Да океј е да побараш помош. Ама да речеш дека ти треба отскочна даска за да продолжиш сам, таков тип на помош, а не помош да те трпи некој и раатот да му го ебеш.
Тоа викам, не помош одземена на сила, може да е тоа и преку емотивна манипулација. Абе и повеќе од тоа, зошто да не. Океј е некој да ти подари стан, куќа, ватевер. Океј е пари да ти даваат ако сакаат, ако имаат, зошто да не, има фамилии со многу пари. Океј е детето да ти го чуваат. Се' е океј - ако така сакаат.
Ејјјј двојни аршини За другите знајте да јадите бонбони а коа е за вас пу пу не важи Сите што сте решиле да стварате фамилија а им седите на старите у куќа и им рушите раат сте паразити и лебојатки Запотите газот и престаните со трошење и курчење и ке имате за се Дали е тоа ок живот -не Ама за таа цена добивате МИР Вие шо не седите сами незнајте шо е мир Братот снаата се сеа на потег Се изсели сестрата сеа братот треба да се изселе и да ги остават родителите со најмалото на мир да живеат
Скраја да е. Темата веќе е од крајност до крајност отидена. Едвај чекам да пише членката што се одлучила во врска со крштевката
Абе селективно читање Ако веќе не си моќен за свое, на страна и ти понудат помош родителите, ама ти понудат! сосема е океј и нормално да прифатиш. Океј е и нормално и да побараш помош од нив. Не е океј и не е нормално да мислиш дека заради твоите избори некој треба да страда, без оглед дали раѓаш деца или чуваш папагали. Изборот бил твој, како возрасна личност е донесен и одговорност за тоа суштество е твоја. На никој друг на светот. Од другите може доброволна помош, не очекување дека сите ќе се прилагодат на твоите избори. Имање дете е ќеиф, а сите ќеифи коштаат. Ако не можеш да приуштиш живот за тоа дете, да, веројатно не треба да го имаш. Може да релативизирате "колку пари се тоа?" - ама не е тоа прашањето, оти секој сам за себе има посебен одговор. Така што, не е проблем живеењето со родителите, туку очекувањето дека сите ќе си ги сменат своите животи заради вашето живеење кај нив. А воедно, конкретниов брат и снаа не се луѓе што можам да ги жалам, не можам. Оти исто пари ќе имаат и кај нејзините, ама кај свекрвата е поарно да се дели правдина и да се сили на послаби. Родителите на девојкава, посебно мајка и', не се родители. Не ти требаат непријатели со такви родители.
Значи се утепавте од проектирање на сопствените фрустрации на темава особено овие што се во заедница. Едно да е јасно и за снаа и за зет. Кога си решил/а да се мажиш/жениш и да живееш со родителите на жената / мажот и во куќата /станот има сестра, брат или и двете не смееш да си помислиш да бараш од братот или сестрата да се иселат за твоја комоција. Таа куќа е и нивна колку и на твојот маж/жена. Нема извољевање ама вака ама така. Сфатете еднаш. За комоции и мир и се по ред, само одделено. Ако условите не налагаат, ќе си се помирите со тоа дека сте дошле во туѓ дом и крај. Деца ќе си правите и ќе си се снаоѓате за живеење во детската од мажот/жената. Не смеете да барате да си иде некој за вас да ви отстапи место. И кога ќе дојдеш под туѓ кров, ќе си плаќаш за сметки. Ќе учествуваш во храна купување, ќе помагаш во одржавање. И кога ќе се омажат/оженат и тие имаат право да си донесат дома и сите да си живеете на куп
Јебига јас бекутан користев, толку се можеше кога не чекав за ништо од друг, а сакав фамилија. И памперси од најефтините. Во околина имам полно органски мамички, се најубо, најприродно, ги караат старите ако им купат нешто што е токсично по незнам кои параметри. И стариве потресени, да угодат… да е од своја плата, па да тресат вака зелени. Исто вака ми се чудат и за нокти сите што живеат во заедница, жена не требало да си дозволи да не е средена. Чудно истиов коментар го немам добиено од некој со нокти ама чиста черга. Веројатно оти го знае трнливиот пат.
Членката ко и претходно: дојде, праша, замина. Не знам зошто се докажувате едни со други. Ќе дојде и третпат, па пак истата приказна.
Јас сѐ уште не можам да го сварам фактот дека снаава е дете единец, а не сака да си седи дома раат. Искрено, првпат слушам за ваков случај кај нас и не ми е нормално при сета комоција која би ја имала, она оди во куќа со свекор, свекрва, девер и золва со куче и седи во една соба. Па сите луѓе што ги познавам, а познавам многу, на ниту едни детето единец не им е во заедница. Не знам како не им е незгодно на сватовиве дека золвава отишла сама под кирија, да не се лажеме, сам човек од плата кај нас тешко преживува под кирија. Тука позадинава е јасна, приграбајте ќерко таму што ве следува, немој случајно да сте им оставиле нешто на другите двајца. Тешки бруки, за жалење.
Туку мене ме занима, ако више не можете настрана, зашто немате муда да побарате од вашите дома, него идете кај свекрвата? Зошто фамилијата на мажот мора да ве тинтра, а вашите не? Речете мамо тато, сакаме настрана може ли помош за кирија или учество барем привремено? Или муабетов never happened? Или на големиот маж ќе му падне ако дојде домазет? Али да погодам, не ве есапат 2% кога имате женет брат дома ама пак ви се родители, крвта вода не била. И не разбирам ни тоа правење мегаломански свадби кога немаш за таа скапана кирија али океј, приоритети.
Конкретниве се поканети кај снаата, т.е. кај нејзините, но мажов силен нејќел домазет да иде Оти толку е способен сам да створи, сестра му од соба да ја избрка, па испод чест му е домазет да оди И не е прв што сум слушнала и знам ваков, тие не ми се чудни, од дома мама и тате така ги учат јаките мажишта, него со кој памет жениве ги бираат вакви мрсулковци, се мажат и деца со истиве раѓаат, е тоа не знам. Со неа "гладат" односи оти нема снашка сигурно газот на старите да им го гледа, тие нејќат храна да поделат со помалиот брат и старите, не па нешто друго, нормално ќеркава се очекува да ги мисли. Единствена паметна е тука таа, што наместо да се бори со лудаци си собра парталите и кучето и прекина контакт. Таа сама е поспособна дете да чува него тие двајца заедно.
Снаата се има изјаснето пред мене лично во една прилика дека не и паѓа на памет да одат кај нејзините пошто нејзината мајка и ќе била слугинка. ПОшто нејзината мајка е важна, нашата не е. Не е моја работа но сватовите се далеку подобро ситуирани од нас, на подобри работни места и имаат повеќе сретства. Но снаата не сака, тоа секако ќе останело нејзино но ако отишле таму, мајка и ќе била слугинка со чистење и готвење, ова се нејзини зборови. Стана тема и за тоа да се нешто догради, дигне спрат или да излезат под кирија тие двајца. Секако моите па и јас лично ќе сме и помагале, но тие не сакаа. Едноставно тоа е тоа, себична снаа + токсична мајка и брат кој нема свое јас е катастрофлана комбинација. Толку луѓе на едно место се знаеше дека еден ден ќе еккалира јас им кажав на моите дека ќе има проблеми уште кога се вселија, но мајка ми велеше да сме молчеле.
Ај да ве опоменам да смалите тон на дискусија. Внимавајте како се обраќате едни кон други. Ќе има санкции доколку се продолжи во ист правец.
Епа фино ко така,така скромно не можеш да растиш дете како шо го опиша "твојов скромен" живот? Ќе купиш 2 пара бенкичиња,количка на старо или ќе позајмиш,чуму потреба од толку чекање да створиш "услови" за дете... Контрадикторности до бескрај.
Интересното ќе биде кога на свекрвата т.е. мајката на членкава ќе и пукне филм. Пошто таа им чисти, таа им готви, сега таа и дете ќе им гледа. Па муабети за осамостојување, плаќање кирии и сметки, што ве гледам блесави, далеку се овие двајца од тој муабет. Не се способни без стариве еден ручек сами да направат, гнетат нарачани тостови скриени во својата соба, ќе се осамостојувале тие, сапрофити. Па не оделе кај неа за да не ја гњавеле мајка ѝ, а мајка му негова ако, таа нека им служи. Срам ми е што читам.
Ау, а твојата нели е слугинка? Мајка ти е будала. Ова не е за молчење. Изгледа снашка ти има такви родители кај кои нема глас, па заради тоа нејќе таму. Инаку, која не би прифатила ако е сè на мама и тато? Па, ги видела и овие од твоево семејство прости и си помислила дека нив ќе ги команда. Седи си на страна и смеј се. Они нека си ја трпат. Ќе дое денот кога ќе се покајат.