Оти била избркана од брат ѝ кој се котел под кровот на родителите место да си створи со жена му свое настрана Викале треба брат ти се ожени, ајде ти сметаш. Али оќе. А станови имаш и поевтини. Постари згради и попериферни населби, не мора сите у Аеродром и Центар да живееме
Ај па сеа. Не морало тоа, можело и стара зграда. Па нели треба да се обезбеди се комплет, не е само станот. Некогаш стварно се прашувам дали тролаш, се правиш најпаметна или си длабоко исфрустрирана. Ама мислам дека комбинација од се.
Епа тогаш становите и кириите биле уште поефтини од сега. Па и твојот татко во овој случај бил нечиј син и брат стокмен под кровот на родителите... Ете гледаш, како што и мајка ти си имала мака и причина, имаат и добар дел од денешните млади жени.
Во мојот случај мислам дека мајка ми е најтоксичниот лик во целата оваа приказна. Таа никогаш не ми даде поддршка како мајка и жена на мене лично. Дури и кога после разводот се вратив дома таа тврдеше дека не сум смеела да се разведувам под никој случај и сигурно сум јас згрешила нешто па имало проблеми. Сум имала двајца браќа кои требало да се женат не ми било местото таму. Кога бевме мали бевме многуу сиромашни, иако мајка ми потекнува од добро ситуирано семејство. Таа никогаш не сакаше да земе ништо од баба ми, зошто си мислеше дека вујковците ако разберат ќе се лутат. А баба ми и дедо ми секогаш се трудеа да ни помогнат. , дури и кога баба ми ќе ни дадеше пари за роденден таа ни зборуваше да не кажуваме пред вујковците колку ни дале. И милион вакви ситуации имало. Брат ми и снаа ми и да се најлоши на цел свет и неа да ја тепаат, таа нема а да рече. Така размислува дека син и машко дете и тоа е тоа, за неа јас секогаш ќе бидам најлошата.
Тоа е проблемот на нашето општество. За жал не си единствена знам мал милион луѓе што такви заостанати размислувања имаат. Убаво што си се тргнала на страна. Знам дека ти е тешко сепак ти се фамилија ама мисли на себе. Греота жално е што во 21 век луѓево уште имаат размислувања како пред 200 год.
Типична претставничка на бумеризмот, ќерките се топ, само кога синот и снаата ќе ја откачат, кога ќе треба некој да ѝ мења памперс. Најглупи генерации, уште трпиме последици ради истите.
А дали кога дојде да те кани за крштевката, ти му рече а се сеќаваш кога ме удри? Иди направи чест на бебето, на тие останатите не ! Едноставно доаѓаш пуна себе, идеш кај бебето, останатите ни здраво ни чао.Игнорирај ги седи си со татко ти, дома сигурно им е сега бетер од кога си отиде ти.
Ниту еден збор не смее да доведе до физичко насилство. Ниту има прошка за тоа. Ниту имам намера да дискутирам на тема дали некогаш со зборови предизвикуваме некој да нè удри. Одговорот е секогаш "не".
5 пати ти одговори дека живее сама со партнерот, аман. Живеам сама и јас и на крај памет не ми паѓа ни кај моите дома, ни па кај некој друг дома да раѓам деца, попрво под кирија, да. Гледам по Европа деца не се раѓаат оти под кирии живеат најголем дел од младите. И апсолутно во конкретниов пример братот и снаата не се во право и се тешки паразити и двајцата. Ако читаш од почеток, прво имаат каде да одат: снаата е едно дете. Не мора да се тука со сите на куп. Дополнително, понудена им е помош за под кирија. Во самата куќа, девојкава се има иселено од својата соба и им ја има отстапено, со тоа што таа возрасна и братот средношколец и кучето делеле соба, за да се угоди на "младите". Младите, од друга страна, никако не придонесуваат во таа заедница, користат сечии добра, а за сами себе си купуваат храна и во собата си јадат. Кучето на улица го пуштаат пошто кур ги боли за девојкава. Не за кучето, за неа кур ги боли. Не е до кучето, не е до девојката, не е ни до снаата, туку до прдежот од син што го воспитале родителите на девојкава. Партнерот мој да земе да ја удри сестра му, нема да ми биде партнер. Нема да бидам со маж кој дига рака на жена, макар таа жена не сум јас. Тоа ти кажува за аклот на снаата. Не се овие двајца сироти кои само сакале да свијат гнездо. Овие се типични паразити, што ќе грабаат и земаат сè додека можат и од кого можат. Знае бате дека од жена му секако ќе си наследат сè, боже пази другиот брат и сестрата да не добијат нешто. Ни родителите не се за прошка и паметно што не комуницира ни со нив нешто, сами гадно си се заебале со изборот и допрва не знам кој ќе им ги гледа гревовите, само девојкава се надевам нема.
Како да не, шамарот знае да боли многу помалку од кажан збор. Да ми пцуе некој мајка и тоа како ќе го исчукам. Да бе, ќе вреѓа некој се живо и диво, јас ќе се контролирам. Или ќе заминам. Нема. И имам секакво право да се бранам.
Ок Камелија, мачката нека ти биде побитна од внукот или од сопственото дете. Уствари да е твое дете и има алергија, ќе си ја чуваш мачкава, да си го мачиш детето?
Таа солеше памет дека било ефтино на периферија и може секој да си дозволи. Зошто седи под кирија, а не си купи нешто на периферија? Братот има секакво право да биде таму колку што и сестрата. Но, и двајцата треба да си создадат свое. Зошто само сестрата да ужива привилегии? Нема ова врска со полот, туку со правото кој треба, кој не треба. Сестрата си довела куче, братов бебе. И ти викаш сестрава со кучево океј е да си останат. Двајцата се за аут. Партнер мој, да земе сестра му да збори се и сешто, макар и за мене, нема јас да го оставам да не врати. Секој има различен праг на толеранција. Мене удар ништо не ми значи, ќе ми помине модрицата, ама да ми каже нешто болно, ќе го уништам. И не постои човек со толку голем праг на толеранција и да не реагира. Ти може ќе се исплашиш и ќе избегаш, јас ќе се борам, тоа ти е типична психологија. Да земе да ја ќофта секој ден, затоа што така му прднало, тој треба да гние зад решетки како и Стојанче. Можеби се прашуваш зошто вака размислувам, а скоро секогаш сум на страната на жртвата, ти читаш само удар, јас читам што пишуваше таа и којзнае што се не рекла, не само тој ден, туку на неколку наврати. Епа му го стиснала копчето за реакција. Демек ајде сега ќе оправдуваме вреѓање. Од друга страна, никој не и беше дужен за кучето да и купува, што се жалеше дека брат и едно кило храна купил. Тие си се должни за бебето. Не останале на нивен товар, со купувале сами. Абе како да ти кажам ама читај меѓу редови. На крајот, нивните односи не се мои. Тие си живеат со последиците секој ден. Ако решила да не гледа внуче, ич да не го гледа.
Леле што кажа, нека ме шамара, ама битно лош збор да не каже за мене и да ме навредува. Стварно некогаш не знаете што пишувате! Човек што се осмелил да те удри, не може да ти мисли добро, И е насилник. Таа доаѓа во таа куќа свесно, кучето веќе таму престојува, ако не и се допаѓа нека се отсели, како што им било понудено, ама не прифатиле. Или како што криеле храна во соба од останатите, ги переле и им чистеле позади нив, паразити! Па уште на крај и мајка и не ја поддржувала. Колективна дијагноза имаат, паметно што девојчево си се отсели.