Јас коментарам тоа што го читам во темава. А ти ако си имаш свои други проблеми тогаш на погрешно место си за решавање.
Оф леле, ај одмини ме те молам. Јас сум скоро па сигурна дека не си била во ваква ситуација за да знаеш како е, и фала богу што е така. Зошто друго мислење ќе имаше.
Ама јас кај моите неможам да одам, ниту пак ќе ме помогнат финансиски. Баш така, мора да си го кажам проблемот или некој го сфаќа како жалење, за да добијам некој совет или мислење.
И со оглед дека знаеш карактер на маж,свекрва сите, што ке правиш понатму со твој живот ????Сум живеела и во заеднца,и знам како е,и знам како е да не те прибираат дома.Разбирам целосно,ама што ти е планот за понатаму ???Додека си млад полесно се носат одлуки,не викам развод,и плус повеќе си способна за работа,тешко ако некој снеможе или се разболи.Ова и се случи на моја пријатека во заедница,мажот не и даваше пари за операција од тие заедничките.БОГ НА ПОМОШ ,да те чува и тебе и деца.Со помин.
Здраво. Имам пишувано наназад за проблемите што ги имав со снаата и моите. Излегов од таа куќа, под кирија сум и освен со помалиот брат и татко ми со другите немам контакт никаков. Татко ми почна да зема некоја пензија и ме помага по нешто, иако не е потребно, сепак фала му. Мајка ми на почеток ми ѕвонеше пошто роднините и комшиите наводно прашувале кај сум била, па почна да ме фаќа на финта демек е болна да се вратам, нормално не попуштив, не сум глупа. Брат ми дојде пред 1 месец наводно да се извини и да се смири ситуацијата, е тука бев малку груба и не сакав да разговарам и му кажав ако не си оди дека ќе викнам полиција. Ќе правеле крштевката на детето на 26 јули и иако ги избришав од социјалните мрежи сепак и тој и снаата на инстаграм ми пратиле слика од покана и срцепарателна порака во смисла "тето те покануваме.. " Не одговорив ништо, но денес пак пишале да го потврдам присуството. И не знам што треба да правам, еднаш ги видов во Рамстор од далеку и се натажив. Со брат ми сме мала разлика, се делевме заедно, сега тој има дете јас тоа дете еднаш го немам земено. Ни кога частеа не отидов, иако ме викаа моите и тогаш. Татко ми вели дојди поседи 1 саат и оди си ако не се чуствуваш убаво, но сепак не знам. Моќна сум да купам подарок и да отидам, но после се, не знам како би било тоа ..
Кога веќе си се тргнала, тргни ги и од срцето и не им се појавувај. Не се вредни да им попушташ. И немој да ги штитиш пред други. Ако те сретнат и прашаат зошто си заминала, отворено кажи им. Постои можност твоево „семејство“ наоколу да шири лаги за тебе. Треба да бидеш спремна.
Убави пишаа пред тебе, а што е криво бебето што возрасните си имаат меѓусебен проблем? Зарем вечно да се лути, иако има целосно право да се лути. Моментите во животот не се враќаат и нема реприза. Нека стисне заби, колку еднаш да го види бебето и да го подржи во раце. Па нека се лутат пак. Крв е тоа, не е бебе на најголем душман. Ти ради проблем со снаата не би сакала внукот никогаш да си го видиш? Секоја ти чест.
Ако сакаш да одиш оди.. Може си ја сфатиле грешката, ако сакаш и ти и тие да останете во добри односи слободно можеш, само немој никогаш повторно да живееш во заедница со нив..
@m.m12345 Јас како што се сеќавам, брат ти имаше кренато рака на тебе.. тие можеби сега се смириле и се во друг филм со бебето (нормално) ама јас не би можела да заборавам такви грди постапки. И не се сложувам со другите - да бебето не е криво секако, ама бебето не разбира што и зошто се случува а секако контактот со бебето секогаш ќе си зависи од родителите, па не мислам дека врз основа тоа дали го сакаш бебето треба да одиш или не. Според мене, треба да одиш ако си им простила како се однесувале спрема тебе додека си била таму. Не прочитав дека се потрудиле да се извинат или дека некој се кае за нешто, туку повеќе ми делува да се зачува образ пред народот. Јас не би одела ако сеуште чувствувам горчина и ако реално не планирам да градам однос во иднина со нив базирано на тоа како се однесуваат и тие. Нема зошто да бидеме сентиментални - секому според заслугите.
Ја мислам да го послушаш татко ти, некако разумен совет ти дал. Идеш, атер за детето нормално, ако почнеш да се осеќаш непријатно заминуваш и тоа е тоа...
Според мене, Не знам дали сме свесни дека правиме муабет за истите луѓе кои ја доведоа девојката на раб да размислува на самоубиство, поради кои и беше загрозена физичката и психичка безбедност, како и безбедноста на миленикот, И која е поената да се глуми на крштевка, ако во суштина спротивната страна се нема променето и ја вика само колку да не ги озборуваат комшиите и соседите? Детето не е виновно, но не е ни таа. Just a reminder дека oвде не станува збор за некомуникација од обична расправија или горделивост. @m.m12345 Имаш целосно право да одлучиш како сакаш и притоа да не се чувствуваш виновнo, без разлика која ќе ти биде одлуката. Прави само она што ти носи мир и како најсигурно ќе се чувствуваш
Да беее Од коа беше присилена да одиш под ќирија сеа мила златна тетко Немој да си отишла Они одлучија уште пред да се роди тоа дете дека ти и кучето сте вишок И од коа си добија шо си сакаа сеа арна си Арна си оти се изсели,врати се назад да видиш како шамар ке ти фукнат Немој да одиш и немој да ги криеш коа ке прашаат човеците зошто се изсели Тоа се стоки шо не,се мењат И брат и снаа и мајка и татко сите топтан да ги избришеш ако сакаш да не завршиш на психијатрија И татко ти ке те помагал Шо не се изселија брат ти па нив нека ги помага А да беше обратна ситуација мисчиш ле дојдеа они кај тебе Шо не те викнаа до сеа дома дојди тетода го видиш бебето туку сеа за пред човека видејте ме хепи фемили и твоите се исти ко нив
Ако сакаш да го видеш внучето и за негова чест оди на крштевка.Прави како што срцето ти вели.Верувам дека е тешка е одлуката .Тие ти се семејство на крајот на денот.Нивното однесување кон тебе беше неприфатливо,но можеш да имаш формален контакт,можеби со тек на време ќе се подобри.Искрено се надевам дека ја сфатиле грешката и ќе се потрудат.И знам дека сакаш да го видиш внучето природно е.Искрено јас би отишла во црква на самиот чин крштевка,а за прослава би размислила