Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека не е треба да ја дадеш. Доколку и ја дадеш нејзе изразуваш непочитување према твојата свекрва. Таа тебе ти ја дала (сигурно сметала жената дека треба да ја имаш, дека ја заслужуваш, од нејзе познати причини ти ја подарила, можеби сакала да каже фала што си се грижела). Како и да е тоа е твој поклон И ГОЛЕМО НЕ ПОЧИТУВАЊЕ Е ТАКОВ ПОКЛОН ДА ГО ОТУЃИШ. На крај краева да сакала свекрвата золвати да ја има, нејзе ќе и ја подарела, ама она одбрала тебе да ти ја подари. Сведоци имаш и да си уживаш.
    Ај замисли имаш ти нешто вредно од наследство и утре и го поклониш на твојата снашка и по некој ден да го видиш на нечии друг врат, не е во ред.
    А исто така и принцип е во прашање. Ако попуштиш таа стално нешто ќе пребарува и бара. Затоа ќе и кажеш тоа ми е поклон и не чини и јас да го препоклонувам, крај.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.090
    Пол:
    Женски
    И јас викам да не и` ја даде. Па згора и крива се осеќала зашто нејзе и` ја дала. Па ти си била ќерката во живо додека таа била ќерката по телефон, со разликата што (како што имаш погоре во темава пишано), тебе не те мирисала многу-многу. Да те замолеше како човек, да ти објаснеше, да и` ја дадеш, но вака немој ич. Ќе те научи „оваа све ќе прифати само да не ме трпи“ и за секое ќе ти прави. Ќе ја седнеш и ќе и` кажеш „Извини тоа е подарок кој мене ми е даден. Ќе се чувствувам виновна доколку го дадам на друг. Едноставно тогаш тебе те немало и за ќерка си ја сметала таа што била покрај нејзе и ја чувала. Не е само крвта фактор. А ти кога ќе се научиш поинаку да комуницираш со мене- како со човек, би можела многу да постигнеш.“
     
    На Annath, imelda и blond им се допаѓа ова.
  3. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    За мир у куќа ај да и ја дадеш,ама па дали стварно ќе имаш мир.Свеки може ти ја дала за да ја имаш (читај има мажот ти).Изгледа свеки си ги поделила работите огрлицата на синот,прстенот на ќерката.Мислам дека нешто сепак треба да има и синот како спомен од мајка му ,кое тој потоа ќе го даде на идните поколенија.Мене ми е малку трагична оваа твоја золва.Таа дојде да ја види мајка и или да собира наследство од жив човек.Лакомоста човечка чуда прави.Можеби твојот мм сега е рамнодушен кон огрлицата ,но дали ќе биде и тогаш кога ќе ја нема свеки ?
    Ај да ја свртиме работава на шала :) Да не ја налутиш свеки ако ја дадеш огрлицата ,па кога ќе си замине да немаш мир,да ти доаѓа во сон и да те кара :^)
     
    На Annath, imelda и midnight.flower им се допаѓа ова.
  4. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    ^ Се согласувам со AIT. И мажот ти исто така и е дете на свекрва ти. Тоа што свекрва ти одлучила семејната огрлица да ти ја даде тебе а не на ќерка си, не значи дека огрлицата е оттуѓена, напротив, таа е повторно во рацете на истото семејство/фамилија. Утре, задутре ќе премине на вашите деца (нејзини внуци) итн. Не треба да чувствуваш обврска да и ја дадеш огрлицата на золвата.

    Е сега ако золвата почне да се треска од земја, да сече вени и сл. глупости за огрлицата, :?: тогаш дај и‘ ја, нема потреба да доживуваш стресови заради неа.

    И навистина, мајка и уште жива, а таа наследство собира :tmi: .
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    :o
    Готово! јас таков ризик не земам :D

    Знам јас дека неа ја боли оти се осеќа прескокната од своја мајка, и додека е лута не и е јасно дека и да и ја дадам сега, фактот дека мене ми е дадена од мајка и нема да го смени, без разлика дали ќе стои во кутија кај мене или кај неа. Ама еве, еден ден нека ми ја побара со арно и ќе и ја дадам, нека ја потсетува дека мајка и не и ја дала директно на неа. ]:) :D Свекрвата еднаш ми ја дала и мое е ќе ја чувам ли или на кој ќе ја дадам, така се убедувам, а за да има мир во фамилија ќе ја добие, оти старата кај и да е ќе си отиде на оној свет, а јас со оваа треба некако да живеам, ради маж ми, ради маж и, да не се гледаме попреко на гости и ручеци и ствараме атмосфера за нешто што ако не му лепиме чувства, е само предмет на прашина собирање.
     
    На tessie, Li0ness и AIT им се допаѓа ова.
  6. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    И јас се согласувам со другите. Не и ја давај. Ако сега и ја дадеш огрлицата тоа е знак на слабост. Утре ден ќе те мотка како сака, ќе те врти на малото прсте. Не верувам дека ако и ја дадеш ќе имаш мир. А вака, директно или индиректно ќе и дадеш до знаење дека имаш свој став и мислење и не го менуваш така лесно. Таа огрлица ти е дадена тебе, а за тоа мора да постои одредена причина. Не ти дава некој туку така огрлица, без разлика колку вреди. И маж ти е дете на свекрва ти, исто како и золва ти. И тој има право да добие нешто од мајка си. А ако не може да го користи тој, како во случајов, тука си ти - неговата жена и мајка на неговите деца! Таа воопшто не треба да се меша и да ја бара назад да и ја дадеш. Тоа било желба на свекрва ти и почитувај ја. Ако золва ти заслужила, верувај дека нејзе ќе и била дадена ;)
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Јас мојава не ја можам ама ИЧ. Нека се омажи АМАН веќе да се ратисам. Направила 27 години ни дечко ни маж ни ништо, до мајка е пикната уште ци*ка да и даде :fubar: Ај некни со мм си зедовме двајцата по две перници од дормео зошто стварно не ни чинеа стариите, и ајде дома доаѓаме и оваа хм, сте зеле перници од по 2000 денари, а вакви има и по 350 исти, и се изнасмеа така иронично и не можев да не и речам нешто па и го отпукав извини не се исти овие се дормео + не се купува секој ден перница како леб и заќуте. Едно-две брецка на секое нешто и смета, контра мене е, буквално не знае што да прави со нејзиниот живот и се изживљава со другите. Минатата недела си идам од работа, а таа на одмор беше од работа, и одам во соба да си легнам бидејќи главата многу ме болеше и оваа со сила да се смее, да вика на глас да зборува, да чука по тоа вратите...Викендов реков ќе си поспијам до кај 9-10 часот ми се спие спанка сум во принцип, а таа станала од 8 часот и со правосмукалката зела да чисти :fubar: :@ Идиотка значи невидена е. Секогаш такви некои работи намерно ги прави. Јас ќе седам во соба си имам некои работи мои интимата ми е во една соба само, оваа ќе се улета во соба дај ми го лап топот од маж ти :@ Боже, боже.... значи со душа чекам да замине од куќава. Какви не работи прави охоооо, ќе треба до утре да пишувам. Туку ај малку да си ја олеснам реков душичкава.
     
  8. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.550
    Пол:
    Женски
    Аргона со должна почит ама јас тука не гледам каков проблем имаш со золвата.Тоа што има 27 години не значи дека по дифолт мора да има дечко и да е мажена.Па што ако е блика и поврзана со мајка и .Боље да блиска одколку секој да се кара со нејзе.Ти зарем со твојата мајка не си блиска?

    Ги читам од време на време овие брачни теми,и стварно понекогаш се чудам какви луге има посветов.Што снаи,што золви,што сверкви. Но некои работи тука што се пишуваат навистина се иритантни.Чинам дојде снаа во кука и сега сите треба да се прилагодат на нејзе.Золвата по можност на улица да остане ,најголем душман што побрзо нека си замине. Кога веке сте се сложиле да живеете во заедница со повеке луге мора да бидете спремни на компромиси,а покрај компромис и да прекутите некои работи и да истрпите.

    Зошто золвата усисавала во 8 саат сабајле?!? Па кај мене мајка ми СЕКОЈ БОЖЈИ ВИКЕНД усисава и тропа со врати уште рано насабајле па никому ништо.Ми се спие ми се плаче од што ми се спие, 100 пати сум рекла жено после град у кома сум ти ми галамиш ама тоа е .Што вика она сакам рано насабајле да си ја завршам таа работа за да си бидам раат после цел ден.И сега што треба да станам и очи да си извадам со нејзе затоа што не ме остава да спијам ?!?

    Понекогаш стварно сте нефер. Муабти со душа чекам да замине.Па цел живот е тоа нејзина кука и сега некоја тука дошла и ке ја брка од сопстен дом.Не ти чини,бујрум оди си со маж ти на страна под кирија.Утре и таа ке се омажи па кога ке остане куката/станот на старите нека ја делат на децата по колку им следува. А не вака дошла невестата ни 2 месеци не живее таму одма золвата не чини нека си оди да се мажи. Ма немој да ме јебеш бре.

    Немам ни брат ни сестра,така да може не знам како одат овие работи но знам дека никад нема да дозволам некој да ми врши притисок да фатам дечко или да се омажам само за да не ме гледа во кука. Тоа и моите го знаат,а и кога би имала женет брат кој живее со мене и тој со неговата избраничка би го знаеле.
     
    На iRony, drugarka, baby-star и 4 други им се допаѓа ова.
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    agrona-те разбирам дека сакас приватност и твоето е твое...
    али мислам и она не е виновна за незнам кој работи тука :!: доволно да не ти прави несто сто не треба а инаку остави ја и неја и сите..
    гледајси го ти тука мажот и уживај а и да :!: па и на она и е ред да се омжаи 27 години редно и е ;)
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.090
    Пол:
    Женски
    Jaс ја сфаќам Агрона во поглед на б`цките. Највеќе нешто што мразев кај золва ми (а кратко време и свекрва ми ја научи на такви работи) е она преречување по 12987441пат ако си си купил нешто. Не дај Боже пред нив да се појавиш, одма контрола на каса ти се дешава. Па каде го купи, па колку го купи, па аууу не се фалиш, па скапичко, па ако ако квалитетно нека е, не си учена ти на евтино (и тоа зборови од жена која првпат кога отиде во странство откако јас бев дојдена, си купи тоалета од некојси таму дизајнер за нешто помалку од 500е. И тоа не беше фустанот како фустан ама БУКВАЛНО ништо посебно, ама ете комплекси се во прашање). |(

    Еднаш доаѓам дома и и двете беа дома јас имав ново фустанче. (Значи не сум вака дрска, ама нешто кога е нарочно и преречено по 658532145678пат, значи не постои друг начин):

    „Ааа да частиш за новото фустанче, Теси. Колку/каде/кога/зашто го купи... |(
    Им реков „Би ве частела, ама парите ги потрошив на фустанчето, скапо беше дека...“ (а нема врска, баш беше ефтино, го начекав за мерак :D )

    И си заќутаа. Значи мразам еј! Мои и на мм пари се, ако сакаме ќе резервираме карта за на Месечината со нив. Пијана работа значи, еј! Среќа ги одучив од вакво глупаво коментирање (барем у мое присуство).
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Што би направиле ако свекрва ви слушнала некој муабет што сте го правеле со маж ви, кој се однесувал за золвата, па потоа таа и го пренесе нејзе? :o
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.090
    Пол:
    Женски
    Би си седела раат.
    A таа што мајка барала да си го пика носот во туѓи муабети? На мт си кажувала, не на туѓинец. Ако веќе толку сака да си го пика увото секаде, нека биде подготвена да чуе и не толку убави работи, нели? Јас воопшто не би се плашела, нити би чувствувала вина.
     
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Значи, со мм заедно коментиравме за тоа, не дека само што кажа нешто за неа, туку и јас реков.
    И му кажав на мм дека веднаш ќе и кажам на свекрвата за тоа, ова да и биде последен пат.
    Или пак околу од околу да зборам? Пред неа да му кажам на мм: Пази што збориш, се се снима, после ќе се пренесе :D
    Е многу се нервирам за вакви глупости значи. :@ Не ме нервира фактот што и го кажала тоа што јас сакав да и го кажам, туку што илјада пати таа кажала се и свашта за ќерката и зетот, а јас ниту пак мм зборче немаме изустено. А таа си зема за право да пренесува НАШ муабет. Шпион! :rofl:
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.090
    Пол:
    Женски
    Фрлете го тоа на шала и не и` се притресавајте. :D Не и` се замарајте, ве чула-ве чула, пренела-нека пренесе. Може тие информации ќе и` користат да поработи на себе. :D
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Теси тоа ми беше муабетот и мене. Гледам секој си има различно мислење. Кога некој не осетил на своја кожа како е, може до утре да си зборува што сака. Јас само сакав да си кажам онака ете благо речено да си ја олеснам душата малку така стегната ми беше. Јас сум од друг град, во Скопје студирав 6 години се вработив и се омажив. Моите ми се далеку, другарки, фамилија и овде на форумов сакав само да си се олеснам на некој начин. На мм не му кажувам се, не сакам да го напнувам со некои ситни работи. Па ете, решив да си пишам тука. Некој може погрешно ќе ме сфати ОК секој си размислува како што сака. Теси тоа сакав да кажам и кај мене исто што и да купам одма ревизија вршат, колку пари, зошто толку скапо или ефтини било не чинело. Ќе купам нешто дај да видиме што си купила чекај од каде па колку па што, а золва ми кога ќе купи нешто крие, а јас морам на бендис да поминам кај нив. Кога ќе купиме со мм нешто за јадење ех ова не јадиме, ех ова зошто сте го купиле во тој маркет беше поефтино вие сте го платиле дупло... Ма што се мешате јадете и ќутете :fubar: Еве сега свеки ми се меша за спратот што го правиме таа кажува ваков теписон, ваква масичка онаква... па јас само ахам ок ахам ок да нема кавги. Ќе правиме свадба и за фустан ми се мешаат со золва ми, ајде золва ми јас ти препорачувам ваков фустан, таков фустан... И и' реков јас ќе одлучам за фустанот и реков гледај си ти за твојот што ќе го носиш.
    Со душа чекам да се направи уште 2-3 месеци спратот да се качиме горе. Не можам повеќе да се чувствувам напната, стегнато, да не можам да јадам што си сакам секогаш над глава ми стојат што јадам и колку јадам. Сакам да си бидам раат.
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    А бе да имате золва ко мене, ќе сте нај задоволни. :wasntme: ... :D
    Не знам како ќе биде, ама факт дека сме далеку и дека сме друг менталитет и останато, јас мислам дека ќе функционираме добро. Поради тоа што е карактер, изградена жена, префинета, цени фамилијарни односи ... А бато е тој е воспитан и почитува многу, посебно семејството. Од него може да очекуваме и ние и таа само коректен и добар однос. И дека секогаш ќе има дел од срцето за нас и дел за неа. :$
     
    На Agrona, Annath, blond и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Треба човек само да научи да не си става на срце... Не вреди. Јас имам золва во комшии, значи не живееме заедно, ама едни до други сме. И многу ме повредуваше (и ме нервираше) кога ќе почнеше да се меша во се што не е нејзина работа. Од воспитување на деца, до се друго. Инаку, има скоро 50 години и не е мажена (ако е важно тоа). Ме вадеше од такт кога ќе ми речеше за нешто што сум купила за син ми на пример „Леле, што не кажа дека сакаш да му купиш тоа и тоа, јас ќе ти кажев каде има убави“ :devil: Нормално, заклучокот би бил дека јас ова што сум го купила не е убаво, нели, не сум ја прашала каде има убави. Ама за се така, до гаќи, ако ви се верува беше дојдена работата „Леле, што не кажа гаќи дека сакаш да му купиш...“. :D А бе сега смешно ми е, ама тогаш ич не ми беше. Или ако ме види облечена во нешто „Ова ново ти е? Па не ти го знам, не си ми кажала дека си купила“ |( . А да не зборам дека што и да купи, никогаш не ми покажувала и слично, не знам зошто очекуваше дека јас треба за се да образложам кога, каде, ЗОШТО и како сум купила. Знам дека нервира, ама со годините ќе сфатите дека таква си е жената и ќе сфатите дека ама навистина не вреди да се нервирате за такви глупости. И колку побрзо сфатите, подобро за вас. Нека си прашува, нека коментира, нејзин проблем. Не дозволувајте да си ставате горчини во себе заради се и заради секој, штедете си се.
     
  18. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Следниот пат кога ќе ти рече: ваква масичка, онаков теписон... речи и: нема проблем, какви ќе ни купиш такви ќе ставиме! :rofl: Ќе видиш, нема многу да замара, кога ќе чуе дека таа треба да купи. А и ако купи, не се секирај, секогаш „нешто може да им се случи“ на предметите :lol: .
     
    На friendy и Agrona им се допаѓа ова.
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Не, замислете ја фацата на мојата свеки (со која нели немаме проблеми) кога ги виде сите работи што сум ги нарачала од интернет, а ми ги донесе деверчо од NY - измеѓу другото, 2 пара штикли и уште еден пар наочари, иако 3 месеци пред тоа ТИЕ ми ги донесоа претходните :D
    И првото прашање: За КОЈ се овие??? И јас среќна пресреќна ЗА МЕНЕ ^_^
    - Зошто, што им стана на наочарите што ти ги донесовме ние????
    Ништо, тие се црни, овие се кафеави и покежуал, плус имаа супер цена.
    - А чевливе?
    МОИ! ^_^
    - И двата пара???
    Па да, пошто се различни, едните штикли, другите балетанки!
    Молк.

    И мене отпосле ми текна каква ситуација беше тоа уствари! Ај што имав 100 глупости нарачано, што за мене што за ќерка ми, туку што за маж ми немаше НИШТО пошто тој не се замара да седнува и нарачува од интернет, сака човек да си проба се` лично, па испадна ситуација: Кој го шиша син ви, битно ние да сме си средени :D

    А жими мајка не беше тоа моментот. Можеби и затоа не си ставив при срце, мојата совест беше чиста, јас трошев НАШИ пари за кои јас и мм сме се договориле. После ова, не дека нема прашано Ова од каде ти е, она од каде и` е на Л, ама генерално не дава подлабоки коментари :D
    Иако, пред некој ден, ми рече: „Немојте да купувате 300 глупости за дома или за облекување, само место ќе ви зафаќаат во домот и ништо повеќе, на крај да ги фрлите сигурно“, ама искрено, појма немам како сум изреагирала, пошто не ја доперципирав баш до крај, изгледа само сум климнала со главата и си продолжив со истото :P
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.931
    Допаѓања:
    123.472
    Блонд,не се секирај не верувам дека ќе и пренесе ;) Не би сакала валјда да си ја нервира ќерка и нити да ствара тензии.Така мислев и кај нас дека свеки се и кажува и трачари ама за многу работи открив дека нема поима.
    А јас да им кажам дека свекорот ми рече дека зет му бил како жена,седел дома,бирал работа :D Боље да работи било што,чека дете,има фамилија а не да бира работа и да седи како жена дома :geek: -Е ова ми го кажа свекорот за зетот.И двајцата не работата а он две работи му искочија во кладилница и рудник-ама не му биле на струка а се жалат дека немаат ни за преглед за бебето :devil: Ок.Али ова повише ќе ја погоди свеки кога би слушнала дека свекорот рекол така за нејзиниот зет како мед и тоа на мене :wasntme: :evil:

    Moira,исто.Криво и е кога ќе и покажам пример последниот месец 3 пара чизми од Баргала и Биана -и прво што беше-А он си купи? :geek: Така реагираат,кој ги знае :talk: