1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    15.091
    Моја роднина, мајка инаку велеше „Ако се разведе ќерка ми, дома не ја примам, кај сака нека оди, голем е градот“, демек срамота било, а самата си признаваше и сите знаеја дека таа ја фаќала за коса да ја кубе и да и удира по една тупаница во вратот со муабети „Мажи се, имаш 20 години, не си некоја убавица, дома ќе ми останеш“. Ова го кажуваше пред сите роднини, пријатели, соседи и тоа со гордост, колку тоа била жена со став, бреејј, ја принудила ќерката на брак, практично ја избркала од дома, па ако се разведела, немало да ја прими. Хорор. Среќа па зетот се погоди во рамки на нормала, инаку тешко на жената. И нема што родителите решиле дека не сакаат ќерката да живее со нив, ако не сакале да трпат деца, да ги чуваат, не требало да ги имаат. Најголем дел од родителите во државата, раѓаат деца и така ќе ги тероризираат 18, 20, 30 години, зависи и потоа е доцна за се, трајно и неповратно ги уништуваат. Настрано однесување од сите можни аспекти.
     
    Последна измена: 12 јули 2026 во 21:18
    На SummerGirl, JasBee11, Adidas888 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    10.665
    Пол:
    Женски
    Значи ти си ги уживала привилегиите да имаш своја соба. Тој ете цел живот ја делел со брат ви. Па мислам, за почеток, не ти е тоа причина да се лутиш.

    Брат ти чисти, готви, пере? Зашто само снаата ти е на пик, кога станува збор за домаќинство. Впрочем самата зборуваш за застарени размислувања, а и ти самата имаш поголеми очекувања од неа отколку од брат ти. Ете инсистирале да се мажи, значи не е дека чекале нејзините да им остане дома.
    И јас не јадам секакви манџи, срам е да бараат од вас да им купите ако не ги јадат, но ете си купувале.

    Не сте требале двајцата да бидете таму, но и на двајцата патиштата таму ве одвеле. Претходно како сте живееле? Давал брат ти пари, чистел, перел, или снаата е најголемиот проблем?
     
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.495
    Допаѓања:
    279.983
    За да не се прашуваш, прочитај поназад, има објаснето девојката, ќе ти се разјаснат прашањата.

    А нашите чудни комбинации се викаат личен избор, во кој лично јас не сакам да родам и да се грижам за дете, независно колку имам или немам.
    Но, доколку сакам евентуално, апсолутно ќе размислам и дали можам да се грижам за тоа дете, како што размислувам и за секој миленик, не само финансиски, туку општо дали сум способна да му пружам добар живот. Не знам зошто би требало помалку да размислувам за човечко суштество.

    Ај уште нешто сега измисли за да оправдаш физичко насилство и живот кој не оди по твои сфаќања.

    П.С. Низ сите мислења девојката се жали прво од мајка и', а потоа од брат и'. Не измислувај.
     
    Последна измена: 12 јули 2026 во 21:25
    На LibreGirl, boo3, JasBee11 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    10.665
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш дека ќе останеш во таа ситуација цел живот, значи немаш никаква амбиција да продолжиш напред. Никогаш не се гледав себе си во точката 0 во која сум била. Во тие услови кои бев, дете не се гледа, некои и гледаат, но паралелно само јас си знам што правев и маж ми за да не останеме заглавени на почетокот.

    Не оправдувам никакво насилство. Вербално и физичко исти ми се.
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.495
    Допаѓања:
    279.983
    Единствена амбиција е раѓање деца?
    Лол

    Јас искрено баш убаво мислење имам за себе и својот живот, и каде сум, и каде одам, посебно последниве 3-4 години :D Ама еве Анабела ми кажа дека немам амбиција и седам во точка 0 оти свесно бирам да не раѓам, избор кој го правам веќе 17+ години :wasntme:

    Не е прашањето дали со помалку примања можеш да имаш дете. Можеш. Не можеш да малтретираш сè околу себе затоа што ТИ сакаш да имаш дете.

    Никој не оправдува овде вербално насилство, само ти се најде да објасниш дека со зборови можеме да предизвикаме физичко насилство. Не, Анабела, човек колку и да е повреден од збор, не смее да удира. И нема зошто тоа да се прости, никогаш.
     
    На LibreGirl, boo3, JasBee11 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.034
    Пол:
    Женски
    Значи не знам што уште се дискутира на темава. Типот ја удрил. Крај на муабетот. Преку таквото од victim blaming.
     
    На theowndemon, LibreGirl, boo3 и 13 други им се допаѓа ова.
  7. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.279
    Допаѓања:
    18.000
    Пол:
    Женски
    За ова мислам немаме тема, омраза према свое чедо/страв од тоа што ќе кажат роднините, комшиите и сите небитни. Не знам само како да ја „крстам“ за простоќата инаку баш мислам дека ќе е полна со разноразни мислења/искуства.
     
    На SummerGirl, JasBee11, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    18.152
    Допаѓања:
    124.650
    Пол:
    Женски
    @ArabellaStarfall
    Мислењето e преглупо затоа што целосно ја промашува суштината. Никој не тврди дека куќата била нејзина или дека родителите немале право да одлучуваат кој ќе живее таму. Проблемот не е имотот, туку односот.
    Кога родител ќе му каже на своето дете да остане во лош брак само за да не се врати дома, кога не го заштитува откако ќе биде удрено од брат му и кога со години премолчува навреди и малтретирање, тогаш проблемот не е „чија е куќата“, туку што тоа дете нема поддршка од сопственото семејство.
    Сè додека за вас е нормално некој да биде избркан од сопствениот дом затоа што брат му решил да се шири, немаме ист превод за поимите 'семејство' и 'достоинство'.
     
    На theowndemon, LibreGirl, JasBee11 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.519
    Допаѓања:
    29.236
    Пол:
    Женски
    А оти не го коментираш делот дека мајка ѝ на членкава се задолжила за ебената свадба додека овие решиле да се стискаат меѓу сто души?
    Скапо беше нешто живеење настрана, да да.
    Зошто не побарале помош за кредит, кирија, него за свадба?
    Да зема некој кредит за моја свадба, за толку небитна работа, па срам ќе ми биде бе.
     
    На theowndemon, LibreGirl, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Леле Арабела, у реду је. Со сета почит, ама многу си упорна да му најдеш оправдување на братов и не се откажуваш, иако многу членки ти укажаа и самата девојка сто пати ти објасни каква била ситуацијата, ама според тебе она лаже а овој чист ко солза. Искрено вака читајќи те, стварно се прашувам дали тролаш и намерно се контраш колку да има ,,драма" зашто во спротивно испаѓаш контрадикторна.

    Не беше ти таа што беше строго против тепање деца (со што јас апсолутно се сложувам) и што етикетираше членки дека биле насилни? Како сега оправдано е што ја удрил? Насилство е насилство, без разлика дали се работи за дете или возрасен. Семејно насилство е и брат да те удри. Што го вреѓале, што му кажале да има осет за сопствената фамилија? И нели ти викаше дека маж бил неспособен ако немал створено ништо свое пред брак? Како сега овој испадна мушкарац за пожелети? Си ја тепа сестра му, ја брка од дома, си јаде по соби додека родителите му седат гладни, абе нема што, стварно секоја би го посакала за маж.

    И како тоа она може да иде сама под кирија, а они двајца не можеле? Дај молим те, биди реална.
    Па макар и да не е вистинска приказнава (што не верувам) факт е дека има многу такви ситуации кај нас и некому би било од помош да прочита совет.
     
    На LibreGirl, Mrs. right, arwen93 и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.843
    Допаѓања:
    93.731
    Пол:
    Женски
    Немала привилегија.
    Ја имала помалата соба сама, затоа што е женско.
    Браќата си имале исто своја привилегија, поголема заедничка соба зошто биле исти пол.
    Живееле сите во заедница.
    Затоа и спомнува дека требало некој од нив и да готви, а од општа култура ако не јаделе секакви манџи, а посебно ако ти ги готват и принесуваат ко во хотел, требало кога купуваат сендвичи да купат за сите, а не да си јадат сами во соба.
    Исто така и да учествуваат во финансирање на храна, а не да биде фрижидер празен, а они да дремат ко мисири.
    И стварно мислам многу ти е досадно птом олку цепидлачиш и си толкуваш без врска.
     
    На LibreGirl, nextredstyle, Mr.Limonko и 8 други им се допаѓа ова.
  12. _Vera_

    _Vera_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 април 2020
    Пораки:
    3.950
    Допаѓања:
    50.517
    Пол:
    Женски
    @m.m12345 девојче само пак ќе кажам браво, попаметна си од сите твои дома заедно а и од многу ликови тука.
    Искрено се изненадив на способноста на некои членови да го извртуваат пишаното од другите, да бегаат офф топик а колку токсични и незрели ставови прочитав, Господ нека ви е на помош со такво мислење (facepalm)

    21 век сме, 21 !
     
    На theowndemon, LibreGirl, Nausicaa и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Јас само се надевав дека ми ја свати поентата на постот.
    Снаа ти е само трето лице во приказната.
    Некој друг требало да одлучи како ќе се живее во нивниот дом.
    Сосема си во право дека очите ти се отворени а и тоа дека ќе повеќе ќе успееш вака. Дури од искуство можам да ти кажам дека сум сигурна.
    И не го оправдував брат ти туку напротив ако си одговориш на некои прашања ќе знаеш до која точка во односот си стигнала.
    Ќе завршам само со мислата дека "никогаш неможеш да се излечиш во средина во која си се разболел", ти си се тргнала со време од таа средина.
    Ти посакувам среќа а одговорите самата веќе ги имаш.
     
  14. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    10.665
    Пол:
    Женски
    Не мислев на таа амбиција, да раѓаш. Не е тоа морално за сите, мислам ништо па на мене не ми значи дали сакаш или не сакаш деца да имаш. Туку сега седиш под кирија и си викаш за мене да живеам доволно ми е. Остануваш заглавен во таа точка. Четири години јас не живеев со мислата дека тоа што го имам ми е крајна дестинација, а реално и си имав со тоа комфорен живот. Свесно и потсвесно знаев, дека ако сакам да имам деца, ќе треба да си го намалам комфорот едно време, за да уживам во плодот подоцна. Ако бараш искреност, детето ми ја даде таа сила, желба, амбиција, како сакаш сфати си го.

    Не, човек не треба ни да се доведе во ситуација да вреѓа. Барем јас така сум учена во животот. Ако не сакам да влезам во било каков конфликт, а никогаш не можеш да го знаеш исходот од другата страна ќе си разговараш смирено. Крај. На други теми, вербалното насилство не го оправдувате, ама тука во ред е, само ударот не чини. Читајте си што ви одговара. Двајцата се виновни.
     
  15. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Што е тука глупо во мислењево.
    Дека не е ништо нејзино?
    Дака нејзините се тие што ништо не направиле или?
    Де просветли еден глуп човек те молам.
     
  16. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    10.665
    Пол:
    Женски
    Како први да биле за свадба што се задолжуваат. На 90% од младите, родителите им прават свадба. Што дискутирам воопшто.
     
  17. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.478
    Допаѓања:
    193.328
    @ArabellaStarfall јас незнам како можеш да браниш насилник?
    И да браниш
    Не се вади оти не браниш
    Браниш со муабетот па оти она му зборувала се и сешто
    Тоа ти е рамно како на силувано девојче да му речеш
    Ама ти одеше со кратка сукња

    Чукни си а лејката малце жена си како можеш вака да размислуваш


    Најкриви се родителите па после брат и
    Ја да сум на нејзино место ни со таткото не би имала контакт
    Остај ги нека терат крштенка и нека глумат хепи фемили пред народ а дома нек се факат за врат
     
    На Unno, SummerGirl, LibreGirl и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.519
    Допаѓања:
    29.236
    Пол:
    Женски
    Ама за живеалиште многу им е да се задолжат.
    Оќе.

    Приоритети:yawn:
     
    На noteforself, LibreGirl, Tanjamm и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    19.208
    Пол:
    Женски
    Ти веќе не знаеш што збориш !
     
    На LibreGirl, Tanjamm, nextredstyle и 5 други им се допаѓа ова.
  20. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    10.665
    Пол:
    Женски
    Читај или не читај што пишувам. Не го оправдувам ударот. Не го оправдувам вреѓањето. Си го заслужиле двајцата, а можело по мирен пат да се реши, ако биле решени.

    Тебе некој на неколку наврати да ти вреѓа нешто, да се расправа, ќе му ќутиш? Гледам државава најмирољубива е. Нема ден без насилство, а тука некакви утопии ми раскажувате.