другари би дала скапи поклони ако стварно имам да одвојам, ама ако некој се дрзни да се лути дека не сум дала и ми прави пресметки зошто не сум дала толку, апсолутно нема да биде веќе во мојот круг на блиски луѓе.
Јас сум таа госпоЏа Не знам каква љубов е таа без почит. Оти, да имаш ронка почит кон сопругот, нема да ја оговараш сестра му на форум. Па и најлоша да е. Толку!
Не знам само дали примети како си придодава лоши работа за золвата секогаш кога нечие мислење не и е по кеиф. Почна со една работа во темата за јатрва и кога виде дека не се фрлаат доволно дрва и камења по золвата само си придодава нешто. Така да сите дискутираат за измислени работи ама нема веза, да се врти муабет.