Ами ај замисли да,живеат за стално таму ? Како ке биде? Шо ви е бе човеци како колективно озрачени да сте не се размислува рационално За вц си у право и ке и речиш да оде доле у вц оти вие сте 4ца и немоме да чекаат децата ред демек
Читате што пишала? И да каже др. тоалет да користи или нивниот па да им се повторува да зачистуваат зад себе, џабе. Еве... Ситуацијата е специфична. Гостиве доаѓаат двапати год. по месец дена и пред се не се тоа гости, ваши сте си и таа со своето семејство си доаѓа на нејзиниот кат. Најлошото во се е што не сте функционално поделени, секој кат засебна целина и се мешате секој во делот на другиот. Тоа се решава во дог.со сопругот и останативе уште од сам старт, но и сега може, никогаш не е доцна. Сепак спомна сте пред развод, па тој се повлекува и претпоставувам не е баш сјајна комуникацијата и не знам колку разумно може да се разберете, дог.и разграничите секој во свој дел. За тоалетот да не се карате ако таа се заинати да го користи, на им го. Викни жена да зачисти и поделете трошкови. Да и забраниш да доаѓа не можеш, си доаѓа во на родителите и делумно нејзино (не те разбрав баш дали е 100% нејзино дека пиша нешто пари само дале на двете ќерки, како и да е во на род. доаѓа).
Не и гајле, децата сто пати чекале. Она им вика чекајте, малава се бањка. Значи, јас и да и кажам нешто, сите против мене ќе бидат одма. Затоа им зборувам на децата ајде ќе помине месец дена, после собата цела година е ваша, за мир у куќа. Ама веќе неможам. Ова треба маж ми да го среди, негов спрат, негова страна. Јас и да кажам, џабе, ниту некогаш сум имала поддршка од него, ниту некој ќе ме послуша.
Значи, твоите оставиле све на брат ти, а оваа куќа ќе биде на маж ти од кој се обидуваш да се разведеш и технички нема да имаш ништо? И се замараш со тоа золвата каде спиела? Приоритетите треба добро да си ги подредиш искрено, само затоа ти го напишав ова.
Свекрвата ја купила куќата, или мажот си го земала за домазет, или и таа е дојдена кај мажот невеста. Ама дека подолго живее дека со стаж, па сега на нејзе и се препишува куќата? Каква фамилија, ја заклучила собата Абе овие работи не се убави, ти не си поседарка таму и ти си нечива сопруга, дел од фамилијата. Не знам кој ѓавол и е на золвава со вецето, и е крајно невоспитани што нема почит за околината. Другото веце кај нејзините зарем не е функционално, полско ли е?!
Куќата сеуште е на име на свекор ми, со тоа што се изјасни дека останува на мажот ми, а соодветна сума сестриве ќе добијат (не помалку од вредноста). Ама свекрвата мисли дека е главна, горе ми влегува кога сака, маж ми не реагираше и за да не се карам јас, му реков ќе и кажеш барем да чукне?! На тоа одговорила дека во своја куќа не чука. Си брка по регали, реди алишта т.е све ми испомеша (мои ствари кај детево наоѓам) и и викам кој те тера? Вика да ти помогнам, да не седам додека си на работа. Ама јас не побарав велам, вака само повише работа ми отвараш. На ова, маж ми ми вика не и се замарај. Аман веќе, ама ајде да не скршнувам од темата... вецето долу е функционално, само што е помало.
Кит ова се лоши меѓучовечки односи. Само граници е решението ама заеднички со сопругот, ама тој е воспитан поинаку затоа и те довел до одлука развод, што и не е погрешна. За сопственоста на куќата не ме интересира, не е битно, тоа не дава никому за право да се однесува со тебе и твоите деца ко предмет, а особено ме иритира кога ќе кажат куќата е на свекрвата а најчесто и таа е придојдена тука, невеста.
А да предложиш вие да идете во еден од становите они да си се гледаат раат Инаку пошо првично прашање ти беше како да не се замараш како што кажала @Miss_S ќе си тераш со животот тековно, па може и да смислиш по некој план. Пример 1 недела на поседок кај твоите или и ти и децата или само децата ,не знам сеа колкави се. После за тоалетот кога ќе се бањка малото нема да чекаат твоите деца туку туп доле на мочкање ,ама не можам да издржам баби" Ти идеш од работа така како што си седнуваш ,,их малку да одморам " После 10 мин стануваш еее колку ме боли глава одам малку да отспијам и горе до утре . Купатилото т.е цел спрат ќе си го исчистиш кога ќе си отидат до тогаш какво им е такво.
Така е, ама станот не им е чистен долго време. Затоа има жени за чистење, а имаат и можности они, ќе закаже золвата и за еден ден ќе и е среден, ама факт е дека не сака. За прашањето кај моите неможам, не комуницираме имам пишувано порано, да не забегувам од темата.
Извини не ве памтам толку Епа добро ,од 7 дена 4 дена оди негде. Па макар сама со децата во кафиќ најоддалечен од дома Знам не е решение бегањето од домот ама сепак па и за 1 м се работи лета времето. Вака ем ти по раат ем нема да се скараш со никој.
Тогаш се лутат стариве кај баш тогаш сум закажала негде, а пази не ни кажуваат кога доаѓа ќерка им, само гледам нешто се спремаат по дома. Секако сум им крива, никако неможеш. Ќе си гледам работа, само здраво и чао ќе имаат од мене, а малечково секако ќе си го чувам, ми го остава горе на подолго време ама сум дечарка, немам проблем освен кога сум преуморна од работа....
Нема потреба од бегање. Нормално си функционираш како и до сега. Доаѓаш од работа, јадеш, одмараш, ако сакаш да се видеш ќе се симнеш и тоа е. Золвата е ќерка на старите и сестра на мажот и верувам дека сакаат да се видат и да поседат и јас мислам дека она е најмал проблем во случајот овде.
Така и ќе направам, секој ден доле нема шанси Според мене, маж ми треба да постави граници. Го молев да го заклучиме спратот, ама не е изводливо, оти сестра му ќе треба најгоре да престојува. Ќе треба клуч да и давам тој месец дена. Додуша, тој и не сака, убаво му е сите на куп. Ама јас веќе неможам во заедница каде стариве се мешаат, а јас побогу ниту им се спуштам доле, ниту и буричкам на свекрвата по нивни ствари. Едноставно си гледам горе свој живот, ама она очигледно не се разбира.
Проблемот си го создаваш сама. Се лутеле старите, маж ти не сака да потпише спогодбен. Практично ти си во топ позиција, нека се лутат, па може и тој ќе се накани да потпише. Патем не ти дошла золвата тебе да те гледа сигурно. Глумење на фамилија се вика тоа. Што сама си создаваш пречка и лимит што смееш, а што не смееш да правиш додека таа е тука? Фасцинантно е како самите си создаваме граници дека нештото не решливо, а всушност е. Си живеам живот, ако ми се искомбинираат во комбинација супер, ако не, тоа е. Свекрва ти секако ќе се лути, барем ти да бидеш среќна.
Мислам дека многу попушташ. Односно, си попуштала низ годините и веќе не можеш. Јас ова не го трпам ни едно лето. Имам другарка во иста ситуација каде е како слугинка кога доаѓа золва и еден месец, а има куќа, ама седи кај мајка и, ете така сакала. Иста ситуација. Не им се нервирај, а и не гледам зошто детето би го чувала на сите обврски и работи. Еве, мајка и нека и го чува. Пак ќе кажам, многу попушташ за мир во куќа. Абе ич нека нема мир ако сака,не правам нешто ако сметам дека не треба. Без секој можам освен без децата. Штета голема што немаш поддршка од твоите, те имам читано. За жал, маж ти и неговите мислам дека го користат тоа. А дека нешто ќе се смени, нема никогаш. Спакувај си куферите побрзо и спаси се.
Ова што доаѓа золва ти најмал проблем ти е, според тоа што си го пишувала ти имаш многу поголеми проблеми, итоа со маж ти, не со неговите родители, не со сестра му, туку со него! Ти го трпиш, ти избираш со години да останеш таму, ти не сакаш да се иселиш, не сакал спогодбен- абе не го прашувам, поддавам документи и чао адио, и сама ако треба во една соба со две деца ќе седам, ама не трпам никого повеќе во животот! Мирот нема цена, мојот мир- маж нема да го нарушува никогаш повеќе, никој не заслужил да пати поради друг, еден живот имаш пробај искористи го правилно, земи си ја одлуката во свои раце, се од тебе зависи. Подобро мир во 20 м², отколу караници и живеење како цимери, во куќа на 3 ката.
Леле колку осуди напиша почнувајќи со ти ти ти. Лесно е на збор мирот нема цена ама реалноста најчесто не е таква. Особено со деца, без свој имот, можеби кредити.
Важи, јас многу добро знам како е, искочив од таква средина, со една торба во рака и две мали деца. И не се осуди! Најголемата реалност е ова. Ова е совет, зошто никој не треба никого да трпи, и те молам одмини ме ако не се согласуваш, зошто добро знам што пишувам.
Ама тоа си ти. Ти и она и јас или било кој друг не сме исти, не сме во иста ситуација и многу е безвезе да се генерализираат такви сериозни проблеми.
Ова е совет, сум зборела со неа и во порака, не е осуда, кажувам дека никој не треба да трпи никого, ем трпиш, ем се жалиш, ем ништо не превземаш, и која е поенатата?!?!?!