Ти ќе си седиш мирна ако некој гледа да го искористи максимумот од тебе од фамилијата? Не знам од кај заклучи дека не ја сметам за фамилија!? Од тоа што дадов 200€ а не 1000€? Така ги делиш луѓето ти кој ти се фамилија или не? Значи да знам веќе, тој што дава повеќе пари ми е близок, тој што не дава не го ни погледнувам. @Adidas888 Изгледа гледа кој е близок кој не е по џебот.
Да, ако беше таква без осет! Не се прашувај и одговарај во мое име, некои од нас гледаме подалеку од носот.
Тогаш не оди далеку. Тргни од себе каков човек би била ти, штом најблиското би го изложила на тапет на форум да кажуваат колку е себична, без осет, ненормална, ваква онаква. Секоја чест, штом би дозволила за една количка од 40 000 да ти се вреѓа најблизок род за да те поддржи. Можеби исти сте. Затоа не се трпите
Може би, само што јас не просам по роднините асортимани, јас си купувам сама. Ако мислиш дека 40к е мала сума оди дади ја и после крпи облека.
Мене сестрата на мојот сопруг од ден еден не ме сака затоа што сум албанка ,на почетокот се нервирав сеа не и се замарам нека крши главс и така се гледаме само по родендени и некогаш ретко ако дое на гости ама тоа фала богу па ретко е.
Трета рака количка ќе земам, од дај не фрлај ќе чекам ама не ставам некој во ситуација да ми купува и да очекувам. Безобразие.
Си купуваш сама од парите маж ти што ги заработува дур вози камион у странство а ти си ја држиш по цел ден у Мк и од досада окапуваш на фемина во потрага по виртуелно тапшање по рамо? Истиот тој маж кој те запросил по 3 месеци и со кој дали и месец дена си била заедно а другото е врска на даљина кај што он рнгачи а ти трошиш пари и измислуваш приказни на форуми? Ајде еден најдобронамерен совет, седни и размисли како во иднина, знам дека ти е супер сега да трошиш парите од маж ти без никакви обавези, ти тука, он у странство, ти му раководиш со финансии и му оговараш фамилијата од што не знаеш што со себе, ама стави прст на чело како во иднина ќе гледаш деца сама, или па како ќе издржите со мк плата ако се врати од странство, не да си измислуваш работи само за да те тапшаат луѓе по рамо само за да ја плукаат сите золва ти која очигледно не можеш да ја поднесеш. И памти малку што си фантазирала по темите, не еднаш едно, друг пат друго, трет пат трето.
Ако мислите дека работа во странство по дифолт ќе значи лесен живот таму или тука, ептен грешите. Кај и да одиш, трошоците ќе те пратат. И да сакаш да раздаваш пари по народ, нема да можеш секогаш. Што се објаснуваш уште? Божем овие кои ти се контраат си ги обожуваат золвите, а само ти си „лошата“ снаа.
Не сеа излезе дека и парите на мм ги трошам. Банкарки доста имало, освен ʼлошатаʼ снаа излегов и нешто друго… Ама ај нека е такa, членката нека ракоплеска и нека учи од мене како да живее со парите на мажот и нека шири дипломатии! Се гасам од темава, веќе предалеку отидоа со навреди.
Грешка си, идела по куќи и шминкала балканска шминка на западни жени.. Немам видено ни Германка, ни Данка, ни Холанѓанка, ни Белгијка, ни Швајцарка со шминка. Кармин и маскара во екстремна пригода ставаат. Башка што става слики од неа во теми и очекува луѓето да веруваат дека е иста личност. Не знам стварно кој верува во приказниве и што човек си да земеш цело алтер его да измислиш за на форум. Наводната золва што не постои, барем не седи на форум и измислува цел живот. Можеби и само тоа е вистина.
Ај иди крпи мозок и не се замарај со мене. Баш да ти објаснувам тебе дали постојам немам план. Има членки кои лично ме познаваат за твоја информација. Инаку да хоби ми беше дур бев таму, ама тебе како да ти објаснам кога подалеку не си била од тука или подалеку од нос не си гледаш? И ако мислиш дека е измислено нека е, нека ти пораснат рогови. Ама баш боли ме увце веќе, со мали умови не се расправам. Убав ми е денот денеска.
Која ја познаваат, таа на првата слика или на втората, или сепак некоја трета. Еве јас ништо не знам и не сум излегла од државата. Слободно нека се уверат другите.
Епа не знам ете нека ти кажат тие што ме знаат, еве јас не те уверувам. Може и ноктите од пинтерест ги барам и ги постирам тука.
Колку и да си близок со брат/сестра сметам дека не е ок да одредуваш колкав поклон треба да купат тие, без разлика за што и да е. Јас не би можела така. Еве како золва да кажам. Со брат ми сме голема разлика, кога тој се ожени имав 11год. Далеку сме од блиски, тој поблизок е со роднините на снашка, отколку со неговите. Но, тоа е друга тема. Финансиски не сум можела никако да им помогнам,иако имаа и дете и куќа изградија. Ама луѓе, сакајте верувајте, сакајте не, немам полза да лажам овде. Толку многу сум им помагала и со детето, и по ниви.. Бев и готвачка и чистачка, благо речено слугинка. Нивниот збор за мене беше заповед. Јас не знаев да кажам НЕ. Сеуште се мачам да кажам НЕ, ако кажам чувствувам вина пак. Не смеев да кажам не можам, не сакам, оти следуваа викотници. Ме упропастија за цел живот, поради нив чувствувам страв, вина, за било што,самодоверба пак нула. Подолго време не сме во контакт, не сме ни скарани, само односите уште толку се изладија. Не можам да им одам кога не се осеќам добредојдена таму. Ги оправдував за сè дури и кога не требаше..Криво ми е за децата само, не се тие виновни што имаат такви себични и користољубиви родители. Да го вратам времето, внучето пак би го чувала ама ништо повеќе од тоа не би направила. Џабе си ги горев рацете за да стоплам некого, а тој некој не знаеше ниту малку да ме цени. Што и да направеше некој од блиските на снашка, одма до небо го величеа, тоа се ценеше а моето не. И не, не е ова љубомора, омраза или како и да го сфатете. Повеќе е гнев и лутина кон самата себе што сум дозволила некој да ме газе. Некои ја осудуваат членката зошто купила за братучетка и поклон од 200€ а толку дали и на золвата. На ова ќе речам дека кога се породи другарка и однесов многу повеќе нејзе отколку на второто внуче. Колку сакате судете ама истата другарка повеќе пати ме има посетено оѕколку родениот брат! Замислете овде каде што сум,снашка има тетка и сама сум гледала како таму одат, а за кај мене немаат време, сè се брзаат. Знаете ли каква болка е тоа? Вистина било она дека со туѓинец поубаво ќе поминеш отколку со близок.. Колку и да не ви е верно ова, сепак таму некаде постојат и вакви "браќа".. И не знам зошто сето ова го напишав, ама бар ми олесна малку.
@Buttermilk баш ми е жал што е таква ситуацијата, и стварно брат ти не заслужил. И јас гледам да не давам енергија, внимание или било што на некој што не заслужил па и најблиска фамилија нека е. Само што во случајот што го дискутиравме претходно членката немаше напишано дека брат му со сестра му се во лоши односи, туку обратно, барем јас така разбрав. Инаку и претходно спомнав, сумата како сума и не ми е толку битна, 200 евра според мене се и повеќе од доволно за поклон од брат ама јас барем кога давам гледам да биде според близината а и јас и сопругот сме многу поблиски со нашите сестра/брат отколку со први братучеди и кај повеќето е така. И некако не ми е океј да дадам поклон во иста вредност.
@FlirtBerry кога ви кажала золвата дека сака подарок од 42К, што не и кажа она да ви стави во плик €2000 во плик за свадба???? Си и дала, во ред е, ако некој сака да купи скапа колкчка нека си купи сам. Ама како што кажаа некои членки, тука во МК само да се проси, да се чека друг да ти даде, живеј на вересија, немај осет за другите и цело време мисли дека тоа ти следи....
Имам пишувано наназад за моите проблеми. Ние сме три деца, јас и уште двајца браќа. Пораснавме тешко во мизерни услови, но скромно. Сметав дека сме убаво воспитани, се што имаше се делеше на три дела. Откако постариот брат се ожени и дојде снашка дома се се смени. Имав разбирање, таа му е жена, сега веќе имаат и дете, создадоа фамилија нормално е тие да му се на прво место, нема дилема тука. Брат ми не пропушташе прилика да не ме понижи или навреди, како мене така и моите родители. Како ние да сме глупави и прости, тие живееле во Скопје и се знаат. Снаата нормално уште толку додаваше масло на огнот и се подсмеваше. Пред сите зборуваа сешто, мене ме претставуваа како љубоморна. Разведена сум била, ме оставиле, сум немала деца, љубоморна сум била, ќе сум им правела проблеми. Сите беа запознаени со се што се случуваше дома, иако реално немаше потреба од тоа. Немавме којзнае какви проблеми, можеби и повремено ќе живеевме сложно и ќе се најдеше некое решение, тие не оставија простор за тоа. Снаата е едно дете и мислеше како дома така и тука сите ќе не команда. Пишував наназад и за проблемите за кученцето што ми ги правеа. Моите родители колку беа немоќни толку се и прости, не успеаа никако да се справат со ситуацијата, иако на почеток се обидоа. Мајка ми викаше надоле длабоко, нагоре високо и било. Татко ми цел живот слика има, тон нема. После сите циркузи си излегов под кирија. Бев и лута и бесна и разочарана, но се поминува и се заборава, сега душата ми е мирна. Снаата се породи, мајка ми ме повика да одам само за да не се срамувала од роднини и комшии, прашувале за мене. Нормално ми беше малку тешко, не е сеедно но не отидов. Ме бара само малиот брат повремено, другите ги избришав засекогаш и вака е најдобро.
Срце, браво на одлуката, ти посакувам да издржиш и да те прати среќа и мир. Со братчето мало остани си во контакт, сигурно и нему ќе му треба подршка.