Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.387
    Допаѓања:
    5.112
    Пол:
    Женски
    Па ако е така тогаш и таа нема емпатија спрема брат и. :)

    Не знам изгледа не разбираш се што имам напишано како што е.
    Дел од критики сум прифатила.
    Ама ти си читаш како што тебе ти одговара.:angel:
     
    На Panda00 и Adidas888 им се допаѓа ова.
  2. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    2.091
    Пол:
    Женски
    И мажот си го фати патот зошто баш никој не трпи толку агресија. Искрено мене дури некогаш жал ме фаќа што не ја воспитале малку подобро.
     
  3. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    2.091
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто се фативте сега и за подарокот за братучедата, можеби се премногу блиски и си ја смета како сестра. Аман.
    Зарем во животот немате некој пријател или можеби роднина што би го израмниле на некој начин со брат/сестра.
    И да е точно ете не и било ќејф и не дала толку пари и што сега...лоша е нели.
    Онде на други теми продавате м.да за бубре.и а тука ќе ја распнете членката.
    Да дојдеше и кажеше дека маж и криел и давал пари на неговите ќе го направевте незнам што...дека уште е на цицка кај мајка му и затоа така се понаша и дека тоа се заеднички пари..дека несмее така...и секако краен совет РАЗВЕДИ СЕ. И тоа со напомена дека така вас да ви правел ќе го исфрлевте сосе партали.
    Дај оставете ја девојката веќе, ете несакала ни 20ден ама од љубов кон маж и дала 200е. (која што љубов ја нема нели .
    Инаку само тие што ги оговараат золвите не ги сакаат мажите или важи и за свекор, свекрва и друга поблиска роднина?
    И ајде нека измисли некој нешто друго, ова веќе не е интересно.
     
    На Nala1806, BlackNight, azelea и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.010
    Имаше и таква, шо неродените деца и страдале де, па шо е сега проблем некој да објави слика од деца што ги нема, што ве гледам чудни:rofl:
     
    На Buttermilk, LiquidLuna, Dentina и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.505
    Допаѓања:
    45.859
    Пол:
    Женски
    Реално, пола тема е ова. :D:D
    Не дека ова што го има опишано не се дешава, ама пола од приказниве се не малку, туку малку повеќе преувеличени.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    1.887
    Пол:
    Женски
    @FlirtBerry Другарице, срам те било. Ич не си добра снашка, место да ѝ дадете на золва ти 40000 количка да си купи, ти свадба со триста гости праиш. Па уште и фустан од илјадарче цц, како се осудуваш само?!

    Шо морало свадба да праите, шо си се запнала толку, свадба па свадба. Место да штедите таму утре на внучето стан да му купите, они свадба ќе праеле. Тоа ќе му остане, а ти фустанот еднаш ќе го носиш само. Расипикуќи, катастрофа денешнава младина.
     
    На LibreGirl, Camille84, BlackNight и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.694
    Допаѓања:
    19.807
    Ја вака читајќи те сфаќам дека сепак членките се у право :|

    40000 денес не се некоја пара бе, па мочана 1000 ка у маркет оставаме за 5-6 ствари, ова е количка спешл едишн, ќе ја чува, може и ќе ја продадат па барем пола ќе се вратат парите, у ќар сите би биле.
    Секако со тие пари ќе частат кафана, едно 200 евра, сите среќни на крај :inlove:

    За понатака здравје Боже, првин кола, па минимум уште учество за стан да се покрие :inlove:

    Најблиските мора да ги поштуваш и да те поштуваат. Леб нема да јадеш, ама за ближниот мора да има :*:
     
    На BlackNight, MiloMalo, Fraxinus и 6 други им се допаѓа ова.
  8. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.387
    Допаѓања:
    5.112
    Пол:
    Женски
    @Panda00
    @Mrs. right

    Може ќе го засакам сопругот ако купам стан на внучето, а на братучеда ми точак. :rofl:
    Ќе ви кажам здравје ако не ми стигнат колата ќе си ја продадам нова да купам!

    Баталете лебот, може и да не се јаде.
     
    На BlackNight, nextredstyle, MiloMalo и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.694
    Допаѓања:
    19.807
    Yep.

    Знаеш ти дека машката страна се побитни? Па они те земале, нивна си, затоа се знае кој треба највише да се поштува :)

    Од нејадење никој не умрел, таман ќе се ослаби :f:
     
    На BlackNight, mama11, FlirtBerry и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    1.887
    Пол:
    Женски
    Е така де, фамилијата пред сѐ.
    Ама денешнава младина не знае за фамилијарни вредности и не знае да се радува на новите членови на фамилијата, побитно им е свадба да направат.
    Малку е колата, ја куќата би си ја продала за љубовта да ја докажам.
     
    На LibreGirl, Adidas888, FlirtBerry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.694
    Допаѓања:
    19.807
    Се срамам што сум дел од тие генерации бе, бруки (facepalm)

    За љубов мора жртвување, иначе не е љубов :nod:

    Љубовта е над се, материјализмот е 0 во споредба со љубовта.

    Лага е тоа дека љубовта не те храни, од љубов не се живеело, душевна храна сте чуле шо е?
     
    На nextredstyle, MiloMalo, Adidas888 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.398
    Допаѓања:
    42.813
    Пол:
    Женски
    Оваа снашка за која напишав дека ја препознав пишуваше дека свекор и му купил стан на девер и, а на мажот и ништо, а реалноста е дека девер и сам си купи стан од кредит на кој татко ми му беше жирант и кај него стигаа опомени ако му каснеше плата, неговите ништо не дадеа, затоа што не ни беа вработени, животни чуваа тоа време, во село така е. А куќата во која живееја му припадна на мажот на оваа што се жалеше. И како после да верувам во се што се пишува овде?
     
    На Angie1432 и Dentina им се допаѓа ова.
  13. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.309
    Допаѓања:
    14.485
    Абе ако сака ќе даде и 2 000 евра за фустан. Како се осудувате не ми е јасно. Не ви е срам?
     
    На BlackNight, Miss666, Panda00 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    2.091
    Пол:
    Женски
    Можеби му дал учество или половина а другата половина со кредит.
    Јас познавам случај каде што родителот вика пр.ќе ти дадам 70000е за стан, младите не беа согласни и сакале поголем стан што е нормално. Е сега ако гледаш имаат кредит за отплата но тоа не ги прави дека станот сами го купиле.
    Од страна и нивните муабети да ги слушаш ќе звучат дека сами си го купиле но реалноста е друга.
    И неможе ако си невработен да бидеш жирант, ако не работеле и живееле на село.
    Остај ти тие муабети му стигале писма и сл. А сигурно и другиот брат со станот не би преќутал ако цела куќа ја оставиле само на брат му. Си имаат некој договор.
    Никогаш не е сосема чиста работата.
    И тоа е реалноста дека вистината е секогаш на средина.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.247
    Пол:
    Машки
    А како да знаеме ние дали да веруваме на тебе или на снашката?
    Сите даваме совети според напишаното тука.. Форум е, не е суд, па да глумиме полиција да ги бараме кои се членките и да видиме дали е вистина. :drunk:
    И ако ете твојата снашка лажела, значи дека сите лажат? :drunk:
     
    На Panda00, nextredstyle, FlirtBerry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.398
    Допаѓања:
    42.813
    Пол:
    Женски
    На татко МИ му стигаа писма затоа што он му беше жирант, а дека сам си го купи станот од негов кредит зборуваше и брат му, т.е. мажот на членката што лажеше овде и мајка му и татко му.
    Вие на мене не мора да верувате де, никој не ви ставил нож на грло, исто ко јас што не верувам секому.
    Инаку сосем случајно ја приметив, по сликите од децата. Секако не сум во комуникација со нив, откако не им отидов на свадба ме избришале од секаде, а не им отидов затоа што прво они на мојата не дојдоа. Живи смешки
     
    На Dentina и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  17. Manako2

    Manako2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    13.659
    Пол:
    Женски
    Nena ke sakas li da mi pises,sakam nesto da te prasam
     
  18. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.410
    Допаѓања:
    33.234
    Пол:
    Женски
    На снашка не се верува, змија е тоа,
    Се верува само на золва.
    Шо убав однос си имаат брат и сестра, братот и плаќа телефон, количка му бара од 40 000, и свадбата мора обавезно да биде кога золвата ќе посака инаку нема да дојде она. И не, ова не е ич љубомора и инат спрема снаата, пошо ова нормално е во Мк, братот и сестрата фатени под рака доживотно, а снаата кој ја шиша, и нејзината свадба и нејзините дечишта шо ќе ги изроди, побитни се тие на золвата.
    Пу, како не и е срам на членкава, дошла од којзнае каде и на сила го венчала братот на золвата. Магии му напраила, ете золвата почна да писка дека он не трошел на неа како порано. Шок! Сите во фамилијата се запрепастени! :*:
    А, и уште нешто, чим на братучедка 200 евра, мора тогаш на золвата од 2000евра инаку тантруми ќе има.
     
    Последна измена: 27 март 2026
    На Gosh, CameliaMiller, Buttermilk и 16 други им се допаѓа ова.
  19. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    1.681
    Пол:
    Женски
    И после толку испишани страни јас уште не разбирам каде е проблемот.
    Членката толку што испиша за тоа време ќе прочиташе две три книги, ќе изгледаше два три филмови.
    Маж и да се скарал со неа па да има проблем, сестра му да се кара со него или неа па да има проблем ама вака јас не разбирам, рекла (ако рекла пак е тоа прашалник) дека сака подарок конкретен и милион страни дискусија за тоа. Стварно не разбирам.
     
    Последна измена: 27 март 2026
    На eliesaab, Dentina, JasBee11 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.247
    Пол:
    Машки
    Убаво е да имаш добар однос со браќа/сестри, ама се тоа треба да биде двострано.
    Ама нема потреба од мешање еден на друг во браковите, ако мене ми се допаѓа мојата жена, јас ќе си живеам со неа, нема потреба да ми ја анализираат.
    Исто нормално дека со жена ми ќе се консултирам за нашите пари, и не е на сестра ми да ми кажува кај да ги трошам и што да купам со нив..
    И не можам да очекувам мојата жена да ги почитува моите, ако тие не ја почитуваат.
    Нормално ако ми побараа пари за нешто итно пример операција некоја итна, ќе и дадам и ќе одвојам дел од тие што сум ги планирал за гардероба за свадба..
     
    На Panda00, Dentina, mama11 и 5 други им се допаѓа ова.