Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    драги феминки, моја блиска школска другарка има еден проблем, па помогнете (не е за мене, не сум мажена :D )
    Мажена е скоро една година, има 23год. и живеат заедно со свекорот и свекрвата. со свекрва и не се мириса баш најдобро, се нешто гледала да ја прекорува дека била млада и немала појма од животот ]:) (маж и има 31 год. и тој демек зрел бил :) )
    Ама проблемот сега е за золва и. Имено таа била мажена, ама секој викенд им идала на спиење кај нив со си децата и маж и. Тогаш цела куќа била свртена наопаку, јаделе, пиеле по цел ден, како гости, децата како деца растуривале, се капеле, (на зима си земале греалка в соба), золвата била главна фаца во куќата, наредувала, само ја омаложувала младава невеста, си шетала по сите соби, си префаќала работи, сите трчале по зетот: зете, мили зете :D, навечер децата им ги оставале на чување, за тие да шетаат по кафани со пријатели (така да другаркава нигде не е излезена навечер)...итн...и си заминувале...и така секој викенд...
    на другаркава секој викенд и е пекол, (маж и не сака да ја прекори сестра си за ништо, многу биле блиски), а отпосле и оставале цел неред за чистење и сметките им идале многу високи (а свекорот и свекрвата не ги плаќале, се било на товар на младиве), а башка нервите скинати.
    совети и имаме давано сите од друштвото, меѓутоа со никаков ефект....се си е по старото....а најжал ни е што е млада, наместо да си ужива како ние, си трпи вакви работи... :doh:
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Се чудам како издржала до сега :x
    На нејзино место, ни срам ни перде ќе имам, има да ја ставам во ред, па макар и ме избркале на клоци.Има во лице да и влепам се-да си оди дома, да си ги гледа децата и да си плаќа сметки, а не да ми се влече позади грб!Следен пат и ги остави ли така децата, нека ги однесе гладни кај свекрвата, па нека си ги гледа таа внуците.Уште поубаво па, нека си излезе сама за викенд, па маж и исто може да изиграва служавка по дома, барем него му се внуци по крв.Па маж ми ако сака и со години нека не ми збори, поубаво дома ќе си одам, неголи ваков терет да трпам, бетер од затвор.
    Така да и пренесеш на другарка ти, уште денес(петок е :D ), да и каже неколку работи и нека си стави клуч на врата.
     
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    од дома и на другаркава и рекле: сакаше да се мажиш, мажи се, назад дома нема повеќе враќање, резил не сакаме. така да таа сега мора да трпи за да помине добро со овие. баш е во небрано :( не дај Боже никому таква ситуација....иако не знам што родители ќе беа тоа, гледаат како детето им трпи и се мачи и си молчат, подршка никаква! :|
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.160
    Допаѓања:
    112.913
    Пол:
    Женски
    А зашто они не излегуваат за викенд???? Золвата во врата, они низ врата. Што мора да седи дома?? Нека шета цел ден, со маж, со другарки.. што има да му го чува детето??
     
    На k.r.i.s.t.i и verica81 им се допаѓа ова.
  5. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Другарка ти не знаела во каква куќа оди? И како издржала година дена свака и чест, ја не би издржала еден месец. Па она е млада ако не испаѓа сега кога? Како што кажа Нена, золвата во врата она низ врата, ако нејќе мажот и тогаш со другарки нека испадне, и се чудам како семејството нејзино може тоа да и го рече :x :x па тоа е нивно чедо. Се омажила млада се омажила ама зарем не ги боли тоа што нивното чедо го боли. И нека не преќутува на свекор и свекрва и, ако сега ќути цел живот ќе ќути.
     
  6. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.469
    Допаѓања:
    5.328
    Пол:
    Женски
    a da si odi drugarka ti pod kirija?podobro kirija da plaka otkolku necii smetki pa uste da gi gostis,pa da cistis i deca da im cuvas...jas bi im e-ala mater.. :@
     
    На k.r.i.s.t.i му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    леле ја свакам другаркати...јас кога бев мажена имав таков проблем со несвесната ми золва....прво свекрвата ке е кај неа до 2 после со едното обавезно се врака дома,после школо и големиот па ајде вујно помогни му на детето со задачите...секој втор ден она маж и и децата туто комплето до 12ч навечер кај нас ручок вечера се...плус пива па и сок де дека децата вода не пиеле само сокови....дојде викенд они кај кумот требало да идат,кај другари требало да идат а преку ден кај нас...ке ми дојдеше дома па уште ми вели јас секој месец ставам по толку и толку пари на страна,кај мене се е чисто...епа и кај мене ке биде ако твоите синови со патики не ми се качуват на кревет во дневна и седнат да јадат на маса а не со леб во рака нис соба,ми влеваше во спална,не пите може ли неможе она одма,ајде деца идете на компјутерот да си играте (а компјутерот ни беше во спална демек на свекорт и свекрвата има сметаше де а најмногу кога зборев со моите) јас трпев само два месеци...и еднаш пукнен филмот од свекрвата и син и (мажот што ми беше) доага она па ми соли памет и јас си почнав,ама ни секунда не размислив дали ке добијам котек или навреди им кажав се ама баш се (иако и останатите од роднините многу пати и збореа дека сега има снаа таму неможе снаата да и ги гледа децата и нејзе секој ден) и реков вака: ти ставаш пари на страна а јас неможам еден пар фармерки да си купам оти секој ден сокови пива ручеци вечери управувам за вас,еден ден незнам да сум се одморила откако сум дошла во оваа кука или си ти или децата твои или мајкати која ме третира како слугинка....ти си ги родила ти да си ги гледаш а не јас да пишам домашни и да трчам по тригодишно дете, па уште и твојот син (овој големиот) да ми збори оти тоа било негова кука....и се завртев накај дотичниот и му реков: или да се намали оваа доагање или јас и ти секој втор ден у шетање не сум дужна никоме да изигравам бебиситерка и слугинка,кај моите не бев отидена бре луге два месеци од тоа што секој ден они кај нас а дотичниот па еее кај ке одиме сестра ми се на гости какво гости бре марш....

    Демек се наљути тој ден ама после два дена пак дојде верувај па ни збор не кажа ни здраво ни ништо,ама јас почнав: вујно дај ми да јадам-еве ти ја вујна бабати иди кај неа,ама сакам од тебе е јас вујна морам да се чупам....крај видоа не видоа почна од баба им да си барат и она да си ги гледа,кога се разведов јас после три четири месеци дознав дека си се преселиле таму (деверот им се женил а негова беше куката препишана и ги избркале) добро на време сум заминала инаку до сега во лудница ке сум била секако...
     
  8. professoressa

    professoressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    106
    Јас да си кажам за мојата золва, која ја сакам најмногу на свет и поради тоа што немам сестра таа во целост ми ја заменува....со незе се дружиме интензивно 9 години и сме ептен погодени,никогаш се немаме нити скарано, ниту пак нешто лошо да си кажеме една на друга...Во се секогаш ме подржува и јас неа исто...Просто ја обожавам,поради тоа што секогаш е тука за мене, ми помогнала за се што ми треба и со неа имаме еден куп незаборавни моменти... :)
     
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    и нашите коментари се: до кога ќе трпиш???, но нејзе не и е многу лесно да се реши, туку така да замине од таму (барем да имаше подршка од родителите ќе беше друга приказна), а кога и да покаже `заби`, не и правеле муабет неколку дена, биле полоши со неа, па така таа пак си премолчувала...па што да прави, и да немаш в куќа муабет со никого, и тоа не е работа....
    не се баш лесни овие ситуации за решавање :?:
     
  10. bitol4anka

    bitol4anka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    32
    pa daj i nesto da se smiri da ne vika kako luda.i jas imam snaa ama mnogu si se sakame koako sestra mi e.posto sestra nemam ni jas ni taa i si se prifativme odma posto zivotot e eden.nema potreba da se karame,so ke delime pa da se karam.ne se nerviraj pozzzz
    [mod-kirilica:4ahjl1yy][/mod-kirilica:4ahjl1yy]
     
  11. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.119
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    Не и е никој друг виновен освен мажот нејзин.Па и онака си ги плаќале сите сметки????Епа тогаш можат комотно да си се преселат и да си живеат сами во својот мир и тишина-нели?Ако воопшто е тоа така.
    исто пак мажот и е виновен и за нивното неискачање за време на викендите.Па кој ги држи дома бре воопшто, ако не им чини ај гитла, и онака велиш дека самите си се издржуваат, не гледам никаков проблем тогаш да си се иселат.
     
    На machorka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Значи секој си има свое место во животот и тоа неможе да го смени никој. Јас едноставно не сакам кога некоја ќе ти дојди во куќата и сака веднаш се да е како потмачкано. Кога веќе ја има темава ќе споделам мој проблем. Снаа ми мене не ме сака. Тоа е очигледно. На почетокот кога дојде не се познававме баш најдобро станавме добри пријателки споделивме многу нешта и случки од животот, но карактерно не се вклопуваме. Тоа би го сметала само како лице од нејзина страна бидејќи јас очекував многу повеќе од неа. Неколку пати ми има речено дека мие време да се мажам ама она како на шега а јас сеуште студирам сум 2 год на факултет. Дома се тие условите живееме во стан и јас држам една соба за мене тука спијам учам и.т.н. Таа дојде пред да се земат и виде каде живееме и колку луѓе сме. Јас разбирам дека е тесно но кај да одам не мие времето се уште за мажење а и си учам имам многу други планови, не може таа туку така да ми наредува. Некогаш се случило да се скараш дома ќе бидеш нервозна и сл. и кога ќе се скарам со брат ми таа мене ми се лути не ми зборува а секогаш на пример тој не е во право како и јас а тоа е меѓу нас не е меѓу неа и мене. Некогаш се случува да не знам и што да зборнам од страв како ќе ме сфати. Не знаете колку чуден карактер има. Не знам како да се зближам со неа за се да биде ок. По дома не пофаќа ништо. Цела работа ја работиме јас и мајка ми. По цел ден лежи и на компјутер седи. В кујна не обожавала да готви да чисти уште помалку и не знам ако и речиш нешто одма се затвора и плачи. Многу чуден карактер како би ме советувале.
     
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Никој нема право да ти кажува дека треба да се мажиш, а посебно НЕ твојата снаа. Срам да и` е.
    Еве јас сум снаа, ги знаев условите во семејната куќа на мм пред да се земеме и никогаш, ама никогаш не сум ни спомнала дека дотичната моја золва со која бај д веј ни јас не се согласувам баш нај нај (ама тоа е сосема друга приказна), треба да се мажи и да ни ја отстапи собата.

    Од една страна те разбирам, ама и неа ја разбирам. И мм кога ќе се скараше со сестра му, јас вака правев |( еве ги пак, ама никогаш не заземав страна, т.е. никогаш не сум и` била неа лута, туку напротив му се лутев на мм зошто неа и` преќутува и и` попушта иако тој е во право.
    Совет од мене, ако се караш со брат ти, карај се ама на суптилен начин или уште поубаво-не се карајте пред снаата. Љубомората работи, верувај...се лути затоа што на пр. за истата работа можеби тебе ти попуштил, а неа не...или пак си вика-види ја мочлава скока, рипа, а тој е постар...затоа се лути, да не речам се чпрти безврска.
    Ти си во право, тоа е меѓу вас, ама кога вие се карате таа тука е, гледа, слуша...ти кажав зошто би можела да се лути.

    Друго, ако таа не те сака...па ни ти не ја сакај...незнам зошто толку ја тинтрате и ти и мајка ти. Гледате да и угодите, а таа само плаче и се затвора во соба.
    Не ми е јасно само како може по цел ден да лежи и ништо да не ја интересира...па јас цел ден да лежам ќе се побудалам :lol:
    Од друга страна па, може едноставно не може да се вклопи, вие сте мајка и ќерка, а таа се` уште се чувствува туѓинец...не знам...ти си ја кажуваш твојата мака, може неа нешто друго ја мачи.
    Дали сте пробале да ги поделите домашните обврски?...Викаш ти и мајка ти се` работите...зошто и неа не ја вклучите :?: мајка ти нека Ве организира и сите по нешто работете. Дружете ја повеќе, пробајте да ја дружите, помогнете и` да се вклопи, а ако не Ви успее...тогаш оставете ја што сака нека прави, не се замарајте со неа, брат ти нека ја тинтра, а вие живејте си го животот без многу-многу да се замарате дали што и како ќе сфати.
     
    На bittersweet и eli25 им се допаѓа ова.
  14. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски

    Се обидуваме да ја вклопиме но кога човек не сака нешто не може со сила. Јас немам видено таква личност за ништо да не се интересира. Па што се мажела тогаш. Уште пред да се земат најавила дека сака во заедница. А виде кој сме што сме колку сме и каде живееме. Некако многу не спремна дојде во тој поглед со домаќинските работи па и годи ова. Сака да се ослободи побрзо од мене и од дома родителите нејзини и најавуаат да и купат спална. :D А јас каде на улица? Не убаво малку од нејзина страна. Јас ја сфаќам дека е нова сакам да се вклопи да бидиме едноставно како сестри ама ете не успева. Секој почеток е тежок ама мора малку и да се даде па да се добие нешто. И не сум толку блиска јас со мајка ми како што има мајки и ќерки па да и правиме заговори против неа или било што. Не сме до толку на такви ниски и прости гранки. Цело време гледаме да погодиме да биде убаво за сите. А брат мие е таков наивен и оди по га**т да речам. Прав да не падни на неа. А и од дома си е прегалена многу. Решение нема освен делба но неќат да слушнат. Крокодислки солзи ќе пролеат :D
     
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Не сугерирав дека сте блиски и дека правите заговори против неа, едноставно мислев дека можеби и недостига мајка и`...од кај да знам... :^)

    Тоа со спалната ич не ми се свиѓа...утре да ми дојде некоја снашка и на моето дете да му вика да се мажи за да и` донеле спална нејзините :o , има со се` спална да ги исфрлам на клоци :!:

    Штом е ваква работата, не сака да помага, не сака да се делат...тогаш твоите нека му кажат на брат ти дека тој си се оженил и сега жена му да се грижи за него....во смисла, нека научи или барем да се потруди да научи ако ништо друго да готви и да почне да си бара работа.
    Земја дембелија само кај мама дома :lol: ...искрено Ве жалам...утре ќе ви роди внуче и него ќе Ви го тупне да го чувате... |(
    Свашта има по светов...ама знаеш како викаат-кој како си ја наредил...е па Вашава снашка ептен си ја наредила :D
     
    На milicka19 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.506
    Допаѓања:
    173.629
    Миличка 19,јас само ќе ти кажам-никако и во никој случај да не подлегнуваш на муабети за мажење,ниту пак мажачката да ти биде пред завршувањето на факултетот.Колку што можев да видам,амбициозна си во поглед на школувањето-тоа е добро и немој да отстапуваш.Снаата нека си зборува,ти си се смешкај и давај си ги испитите.во таткова куќа си,на кој не му е добро тука,на друго место нека иди.
    Ќе дојде и тој ден кога ќе се мажиш-ама тоа треба да биде по твоја желоба,а не по наредба од снаата.Работи си уште од сега за во иднина да си бидеш свој човек-дипломирај,најди работа ,а за мажачка никогаш не е доцна-биди си свој човек со свое парче леб па тогаш мажи се-незнаеш во каква куќа ќе влезеш,па подобро да си имаш своја пара в џеб.
    а снаата е таква каква е од многу слободно време,штом ништо не работи и само лежи ,нормално да и истекнуваат секакви глупости.
    Гледај помалку се карај со брат ти,за да не го искористи снаата моментот кога тој е лут па да го свртува против тебе(кажуваш дека ја чувал многу)
    Како и да е ,не се нервирај,не се плаши,знаеш како викаат,таткова куќа си е таткова.Позз.
     
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Мажење ви е спасот на сите, ама не верувам дека таква ќе ја трпи некој... пробајте разговарајте со неа и кажете и дека не смее да вика така и да се кара, ако не успее тоа носете ја на пцигијатар :^)
     
  18. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Ферхунде да не ти е снаа? :D
    Дајте и време, таа не е навикната уште на вас, ниту вие на неа, не ве познава како функционирате како фамилија, секаде е различно...Тешко е за сите на почеток но со тек на време и со многу трпение белким ќе биде...
    Инаку верувај секоја снаа што има золва дома едвај чека да се омажи па да се прошири малку :D Посебно нели ако е тесен просторот и нема баш место за сите, но тоа не значи дека ти треба да се вреѓаш од тоа што она го мисли (се дури во лице не ти каже нема потреба да реагираш)...Терај си по свое, приближувај и се одвреме навреме ако гледаш дека остава простор за тоа, ако не-не се замарај...Така е во заедница, некогаш кога работите не се поправаат, правењето лице е најдобра солуција...
     
  19. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Изгледа снаа ти сама не знае што сака :^)
    Можеби како што кажа Лолита и’ недостига мајка и’..... или сето ова и дошло многу ново наеднаш.....
    Ама не ја разбирам, сака во заедница, а очигледно не знае како функционираат заедниците :^) Секој си има свои обврски кои ги извршува, а не лежи лебу да те јадам.
    И многу е дрско од нејзина страна да сака да те истера, а и нејзините родители, наместо да ја подучат како е правилно, уште ја бодрат со спална.....
    Не сака да се оддели затоа што знае дека ќе мора сама да се грижи за домот, а вака се’ и’ се погодило, прст не крева за работа, трошоците сигурно твоите ги плаќаат, за мерак |(
    Мое мислење е дека брат ти е крив. Тој дозволил така да се однесува. Еве и сама кажа дека е многу наивен и дека пази и прав да не падне на нејзе, се’ тоа е убаво ама до одредена граница. Кога веќе таа нема осет, брат ти е тој кој треба да зборува со неа и да и ’ каже како треба да бидат работите.
    Ти си разговарала ли некогаш со него на оваа тема ?
     
  20. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Миличка19 извини што прашувам, ама имаат ли брат ти снашката своја соба во станот, место каде што можат да си бидат сами без никој да ги вознемирува?
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.