Ели, работата е што муабетот е пренесен. А јас решив да молчам. Засега. Понатаму ќе видам. А кога сме кај обувките, јас си купив 2 пара за 1 недела, и коментарот беше ист, а за кој се овие сега? Твои? Е ако, баш се убави
^ Извини Блонд не сум разбрала ,срамота Најмудро ти е да си молчиш па ако ти рече нешто прави се наудрена или дека лошо разбрала свеки. Што мајка бара да се пика насекаде
Во брак сум 25 години. Многу пропатев од золва.Ама летово ми пукна филмот и и собрав се на куп. Таа е нема деца.Јас сум мајка на две прекрасни керки. Сака да ми ги краде срекните моменти . Те она знајала што е на мода па да одила со ќерка ми да и бира фустан за марурска а јас да набројам парите .Па оти имале дечковци и дома ги доведувале.А она има швалер комшија. Па кој ми земал платата.Те била чиста. Секое утро звоне и ни дава распоред кој што да работе.Напаш и неколку пораки и легна си на брашното. Не може она да биде мајка на моите деца.За тетка не и бранам ама под услов да не се швалерисува пред децата.Замислете уште се гордее со тоа а има маж злато со кој јас сум блиска како со брат ама немам срце да му кажам . Мојот сопруг е виновен што и даде такво право и многу време му требаше да сфати дека греше. За малку ке се разведевме од неа. Плачела сум и нок и ден .Кој да ме верува. На крајо си откри маската. Баш сега беше тука ама јас не и зборам Имаме малку поголема кука и признавам дека и мајка и и татко и ни помогнаа да ја направеме и немам право да ја б ркбам. Ама децата не ја почитуват онака формално . Кога беа мали животот од неа пекол ми беше.
<3 jas za mojata snaa od brat mozam da kazam se najdobro , znaci ja sakam kako sestra iako ne sme mnogu bliski retko se gledame , no taa e edno pre dobro i pitomo nesto , ja sakam od srce i od dusa isto i nejzinite roditeli se pre dobri lugje , i nikogas ama nikogas ne bi se obidela da im napravam problem , se najdobro im posakuvam i koga tie se srekni jas sum uste 100 pati posrekna od niv. Se nadevam deka i taa me pocituva mene , ne baram da me saka ednstavno da imame dobar odnos ( do sega e super ) iako jas bi sakala da sme uste pobliski. Inace na mojot maz sestrata naj eazligavenoto sustestvo na svetot , veruvajte ako ima covek sto bi pominal eden den so nea i da se vrati ok togas jas mu cestitam , tolku e ligava se ponasa kako razgaleno 12 godisno dete uzassssssssssss
Си ги гледав онака темиве за брак и ми текна на нешто. Кога золва ми имаше поголема слобода на изразување кога е во прашање мешање во мој брак, секој пат почнуваше со реченицата „Јас да не се мешам, ама...“ и остатокот нормално немаше врска со не-мешање. Еден ден мене така ми пукна филм и оваа таман рече (више си се навикна ко узречица да и` беше) „Ја да не се мешам, ама“ и јас и враќам „Е не се мешај де и ние еднаш да си ги решиме проблемите, како ќе научиме инаку?“
Би ви дала еден ум, што и јас редно е да го земам на овј или оној начин, т.е на потешкиот. Каменот, што еден прост ќе го фрли во бунар, триста паметни не можат да го извадат. Ди енд. Правете се на тошо за убав живот инаку маф работата.
zolvata viknala drugarki pa resila da sedat vo mojata soba a bas mene mi smetaat cigarite i rekov ajde vamu nema pusenje a taa pak viknala 2 3 drugarki.. mi kazuva i i velam nema tamu pusenje a taa pak so ima vrska tamu ce sedime i posle ce se izloftira .. ottamu jas mu kazuvam na mm za sluckava i toj i se razvika zatoa sto toj ne puse vo sobata a ne pak taa ... ona se naluti a jas zaminav da go pravam jadenjeto .. znaci od mirizbata sto stoev povrativ a plus toa otvorena sum malku (7mi mesec sum) i ne dojde da vidi kako sum .. sega koga se kaciv gore vidov deka site raboti mi gi stavila na krevetot .. edvaj cekam da se omazi .. raat od nea ..
Кажи му на маж ти да разговара со неа. Срамота е тоа што ти го прави. Треба да има обѕири спрема бремена жена.
многу млада си се омажила,те жалам искрено.а золва ти е некоја детињаста и сака само да те нервира.мажот ти нека и постави граница ,а богами и на свекрва ти.
Јас мислам дека со тоа што те нервира, таа има за цел да те избрка од дома. Има многу вакви примери, каде што золвите сакаат да бидат главни во се. Добро е што немам золва.
deneska fanala site moi raboti gi frlila kaj mene u soba a nejzinite vo drugata soba si gi stavila ..
Пепа а зошто го трпиш ова од нејзина страна? Си разговарала со неа во врска со нејзиното однесување? Едноставно кажи и дека со неа можеш да имаш и убав однос, сестрински, дека можеш да и бидеш пријател и да смета на тебе но доколку престане да те малтретира. Како жена на нејзиниот брат таа треба да те почитува, доколку неможе тогаш замоли ја воопшто да не ти се обраќа, немора да комуницирате тогаш ако неможе да се има бар нормален, култрен однос, така бар подобро за сите. Ти во таа куќа не си отидена некој да те малтретира, нели? Јас имав сличен проблем со мојата золва, некогаш, најчесто кога и требаше некоја услуга се правеше фина за во следниот момент да се направи паметна и да му го направи меракот на татко и (свекор ми) кој за секој човек има лош збор, фрлаше дрва и камења по мене. Нејсе, ја седнав еднаш и и кажав некои работи, што ми смета и до кои граници можам да му дозволам на човек да си игра со мене, дека таа пред се како сестра на нејзиниот брат треба да има почитување спрема мене а после што сум постара од неа и неможе да се однесува со мене како што се однесува со другарките на нејзина возраст. Немора да ме сака, немора ниту да контактира со мене, само едноставно несакам глупости од нејзина страна. Се извини, си ја призна грешката и еден период беше ок, за после некое време да продолжи по старо на што јас реков доста е. Еве веќе неколку месеци не комуницирам со неа и да ти кажам мирна глава ми е. Не малтретирам никого ама и несакам ни мене да ме малтретираат, ако неможеш да бидеш човек со мене, нема да ти дозволам да бидеш нечовек и ја користиш мојата добрина. Еве за месец дена треба да се породам и знам дека ќе дојде до средба со неа и неизбежна ќе биде комуникација помеѓу нас, но знам понатаму што и да биде, ќе биде со доза на недоверба.
Da si ja kazam jas mojata maka,,,imam zolva omazena so dve deca ,,,super si e znaci ima postovanje kon mene,,no problemot e v o toa sto maz i nejzin nisto ne raboti a mojot maz raboti i toj gi izdrzuva nimi,,,sekogas neznan po kolku pari mu dava,,,toa vo red ako nema da jadat leb no taa samo sto ke zemi i odma odi po butici da kupuva za nea za decata znaci preteruva i toa premnogu,,,i toa ne eftini alista tuku skapi,,,sekogas zaradi nea jas se karam so maz mi sekogas jas mu vikam nego jas nemozam tolku da si kupam kolku taaa,,,no dzabe da se nerviram toa e toa i sto da pravam nisto ne vredi,,,
Јас имам золва премила и предобра, срце е, не можеш да и се налутиш или да и замериш, ко детенце е, ама е малку мрзливка, малку повеќе и си има некои сфаќања кои се по, така да речам, двоен аршин. Јас си немам мака од неа, срамота е да речам, ама другите особено си имаат, поточно свекрва ми, сирота од што она не фаќа ништо трча се да заврши на време, дури и предвреме за да не фатам јас да сработам нешто и да не ме мачи. Нејзината соба си е нејзина не сакам да и се мешам, тоа што остава расфрлено е нејзино, како ќе си остави така ќе си начека, ама тоа што и во кујна ништо не фаќа, што алиштенце нема подместено ми смета, пред се заради тоа што мајка и се мачи јадна, но мајка ко мајка, нема да рече нешто па што сака нека е. Инаку не се слагам дека и дошло време да се мажи ајде гитла, на никому не му е дојдено времето, времето не е мерка за ништо, секому според ксметот. Е сеа, имам уште една мака која малку ме мачи, мојата золва финансиски никако не помага, но тоа не ме оштетува мене, ја оштетува свекрва ми, она сирота и плаќа и купува заради неа. Нека ми прости ама на 20 и кусур ако не придонесуваш дома, ако не си купила една паштета за дома и одозгора приговараш за секое јадење, мислам дека малку е нефер спрема останатите, ако не плаќаш ни денар за сметки треба да се замислиш за тоа дали ќе пушташ секој ден бољер на скапа кога снаа ти чека да дојде 10 за да пушти бољер, но толку и фаќа црпката не можам да и замерам, а најмногу виновна за тоа е свекрва ми, ја научила така и тоа е. Пак ќе речам, она од моја уста не крати, она од мене не зима, зима од мајка и, ако нејзе и е тоа во ред пеки, и мене ми е, ама знам дека не е во ред, мајка ми да се труе во долгови и кредити, да крпи крај со крај а јас да купувам нови штикли, фустани и кола, притоа за дома ни денар да не одвојувам, за мене тоа не е однесување на возрасен човек. Пак ќе речам, да не бидам сфатена погрешно, мене не ми смета нејзиното однесување, ми е жал за свекрва ми која пати заради нејзиното дете, но тоа е што е, ние сите сме ја прифатиле како таква и си ја чуваме како детенце да ни е
Не ми смета ама ми смета, така Ангел Свекрвата кога ти угодува тебе арно ти е ама на ќерка и кога и угодува тоа е лошо воспитување, ете и ти имаш двоен аршин. Сите сме имале различни услови и воспитување кога сме растеле, ти си се осамосталила рано затоа што си немала подршка финансиска од дома, таа си има подршка и мајка и си ја штеди како и повеќето мајки као има време кога ќе мора да работат, нејзино право си е тоа, и според мене е лош таквиот однос ама пак ќе речам нивно право. Јас сум останала на 15 години без мајка и затоа што немало кој па сум морала да се бавам со домаќински работи, сега требаше ли да и се понашам на снаата затоа што она кога се омажи за брат ми не знаеше јајце да испржи, не, затоа што она си имала кој да и работи и ете ја со време си се научи се да работи, не дека е мерка за домаќинлук која знае колку да работи туку чим станеш мајка треба малку од малку да знаеш некои основни работи. Од друга страна јас сум растена во добри финансиски услови и никогаш не сум имала потреба да штедам, снаа ми биле посиромашни па таа си е научена ептен да штеди, гасеше сијалици по мене иако сметката за струја за 3 месеци беше помала од една дневница моја, ми водеше евиденција колку сум трошела пари на гардероба, се што сум купувала било скапо итн додека не ја седнав еден ден да и кажам дека не е културно да води есап на туѓ џеп и додека не и бркам во нејзиниот да не ми брка во мојот, додека јас придонесувам во куќата колку што и мажот и со остатокот од мојата плата ќе си правам што сакам затоа што си е моја. Пак ќе кажам јас те разбирам што сакаш да кажеш и што ти пречи ама не сите имаат потреба да пораснат и созреат преку ноќ, некои (не)среќници цел живот ќе си живеат така на грбот на мама и тате и никогаш нема да пораснат а кога ќе останат без нив нема да знаат да се снајдат во животот.
Битер пак ќе кажам да не бидам лошо сфатена, примеров го напишав за да ви доловам дека не секогаш золвите се лоши и покрај сите работи, ние снаите често знаеме да бидеме пристрасни, да мериме по два аршина што викаш, ама јас се трудам да не бидам таква, примеров ви го наведов за да ви доловам какво човече е таа и ако успеам да ви објаснам дека не треба да се мешаме во работи во кои не не собира. Нејзиниот џеб, нејзината соба, нејзиниот живот си е само нејзин, јас можам да ја советувам ко сестра ми што ја советувам, можам да ја подржам, но никако да и приговарам или да судам кој колку донел или понел, ко што кажав, мене пред се ми е жал за свекрва ми, она е сирота растргната од неа, ама тоа е што да правиме, не ќе ја напаѓаме заради тоа неа, ко што кажав мајка и е единтвениот кривец, она така си ја научила и ќе си ја трпи сега, а јас не викам дека ја трпам, туку сум се научила да живеам со неа и тоа е. Едно е битно за мене, ако она си се смета сеуште за дете на мајка, нема обврски, не планира да се меша во домаќинство, така јас и ќе се однесувам, нејзин избор, нејзино право, а и право богами на свекрва ми да го почитува тоа, и толку, тоа е најбитно. Токму затоа и ја сакам толку, токму затоа и она мене ме почитува, за сакање не можам да потврдам сто посто, ама дека ме мрази и ми прави закачки, ќе погрешам душа ако кажам нешто такво, затоа сакам да кажам дека ние се почитуваме како сестри пред се, ниту јас неа ниту она мене се мешаме во приватноста, кога е затворена вратата која претежно стои отворена, со причина е затворена Ако го прифатиме животот на другите како што сакаме да го прифатат нашиот се ќе биде во ред, сите ќе си имаме мир и слобода
Јас па не мислам дека мајка и ја трпи . Зошто „ја трпи“? Дете сопствено, па демек толку не чини што мајкава мора да ја истрпи некако? Од изразиве мене ми изгледа дека ти пречи и тоа многу како се однесува золвата, а со тоа всушност влегуваш на терен на кој немаш право. И се криеш токму зад фразата „не ми пречи, туку ми е жал за свекрвата“ . Односно, сакаш да кажеш дека ти си толку подобра што тебе за свекрвата ти е жал, а на золвата не и е жал за сопствената мајка? Не си во право. И јас имам золва, и тоа постара од мене, немажена и сл. и никогаш не сум и водела сметка дали и како работи дома. Ама ич не се замарам со тоа. Нивни проблем. И јас кога си бев дома немаше потреба да бидам некоја голема домаќинка. А тоа секако не значеше дека мајка ми сирота морала да ме трпи зашто таа ме направила „недомаќинка“. Глупости . А муабетов, извини, ама цел ти е „не ми пречи ништо, ама еве да не бев толку добар човек ова би ми пречело ... (и следува списокот)“. И да се разбереме-ти пречи. Очигледно е. Спојлер Патем, ја почитувам јас твојата борба во животот, твојата самостојност и се тоа, ама тоа никако не ти дава право да судиш и пресудуваш за други. Ете, некој за негова среќа немал потреба да се бори сам од толку рано и тоа не го прави полош човек од тебе. Го прави само поразличен.
Аман бе ме нападнавте зошто сум рекла, па девојкиве што се жалат и ги колнат золвите не ги напаѓате толку. Не ми е гајле дали сте ме сфатиле или не, јас си знам дали и колку ја сакам и почитувам, не мора вие да ми кажете и не не ми смета, ако ми сметаше досега ќе си кажев таму кај што требаше а не овде на вас, кое фајде вас ако ви кажам кога проблемот пак нема да биде решен. Мајко му стара форумов станал ко бојно поле, само чекате некој да каже нешто и да одговори на муабетот и одма, јуриш. Да се разбереме, трпам критика и сакам да ми биде укажано, ама ја претерувате, ме убедувате како мене ми смета ама не сакам да ви признаам вам. Аман ете не се жалам веќе и не кажувам, да видиме дали ќе биде подобро така. Па мајко му никому му се немам вака нафрлено како вие што се нафрлате, ко кујзнае да сум и скокнала на золва ми дека не работи да ја тепам. Инаку прашај ја мајка ти Лајонес како и било кога би морала да работи, да дојде дома да спреми за јадење и со јадење за фамилија која си се храни по сите прописи, претходно сето тоа фино да го изменаџира и да го усогласи со сите потреби и навики, потоа да исчисти, да спреми за утре и на крај да си легне некаде после полноќ пошто после сите тие работи не те докусурува 2 саат по полноќ. Епа извинете ама според мене не е во ред здрава права девојка на 23-24 години да седи на компјутер цел ден, да дреме, да спие секое пладне, да шета во секој можен слободен момент, да прави повеќе неред дома од сите други и да не праша да не случајно има потреба од помош. И пак ќе речам, ова не се однесува на мојата золва, не ги прави само она сите тие работи, има еден куп девојчиња кои и на повеќе години од 23-24 дома со мал прст не помрднуваат, а мојата золва си го знае моето мислење за овој феномен на мрза и фала богу не ме напаѓа ко што ме нападнавте вие. Останете ми со здравје и уживајте во темава!
Не е вината на золва ти што не сфаќа Така ја научиле. Како стрина ми што си ја учеше братучетка ми -нека седи тука, кога ќе се омажи ќе работи-. И мене би ми било чудно да сум во твоја ситуација, ама искрено свекрва ти сама си е виновна и не заслужува да биде жалена. Има уста? Има, може да си и каже на ќерка си да стане и да направи нешто. Штом си ќути...валјда и одговара Да е моја мајка, додека се врати од работа ќе биде се средено, ама така и ме научила. Така да, не се замарај со целата ситуација, некогаш може и да ти излета, па во сето тоа ти крива да испаднеш. Може ти и најдобронамерно на цел свет да се поставиш, ама во не сите очи, вистината има иста слика.