Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    10.665
    Пол:
    Женски
    Така е. Кучето што си го донела на тебе ти е најбитно, но не и на другите. Кој е во право?
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.897
    Допаѓања:
    20.631
    Пол:
    Женски
    Хм
    За да ве нервирам тебе и шпонката не се откажав.

    И мене ми е јасно.

    Детето си има родители, кучето неа и' е се'.
    Не моеш да сфатиш пошо си без емпатија и мразиш животни.
     
    На JasBee11, Raven22 и Panda00 им се допаѓа ова.
  3. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.774
    Допаѓања:
    14.039
    Пол:
    Женски
    Што се запнавте па сега за кучето, не разбирам? Тоа не било донесено, туку таму живеело. Еве и да не е куче во прашање, со кое право брка некого? Што и сметало толку што башка питомо, седело во нејзината соба и од таму го истерале?
    Ако не сакала да живее со куче дома, требала да се пресели или воопшто да не се досели таму уште од почеток и мирна глава на сите а не да изиграва шериф кој да седи а кој да си оди од нечива куќа.
     
    На Gosh, CameliaMiller, JasBee11 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    10.665
    Пол:
    Женски
    https://www.pedhealth.net/safety/pets-babies-and-young-children
    Никогаш не можеш да предвидиш како ќе реагира едно куче. Некои навистина не прават проблеми, може да гарантираш дека нема да дојде до повреда? Ќе лази тоа бебе некој ден, ќе почне да кубе, да мава, развојни фази. Не сите кучиња реагираат како што треба и со право и тие се души и не треба никој да ги малтретира. Настрана што колку и да ти е вакцинирано кучето, носи бактерии од по земја што душка и лиже. Бебе не знае што значи тоа, ќе се приближи, кучето ќе го излиже.

    Мислам да, снаата нема право да наредува, но има право да даде мислење на брат и. А брат и во ситуацијава е таков каков што барате мажот да се справи во другана тема снаи и свекрви. Ги брани интересите не само на жена му, туку и на своето бебе.

    Значи целиот проблем беше што сите беа под ист кров. Ни куче, ни снаа, ни сестра, ни брат не се индивидуално криви, туку колективно.

    Иначе многу добро се сеќавам како се коментираше во друга тема, дека бебе и куче не е најдобро да се во контакт. И голем дел од членките го задржаа тоа мислење. Еве пак ќе споделам, кучиња се лижат каде човек само се брише. Физички е невозможно кучето никогаш да нема контакт со бебето во ист простор. Сосема ја сфаќам паранојата на снаата. Но за сестрава кучето и е како дете и тоа го сфаќам. Значи сестрата се одели за мир во куќа, братов не знам што прави. Има за цигари ама нема за кирија. Ко што знам цигарите отидени се у к*рац. Епа да ми извини.
     
    Последна измена: 9 јули 2026 во 01:39
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.774
    Допаѓања:
    14.039
    Пол:
    Женски
    Ама пак ќе прашам, зошто се доселила воопшто во таа куќа ако и смета животно? Јас пример не сакам мачки, и просто е, никогаш не би живеела во куќа кај што има мачки, а не да одам и да ги бркам.

    Не ја читам темата за да знам кој какви интереси брани, искрено, не ме ни интересира. Јас не барам вака да се понаша мажот со фамилијата, за мене ова е токсично, нездраво однесување.
    Тој да бил прав маж ќе се трудел да овозможи добри услови за сите и здрав однос меѓу фамилијата без слепо да застанува на нечија страна. А не како сноб да се крие во една соба и да лапа хамбургери додека родителите му седат гладни во другата соба и да мава шамари на сестра му. Јас не сум за насилство меѓу фамилијата, а ако некој брани такви интереси треба да си стави прст на чело.
     
    На CameliaMiller, JasBee11, Bezimenka90 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    2.707
    Пол:
    Женски
    И уште нешто да додадам.
    Ако си дозволил да крене рака на сестра му, која е гаранцијата дека утре нема да го направи истото и на жена му, па и на детето? Да сум снаава, би се запрашала и те како.
     
    На JasBee11, LibreGirl, Mumoftwo30 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    10.665
    Пол:
    Женски
    Затоа што можеби навистина не знаела што ризик може да донесе едно куче. И и укажале и се предомислила. Јас кога не бев информирана за мачки, мислев дека се најчисти животни. А тие во нив, особено ако се пуштаат надвор носат паразит кој предизвикува спонтан абортус и стерилност. Значи воопшто не е наивно и сосема се оправдани стравови.

    Исто така, улично куче, не знаеш од што се е мешавина. Некои раси се помирољубиви, некои навистина непредвидливи. Исто како и членката, јас познавам една личност која што посвои куче и тоа како ја прегриза. Му даде уште една шанса, но повторно истото и го направи. Замисли на бебе што може да му се случи.

    Би ти било сеедно во ситуацијава ти да си на место на снаата и да треба да се породиш? Ама искрено те прашувам.
     
  8. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.774
    Допаѓања:
    14.039
    Пол:
    Женски
    Искрено, ако мене лично ме прашуваш, ќе гледам да се преселам од таму или воопшто да не се доселам. Прво не можам во гужва да живеам со толку луѓе дома што се вика да мораме во редица да чекаме кој да влезе во тоалет, па прво тоа би ми било проблем па после кучето.
    Еве јас не знаев за овој податок за мачките, ама сепак и да не е така, не би пристапила да живеам со мачка дома ни под разно.

    И да се најдам во таква ситуација не мислам дека е решение да ја фатам на клоци мачката, или по мое или ќе го натерам маж ми да врши насилство на сите по дома. Ќе седнеме и ќе најдеме решение да одговара за сите а не да си маваме шамари и да се бркаме од дома.
     
    На CameliaMiller, LibreGirl, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.175
    Допаѓања:
    186.068
    Пол:
    Женски
    Јас имам коментирано назад. Снаата знаеше дека иди во куќа со куче и немаше проблем се дур некој не му шепна дека е проблем.

    Некој да ми испушти куче на улица дур не сум дома, не само шо нема пак да ме види и да искомуницирам со него, шо би го праело практично мртов - светот ќе му го рушам на гла прво. Јас и разбирам како се чувствува членката. И се согласувам со татко ти. Види како ќе се осеќаш за да не си во дилема дека можеби требаше да одиш. Оди. Ако е ептен непријатно - замини си. Ќе знајш дека проба и воедно ќе си ги испочитуваш границите ако не е како шо сакаш.

    Уз пат на брат ми би нагласила дека дојдов тој 1 сат за внукот и дека ова не значи дека му простив за насилството врз мене, физичко како и булингот и испуштањето на кучето. Воедно ќе му нагласам и дека неќам комуникација со него и дека секогаш секаква површна интеракција ќе биди колку да видиш внукот. But that's just me.

    Другото за кучето пак дискусијата - нема да се приклучам. Во моја гла е едноставно. А и Б живеат во куќата. Иди Ц и не му смета Б. Еден ден се буди и решава дека нема во куќата место за Б. Ц е проблемот и "дојдениот". Место да чека на готово и секој да се однесува како сака со својот партнер треба да си градат свој дом, а не да носи нов живот во веќе преполн дом. Да беше Б дојденец па да рече Ц "не" - ок. Ама идиш со Б кој веќе живеј тука и со самото вселување го прифаќаш. Нема реалност каде ќе ја разберам неа (можам да ги разберам стравојте и ризиците, вистина можам, ама толку подло се однесува цело време шо едноставно одбивам да ја разберам).
     
    На CameliaMiller, JasBee11, FriendOfDorothy и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.519
    Допаѓања:
    29.236
    Пол:
    Женски
    Јас на пример не се котам и не раѓам по туѓи куќи Така да нема што да се ставаме на место на снаата кога не сме ко неа.
     
    На Gosh, JasBee11, Mumoftwo30 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. MB993

    MB993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Многу често одбегнувам да коментирам на вакви теми,но од мое искуство морам да ти кажам дека колку и да сакаш да се дружиш со внучето џабе ќе е и ќе ти биде уште потешко. Татко ми има 2ца браќа со кои не секогаш е во добар однос. Кога братучедми правеше матура, татко ми и чичко ми беа скарани и нормално моите не беа поканети. Јас бев во дворот братучедми пројде и ми вика: Дојдете со брат ти вечер. Јас со трчање радосна одам кај моите викам ајде спремете се одиме на матура. Татко ми само кажа: Не, нема да одиме ние не сме канети. Е сеа таа истата особа (брачед ми) е иста како чичко ми. Не го сака татко ми пошо нели така го учеле дома. Во иста куќа седат со моите по исти скали поминуваат и само ќе се разминат како странци. Колку и да се трудиш ти да бидеш добра тетка или ете да имаш било каков контакт со внучето, џабе е. Секогаш ќе се зборува лошо во таа фамилија и детето нема да има убаво мислење за тебе. После све што ти направиле тие не заслужуваат мрсул да им фрлиш, а не па да им простиш.
     
    На JasBee11, LibreGirl и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.809
    Допаѓања:
    27.075
    Поддршка до тебе, после сè што имаш поминато многу убаво имаш направено што се имаш отселено, браво. Не можеш, а и не треба да трошиш време и енергија, да промениш туѓ менталитет, такви се какви што се, подобро ти е што немаш ништо со нив. Меѓутоа :!:

    Ова е сè што е битно сега. Твојата желба. Ако имаш сила, обиди се да си ја оствариш. Жртва посекако ќе мора да направиш, или ќе се помешаш со луѓето што многу ти згрешиле за да се обидеш, или ќе баталиш, нема ни да пробаш.

    Ако многу многу многу сакаш да имаш контакт со внучето, вреди да се обидеш. За почеток:

     
    На JasBee11 и Adidas888 им се допаѓа ова.
  13. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    18.410
    Пол:
    Женски
    Јас па многу го ценам гестот на братучед ти. Старите што си се карале си се карале ама зошто таа омраза да се пренесува на децата.
     
    На christinnn, JasBee11, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. MB993

    MB993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Да, убаво што не поканил онака во пролаз пошо случајно бев во двор. Еве сега ради 2 плочки кој пропуштаат вода на татко ми му капи над глава. И не се замараат, мајстори не можеле да најдат. Истото се случуваше пред 15 години и чичко ми исто мајстор не наоѓаше. За жал, круша под круша паѓа. Затоа пишав бидеќи многу добро знам како ќе се одвиваат работите во иднина. Ми е жал девојката повеќе пати да го поминува истото.
     
    На JasBee11 и simona_baby им се допаѓа ова.
  15. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.279
    Допаѓања:
    18.002
    Пол:
    Женски
    Еве јас од искуство ќе ти кажам. Сум била на крштевка и сум се покајала. Како да ти кажам, ама на сила убавина не бидува. Едноставно не се забораваат некои зборови и постапки, кој како сака нека рече. За простување сите се први, е не е така лесно во реалноста.

    Ќе порасне, ќе дојде ден на телефон да се слушаш/договараш и ќе сфатиш дека глава не боли ич.
     
    На Gosh, JasBee11 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  16. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    10.665
    Пол:
    Женски
    Малку невкусно да се коментира самиот чин на потомство што се изедначува со зајачко котење. Ти живееш уште со твоите и што е разликата?

    А на крајот од денот и што е разликата меѓу тоа да се врати братот дома и сестрата, тој со бебе, таа со куче, да ми је знати.

    Единствено што сестрава испаднала попаметна и се разделила. Но, двете страни биле во право што се вратиле назад и истовремено не во право, што наместо во свое, се враќаат да живеат во средина без услови за живот за сите на куп.

    Едната вреѓа, другиот мава. Повторно не гледам никаква разлика. Емпатија е ставено само затоа што е слушната нејзината страна. Реалност, најчесто и самите браќа и сестри се огледало на самите себе.
     
  17. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    4.687
    Пол:
    Женски
    До члекнката што се мисли за кртшевката на своето внуче.
    Во двете ситуации ќе се каеш, и ако отидеш и ако не отидеш.
    Кога ќе имаш свое дете уште повеќе ќе се каеш за изгубениот контакт.
    Ќе ја разбереш важноста детето да има тетка, чичко итн итн.Имаше објаснето убаво една членка погоре колку е безврска да не си ги знаеш првите братучеди.
    Тоа што првично не и сметало на снаата кучето е оти не знаела за ризикот, и го кажале реагирала.
    Додека бев трудна мојата золва се разболе и собираше вода во градите. Јас и она сме блиски. Живееше со мене на спрат, нејзините доле. Заедно седевме јадевме пиевме.
    И посочија првична дијагноза туберколоза пак продолжив контакт, но ми кажаа за ризикот од контакт со неа и се тргнав или ја од неа или она од мене. Почна доле кај нејзините да седи да јаде да пие.
    Дали тоа значи дека не ја сакав до мене? Не, нормално. Се грижев за бебето во мене.
    Излезе лупус, никој со никој си немаше замерено. Сите го сватија ризикот.
    Тоа значи ли дека одеднаш престанав да ја сакам? И не сакам да е околу мене? Дека брат и не ја сака?
    Исто и со кучето. Го галела, чувала одеднаш и посочиле за ризик. Тоа е тоа.
    Е сеа ти се навреди па почнаа расправии.
    До тогаш и тебе не ти сметале шо јаделе пиеле во своја соба, шо сте живееле на куп. Ама кога почна кавгата за кучето секој на секого почна да си смета.
    Размисли убаво за ситуацијава дали ќе одиш.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.519
    Допаѓања:
    29.236
    Пол:
    Женски
    Не живеам со моите. А и никогаш не би правела деца ако немам колку толку свое живеалиште. Чин на потомство е ко зајачко котење оти луѓе ко братов и снашкава не гледале прво да се осамостојат па деца, него битно да го напрајме и да се роди. Да, немаат поголема свест од зајци
     
    На Gosh, CameliaMiller, JasBee11 и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.718
    Допаѓања:
    13.677
    Local parents discover дека светот на другите не се врти околу нивното дете :tmi:
    [​IMG]

    Енивејс, дојде ред нечија несозреаност, злоба и шамар да оправдувате, само затоа што лично не сакате животни.

    Значи плиз, get it together, кутрето не е поентата :drunk:
     
    На butterfly6223, Nausicaa, Gosh и 18 други им се допаѓа ова.
  20. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.897
    Допаѓања:
    20.631
    Пол:
    Женски
    Абе, дали мора да ви се црта?

    Брат и' ДИГНАЛ РАКА на неа, РАКА!

    Со ова завршува се.

    По други теми не глеам нигде да оправдувате насилничко понашање?
    Шо, лут бил се изнервирал у моментот, дај да му простиме?

    Не сте ја прочитале, или ептен врска немате од ништо.
     
    На Aschenputtel, Nausicaa, Gosh и 8 други им се допаѓа ова.