Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.603
    Допаѓања:
    34.337
    Пол:
    Женски
    Шознам, ете кај мене моите немаат дозволувано контакт со роднините. Ми ја полнеа главата таму ваму. Но кога пораснав, сфатив дека они се криви. Пошо да ме оставеа во контакт со роднините, денеска ќе си бев во супер врска со нив. Ќе си имав близок некој. А сега ем без родители, ем без близок роднина.
    А преголема фамилија сме, жално е шо немаме контакт, шо не пораснавме заедно, шо се отуѓивме.
    Моите деца нема да знаат ни за баба ни за дедо ни за братучеди ни за никој. Сами низ животот, како мене.

    Ама тоа е, за некој ова е нормално, за некој не е. А да не зборам па колку е тешко.
     
    На SummerGirl, Mumoftwo30, bookslover и 4 други им се допаѓа ова.
  2. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.774
    Допаѓања:
    14.039
    Пол:
    Женски
    Нема врска ова со Македонија или странство, баш во странство ваквите фамилии како на членката ги отпишуваат без око да им трепне.

    Ситуацијата на членкава е многу комплексна, не е само една обична кавга. Им слугувала на 6 души дома додека ја малтретирале и психички и физички, тие двајцата гладни ги оставале родителите, скришно јаделе и пиеле по соби (ситни души за ова), и неа и кучето го бркале од нејзината соба. Ме фаќа нервоза дури кога читам од страна какви ситни луѓе постојат.

    Жал ми е за твојата ситуација, имаш добра намера и сакаш да имаш контакт и дружба со твоите, ама во ваков случај ко нејзиниот не може идните генерации да градат односи ако постарите не расчистат и попуштат, зошто тие ги учат децата со кого каков однос да имаат, колку и да е жално толку е и вистинито.
    Да им било гајле прво нив за детето, ќе пробале почесто да ја викаат и без повод да го гледа, да помине време со него. Што значи немаат намера да се извинат и подобрат односи туку само да мачкаат очи пред јавност колку се сакаат а дома се тепаат. Тоа е што е. На вакви луѓе ко нив колку им ќутиш и им правиш добро толку полошо ти враќаат.
     
    На Gosh, Yowannty, Mumoftwo30 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.774
    Допаѓања:
    14.039
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е тој муабет што го пишав, ако не расчистат сите, никој со никого нема да има блискост. Ама гледај од друга страна, имаш свое семејство, деца, и најважно е утре тие двајца да бидат еден за друг. Ти си излегла од тој токсичен круг и на твоите деца си им доволна ти. Здрава и храбра мајка. Јас секогаш мислам дека е доволно да имаш еден ама стабилен човек до тебе отколку цела токсична фамилија што те влече надоле.
     
    На Mumoftwo30, LibreGirl, JasBee11 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. _Vera_

    _Vera_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 април 2020
    Пораки:
    3.950
    Допаѓања:
    50.519
    Пол:
    Женски
    Значи, ти си пишуваш за себе ... Кога бебево утре би пораснало како тебе. Но., бебево може воопшто нема да го мине истото, може нема да му ја полнат главата, едноставно ќе ја игнорираат, или пак ќе си ја сфатат грешката и со тек на време ќе се помират, можеби ќе си има други блиски роднини.

    Јас немам воопшто лошо искуство во семејството, никој со никој не е скаран, и се било поделено еднакво меѓу татко ми и тетка ми. За жал, јас немам први братучеди и не знам како тоа би било. Има многу втори, не се сите во мојот град, не се сите ни во Мк, ама со сите се познавам, и не би рекла дека сме блиски но се почитуваме. Некои ми се поблиски, а се подалечни роди (пр, деца на втори братучеди кои се на наша возраст со сестра ми)

    На мм фамилијата пак е многу поголема и има многу први братучеди со кои многу си живееме, си одиме на гости, се гледаме, се интересираме едни за други. Ама не ми паѓа на памет некое дете да земам да го м'кнам негде или да му се објаснувам како сум јас добра а неговите друго го учат. Тоа е минување на границите кои никој освен родителот не ги црта додека е малолетно, па колку сака нека е грешка ставот на родителот.

    Жал што си немаш блиски роднини, меѓутоа верувам дека човек низ животот може да изгради други, многу поквалитетни и поинтимни односи од просто крвни врски, кои мислам кај нас се префорсирани оти демек роднини, а тоа што некој нон стоп е жртвено јагне во фамилијата или трча работи за сите на крај најглуп испаѓа, или позајмува пари оти срамота е да одбиеш близок- тоа се премижува на велико.
     
    На Gosh, mama31, Mumoftwo30 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.809
    Допаѓања:
    27.075
    @m.m12345 ако стварно сакаш да се обидеш да имаш однос со внукот, јас би рекла директ на родителите: јас сакам однос со внукот, но не сакам со вас; ако вие сакате вашето дете да има однос со тетка му, ќе најдеме начин. Имаш уште еден брат ко што разбрав, и родители, ако се сложат, може преку нив да се гледате, поготово на семејни собиранки. Ама за тоа треба многу созреаност и самосвест од страна на брат ти и жена му. Ама можеш да понудиш, ако ти сакаш.
     
    Последна измена: 8 јули 2026 во 15:34
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    2.707
    Пол:
    Женски
    Тука не се работи за оттуѓување од фамилија, девојката не прекинала контакт без причина. Девојкава беше малтретирана, беше приморана да се пресели. Збориме за токсична и насилна фамилија.

    Нема потреба да се осеќа лошо и да ѝ се префрла кривица ако сепак реши да не оди, верувам дека веќе доволно ѝ е тешко чим се преиспитува.
    Да не се лажеме, ако им било битно да ги негуваат фамилијарните односи и ако стварно се каеле, до сега сто пати ќе ја побарале и ќе се извинеле, ако ништо друго. Ова е баш ај да не нѐ зборат комшиите ќе ја викнеме, типично за овој менталитет.

    Дали ќе отиде или не, нејзино си е да одлучи. Според мене не е погрешно ни едното ни другото, не би ја осудила што и да одлучи. Ама во никој случај не би им простила, поготово на брат ѝ. Насилство не се простува, па макар и насилникот да ти е фамилија.
     
    На Mumoftwo30, winnie02, CameliaMiller и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.807
    Допаѓања:
    15.046
    Пол:
    Женски
    Тој што е безгрешен нека го фрли првиот камен...
    Можеш да се дистанцираш од луѓето кои те повредиле а во исто време и да им простиш за мир во својата душа,ако им прости тоа не мора да значи дека утре треба да седне со нив на маса како ништо да не било.
    Јас би одела на Крштевањето во црква,со поклон,би честитала најнормално,ќе си го видам внучето и ќе си заминам,без драма,без гнев...
    Би поставила граници ама не би чувала горчина,тоа што било било,сега само храбро и мудро.
     
    На IRBBB, Skyler81, Mumoftwo30 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.495
    Допаѓања:
    279.983
    Обиди се да отидеш, заради татко ти и малото.
    Ако не ти е ок, стани и замини си.
    Со тек на време можеби ќе изградиш некаков однос, можеби нема - само не потпаѓај да се вратиш назад.

    Ќе научиш што е, а што не е твој проблем.
    Ако искрено не си ок да поминеш воопшто време со нив, не се форсирај. Слушај си ја интуицијата.
    Брат и' физички ја нападна.
    Тоа не се простува никому, ни ко му.
     
    На JasBee11, LibreGirl, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    10.665
    Пол:
    Женски
    Јас колку што прочитав братот отишол да се извини, сестрава се заканила со полиција. Ги блокирала од секаде. Што да и прават?

    Друго, самата пиша дека биле многу блиски, веројатно и братов не е толку психопат да иде да се извинува само затоа што ќе го збореле комшиите. Ситуацијата ние ја знаеме како што членката ја прикажа. А таа неколку пати пиша дека кога се карале му изнакажала се и сешто. Исто така самата изјави во минатите постови дека кучето и е побитно од тоа што снаата е трудна, патем побитно од внучето за кое сега жали што не го гледа. Во моменти на жестоки расправии, којзнае што кажала за нероденото бебе. Шпекулирам. Можеби и не кажала. Но, пример, најблизок да ми рече, кучево ми е побитно од твоето бебе, може нема да го шлапнам, ама убаво ќе го исплукам. А може и ќе го шлапнам. Многу работи се кажани, но голем дел очигледно и не се кажани.
     
  10. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.807
    Допаѓања:
    15.046
    Пол:
    Женски
    А што би добил ако чуваш гнев во себе спрема некого? Ништо...простуваш и продолжуваш,затоа реков ако простиш тоа не значи дека автоматски се однесуваш како претходно и ги прифаќаш назад истите во животот,прошката е за свој мир.
     
    На JasBee11 и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.495
    Допаѓања:
    279.983
    Ако на маж не треба да му простиме дигање рака, и се согласуваме дека на прва тој брак, врска треба ОДМА да заврши, зошто би простиле на брат, татко?

    Од која причина?
    Што имам јас да градам однос со некој што не само психички ме малтретира со години, ми го малтретира миленикот, прави сè да ми е животот мизерен, на крај физички ме напаѓа?

    Ниедно "извини" не го поправа тоа. Можам да простам за душата своја да не ја јадам, ама да градам однос? Никогаш.
    За многу помалку сум избришала фамилија.
    Ич не ми е криво.
     
    На Gosh, JasBee11, FriendOfDorothy и 11 други им се допаѓа ова.
  12. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.774
    Допаѓања:
    14.039
    Пол:
    Женски
    Абе тие девојката ја исцицале психички и физички, ја избркале од СВОЈА соба и куќа, ја помножиле со 0, што ви е вас? Што не се пресесиле тие двајца ако им сметало нејзиното куче?! Туку скришно јаделе и пиеле по собите и ништо не придонесувале за подобри услови и односи.
    Ако не си простил не значи дека немаш мир во душата. Тоа се стекнува со прекинување контакт и стоење на дистанца од такви луѓе.
    И како така би шлапкале луѓе и го занемарувате фактот дека типот и мавнал шамар, кога во темата за ќотек жестоко сте против него? Двојни аршини?
     
    На ocicka2014, CameliaMiller, JasBee11 и 13 други им се допаѓа ова.
  13. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    10.665
    Пол:
    Женски
    Не реков дека треба да му прости. Но, многу се битни, барем според мене и зборовите што биле дофрлени од таа страна. Значи самата си пиша, кажано било се и сешто. Од кога и зборовите се помалку болни од удар? Сестрава вреѓа, братов мава. Епа не се светци ни двајцата во ситуацијава.
    Едно е факт и двајцата се доквакале во куќата на родителите кога и двајцата требале да содаваат свое. Епа проблем.
     
  14. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    2.707
    Пол:
    Женски
    Точно, ние ја знаеме ситуацијата како што ја прикажа членката. Сето тоа е во ред, може му кажала тешки зборови, не знаеме. Ама сепак, стојам на тоа дека ништо не го оправдува тоа што брат ѝ кренал рака на нејзе и што фактички ја избркале од дома.

    Се ставам на нејзино место, јас не би можела да поминам преку тоа. Едноставно не би го гледала човекот со исти очи. И да беше обратна ситуацијата, она да го удреше брат ѝ, истото ќе го кажев.
    Ама тоа сум јас, на крај секако она ќе си одлучи како мисли дека е најдобро.
     
    На JasBee11 и LibreGirl им се допаѓа ова.
  15. m.m12345

    m.m12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    318
    Внимателно ги изчитав сите мислења.
    @ArabellaStarfall имам објаснето наназад во постовите многу убаво. Кучето е мирно и питомо (повеќе од брат ми и снаа ми) и тие немаа допирна точка со него. Проблем настана кога дојде братучедка на снаата и и ја наполни главата и таа почна да го боцка брат ми, за да докаже пред братучедката дека ќе е по нејзино се. Предходно ниту тие се замараа со кучето, ниту кучето со нив. Не е точно дека сум вреѓала. Точно е дека се каравме, можеби сум кажала нешто за нив двајца и одговорно стојам зад тоа, но не сум ги навредила, во никој случај тогаш нероденото внуче. Не се работеше за тоа дека внучето е небитно, а кучето битно. Убаво објасни една членка наназад, тие се криеа јадеа и пиеа во соба а не се потрудија никако да допринесат нешто за заеднички живот. Ни сега не се ништо подобри. Брат ми ме удри пошто му реков ако не им чини дома, да се одвојат тие, тие создаваат фамилија, не јас. Мене не ми е криво за парите за кирија што ѓи плаќам, кучето и сега спие со мене а тие никогаш нема да излезат од таа една соба и тоа е факт. И не ми е ниту гајле повеќе за нив, подобро ми е вака си го најдов мирот.
    Со брат ми сме мала разлика, третиот брат се роди после 11 години и бевме многу блиски делевме буквално се. Тоа се промени откако тој си фати девојка, па се ожени и јас на тоа не наоѓам маана, тие му се примарна фамилија. Ама малку ја претераа и одговорно стојам зад тоа. Верувам дека извинувањето му беше искрено но јас лично не можам туку така да поминам и заборавам што се случи. Не е така едноставно и јас имам гордност, ми ги повредија чуствата. Нормално и дека ми е тешко, еднаш го немам видено тоа дете, на брат ми дете е не е на комшијата, настрана од се што се случи.
    Дали ми се оди на крштевка?
    Искрено не. Но не поради детето, туку што ќе треба нив двајцата да ги гледам, а и мајка ми. Не ми е гајле за комшии и за народ, никому не сум прераскажувала што се случи.
    А со детенцето искрено би сакала да имам контакт.
     
    На fana, CameliaMiller, MiloMalo и 13 други им се допаѓа ова.
  16. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.774
    Допаѓања:
    14.039
    Пол:
    Женски
    Многу ми е драго кога некој ќе прифати и ќе постапи според советите што ги добил на форумов. Прехрабра си, паметна си, само глава горе и ти посакувам се најдобро.
     
    На CameliaMiller, JasBee11, LibreGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  17. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.423
    Допаѓања:
    15.318
    Пол:
    Женски
    Тогаш сама си одговори. Не оди и не си стварај непотребно стрес.
    И уште нешто пари за кирија не се фрлени пари, ова од искуство ти кажувам. 7 години поминавме под кирија имавме каде од двете страни ама мирот е нешто најубаво. Уживај во мирот и слободата. И да бевте во добри односи, зарем не ви беше тесно сите на куп? Вака не полагаш на никој сметка. Се надевам со финансии добро стоиш и коцките ти се наредија.
     
    На CameliaMiller, JasBee11, LibreGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.897
    Допаѓања:
    20.631
    Пол:
    Женски
    Леле Арабело значи секад го дрвиш и лупеташ (facepalm)

    Дали ја прочита шо све има проживеано?
    Дали не дај Боже доколку само за твој гз се работи ќе бидеш повеќе емпатична?

    Да те удри брат ти, да те избркаат, па утре да ти се лигават те чекаме тето, ти би попуштила и ќе се правиш ко ништо да не било?

    И да, кучето апсолутно може да и' е побитно, нејзино е, немаш право да шлапаш некого, нели не беше насилна ти?
     
    На Gosh, JasBee11 и Unno им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.843
    Допаѓања:
    93.732
    Пол:
    Женски
    Зошто да го плукаш и шлапнеш?!:^)
    Детето твое тебе ти е најбитно но не и на секој твој близок е најбитно.
    Нормално дека на членкава кучето и е битно, што не значи дека внучето не и е битно.
    @m.m12345
    Иако некои моменти не се повторуваат, како крштевкава, ама требало да мислат брат ти и поблискава фамилија како се однесуваат со тебе.
    Дај си простор, ако се поправат со тек на време и ти ќе ги поправиш односите.
     
    На CameliaMiller, JasBee11, LibreGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  20. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    10.665
    Пол:
    Женски
    Кучето не може да ти биде побитно ни од свое дете ни од внук. Го коментирам контексот на реченицата. А дека и милениче е дел од фамилија и тоа стои. Да треба навистина да бираш, онака хипотетички си зборуваме меѓу внукот и кучето, ти за кучето ќе се фатиш?