Да. Така некако. Рекив погоре дека не сум за такво нешто. Ама тоа си е нивно мислење. Јована Јеремич Свекоров и свекрвата едвај имале пари за кирија и едно дете, ама сите имале по две деца, па ај и они, во СФРЈ живееле. Никој не бил тогаш милионер освен неколку директори на државни фирми. Значи популацијата требало да биде многу мала од тогаш до сега.
Како извртувате. И што толку сте се загрижиле за туѓи одлуки? За наталитетот многу ви е грижа гледам. И ја нема деца да имам ни па морам да образложувам зашто и мило ми е што новите генерации не потпаѓаат лесно под туѓи влијанија.
Коа веќе оф топик муабети паѓаат: шо ве тригерна муабетот на @Munchmallow20 ? Така смета дека е најдобро за неа и нејзиниот живот, каква врска има со вас, вашиот живот, вашето искуство, вашите одлуки? Ќе праи како што сака да праи, искрено, апсолутно ми е замисливо дека може и нема да има дете ако смета дека не е спремна од било која причина. Буквално нема ништо чудно тука, не знам што запрепастувачки невистинито кажа. Исто така, замисливо ми е да нечиј приоритет му е дете да има, макар и да се гужва во заедница. Желбите и можностите се ставаат на вага, не ме чуди некој што само сака деца, да има да прифати живот во заедница. Ништо запрепаатувачки нема ни тука, со тоа што ќе нагласам дека е неповрзано со тоа каков родител си, многу покомплексно е мерилото. Како и да е, во животот ништо не е сигурно освен раѓањето на дете. Родено е и нема враќање назад. А можеш да го родиш во најсовршени услови и тие услови понатаму да се променат. И да немаш претерано многу избор да пребираш. А може и да го родиш во најнесовршени услови и тие услови понатаму да се променат. И да го имаш целиот избор на светот. Е тука нема мудрување предвремено, бидејќи не знаеш иднината што ќе ти донесе.
Ќе го родам и кога на 12-13 години како тинејџер ќе си сака соба, приватност, компјутер, пари за екскурзија, ќе му речам абе ја битно те родив, каква соба какви бакрачи. У дневна ќе спие, пред мене нека се пресоблекува. Ау пари ќе трошам на него, како да не.
Ќе си најдеш рчка со золвата/деверот/свекорот/свекрвата и ќе им го загорчиш животот за да си отидат. Problem solved
Детето е дете добри 20 години плус минус дур студира одговорност е да му обезбедиш. Како ќе знаеш ти што носи животот и каков ќе биде во наредните 20 години. Можеби пред да се роди си имал многу финансии ама финансиите се лесно менлива состојба. Ниту можеш да предвидиш колку финансии ти се потребни. Доволно е да си здрав прав нормален со главата па ќе туркаш низ животот детето ќе ти е приоритет.
Вие до утре заебавајте се, факт е дека братот и снаата можеле да имаат раат со детето настрана место да се котат кај него дома, ама не сакале. Снаата е единица, од фамилијата на братот им било понудено помош ако идат под кирија, ама не сакале да мрднат. Е овие се паразити и неспособни, колку год да сакале да имаат дете.
Мене ме чуди како некој има можност и услови да се тргне, а сепак се бута во една соба. Посебен вид луѓе се тоа
Јас кога ја родив ќерка ми пари имав колку за млеко и памперс. и за сметки и храна нешто. Сега по 12 год . имам комотно стан без кредит да земам. Што е подобро според муабетов. Да родам сега на 40+ год кога имам или тогаш кога сум немала па сега кога веќе она има 12 год за понатаму да и овозможам убав живот, добро образование итн итн? Ако ги слушав советите тука немаш не раѓај немаше да родам ниту тогаш ко сум немала ниту сега. И? Дали денес ќе се каев, да и тоа премногу.
Е ова! Можеш да го имаш целото богатство на светот, ама да нема на кој да го дадеш. Затоа кочница малку со "цврстите" ставови, животот за секунда може да ги разниша.
Ај некој нека направи тема за дали да се има деца, дали мора да се има деца, дали не мора, да чуеме шо мислат нашиве граѓани. Оти оваа тема гледам веќе и на нашиве простори почна да се распространува, многу жени шо викаат дека не сакаат да имаат деца, се напаѓани од околината а и во коментари од странци по интернет, како биле себични, како ќе завршиле со мачки и ќе немало кој да ги гледа, како сакале да бидат ку*ви а не мајки, наместо деца шетале кучиња.... Има тука шо да се збори.
Со сета почит, но сама се пронаоѓаш. Не ми е поентата да навредам, еве имаш и детали спомнато за твојата ситуација кога си решила да имаш дете. Тоа е океј за тебе, ТИ си решила така за себе. Си имала избор дали баш во тој момент да имаш дете или да немаш. Друг никогаш не би го направил тој избор и тоа е исто така океј за него. Нема љутиш. Секој треба да одлучува за себе и да превземе одговорност за одлуката. Искрено браво за сето што го имаш постигнато, ти посакувам уште толку успех и напредок.
Ама не бркаше золва од нејзина родена куќа зашто ти си дошла. Така? Не се понашаше како да си освоила територија и сите треба да ти се поклонуваат туку сте се адаптирале едни со други. Мажот ти не ја удрил сестра му за твоите каприци да се остварат. Јас да сум на местото на родителите нивни моментот кога брат дигнал рака на сетра има сосе партали низ врата да ги избркам па што сака нека биде.